Мустафа Хајрулахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mustafa-hajrulahi/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 13:16:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мустафа Хајрулахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mustafa-hajrulahi/ 32 32 Хајрулахи: Државниот обвинител Коцевски е под директно влијание на обвинители од поранешното СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-drzhavniot-obvinitel-kotsevski-e-pod-direktno-vlijanie-na-obviniteli-od-poraneshnoto-sjo/ Thu, 28 Nov 2024 13:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=842773

Државниот обвинител Коцевски е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО, изјави суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи во поткастот „Претрес“. Тврди дека Обвинителството до сега функционирало како тајно друштво од чии ѕидини не можело да излезе никаква информација во јавноста.

Од редот на обвинителство нема групариња, ние сме едно. Тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат својата судбина од правните последици поради работата во СЈО, како за делените бонуси, начинот на работа, со што се служеле... Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО, кој по жалба од Организиран криминал стигна кај нас.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Особено од еден обвинител кој знае да има дијареа и под негова контрола си прави што сака. Коцевски е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО. Предметот за бонусите за СЈО стигна кај нас, половичен, не целосен, без пропратните документи. Тој предмет се шуткал од обвинител до обвинител. Последниот обвинител кој постапувал, ако постапувал, е во јануари 2023 година, две години подоцна. Сериозен предмет за злоупотреба на буџетот. Зошто не се постапува?! Во декември 2023 година обвинителот бара изземање, а барал и претходно, но не му е дозволено. Но во декември после еден ден од барањето се иззема обвинителот, по одлука на сегашниот Обвинител на организиран криминал и за 4 дена, се носи решение за отфрлање на кривична пријава. На самата корица од предметот со пенкало се потпишани двајцата обвинител. Потписот е на обвинителот Абази “, рече Хајрулахи.

Тој потсети дека 11 обвинители од СЈО си поделиле 950 000 евра. 30 истражители милион евра поделени, за 100 вработени, како шофери, доставувачи, 2 милиони евра или еден вработен 20 000 евра. 20 волонтери поделиле 50 000 евра или 2 500 евра по волонтер. Сите овие земале додатоци за тајност.

И после ние ќе разговараме за законито работење на СЈО- вели Хајрулахи додавајќи дека Државниот завод за ревизија недвосмислено кажува дека парите незаконски се поделени.

Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна. Смета дека е потребно да се води темелна истрага, а не да се донесе решение за отфрлање на кривичната пријава за еден ден, без никакво преземено дејствие. Ниту еден од овие пријавени не е сослушан за три години. Кога дошол предметот кај нив бил повикан од Коцевски.

Коцевски ми рече буквално со најпрости зборови: Предметот од СЈО да се потврди, на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде својство на оштетен. Дали партијата ќе има својство на оштетен не е моја работа. За тоа треба да одлучи обвинителот кој го работи предметот - вели Хајрулахи.

The post Хајрулахи: Државниот обвинител Коцевски е под директно влијание на обвинители од поранешното СЈО appeared first on Република.

]]>

Хајрулахи за државниот обвинител Коцевски: Нечовечки е да се жртвува сопствената ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-za-drzhavniot-obvinitel-kotsevski-nechovechki-e-da-se-zhrtvuva-sopstvenata-kerka/ Thu, 28 Nov 2024 12:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=842771

Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.

„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.

Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.

„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.

https://www.youtube.com/watch?v=DW7uAGwwXZ8

The post Хајрулахи за државниот обвинител Коцевски: Нечовечки е да се жртвува сопствената ќерка appeared first on Република.

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javni-obviniteli-ja-potvrdi-odlukata-za-suspendirane-na-hajrulahi/ Mon, 18 Nov 2024 13:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=839190

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за оддалечување на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи од функцијата, која беше донесена од Републичкиот јавен обвинител. Жалбата на Хајрулахи беше одбиена како неоснована.

Одлуката беше донесена со седум гласа „за“ и еден „против“, по расправа која беше затворена за јавноста заради заштита на интегритетот на обвинителот. Претседателката на Советот, Душица Димитриевска, ја потврди одлуката за суспензија додека трае кривичната постапка против Хајрулахи.

Кети Петкова, член на Советот, го оспори решението, сметајќи дека Републичкиот обвинител го прекршил Законот за јавно обвинителство и ја нарушил самостојноста на обвинителите. Таа истакна дека е недопустливо суспензијата да биде резултат на кривична пријава за мобинг.

Хајрулахи, кој беше суспендиран по наредба на Основното јавно обвинителство Штип, изрази загриженост дека кривичната пријава против него има за цел да го отстрани и заплаши, како и да влијае на другите обвинители. Нему му се става на товар продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ и „злоупотреба на службена положба“.

The post Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за оддалечување на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи од функцијата, која беше донесена од Републичкиот јавен обвинител. Жалбата на Хајрулахи беше одбиена како неоснована. Одлуката беше донесена со седум гласа „за“ и еден „против“, по расправа која беше затворена за јавноста заради заштита на интегритетот на обвинителот. Претседателката на Советот, Душица Димитриевска, ја потврди одлуката за суспензија додека трае кривичната постапка против Хајрулахи. Кети Петкова, член на Советот, го оспори решението, сметајќи дека Републичкиот обвинител го прекршил Законот за јавно обвинителство и ја нарушил самостојноста на обвинителите. Таа истакна дека е недопустливо суспензијата да биде резултат на кривична пријава за мобинг. Хајрулахи, кој беше суспендиран по наредба на Основното јавно обвинителство Штип, изрази загриженост дека кривичната пријава против него има за цел да го отстрани и заплаши, како и да влијае на другите обвинители. Нему му се става на товар продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ и „злоупотреба на службена положба“.

The post Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи appeared first on Република.

]]>
Хајрулахи прашува: Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-prashuva-dali-e-normalno-kerka-na-republichki-obvinitel-da-iznesuva-informatsii-od-kabinetot-na-obvinitelot/ Tue, 12 Nov 2024 12:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=836754

Тенденцијата на републичкиот државен обвинител Љупчо Коцевски е да ме заќути и отстрани и да ги заплаши другите колеги кои постапуваат согласно законот - вели вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата.

На денешната прес-конференција обвини дека се започнало откако не прифатил да врши притисок врз обвинител при носење на одлука за бонусите на Поради тоа, тој смета дека извршената контрола во Вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него. По ова Републичкото обвинителство, случајно или не, влезе во контрола на работењето на Обвинителството.

Од страна на републичкиот јавен обвинител преку службите ми беше доставена одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител со образложение дека против мене се води кривична истрага во Обвинителството во Штип. Таа кривична е поднесена од републичкиот јавен обвинител, а тенденцијата е мене да ме заплаши со се колегите кои работат согласно законот. И да се донесат незаконски одлуки. Пред извесно време од 19 септември, републичкиот обвинител ми рече дека по однос на предметот за бонусите на СЈО треба да донесам одлука со која ќе се поткрепи првостепената одлука и да не се даде својство на оштетен на подносителот ВМРО-ДПМНЕ“, рече Хајрулахи.

За вонредниот надзор вели дека е спорен самиот состав на Комисијата во која е составена од тројца обвинители, меѓу кои и обвинителката Лиле Стефанова.

Јавниот обвинител ме извести дека ќе има вонреден надзор за Вишото јавно обвинителство. Спорното во целиот надзор е тоа што од тројца јавни обвинители, двајца, по сила на закон, не би требало да го вршат – едниот е Елвин Вели до пред заминување во Републичко беше мој прв заменик и обвинител кој постапуваше, а обвинителката Лиле Стефанова не би требало да учествува бидејќи се вршеше надзор на предметите од поранешното СЈО“, додаде Хајрулахи.

Тврди дека извештајот сé уште не е готов, иако законскиот рок бил истечен. Причина за тоа, коментира Хајрулахи е што двајца од обвинителите не сакаат да го потпишат извештајот бидејќи не се согласуваат со истиот.

Во однос на кривичната пријава која е поднесена против него поради мобинг, за што го обвинуваат четворица вработени во Обвинителството вели дека не може да се проценува неговата работа и неговото однесување според исказ на само четворица вработени. Тврди дека обвинетите му се извиниле и кажале дека биле изманипулирани.

-Ми беше кажано дека против мене, неколку вработени од Вишото јавно обвинителство доставиле претставка до него за наводен мобинг. Истиот кажа дека содржината на претставката е смешна и крајно несериозна и дека доколку има било каков мобинг, тоа треба да се процесуира до Граѓанскиот суд. Откако го обелоденив настанот, јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесува информации до одреден медиум, со цел тој медиум да го објави текстот и забележливо беше дека стои од извори на медиумот. Од свиркачот кој што ми ги достави снимените разговори, истиот ми кажа дека лицето што ги доставува информациите со папката до медиумот е ќерката на обвинителот Љупчо Коцевски. Има Закон за укажувачи. Јас ако го сокријам сето тоа, јас ќе бидам дел од тие што незаконски го прават, рече Хајрулахи во изјава за новинарите.

На реакцијата на новинарите дека не треба да објавиува ликови на новинари, бидејќи сите новинари имаат право да имаат свои извори, тој вели дека поради тоа биле замаглени ликовите на новинарката и изворот на снимката која што протече во јавноста. Спореде него целта била да докаже и покаже дека од обвинителството се изнесуваат доверливи документи. Снимката, тврди тој, е добиена од анонимен свиркач.

-Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?! На новинарката тоа и е работа и тоа е легитимно, но не е легитимно обвинителот преку неговата ќерка да изнесува информации во јавноста. Не ги заплашувам новинарите. Немам ништо конкретно против новинарот и свиркачот, праша Хајрулахи.

The post Хајрулахи прашува: Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?! appeared first on Република.

]]>

Тенденцијата на републичкиот државен обвинител Љупчо Коцевски е да ме заќути и отстрани и да ги заплаши другите колеги кои постапуваат согласно законот - вели вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата.
На денешната прес-конференција обвини дека се започнало откако не прифатил да врши притисок врз обвинител при носење на одлука за бонусите на Поради тоа, тој смета дека извршената контрола во Вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него. По ова Републичкото обвинителство, случајно или не, влезе во контрола на работењето на Обвинителството.
Од страна на републичкиот јавен обвинител преку службите ми беше доставена одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител со образложение дека против мене се води кривична истрага во Обвинителството во Штип. Таа кривична е поднесена од републичкиот јавен обвинител, а тенденцијата е мене да ме заплаши со се колегите кои работат согласно законот. И да се донесат незаконски одлуки. Пред извесно време од 19 септември, републичкиот обвинител ми рече дека по однос на предметот за бонусите на СЈО треба да донесам одлука со која ќе се поткрепи првостепената одлука и да не се даде својство на оштетен на подносителот ВМРО-ДПМНЕ“, рече Хајрулахи.
За вонредниот надзор вели дека е спорен самиот состав на Комисијата во која е составена од тројца обвинители, меѓу кои и обвинителката Лиле Стефанова.
Јавниот обвинител ме извести дека ќе има вонреден надзор за Вишото јавно обвинителство. Спорното во целиот надзор е тоа што од тројца јавни обвинители, двајца, по сила на закон, не би требало да го вршат – едниот е Елвин Вели до пред заминување во Републичко беше мој прв заменик и обвинител кој постапуваше, а обвинителката Лиле Стефанова не би требало да учествува бидејќи се вршеше надзор на предметите од поранешното СЈО“, додаде Хајрулахи.
Тврди дека извештајот сé уште не е готов, иако законскиот рок бил истечен. Причина за тоа, коментира Хајрулахи е што двајца од обвинителите не сакаат да го потпишат извештајот бидејќи не се согласуваат со истиот. Во однос на кривичната пријава која е поднесена против него поради мобинг, за што го обвинуваат четворица вработени во Обвинителството вели дека не може да се проценува неговата работа и неговото однесување според исказ на само четворица вработени. Тврди дека обвинетите му се извиниле и кажале дека биле изманипулирани.
-Ми беше кажано дека против мене, неколку вработени од Вишото јавно обвинителство доставиле претставка до него за наводен мобинг. Истиот кажа дека содржината на претставката е смешна и крајно несериозна и дека доколку има било каков мобинг, тоа треба да се процесуира до Граѓанскиот суд. Откако го обелоденив настанот, јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесува информации до одреден медиум, со цел тој медиум да го објави текстот и забележливо беше дека стои од извори на медиумот. Од свиркачот кој што ми ги достави снимените разговори, истиот ми кажа дека лицето што ги доставува информациите со папката до медиумот е ќерката на обвинителот Љупчо Коцевски. Има Закон за укажувачи. Јас ако го сокријам сето тоа, јас ќе бидам дел од тие што незаконски го прават, рече Хајрулахи во изјава за новинарите.
На реакцијата на новинарите дека не треба да објавиува ликови на новинари, бидејќи сите новинари имаат право да имаат свои извори, тој вели дека поради тоа биле замаглени ликовите на новинарката и изворот на снимката која што протече во јавноста. Спореде него целта била да докаже и покаже дека од обвинителството се изнесуваат доверливи документи. Снимката, тврди тој, е добиена од анонимен свиркач.
-Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?! На новинарката тоа и е работа и тоа е легитимно, но не е легитимно обвинителот преку неговата ќерка да изнесува информации во јавноста. Не ги заплашувам новинарите. Немам ништо конкретно против новинарот и свиркачот, праша Хајрулахи.
 
The post Хајрулахи прашува: Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?! appeared first on Република.

]]>
Суспендиран обвинителот Хајрулахи, тој тврди: Коцевски преку неговата ќерка изнесува документи од Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/suspendiran-obvinitelot-hajrulahi-toj-tvrdi-kotsevski-preku-negovata-kerka-iznesuva-dokumenti-od-obvinitelstvoto/ Tue, 12 Nov 2024 07:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=836584

Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид на државниот обвинител Коцевски да изврши притисок врз него и обвинителот Цветановски во врска со случајот за бонусите во СЈО. За истрагата против него бил информиран од неговиот заменик, а со образложение дека е поднесена пријава за мобинг. Хајрулахи смета дека е суспендиран бидејќи јавно зборувал за протекувањето документи од републичкото обвинителство.

- Од страна на обвинителот на Република Македонија, Љупчо Коцевски, се врши невиден притисок врз мене. Ова се случува од причина што јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесувал од Јавното обвинителство на РМ, а се со цел да се оцрни мојата работа и работата на Вишото јавно обвинителство Скопје - вели Хајрулахи за МТВ.

Од Кабинетот на Коцевски потврдуваат дека е отворена истрага против Хајрулахи за злоупотреба на службена положба и за малтретирање во вршење на службата.

Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување - велат од Обвинителството.

Хајрулахи најави жалба до Советот на јавните обвинители.

Минатиот месец Хајрулахи до граѓанскиот суд поднесе тужба за клевета против неколкумина вработени во обвинителството за кои вели дека по инструкција на друг обвинител давале лажни изјави дека им се врши мобинг.

https://republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-delikatni-dokumenti-od-kontrolata-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-spodeleni-vo-javnost/

The post Суспендиран обвинителот Хајрулахи, тој тврди: Коцевски преку неговата ќерка изнесува документи од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид на државниот обвинител Коцевски да изврши притисок врз него и обвинителот Цветановски во врска со случајот за бонусите во СЈО. За истрагата против него бил информиран од неговиот заменик, а со образложение дека е поднесена пријава за мобинг. Хајрулахи смета дека е суспендиран бидејќи јавно зборувал за протекувањето документи од републичкото обвинителство.
- Од страна на обвинителот на Република Македонија, Љупчо Коцевски, се врши невиден притисок врз мене. Ова се случува од причина што јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесувал од Јавното обвинителство на РМ, а се со цел да се оцрни мојата работа и работата на Вишото јавно обвинителство Скопје - вели Хајрулахи за МТВ.
Од Кабинетот на Коцевски потврдуваат дека е отворена истрага против Хајрулахи за злоупотреба на службена положба и за малтретирање во вршење на службата.
Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување - велат од Обвинителството.
Хајрулахи најави жалба до Советот на јавните обвинители. Минатиот месец Хајрулахи до граѓанскиот суд поднесе тужба за клевета против неколкумина вработени во обвинителството за кои вели дека по инструкција на друг обвинител давале лажни изјави дека им се врши мобинг. https://republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-delikatni-dokumenti-od-kontrolata-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-spodeleni-vo-javnost/

The post Суспендиран обвинителот Хајрулахи, тој тврди: Коцевски преку неговата ќерка изнесува документи од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Ќе се заинтересираат ли надлежните институции дали и какви документи се изнесени од Државното јавно обвинителство?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-zainteresiraat-li-nadlezhnite-institutsii-dali-i-kakvi-dokumenti-se-izneseni-od-drzhavnoto-javno-obvinitelstvo/ Thu, 07 Nov 2024 09:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=834989

Дали се изнесени документи од Државното јавно обвинителство? Кој вади документи од Државното јавно обвинителство? Како одредени документи стигаат до медиумите? Зошто лица кои не се вработени во Јавното обвинителство ги поседуваат документите и ги доставуваат до новинари? Прашања на кои нема одговори и кои никој не ги поставува.

Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигна во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола. Ваквото обвинување минатата недела пристигна од шефот на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи. Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води.

Од Државното јавно обвинителство молк. Ниту демант ниту потврда на ваквите тврдења. Нема никаква загриженост дали се изнесуваат документи, кој изнесува, како и кога изнесува. Хајрулахи тврди дека поседува снимка на која се гледа кој на кого ги доставува деликатните документи. Денеска испративме прашања до Државното јавно обвинителство, каде меѓу другото прашавме дали имаат сознанија дали Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигнало во јавноста пред истото да биде доставено до Вишото јавно обвинителство и кој ги изнел документите. Очекуваме одговор во текот на денешниот ден.

Се чини дека никој не се заинтересира за тоа кој изнел документи од Државното јавно обвинителство, туку главниот акцент е ставен на тоа кој во кафуле го симил предавањето на материјалите, снимка направена на јавно место.

-Ќе ви доставам ЦД со видео материјали на кое се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високо-позициониран Јавен обвинител, за кој Јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат, изјави минатата недела Мустафа Хајрулахи за Канал 5.

Харјлухаи најави дека материјалите ќе ги достави до надлежните институции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.

Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до случајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите, изјави Хајрулахи.

Неофицијално, на снимката се гледало како ќерка на еден јавен обвинител, која не е вработена во обвинителството, ги предава документите.

Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа Хајрулахи смета дека извршената контрола во вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него.

Коцевски пак неодамна изјави дека контроли се вршат во сите Обвинителства, а сите сознанија од извршената контрола ќе бидат објавени по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавно обвинителство.

До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда – изјавува Коцевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-delikatni-dokumenti-od-kontrolata-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-spodeleni-vo-javnost/

The post Ќе се заинтересираат ли надлежните институции дали и какви документи се изнесени од Државното јавно обвинителство?! appeared first on Република.

]]>

Дали се изнесени документи од Државното јавно обвинителство? Кој вади документи од Државното јавно обвинителство? Како одредени документи стигаат до медиумите? Зошто лица кои не се вработени во Јавното обвинителство ги поседуваат документите и ги доставуваат до новинари? Прашања на кои нема одговори и кои никој не ги поставува. Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигна во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола. Ваквото обвинување минатата недела пристигна од шефот на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи. Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води. Од Државното јавно обвинителство молк. Ниту демант ниту потврда на ваквите тврдења. Нема никаква загриженост дали се изнесуваат документи, кој изнесува, како и кога изнесува. Хајрулахи тврди дека поседува снимка на која се гледа кој на кого ги доставува деликатните документи. Денеска испративме прашања до Државното јавно обвинителство, каде меѓу другото прашавме дали имаат сознанија дали Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигнало во јавноста пред истото да биде доставено до Вишото јавно обвинителство и кој ги изнел документите. Очекуваме одговор во текот на денешниот ден. Се чини дека никој не се заинтересира за тоа кој изнел документи од Државното јавно обвинителство, туку главниот акцент е ставен на тоа кој во кафуле го симил предавањето на материјалите, снимка направена на јавно место.
-Ќе ви доставам ЦД со видео материјали на кое се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високо-позициониран Јавен обвинител, за кој Јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат, изјави минатата недела Мустафа Хајрулахи за Канал 5.
Харјлухаи најави дека материјалите ќе ги достави до надлежните институции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.
Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до случајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите, изјави Хајрулахи.
Неофицијално, на снимката се гледало како ќерка на еден јавен обвинител, која не е вработена во обвинителството, ги предава документите. Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа Хајрулахи смета дека извршената контрола во вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него. Коцевски пак неодамна изјави дека контроли се вршат во сите Обвинителства, а сите сознанија од извршената контрола ќе бидат објавени по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавно обвинителство.
До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда – изјавува Коцевски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-delikatni-dokumenti-od-kontrolata-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-spodeleni-vo-javnost/

The post Ќе се заинтересираат ли надлежните институции дали и какви документи се изнесени од Државното јавно обвинителство?! appeared first on Република.

]]>
Хајрулахи: Деликатни документи од контролата во Вишото јавно обвинителство споделени во јавност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-delikatni-dokumenti-od-kontrolata-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-spodeleni-vo-javnost/ Thu, 31 Oct 2024 16:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=832858

Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигна во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола, обвинува шефот на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води. Хајрулахи вели дека поседува информациите и видео од предавањето на документите, кои претходно ги достави и до Канал 5, а ги добил од свиркач. Тоа лице, како што вели, му посочило дека тие биле предадени од страна на член на семејство на високопозициониран јавен обвинител на друго лице кое не е од обвинителската фела.

-Денеска ќе ви доставам ЦД со видео материјали на кое се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високо-позициониран Јавен обвинител, за кој Јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат, вели Мустафа Хајрулахи за Канал 5.

Харјлухаи посочи дека материјалите ќе ги достави до надлежните институции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.

Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до сличајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите,вели Хајрулахи.

Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа Хајрулахи смета дека извшрената контрола во вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него.

Коцевски од друга страна категорично демантираше дека вршел притисок, а што се однесува до контролите кажа дека тие се редовни и се вршат и во останатите јавни обвинителства.

The post Хајрулахи: Деликатни документи од контролата во Вишото јавно обвинителство споделени во јавност appeared first on Република.

]]>

Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигна во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола, обвинува шефот на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи. Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води. Хајрулахи вели дека поседува информациите и видео од предавањето на документите, кои претходно ги достави и до Канал 5, а ги добил од свиркач. Тоа лице, како што вели, му посочило дека тие биле предадени од страна на член на семејство на високопозициониран јавен обвинител на друго лице кое не е од обвинителската фела.
-Денеска ќе ви доставам ЦД со видео материјали на кое се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високо-позициониран Јавен обвинител, за кој Јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат, вели Мустафа Хајрулахи за Канал 5.
Харјлухаи посочи дека материјалите ќе ги достави до надлежните институции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.
Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до сличајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите,вели Хајрулахи.
Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа Хајрулахи смета дека извшрената контрола во вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него. Коцевски од друга страна категорично демантираше дека вршел притисок, а што се однесува до контролите кажа дека тие се редовни и се вршат и во останатите јавни обвинителства.

The post Хајрулахи: Деликатни документи од контролата во Вишото јавно обвинителство споделени во јавност appeared first on Република.

]]>
Советот на јавни обвинители ќе утврдува дали Коцевски вршел притисок врз Хајрулахи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javni-obviniteli-ke-utvrduva-dali-kotsevski-vrshel-pritisok-vrz-hajrulahi/ Tue, 22 Oct 2024 17:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=829985

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денека изјави дека е примено известување од Вишото јавно обвинителство Скопје дека се врши притисок врз работата на обвинителството.

Известувањето е доставено од страна на вишиот обвинител, сите понатамошни постапувања и преземени дејствија, ќе бидат споделени. Во однос на содржината, не можам да ја споделам пред да се запознаат членовите, рече таа.

По денешната седница, таа, исто така, информираше дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информирал членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства.

Коцевски претходно преку соопштение ги отфрли тврдењата на шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој изјави дека има обврска, првпат после повеќе од четири години, да изврши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје поради информации и пресуди од Врховниот суд кои укажуваат на можно нестручно работење и пријави за закани и притисоци кон вработени во обвинителството.

До крајот на месецот, контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. Коцевски очекува нападите кон него да продолжат со уште поголем интензитет, особено од лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон.

The post Советот на јавни обвинители ќе утврдува дали Коцевски вршел притисок врз Хајрулахи appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денека изјави дека е примено известување од Вишото јавно обвинителство Скопје дека се врши притисок врз работата на обвинителството.
Известувањето е доставено од страна на вишиот обвинител, сите понатамошни постапувања и преземени дејствија, ќе бидат споделени. Во однос на содржината, не можам да ја споделам пред да се запознаат членовите, рече таа.
По денешната седница, таа, исто така, информираше дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информирал членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства. Коцевски претходно преку соопштение ги отфрли тврдењата на шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје. Тој изјави дека има обврска, првпат после повеќе од четири години, да изврши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје поради информации и пресуди од Врховниот суд кои укажуваат на можно нестручно работење и пријави за закани и притисоци кон вработени во обвинителството. До крајот на месецот, контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. Коцевски очекува нападите кон него да продолжат со уште поголем интензитет, особено од лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон.

The post Советот на јавни обвинители ќе утврдува дали Коцевски вршел притисок врз Хајрулахи appeared first on Република.

]]>
Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-javen-obvinitel-gi-otfrli-obvinuvanata-deka-vrshel-pritisok-vrz-vish-javen-obvinitel-za-bonusite-na-sjo/ Mon, 21 Oct 2024 10:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=829370

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи!, вели Коцевски во реакцијата.

Додава дека кога ја презел функцијата јавен обвинител дал заклетва дека функцијата ќе ја врши чесно и одговорно и дека тоа и ќе го направи. Најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vishiot-obvinitel-hajrulahi-podnese-pretstavka-poradi-nenavremeno-postapuvane-po-krivichnata-prijava-protiv-fetai-i-rajchev/

– До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда, стои во демантот на Коцевски.

The post Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО appeared first on Република.

]]>

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.
– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи!, вели Коцевски во реакцијата.
Додава дека кога ја презел функцијата јавен обвинител дал заклетва дека функцијата ќе ја врши чесно и одговорно и дека тоа и ќе го направи. Најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.   https://republika.mk/vesti/makedonija/vishiot-obvinitel-hajrulahi-podnese-pretstavka-poradi-nenavremeno-postapuvane-po-krivichnata-prijava-protiv-fetai-i-rajchev/
– До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда, стои во демантот на Коцевски.

The post Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО appeared first on Република.

]]>
Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/latas-vakov-blam-vo-makedonija-nemalo-i-ke-nema/ Sat, 19 Oct 2024 19:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=828910

Ако мислите дека СДСМ ја загубиле власта по изборите, тоа е и точно, иако релативно. Ако ви се чини дека сега друг има власт над сите државни институции во Македонија, е тука сте погрешиле. За тоа ќе треба да помине уште време. Да, СДСМ и ДУИ и понатаму имаат силна контрола над неколку, и тоа битни, сегменти на владеењето. Пред се врз најмоќниот, врз правосудниот систем. А со него се почнува и кај него секоја корупција и тортура завршува - пишува Драган Павловиќ Латас.

Во неговата колумна стои:

Премногу долго, и премногу длабоко е вкоренета корупцијата на СДСМ и ДУИ позлатена со голем кеш украден од државната благајна за да исчезне за пар месеци. Многу луѓе од власта се должници на заевистите, а долгот треба да се врати или, во спротивно, да се отворат архивите па должниците да бидат казнети.

Гледам шокантна сторија на Канал 5 која, случајно или сепак намерно, другите телевизии ја преќутеа. Гледам и чекам која ќе биде реакцијата на Собранието кое е одговорно за работата на државниот (јавниот) обвинител и на обвинителскиот совет. Со ќутење држава не се прави, особено кај оние кои се платени да не ќутат.

Имено, Канал 5 објави дека државниот (јавниот) обвинител повикал обвинител од Вишото обвинителство и му давал забелешки и насоки како да се однесува во кривичен предмет. Тој предметот, и уште два, се дело и недело на обвиненија од СЈО кое заврши како корумпирана неуставна дружина. Вишиот обвинител, замислете, имал став различен од обвинителите на СЈО за што му најавена контрола на однесувањето и дисциплинска комисија.

Контролата на предметите во кои тој се охрабрил да размислува различно од СЈО ќе му ја врши – обвинителка од СЈО! Директно заинтересирана страна бидејќи обвиненијата на СЈО се решаваа на колегиуми во кои учествувала и обвинителката контролор. Која објективност се очекува од неа да решава поинаку од она што го решавала кога била во СЈО, а тоа е дека се што ставил Заев на список мора да се стави и во затвор. Тој бирал, тие егзекутирале.

Се поинаку од тоа е предавство кон заевизмот, а тоа е опасно за обвинителите на СЈО бидејќи кај Заев се архивите за нивното однесување, записниците за парите кои им се платени и, најпосле, кај Заев стојат се уште нерешените запленети телефонски разговори на Јавното обвинителство во кои, богами, има путер за многу обвинителски и судски глави.

Патем, целава приказна ја потврди и шефот на Вишото јавно обвинителство кој застана во одбрана на интегритетот и стручноста на својот колега. Двајцата настапија јавно, со лични изјави, и тоа е прв конкретен доказ за партизација и компромитација на Обвинителството. Да, знаеме сите дека така работат но, ова е прв доказ од внатре дека тоа се случува.

Ако овој прв обид на слободен глас во одбрана на стручноста и интегритетот во обвинителството против внатрешната тортура и заевистичка чистка биде задушен на следен ќе чекаме долго. Многу долго... Но, ако биде од јавноста одбранет, ќе се нижат нови сведочења и ќе има нови, и нови чекори до расчистување во обвинителството и судството кои, да потсетам, со доверба од 2-3% во јавноста се институции со најмала доверба во било која институција од постоењето на Македонија во 1945. па до денес. Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема.

Е па, другари пратеници, ова е прво задача за вас. Потоа за советот на обвинителите и, секако не најмалку важно, иако на крај спомнато, за медиумите. Нема граѓанин кој може да биде сигурен дека еден ден, за нешто, нема да се појави во судот, било да е гонет и тужен, или тој да тужи и оттаму нема човек кој нема интерес да следи како овој скандал ќе се одвива. И како ќе заврши.

Основа на државата е нејзиниот правен систем. Тој гарантира заштита на малиот од големите кои имаат влијание на обвинителите и судиите во било кој случај. А секој е потенцијална идна жртва на компромитиран правен систем. Секој.

Системот на обвинителството и судството почна да паѓа кога Зоран Заев, обвинет за корупција од скандалот “евро за Вицето...“ јавно кажа дека нема да оди на судење бидејќи не го признава судот. И не отиде. И не го собраа со комбе за да биде присутен на идното рочиште како што би постапиле за секој друг граѓанин.

Заев и заевистите уште пре да дојдат на власт прво го нападнаа обвинителството и судот. Таму ја проценија централата на моќта, алатката на нивното идно тоталитарно владеење. Во мај 2016. Шарните и буквално извршија напад врз Уставниот суд кој мораше да го брани полиција. Претседателкатата на Уставниот суд, Елена Гошева, изјави дека судот нема да дозволи да суди улица наместо нив.

И кога СДСМ и ДУИ дојдоа на власт ја сменија судијката, го сменија обвинителот и го преквалификуваа обвинението за Зоран Заев, па судија избран од заевистите го ослободи Зоран Заев од одговорност откако тој стана премиер. Премиер во време кога за него се води постапка за поткуп снимен со видео од полициска камера.

Целиот текст на Вечер.мк

The post Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема appeared first on Република.

]]>

Ако мислите дека СДСМ ја загубиле власта по изборите, тоа е и точно, иако релативно. Ако ви се чини дека сега друг има власт над сите државни институции во Македонија, е тука сте погрешиле. За тоа ќе треба да помине уште време. Да, СДСМ и ДУИ и понатаму имаат силна контрола над неколку, и тоа битни, сегменти на владеењето. Пред се врз најмоќниот, врз правосудниот систем. А со него се почнува и кај него секоја корупција и тортура завршува - пишува Драган Павловиќ Латас.
Во неговата колумна стои: Премногу долго, и премногу длабоко е вкоренета корупцијата на СДСМ и ДУИ позлатена со голем кеш украден од државната благајна за да исчезне за пар месеци. Многу луѓе од власта се должници на заевистите, а долгот треба да се врати или, во спротивно, да се отворат архивите па должниците да бидат казнети. Гледам шокантна сторија на Канал 5 која, случајно или сепак намерно, другите телевизии ја преќутеа. Гледам и чекам која ќе биде реакцијата на Собранието кое е одговорно за работата на државниот (јавниот) обвинител и на обвинителскиот совет. Со ќутење држава не се прави, особено кај оние кои се платени да не ќутат. Имено, Канал 5 објави дека државниот (јавниот) обвинител повикал обвинител од Вишото обвинителство и му давал забелешки и насоки како да се однесува во кривичен предмет. Тој предметот, и уште два, се дело и недело на обвиненија од СЈО кое заврши како корумпирана неуставна дружина. Вишиот обвинител, замислете, имал став различен од обвинителите на СЈО за што му најавена контрола на однесувањето и дисциплинска комисија. Контролата на предметите во кои тој се охрабрил да размислува различно од СЈО ќе му ја врши – обвинителка од СЈО! Директно заинтересирана страна бидејќи обвиненијата на СЈО се решаваа на колегиуми во кои учествувала и обвинителката контролор. Која објективност се очекува од неа да решава поинаку од она што го решавала кога била во СЈО, а тоа е дека се што ставил Заев на список мора да се стави и во затвор. Тој бирал, тие егзекутирале. Се поинаку од тоа е предавство кон заевизмот, а тоа е опасно за обвинителите на СЈО бидејќи кај Заев се архивите за нивното однесување, записниците за парите кои им се платени и, најпосле, кај Заев стојат се уште нерешените запленети телефонски разговори на Јавното обвинителство во кои, богами, има путер за многу обвинителски и судски глави. Патем, целава приказна ја потврди и шефот на Вишото јавно обвинителство кој застана во одбрана на интегритетот и стручноста на својот колега. Двајцата настапија јавно, со лични изјави, и тоа е прв конкретен доказ за партизација и компромитација на Обвинителството. Да, знаеме сите дека така работат но, ова е прв доказ од внатре дека тоа се случува. Ако овој прв обид на слободен глас во одбрана на стручноста и интегритетот во обвинителството против внатрешната тортура и заевистичка чистка биде задушен на следен ќе чекаме долго. Многу долго... Но, ако биде од јавноста одбранет, ќе се нижат нови сведочења и ќе има нови, и нови чекори до расчистување во обвинителството и судството кои, да потсетам, со доверба од 2-3% во јавноста се институции со најмала доверба во било која институција од постоењето на Македонија во 1945. па до денес. Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема. Е па, другари пратеници, ова е прво задача за вас. Потоа за советот на обвинителите и, секако не најмалку важно, иако на крај спомнато, за медиумите. Нема граѓанин кој може да биде сигурен дека еден ден, за нешто, нема да се појави во судот, било да е гонет и тужен, или тој да тужи и оттаму нема човек кој нема интерес да следи како овој скандал ќе се одвива. И како ќе заврши. Основа на државата е нејзиниот правен систем. Тој гарантира заштита на малиот од големите кои имаат влијание на обвинителите и судиите во било кој случај. А секој е потенцијална идна жртва на компромитиран правен систем. Секој. Системот на обвинителството и судството почна да паѓа кога Зоран Заев, обвинет за корупција од скандалот “евро за Вицето...“ јавно кажа дека нема да оди на судење бидејќи не го признава судот. И не отиде. И не го собраа со комбе за да биде присутен на идното рочиште како што би постапиле за секој друг граѓанин. Заев и заевистите уште пре да дојдат на власт прво го нападнаа обвинителството и судот. Таму ја проценија централата на моќта, алатката на нивното идно тоталитарно владеење. Во мај 2016. Шарните и буквално извршија напад врз Уставниот суд кој мораше да го брани полиција. Претседателкатата на Уставниот суд, Елена Гошева, изјави дека судот нема да дозволи да суди улица наместо нив. И кога СДСМ и ДУИ дојдоа на власт ја сменија судијката, го сменија обвинителот и го преквалификуваа обвинението за Зоран Заев, па судија избран од заевистите го ослободи Зоран Заев од одговорност откако тој стана премиер. Премиер во време кога за него се води постапка за поткуп снимен со видео од полициска камера. Целиот текст на Вечер.мк

The post Латас: Ваков блам во Македонија немало, и ќе нема appeared first on Република.

]]>
Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-za-javni-obviniteli-ke-se-pozanimava-so-pritisotsite-za-bonusite-na-obvinitelite-od-sjo/ Thu, 17 Oct 2024 13:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=828084

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен.

Од Советот на јавни обвинители за МТВ велат дека собираат информации за тоа што се случувало.

Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, веќе не е заштита, вели Цветановски.

Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, денеска за медиумите кратко изјави:

Треба да видиме за што се работи.

Вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана, но тврди, одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна.

Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.

Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.

Коцевски вчера изјави дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/

The post Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен. Од Советот на јавни обвинители за МТВ велат дека собираат информации за тоа што се случувало.
Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, веќе не е заштита, вели Цветановски.
Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, денеска за медиумите кратко изјави:
Треба да видиме за што се работи.
Вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана, но тврди, одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна. Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.
Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана – изјавува Хајрулахи за Реублика.
Коцевски вчера изјави дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/

The post Советот за јавни обвинители ќе се позанимава со притисоците за бонусите на обвинителите од СЈО appeared first on Република.

]]>
Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/smeshen-nadzor-zakani-pritisotsi-shto-s-pravi-kotsevski-da-gi-opravda-ekstra-parite-za-eksobvinitelite-na-sjo/ Thu, 17 Oct 2024 09:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=827858

Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот.

Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е спорен, но прашањето е зошто баш сега.

-Републичкото јавно обвинителство по закон има право да врши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Но во последните пет години Републичкото обвинителство немало надзор врз ниту едно вишо јавно обвинителство. Симптоматично е зошто баш сега. Акцентот на надзорот е ставен врз обвинителот Јован Цветановски кај кого е предметот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, за кој републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ме побара и ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени - вели Хајрулахи.

[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption]

Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.

-Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана - изјавува Хајрулахи за Реублика.

По само неколку дена од РЈО добил писмено известување дека ќе бидат под надзор, што, според вишиот обвинител, не е спорно, но е симптоматично зошто баш сега. На 10 октомври доаѓа контрола составена од тројца обвинители.

- Прво обвинителката Лиле Стефанова учествува во прв степен во СЈО и не смее да учествува во надзорот. Обвинителот Елвин Вели до пред скоро време беше заменик на вишиот обвинител и обвинител во Вишото. Според побараните предмети се гледа дека акцентот на надзорот е ставен токму врз обвинителот Цветановски. Во понеделникот имаше повторно контрола - вели вишиот јавен обвинител.

Предметниот обвинител Цветановски, за Канал 5 изјави дека за него пораката од Коцевски претставува директна закана, но тоа сепак нема да влијае врз неговата работа.

-Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со републичкиот обвинител, тој ми е пренесен веднаш. Тоа значи за мене директна закана бидејќи годиниве не сум доживеал, ниту сум слушнал за таква закана – да се внимава. Предметот е сензитивен, точно е, и ќе биде проследен како и секој друг. Мојата одлука ќе биде независна, вели обвинителот Цветановски.

Коцевски вчера во изјава за Канал 5 рече дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата

-Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.

Според Коцевски причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата.

На ова пак, Хајрулахи пак вели:

Администрацијата нема предмети за да се врши мобинг врз нив. Крајно несериозни се ваквите изјави. Надзор е вршен врз работата на јавните обвинители, а не врз работата на администрацијата.

Во јули беше објавено дека Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. Тогаш „Сведок“ објави дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова. На ваквата одлука беше поднесена жалба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/

The post Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО appeared first on Република.

]]>

Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот. Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е спорен, но прашањето е зошто баш сега.
-Републичкото јавно обвинителство по закон има право да врши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Но во последните пет години Републичкото обвинителство немало надзор врз ниту едно вишо јавно обвинителство. Симптоматично е зошто баш сега. Акцентот на надзорот е ставен врз обвинителот Јован Цветановски кај кого е предметот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, за кој републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ме побара и ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не треба да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени - вели Хајрулахи.
[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption] Предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО, по жалба од страна на ОЈО ГОКК во Вишото обвинителство стигнала на почетокот на месец септември. Според тврдењата на Хајрулахи, на 19 септември Коцевски му се јавил телефонски да се видат. Вишиот јавен обвинител бил кај републичкиот, при што му било потенцирано да внимава по предметот со бонусите на СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај.
-Му одговорив дека задолжен е јавен обвинител со предметот и по проучување истиот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителот. Му нагласив дека јас не можам да се мешат во работата на ЈО, дека по закон јавните обвинители во постапувањето се самостојни. Коцевски ми посочи дека како и да е, предметот е сензитивен и повторно нагласи на ВМРО-ДПМНЕ не смее да се даде својство на оштетен. По разговорот со Коцевски, кој се одвиваше на висок тон, направив службена белешка. Го повикав обвинителот Јован Цветановски за да му пренесам каков разговор имав за предметот. Видно се вознемирен бидејќи за него пораката од Коцевски претавува директна закана - изјавува Хајрулахи за Реублика.
По само неколку дена од РЈО добил писмено известување дека ќе бидат под надзор, што, според вишиот обвинител, не е спорно, но е симптоматично зошто баш сега. На 10 октомври доаѓа контрола составена од тројца обвинители.
- Прво обвинителката Лиле Стефанова учествува во прв степен во СЈО и не смее да учествува во надзорот. Обвинителот Елвин Вели до пред скоро време беше заменик на вишиот обвинител и обвинител во Вишото. Според побараните предмети се гледа дека акцентот на надзорот е ставен токму врз обвинителот Цветановски. Во понеделникот имаше повторно контрола - вели вишиот јавен обвинител.
Предметниот обвинител Цветановски, за Канал 5 изјави дека за него пораката од Коцевски претставува директна закана, но тоа сепак нема да влијае врз неговата работа.
-Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со републичкиот обвинител, тој ми е пренесен веднаш. Тоа значи за мене директна закана бидејќи годиниве не сум доживеал, ниту сум слушнал за таква закана – да се внимава. Предметот е сензитивен, точно е, и ќе биде проследен како и секој друг. Мојата одлука ќе биде независна, вели обвинителот Цветановски.
Коцевски вчера во изјава за Канал 5 рече дека ваквите наводи се апсолутно невистинити. Вели ниту во овој, ниту во било кој друг предмет не бил вршен притисок. За надзорот коментира дека тој бил дел од планираните контроли во сите виши обвинителства во државата
-Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.
Според Коцевски причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата. На ова пак, Хајрулахи пак вели:
Администрацијата нема предмети за да се врши мобинг врз нив. Крајно несериозни се ваквите изјави. Надзор е вршен врз работата на јавните обвинители, а не врз работата на администрацијата.
Во јули беше објавено дека Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра. Тогаш „Сведок“ објави дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова. На ваквата одлука беше поднесена жалба. https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/  

The post Смешен надзор, закани, притисоци – што сѐ прави Коцевски да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО appeared first on Република.

]]>
Вишиот обвинител Хајрулахи поднесе претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vishiot-obvinitel-hajrulahi-podnese-pretstavka-poradi-nenavremeno-postapuvane-po-krivichnata-prijava-protiv-fetai-i-rajchev/ Tue, 30 Jul 2024 08:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=801529

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи поднел претставка поради ненавремено постапување по кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Претставката е поднесне до Советот на Јавни обвинители. Претставката е поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола.

[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption]

Како што изјави Хајрулахи претставката е поднесена поради обидот да се застари делото.

Очигледна е намерата да се чува кривичната пријава за делото да застари. Претставката за непостапување е веќе поднесена. Кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци против Фетаи и Рајчев е поднесена уште во мај 2008 година, а до јуни годинава не беше преземено ништо. Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари – коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката - вели Хајрулахи.

[caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption]

Пред десетина дена Хајрулахи за „Република“ изјави дека откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.

– На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски – ни изјави шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.

Од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска.

[caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption]

Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.

-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки – ни изјави пред десетина дена вишиот обвинител.

https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Вишиот обвинител Хајрулахи поднесе претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи поднел претставка поради ненавремено постапување по кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Претставката е поднесне до Советот на Јавни обвинители. Претставката е поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола. [caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption] Како што изјави Хајрулахи претставката е поднесена поради обидот да се застари делото.
Очигледна е намерата да се чува кривичната пријава за делото да застари. Претставката за непостапување е веќе поднесена. Кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци против Фетаи и Рајчев е поднесена уште во мај 2008 година, а до јуни годинава не беше преземено ништо. Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари – коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката - вели Хајрулахи.
[caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption] Пред десетина дена Хајрулахи за „Република“ изјави дека откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.
– На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски – ни изјави шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.
Од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска. [caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption] Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.
-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки – ни изјави пред десетина дена вишиот обвинител.
https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/  

The post Вишиот обвинител Хајрулахи поднесе претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>
Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-ke-podnesam-pretstavka-poradi-nenavremeno-postapuvane-po-krivichnata-prijava-protiv-fetai-i-rajchev/ Sat, 20 Jul 2024 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=798628

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, по негово инсистирање дал исказ во битолското обвинителство по наодите од кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.

- На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски - вели шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.

[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption]

Хајрулахи во разговор за Република ги потврди нашите созанија дека од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска.

Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари - коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката.

[caption id="attachment_81545" align="alignnone" width="1200"] Поранешен државен обвинител, Љубомир Јовески[/caption]

Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.

-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки - вели вишиот обвинител.

Поради, како што вели, очигледната намера да се чува кривичната пријава за делото да застари Хајрулахи, деновиве тој ќе поднесе и претставка поради ненавремено постапување до Советот на Јавни обвинители. Претставката ќе биде поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола.

Кога сето ова се случува со пријава на виш јавен обвинител тогаш можеме да замислиме што се се прави со пријавите на обичниот граѓанин, кога тие ќе дојдат до правдата. Затоа и довербата на граѓаните во правосудниот систем е ниска и се ниски оценките на сите релевантни институции. Довербата во правосудниот систем е едвај два отсто што е еднакво на нула. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, по негово инсистирање дал исказ во битолското обвинителство по наодите од кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.
- На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски - вели шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.
[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption] Хајрулахи во разговор за Република ги потврди нашите созанија дека од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска.
Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари - коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката.
[caption id="attachment_81545" align="alignnone" width="1200"] Поранешен државен обвинител, Љубомир Јовески[/caption] Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.
-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки - вели вишиот обвинител.
Поради, како што вели, очигледната намера да се чува кривичната пријава за делото да застари Хајрулахи, деновиве тој ќе поднесе и претставка поради ненавремено постапување до Советот на Јавни обвинители. Претставката ќе биде поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола. Кога сето ова се случува со пријава на виш јавен обвинител тогаш можеме да замислиме што се се прави со пријавите на обичниот граѓанин, кога тие ќе дојдат до правдата. Затоа и довербата на граѓаните во правосудниот систем е ниска и се ниски оценките на сите релевантни институции. Довербата во правосудниот систем е едвај два отсто што е еднакво на нула. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет.   https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>
Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/ Fri, 19 Jul 2024 07:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=797903

Што се случува со кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година? По повеќе од една година по поднесувањето на кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители.

Хајрулахи во мај 2023 година поднесол известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, во тоа време Љубомир Јовески, се со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.

– За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци“, изјави Хајрулахи во август 2023 година.

Оттогаш молк за кривичните пријави кои во Јавното обвинителство се поднесени во време кога државен обвинител беше Јовески. Според информации на „Република“ до декември 2023 година, односно до заминувањето на Јовески овие кривични пријави стојат во фиока во ЈОРМ и не се распределени на ниту едно Обвинителство. Извори од фелата велат дека токму првиот човек на обвинителството, Јовески е тој кој ги чувал кривичните пријави во фиока. Во декември, непосредно пред заминувањето на Јовески од финкцијата, се носи одлука битолското јавно обвинителство да го води овој случај. Во јануари годинава кривичните пријави пристигаат во битолското обвинителство. Но и битолското обвинителство, слуачјно или не, не е ажурно кога се во прашање кривичните пријави против Фетаи и Рајчев. И таму со месеци нема никаков исход од постапката.

[caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption]

Годинаипол обвинителите ги проверуваат наводите против своите колеги и нема никаква одлука по долгата проверка. Сите досегашни активности околу овие постапки, и во Државното јавно обвинителство, тогаш предводено од Јовески, и во битолското јавно обвинителство, каде шеф е Оливера Нечаковска, одат во прилог на застарување на делото за кое се теретат Фетаи и Рајчев. Се бара ли начин да се заташкаат пријавите и против обвинителите да нема никакво обвинение ниту судска постапка. Се заинтересирал ли наследникот на Јовески, Љупчо Коцевски, што се случува со кривичните против неговите колеги? Тоа впрочем зборува и за ажурноста и ефикасноста на обвинителскиот систем во државата. А оценката за независноста, ажурноста и ефикасноста ефикасноста и на обвинитеството и на судството е на најниско можно ниво што е нотирано во секој извештај од сите релевантни европски институции. Довербата во јавноста е едвај 2 отсто што е еднакво на нула.

Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди, односно му испраќал информации. Сопственикот на порталот ,,Доказ-М” веќе е осуден за две дела, пиратерија и уцена. Наспротив ова  сѐ уште нема ниту одлука за кривичната пријава, а уште помалку д асе започне постапка против, како што тврди Стаменковски, неговите соработници Фетаи и Рајчев.

[caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption]

Што се случува со кривичните пријави против двајцата обвинители? Се обидува ли некој да ги зачува во фиока за истите да застарат? Разговаравме со Оливера Нечаковска, шеф на битолското обвинителство. По кусиот телефонски разговор испративме прашања на меил адрсата на Обвинителството, но наместо одговор на истите, согласно договорот со Нечаковска, бевме прератени на адреса на прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Оттаму добивме краток одговор во кој ја нема суштината на она кое го баравме, туку општ одговор дури и на прашањата кои се однесуваат директно на битолската обвинителка.

Нечаковска ја прашавме:
1.Дали кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола и кога ?
2. Доколку е кај вас, која е причината што е префрлена во ОЈО Битола?
3. Дали се постапува по истата? Дали е прераспределена кај обвинител, кај кој обвинител и до каде е постапката?
4. Со последните измени на кривичниот закон делото злоупотреба на службена положба застарува побрзо. Ќе дозволи ли ОЈО Битола овој предмет да застари?
5. Прашање за обвинителката Оливера Нечаковска - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?

Но наместо од Нечаковска, одговор добивме од Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека Кривичната пријава против Фетаи и Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола во јануари годинава и според нивното тврдење, по неа се постапува за да се проверат наводите.

Пријавата беше дадена на надлежно постапување на ОЈО Битола, по донесено решение за изземање за да се избегнат околности кои би предизвикале евентуално сомневање во непристрасноста во одлучувањето, имајќи предвид дека и подносителот и пријавените се виши обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје во чие подрачје спаѓа Основното јавно обвинителство Скопје - велат од Јавното обвинителство.

Која е причината што на Државното јавно обвинителството му требало седум месеци за да го префрли предметот во Битола? Што се случувало со предметот толку месеци? Што се случува со кривичната постапка овие 7 месеци, откако истата е примена во битолското обвинителство? Конкретен одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство дека „по неа се постапува за да се проверат наводите“.

Нема конкретен одговор ниту на прашањето дали ОЈО Битола ќе дозволи овој предмет да застари. Со последните измени на кривичниот законик во септември 2023 година, по предлог на тогаш актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ, се намали казната затвор за злоупотреба на службена положба со што се отвори можноста за порано да застарат овие дела.

Нечаковска сметаше дека и прашањето упатено конкретно за неа - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?, не е прашање кое треба таа да го одговори. Иако во прашањето е нагласено дека ова се однесува конкретно за притисок врз неа како шеф на битолското обвинителство, одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија:

Јавното обвинителство не подлегнува на никакви притисоци и постапува единствено согласно закон.

Но дали има притисок врз Нечаковска? Одговор на ова прашање нема. Според информации на Република се врши директен притисок врз Нечаковска кривичната пријава против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев да остане во фиока за делото да застари. Нашите извори посочуваат дека лица од фелата блиски до СДСМ  ДУИ, како и до обвинителот Јовески, се залагаат со притисок врз Нечаковска да издејствуваат застарување на делото. Нечаковска ниту ја потврди, ниту ја демантираше ваквата информација. Едноставно го премолчи одговорот, и покрај нашето настојување таа да одговори на прашањата кои се однесуваат за битолското обвинителство и лично за неа. Но таа наместо одговор, се погрижи да ги препрати прашањата во прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Ваквите случаи се причина за недвербата на граѓаните во правосудниот систем и лошите оценки од ЕУ. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет. Македонското правосудство треба да ја врати довербата кај граѓаните, но со ваквите постапки сме далеку од остварување на оваа цел.

„Република“ и понатака ќе го следи овој случај кој е во интерес на јавноста и ќе информира за сите нови сознанија и случувања околу поднесената кривична пријава против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев.

The post Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители appeared first on Република.

]]>

Што се случува со кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година? По повеќе од една година по поднесувањето на кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители. Хајрулахи во мај 2023 година поднесол известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, во тоа време Љубомир Јовески, се со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.
– За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци“, изјави Хајрулахи во август 2023 година.
Оттогаш молк за кривичните пријави кои во Јавното обвинителство се поднесени во време кога државен обвинител беше Јовески. Според информации на „Република“ до декември 2023 година, односно до заминувањето на Јовески овие кривични пријави стојат во фиока во ЈОРМ и не се распределени на ниту едно Обвинителство. Извори од фелата велат дека токму првиот човек на обвинителството, Јовески е тој кој ги чувал кривичните пријави во фиока. Во декември, непосредно пред заминувањето на Јовески од финкцијата, се носи одлука битолското јавно обвинителство да го води овој случај. Во јануари годинава кривичните пријави пристигаат во битолското обвинителство. Но и битолското обвинителство, слуачјно или не, не е ажурно кога се во прашање кривичните пријави против Фетаи и Рајчев. И таму со месеци нема никаков исход од постапката. [caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption] Годинаипол обвинителите ги проверуваат наводите против своите колеги и нема никаква одлука по долгата проверка. Сите досегашни активности околу овие постапки, и во Државното јавно обвинителство, тогаш предводено од Јовески, и во битолското јавно обвинителство, каде шеф е Оливера Нечаковска, одат во прилог на застарување на делото за кое се теретат Фетаи и Рајчев. Се бара ли начин да се заташкаат пријавите и против обвинителите да нема никакво обвинение ниту судска постапка. Се заинтересирал ли наследникот на Јовески, Љупчо Коцевски, што се случува со кривичните против неговите колеги? Тоа впрочем зборува и за ажурноста и ефикасноста на обвинителскиот систем во државата. А оценката за независноста, ажурноста и ефикасноста ефикасноста и на обвинитеството и на судството е на најниско можно ниво што е нотирано во секој извештај од сите релевантни европски институции. Довербата во јавноста е едвај 2 отсто што е еднакво на нула. Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди, односно му испраќал информации. Сопственикот на порталот ,,Доказ-М” веќе е осуден за две дела, пиратерија и уцена. Наспротив ова  сѐ уште нема ниту одлука за кривичната пријава, а уште помалку д асе започне постапка против, како што тврди Стаменковски, неговите соработници Фетаи и Рајчев. [caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption] Што се случува со кривичните пријави против двајцата обвинители? Се обидува ли некој да ги зачува во фиока за истите да застарат? Разговаравме со Оливера Нечаковска, шеф на битолското обвинителство. По кусиот телефонски разговор испративме прашања на меил адрсата на Обвинителството, но наместо одговор на истите, согласно договорот со Нечаковска, бевме прератени на адреса на прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Оттаму добивме краток одговор во кој ја нема суштината на она кое го баравме, туку општ одговор дури и на прашањата кои се однесуваат директно на битолската обвинителка. Нечаковска ја прашавме: 1.Дали кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола и кога ? 2. Доколку е кај вас, која е причината што е префрлена во ОЈО Битола? 3. Дали се постапува по истата? Дали е прераспределена кај обвинител, кај кој обвинител и до каде е постапката? 4. Со последните измени на кривичниот закон делото злоупотреба на службена положба застарува побрзо. Ќе дозволи ли ОЈО Битола овој предмет да застари? 5. Прашање за обвинителката Оливера Нечаковска - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата? Но наместо од Нечаковска, одговор добивме од Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека Кривичната пријава против Фетаи и Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола во јануари годинава и според нивното тврдење, по неа се постапува за да се проверат наводите.
Пријавата беше дадена на надлежно постапување на ОЈО Битола, по донесено решение за изземање за да се избегнат околности кои би предизвикале евентуално сомневање во непристрасноста во одлучувањето, имајќи предвид дека и подносителот и пријавените се виши обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје во чие подрачје спаѓа Основното јавно обвинителство Скопје - велат од Јавното обвинителство.
Која е причината што на Државното јавно обвинителството му требало седум месеци за да го префрли предметот во Битола? Што се случувало со предметот толку месеци? Што се случува со кривичната постапка овие 7 месеци, откако истата е примена во битолското обвинителство? Конкретен одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство дека „по неа се постапува за да се проверат наводите“. Нема конкретен одговор ниту на прашањето дали ОЈО Битола ќе дозволи овој предмет да застари. Со последните измени на кривичниот законик во септември 2023 година, по предлог на тогаш актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ, се намали казната затвор за злоупотреба на службена положба со што се отвори можноста за порано да застарат овие дела. Нечаковска сметаше дека и прашањето упатено конкретно за неа - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?, не е прашање кое треба таа да го одговори. Иако во прашањето е нагласено дека ова се однесува конкретно за притисок врз неа како шеф на битолското обвинителство, одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија:
Јавното обвинителство не подлегнува на никакви притисоци и постапува единствено согласно закон.
Но дали има притисок врз Нечаковска? Одговор на ова прашање нема. Според информации на Република се врши директен притисок врз Нечаковска кривичната пријава против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев да остане во фиока за делото да застари. Нашите извори посочуваат дека лица од фелата блиски до СДСМ  ДУИ, како и до обвинителот Јовески, се залагаат со притисок врз Нечаковска да издејствуваат застарување на делото. Нечаковска ниту ја потврди, ниту ја демантираше ваквата информација. Едноставно го премолчи одговорот, и покрај нашето настојување таа да одговори на прашањата кои се однесуваат за битолското обвинителство и лично за неа. Но таа наместо одговор, се погрижи да ги препрати прашањата во прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Ваквите случаи се причина за недвербата на граѓаните во правосудниот систем и лошите оценки од ЕУ. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет. Македонското правосудство треба да ја врати довербата кај граѓаните, но со ваквите постапки сме далеку од остварување на оваа цел. „Република“ и понатака ќе го следи овој случај кој е во интерес на јавноста и ќе информира за сите нови сознанија и случувања околу поднесената кривична пријава против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев.    

The post Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители appeared first on Република.

]]>
Го избраа Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-izbraa-mustafa-hajrulahi-za-shef-na-vishoto-javno-obvinitelstvo-skopje/ Fri, 23 Dec 2022 10:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=589093

Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени.

Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, Советот на ЈО го избра Фарик Арслани.

Во трка беа тројца кандидати Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан). На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.

The post Го избраа Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>

Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени. Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство. За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, Советот на ЈО го избра Фарик Арслани. Во трка беа тројца кандидати Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан). На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.

The post Го избраа Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>
Само еден кандидат: За Виш јавен обвинител ќе се бира меѓу Мустафа Хајрулахи и Мустафа Хајрулахи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-eden-kandidat-za-vish-javen-obvinitel-kje-se-bira-megju-mustafa-hajrulahi-i-mustafa-hajrulahi/ Wed, 30 Nov 2022 11:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=579991

 Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи.

– Се додека не се обезбеди кворум за да може да се одржи седницата, истата не може да биде закажана, изјави Јолевски, посочувајќи дека во моментот се осум члена, заедно со Јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлекол и Бурим Рустеми. Засега единствена кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски, за МИА, потврди дека Рустеми вчера до нив поднел известување дека се повлекува од кандидатурата, но без да образложи причини за тоа.

The post Само еден кандидат: За Виш јавен обвинител ќе се бира меѓу Мустафа Хајрулахи и Мустафа Хајрулахи appeared first on Република.

]]>

 Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи. – Се додека не се обезбеди кворум за да може да се одржи седницата, истата не може да биде закажана, изјави Јолевски, посочувајќи дека во моментот се осум члена, заедно со Јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлекол и Бурим Рустеми. Засега единствена кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски, за МИА, потврди дека Рустеми вчера до нив поднел известување дека се повлекува од кандидатурата, но без да образложи причини за тоа.

The post Само еден кандидат: За Виш јавен обвинител ќе се бира меѓу Мустафа Хајрулахи и Мустафа Хајрулахи appeared first on Република.

]]>
По Фетаи, се повлече и Рустеми: Хајрулахи остана без конкуренција за нов шеф на Вишото обвинителство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-fetai-se-povleche-i-rustemi-hajrulahi-ostana-bez-konkurencija-za-nov-shef-na-vishoto-obvinitelstvo/ Tue, 29 Nov 2022 19:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=579759

Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во скопското Вишо јавно обвинителство остана само еден, постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи.

Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврдува за „Призма“ претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски.

И Рустеми за „Призма“ кратко одговорил дека ја повлекол кандидатурата.

Ја повлеков кандидатурата затоа што сметам дека противкандидатот има поголеми шанси да биде избран за шеф на Вишото јавно Обвинителство“, вели Рустеми, кој претходно работеше во СЈО.

Со новонастанатата ситуација, останува единствено кандидатурата на Хајрулахи за нов предводник на Вишото обвинителство.

The post По Фетаи, се повлече и Рустеми: Хајрулахи остана без конкуренција за нов шеф на Вишото обвинителство appeared first on Република.

]]>

Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во скопското Вишо јавно обвинителство остана само еден, постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи. Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврдува за „Призма“ претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски. И Рустеми за „Призма“ кратко одговорил дека ја повлекол кандидатурата.
Ја повлеков кандидатурата затоа што сметам дека противкандидатот има поголеми шанси да биде избран за шеф на Вишото јавно Обвинителство“, вели Рустеми, кој претходно работеше во СЈО.
Со новонастанатата ситуација, останува единствено кандидатурата на Хајрулахи за нов предводник на Вишото обвинителство.

The post По Фетаи, се повлече и Рустеми: Хајрулахи остана без конкуренција за нов шеф на Вишото обвинителство appeared first on Република.

]]>
Левица обвинува дека Хајрулахи е новиот пион во Вишото ЈО, близок e на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-obvinuva-deka-hajrulahi-e-noviot-pion-vo-vishoto-jo-blizok-e-na-dui/ Mon, 14 Nov 2022 19:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=573860

Политичката партија Левица во свое соопштение открива дека по назначувањето на Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство, партијата ДУИ има нов, според нив, „пион“ за шеф на Вишото јавно обвинителство, чиј избор беше одложен.

„Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи“, велат од Левица и додаваат:

Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот во фиока за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ повеќе од една година, наместо законски предвидениот рок од месец дена и не го доставуваше до Скопска апелација, се наведува во написот.

„Истовремено, во Академијата за судии и јавни обвинители избрани се како кандидати, меѓу другите и синот на Таљат Џафери, како и сопругата на новиот шеф на ОЈО за ГОКК од ДУИ. Недовербата во целокупниот правосуден систем, непотизмот и неказнивоста на функционерите на ДУИ ја поткопува темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото“, продолжува написот.

Јасно е дека амнестираната ДУИ, со директно узурпирање на правосудниот систем, обезбедува гарантирана неказнивост на своето криминално владеење, додека СДС прераснува обична пајтон партија во оваа корумпирана владејачка коалиција, соопштуваат од Левица.

The post Левица обвинува дека Хајрулахи е новиот пион во Вишото ЈО, близок e на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Левица во свое соопштение открива дека по назначувањето на Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство, партијата ДУИ има нов, според нив, „пион“ за шеф на Вишото јавно обвинителство, чиј избор беше одложен. „Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи“, велат од Левица и додаваат:
Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот во фиока за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ повеќе од една година, наместо законски предвидениот рок од месец дена и не го доставуваше до Скопска апелација, се наведува во написот.
„Истовремено, во Академијата за судии и јавни обвинители избрани се како кандидати, меѓу другите и синот на Таљат Џафери, како и сопругата на новиот шеф на ОЈО за ГОКК од ДУИ. Недовербата во целокупниот правосуден систем, непотизмот и неказнивоста на функционерите на ДУИ ја поткопува темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото“, продолжува написот.
Јасно е дека амнестираната ДУИ, со директно узурпирање на правосудниот систем, обезбедува гарантирана неказнивост на своето криминално владеење, додека СДС прераснува обична пајтон партија во оваа корумпирана владејачка коалиција, соопштуваат од Левица.
 
The post Левица обвинува дека Хајрулахи е новиот пион во Вишото ЈО, близок e на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Хајрулахи, Рустеми и Фетаи кандидати за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-rustemi-i-fetai-kandidati-za-shef-na-vishoto-javno-obvinitelstvo-skopje/ Thu, 27 Oct 2022 12:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=566371

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза.

– За сите пријавени на огласите кои ги имавме објавено пуштени се барања до обвинителствата да извршат оценувања за да можеме да преминеме на следната фаза, со тие кои немаме остварено интервјуа, да ги извршиме за да стекнеме одреден впечаток. Сепак се јавуваат за шефовски места и да ја закажеме седницата во најскоро време, бидејќи мандатот им истекува на 14 ноември и да не се доведеме во ситуација да треба в.д., изјави Јолевски.

Според него, до 7 ноември треба да заврши постапката за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства, за да се заврши постапката и за нив, бидејќи се објавени во исто време.

The post Хајрулахи, Рустеми и Фетаи кандидати за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза.