мустаќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mustaki/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 08:23:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мустаќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mustaki/ 32 32 Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/akterite-igor-angelov-driton-vejseli-pancho-od-dnk-ke-sednat-vo-berberski-stolchina-da-im-gi-sredat-bradata-i-mustakite-vo-mesetsot-posveten-na-mashkoto-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 08:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=698640

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.

Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“.

Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели.

На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели.

Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје.

Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia.

На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега.

Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите. Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“. Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели. Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје. Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia. На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега. Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>