мутации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mutacii/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 09:35:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мутации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mutacii/ 32 32 Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/posleditsite-od-mutatsiite-na-kovid-19-ushte-ne-se-poznati/ Fri, 18 Aug 2023 09:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=673282

Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.

The post Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации. СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен. Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД. Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.  

The post Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати appeared first on Република.

]]>
Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-vojska-obvinuva-deka-sad-se-podgotvuvaat-za-nova-pandemija/ Wed, 16 Aug 2023 11:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=672690

Соединетите Американски Држави ги започнаа подготовките за нова пандемија барајќи мутации на вируси, изјавил шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

Тој посочил дека тоа може да се заклучи од фактот што САД формираа Управа за подготвеност за пандемија и политика на одговор, со кој раководат специјалниот помошник на претседателот и виш директор за глобална здравствена безбедност и биосигурност во Националниот совет за безбедност, генерал-мајор во пензија Пол Фридрихс.

Меѓу приоритетните насоки на оваа управа е работата на создавање вакцини и препарати за прегрупирање на вируси и нивни генетски модифицирани варијанти, како и имплементација на напредни технологии во биопроизводството. Со тоа, САД, како и во 2019 година, почнаа да се подготвуваат за нова пандемија барајќи мутации на вируси, објаснил Кирилов, пренесува Спутник.

The post Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави ги започнаа подготовките за нова пандемија барајќи мутации на вируси, изјавил шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов. Тој посочил дека тоа може да се заклучи од фактот што САД формираа Управа за подготвеност за пандемија и политика на одговор, со кој раководат специјалниот помошник на претседателот и виш директор за глобална здравствена безбедност и биосигурност во Националниот совет за безбедност, генерал-мајор во пензија Пол Фридрихс.
Меѓу приоритетните насоки на оваа управа е работата на создавање вакцини и препарати за прегрупирање на вируси и нивни генетски модифицирани варијанти, како и имплементација на напредни технологии во биопроизводството. Со тоа, САД, како и во 2019 година, почнаа да се подготвуваат за нова пандемија барајќи мутации на вируси, објаснил Кирилов, пренесува Спутник.

The post Руската војска обвинува дека САД се подготвуваат за нова пандемија appeared first on Република.

]]>
„Антолог“ ја објави „Мутации“ од Франсис Кирпс https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/antolog-ja-objavi-mutatsii-od-fransis-kirps/ Mon, 19 Jun 2023 08:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=652972

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Мутации“ од Франсис Кирпс.

Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d'Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.

„Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

Франсис Кирпс е писател, сценски поет и сатиричар. Роден е во Луксембург. По завршувањето на гимназијата студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник.

Во 2000 и 2001 година бил награден на „Националниот литературен конкурс“. Набргу потоа ѝ се посветил на поетската слем-сцена и во следните години учествувал на над 500 слем и читачки сценски изведби во германското говорно подрачје. Во 2005 година, заедно со Кристијан Бартел и Анселм Нефт, го основал бонското литературно списание EГЗOT, чиј уредник бил до неговото затворање во 2015 година. Од 2014 година пишува колумни за „Вархајт“, сатиричната страница на германскиот дневен весник „Tац“.

Досега ги има објавено следниве книги: „Планета Луксембург“ (2012 год.), романот „Класот од 77 – панк-рок роман“ (2016 год.), „Мутации – 7 приказни и една песна“ (2019 год.) и „Вепар во магла“ (2020 год.).

Во 2020 година, Франсис Кирпс за „Мутации“ ги добил наградите „Servais“ и Наградата за литература на Европската Унија.

За преведувачката: Ксенија Чочкова (родена 1979 година) дипломирала на Катедрата за германски јазик икнижевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи какокнижевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Досега работела наповеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата.

Со литературен превод се занимава од 2004 година и досега има објавено повеќе од 30 преводина автори од германското говорно подрачје. Во нејзин превод се објавени автори како ЗигфридЛенц, Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, ШтефанЦвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена соповеќе стипендии како „Средба на преведувачи“, организирана одЛитературниот колоквиумБерлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете-институтот и Фондацијата Алфред Тепфер во ГутЗиген.

The post „Антолог“ ја објави „Мутации“ од Франсис Кирпс appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Мутации“ од Франсис Кирпс. Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d'Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен. „Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф! Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. Франсис Кирпс е писател, сценски поет и сатиричар. Роден е во Луксембург. По завршувањето на гимназијата студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник. Во 2000 и 2001 година бил награден на „Националниот литературен конкурс“. Набргу потоа ѝ се посветил на поетската слем-сцена и во следните години учествувал на над 500 слем и читачки сценски изведби во германското говорно подрачје. Во 2005 година, заедно со Кристијан Бартел и Анселм Нефт, го основал бонското литературно списание EГЗOT, чиј уредник бил до неговото затворање во 2015 година. Од 2014 година пишува колумни за „Вархајт“, сатиричната страница на германскиот дневен весник „Tац“. Досега ги има објавено следниве книги: „Планета Луксембург“ (2012 год.), романот „Класот од 77 – панк-рок роман“ (2016 год.), „Мутации – 7 приказни и една песна“ (2019 год.) и „Вепар во магла“ (2020 год.). Во 2020 година, Франсис Кирпс за „Мутации“ ги добил наградите „Servais“ и Наградата за литература на Европската Унија.           За преведувачката: Ксенија Чочкова (родена 1979 година) дипломирала на Катедрата за германски јазик икнижевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи какокнижевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Досега работела наповеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Со литературен превод се занимава од 2004 година и досега има објавено повеќе од 30 преводина автори од германското говорно подрачје. Во нејзин превод се објавени автори како ЗигфридЛенц, Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, ШтефанЦвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена соповеќе стипендии како „Средба на преведувачи“, организирана одЛитературниот колоквиумБерлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете-институтот и Фондацијата Алфред Тепфер во ГутЗиген.  

The post „Антолог“ ја објави „Мутации“ од Франсис Кирпс appeared first on Република.

]]>
Од алфа до омикрон: Коронавирусот го прекрши правилото кое важеше со векови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-alfa-do-omikron-koronavirusot-go-prekrshi-praviloto-koe-vazeshe-so-vekovi/ Thu, 17 Feb 2022 10:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=459784

Како што се претпоставува дека ковид 19, се појавил кај лилјаци, па потоа преминал на човекот. Првично појавувајќи се во Вухан на крајот на 2019 година, на пат околу светот и стигна до секоја точка на земјата. Од оригиналниот вид во Вухан, подоцна беа развиени алфа (британски сој), бета (јужноафрикански сој), гама (бразилски сој), делта и подсоевите делта плус (индиски соеви), омикрон (јужноафрикански сој) и омикрон стелт подваријантата.

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ објаснува дека вакво нешто досега не било забележано, за кратко време да се појават толку многу мутации.

Ако тргнеме од последната мутација, омикрон даде две подмутации, BA1, и стелт омикрон. Она што го знаеме од претходно, како беше порано, имавме еден предизвикувач, бактерија или вирус и една болест, и тоа е правилото кое важеше со векови. Со развојот на медицината и науката, лабораториските истражувања, бактериологијата и вирусологијата, сè воочуваат некои разлики. Короната, би рекол, ги прекрши сите правила, бидејќи имаме еден причинител и толку многу мутации, објаснува професорот Тиодоровиќ.

Професорот вели дека ако се анализира грипот и неговата мутација, потребни беа 5 до 7 години за да се појави нов вид. Тоа подоцна се зголеми на 10 години, кога тој нов вид беше следен, а подоцна и вакцината беше прилагодена на него.

Значи грипот стана сезонски што се надеваме дека ќе се случи и со короната. Но, сепак короната ги прекрши сите правила. Овој вирус зема најголем број на жртви и во светот и кај нас. И сега пациенти умираат и тоа најчесто од делта варијантата, која се уште е присутна меѓу популацијата, додава професорот Тиодоровиќ.

Не знаеме што се случи со короната и зошто овој вирус во еден момент стана толку агресивен, па беше тешко да се контролира навреме. Она во што сме сигурни е дека постои јасна и директна врска помеѓу природата и човекот која никогаш не смееме да ја заборавиме.

Тоа е голема сила која потекнува од природата. Еве што може да се случи кога човек ги нарушува односите во природата, и кога процесот само се одвива и не можете да го спречите. Затоа постои договор меѓу Светската здравствена организација и Светската ветеринарна организација наречена „Имаме еден свет“. И човечката популација и животинската популација се испреплетени и меѓусебно поврзани, така што ваквите работи лесно можат да се случат. Доживеавме нешто што не е забележано во науката, дека се создаваат толку многу мутации и соеви од само еден предизвикувач, вели професорот Тиодоровиќ.

The post Од алфа до омикрон: Коронавирусот го прекрши правилото кое важеше со векови appeared first on Република.

]]>

Како што се претпоставува дека ковид 19, се појавил кај лилјаци, па потоа преминал на човекот. Првично појавувајќи се во Вухан на крајот на 2019 година, на пат околу светот и стигна до секоја точка на земјата. Од оригиналниот вид во Вухан, подоцна беа развиени алфа (британски сој), бета (јужноафрикански сој), гама (бразилски сој), делта и подсоевите делта плус (индиски соеви), омикрон (јужноафрикански сој) и омикрон стелт подваријантата. Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ објаснува дека вакво нешто досега не било забележано, за кратко време да се појават толку многу мутации.