мутација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mutacija/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Mar 2022 12:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мутација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mutacija/ 32 32 Нова мутација на Омикрон во Хонгконг убила 280 луѓе за еден ден, откриени се случаи и во Велика Британија и Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nova-mutacija-na-omikron-vo-hongkong-ubila-280-lugje-za-eden-den-otkrieni-se-sluchai-i-vo-velika-britanija-i-avstralija/ Thu, 10 Mar 2022 12:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=470566

Нова мутација на Омикрон варијантата на корона вирусот го направи Хонгконг најсмртоносно место на светот кога станува збор за Ковид-19. За еден ден починале 280 луѓе, а тој сој БА2.2, веќе е регистриран и во Велика Британија, Австралија и Сингапур, поради што научниците стравуваат дека на светот му претстои нов опасен бран.

Како што пишува „Дејли мејл“, е опустошен од Омикрон од средината на февруари, од кога бројот на смртни случаи скокнал од 224 на 2.287, а во понеделникот починале 280 луѓе. Седумдневниот просек од 193 смртни случаи на ден во градот со 7,5 милиони жители ја надминува и Индија, која со популација од 1,4 милијарди луѓе има просек од 180. Од 15 февруари забележани се 450 илјади нови случаи на зараза, а со појавата на оваа варијанта на Омикрон, во градот имаше вкупно 50 илјади позитивни од почетокот на пандемијата.

Според „Дејли мејл“, сите неодамнешни случаи биле од мутацијата БА2.2, која е речиси единствена за Хонгконг.

Сепак, таа варијанта во мал број е забележана и во Велика Британија, Сингапур и Австралија. Меѓу научниците се води дебата дали новата мутација е клучна за големата стапка на смртност во Хонгконг или е нешто друго во прашање - изјавил професорото Раџендрама Раџанарајанана од универзитетот Арканзас, цитира „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека е нејасно и како оваа мутација влијае на вакцините, затоа што најголем дел од починатите не биле вакцинирани и биле повозрасни од 70 години. Како што се наведува, во Хонгконг, стапката на вакцинираност меѓу повозрасните е особено ниска поради недоверба во западната медицина. Само 33 отсто од постарите од 80 години примиле две дози од вакцините против корона вирусот.

The post Нова мутација на Омикрон во Хонгконг убила 280 луѓе за еден ден, откриени се случаи и во Велика Британија и Австралија appeared first on Република.

]]>

Нова мутација на Омикрон варијантата на корона вирусот го направи Хонгконг најсмртоносно место на светот кога станува збор за Ковид-19. За еден ден починале 280 луѓе, а тој сој БА2.2, веќе е регистриран и во Велика Британија, Австралија и Сингапур, поради што научниците стравуваат дека на светот му претстои нов опасен бран. Како што пишува „Дејли мејл“, е опустошен од Омикрон од средината на февруари, од кога бројот на смртни случаи скокнал од 224 на 2.287, а во понеделникот починале 280 луѓе. Седумдневниот просек од 193 смртни случаи на ден во градот со 7,5 милиони жители ја надминува и Индија, која со популација од 1,4 милијарди луѓе има просек од 180. Од 15 февруари забележани се 450 илјади нови случаи на зараза, а со појавата на оваа варијанта на Омикрон, во градот имаше вкупно 50 илјади позитивни од почетокот на пандемијата. Според „Дејли мејл“, сите неодамнешни случаи биле од мутацијата БА2.2, која е речиси единствена за Хонгконг.