муса џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/musa-dzaferi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 07:09:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png муса џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/musa-dzaferi/ 32 32 МЕПСО отпишал 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mepso-otpishal-14-milioni-evra-dolgovi-na-firmi-trgovtsi-so-struja-megu-koi-i-na-sinot-na-musa-dhaferi/ Tue, 30 Jul 2024 07:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=801493

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери.ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Павер е и во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор.СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.

Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024.

И во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност. Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има.

The post МЕПСО отпишал 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери appeared first on Република.

]]>

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери.ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Павер е и во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот, обвини ВМРО-ДПМНЕ. 14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор.СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.
Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024.
И во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност. Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има.

The post МЕПСО отпишал 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери appeared first on Република.

]]>
Фирмата на синот на Џафери дел од списокот со простени долгови од МЕПСО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-sinot-na-dhaferi-del-od-spisokot-so-prosteni-dolgovi-od-mepso/ Fri, 14 Apr 2023 08:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=630728

Компанијата „У ПОВЕР“ ДОО експорт-импорт Скопје, во сопственост на синот на фракционерот во ДУИ Муса Џафери, е една од 14-те фирми кои се на списокот на МЕПСО, на кои им било дозволено да го исплаќаат долгот на рати. Подоцна, од страна на менаџментот е утврдено дека тој долг е тешко наплатлив и за истиот е поднесена тужба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/uslovi-za-trgovija-so-elektrichna-energija-vo-makedonija-ispolnuvaat-sin-mu-na-musa-dzaferi-i-sinot-na-zaev/

Репрограмирањето на долгот на компанијата на синот на Муса Џафери се случува во период кога на чело на менаџментот на МЕПСО е Куштрим Рамадани, кадар на ДУИ.

Во досегашната работа на МЕПСО ова е прв случај да се одобри репрограмирање на долг на должник иако имало вакви барања на должници и во минатото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mepso-im-prostil-dolg-od-14-milioni-evra-na-trgovtsite-so-struja-potoa-go-prikazhuva-vo-regulatorna-i-ima-vlijanie-pri-utvrduvane-na-krajnata-tsena-za-domakinstvata/

Без оглед на тоа што ревизорскиот извештај за МЕПСО, од страна на ДЗР, е некомплетен и не ги потенцира главните пропусти на менаџментот во однос на одговорноста за енергетската криза, не може да се заташка дека Владата на Ковачевски има катастрофална кадровска политика во оваа енергетска компанија.
Доколку ревизорите на ДЗР подетално се позанимавале со работењето на Операторот на систем, кој е дел од структурата на МЕПСО, извештајот ќе беше многу покорисен за јавното обвинителство, бидејќи во него ревизорите ќе можеа да нотираат штета од милиони евра врз Буџетот на државата поради неодговорно и несовесно работење.
Последните кадровски смени во оваа енергетска компанија, кои се направени за задоволување на желбите на коалиционите партнери на ДУИ и СДС, како и за заташкување на несовесното и неодговорно работење на Операторот на систем, во никој случај нема да го подобрат квалитетот на работа на АД МЕПСО.
Политичката партија Левица и во иднина будно ќе ја следи работата на оваа државна енергетска компанија и ќе ги нотира сите неправилности и штетни дејанија кои ги врши Владата на ДУИ и СДС преку нивните кадровски решенија, велат од Енергетскиот сектор на Левица.

The post Фирмата на синот на Џафери дел од списокот со простени долгови од МЕПСО appeared first on Република.

]]>

Компанијата „У ПОВЕР“ ДОО експорт-импорт Скопје, во сопственост на синот на фракционерот во ДУИ Муса Џафери, е една од 14-те фирми кои се на списокот на МЕПСО, на кои им било дозволено да го исплаќаат долгот на рати. Подоцна, од страна на менаџментот е утврдено дека тој долг е тешко наплатлив и за истиот е поднесена тужба. https://republika.mk/vesti/makedonija/uslovi-za-trgovija-so-elektrichna-energija-vo-makedonija-ispolnuvaat-sin-mu-na-musa-dzaferi-i-sinot-na-zaev/ Репрограмирањето на долгот на компанијата на синот на Муса Џафери се случува во период кога на чело на менаџментот на МЕПСО е Куштрим Рамадани, кадар на ДУИ. Во досегашната работа на МЕПСО ова е прв случај да се одобри репрограмирање на долг на должник иако имало вакви барања на должници и во минатото. https://republika.mk/vesti/makedonija/mepso-im-prostil-dolg-od-14-milioni-evra-na-trgovtsite-so-struja-potoa-go-prikazhuva-vo-regulatorna-i-ima-vlijanie-pri-utvrduvane-na-krajnata-tsena-za-domakinstvata/ Без оглед на тоа што ревизорскиот извештај за МЕПСО, од страна на ДЗР, е некомплетен и не ги потенцира главните пропусти на менаџментот во однос на одговорноста за енергетската криза, не може да се заташка дека Владата на Ковачевски има катастрофална кадровска политика во оваа енергетска компанија. Доколку ревизорите на ДЗР подетално се позанимавале со работењето на Операторот на систем, кој е дел од структурата на МЕПСО, извештајот ќе беше многу покорисен за јавното обвинителство, бидејќи во него ревизорите ќе можеа да нотираат штета од милиони евра врз Буџетот на државата поради неодговорно и несовесно работење. Последните кадровски смени во оваа енергетска компанија, кои се направени за задоволување на желбите на коалиционите партнери на ДУИ и СДС, како и за заташкување на несовесното и неодговорно работење на Операторот на систем, во никој случај нема да го подобрат квалитетот на работа на АД МЕПСО. Политичката партија Левица и во иднина будно ќе ја следи работата на оваа државна енергетска компанија и ќе ги нотира сите неправилности и штетни дејанија кои ги врши Владата на ДУИ и СДС преку нивните кадровски решенија, велат од Енергетскиот сектор на Левица.

The post Фирмата на синот на Џафери дел од списокот со простени долгови од МЕПСО appeared first on Република.

]]>
Муса Џафери: Старото момче ги брои последните денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musa-dhaferi-staroto-momche-gi-broi-poslednite-denovi/ Wed, 01 Mar 2023 18:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=614833

Ним им бега возот…тие…момчето или старото момче ги брои неговите последни денови на тој циркус кој го води по медиумите, по Тик ток итн…“, порача еден од „огнените“ Муса Џафери на партискиот собир во скопската општина Чаир.

Џафери не кажа точно за кое момче или старо момче зборува, дали мисли на првиот вицепремиер Артан Груби или на лидерот на ДУИ кој е повозрасен.

Аналитичарот Арбен Раткоцери за ТВ 21, гледајќи го политичкиот контекст и внатрешната битка во ДУИ, смета дека Џафери можел да зборува само за двојката Груби-Ахмети, притоа додавајќи дека влошувањето на односите меѓу Џафери и Ахмети ќе доведе до уште поголем политички земјотрес.

The post Муса Џафери: Старото момче ги брои последните денови appeared first on Република.

]]>

Ним им бега возот…тие…момчето или старото момче ги брои неговите последни денови на тој циркус кој го води по медиумите, по Тик ток итн…“, порача еден од „огнените“ Муса Џафери на партискиот собир во скопската општина Чаир. Џафери не кажа точно за кое момче или старо момче зборува, дали мисли на првиот вицепремиер Артан Груби или на лидерот на ДУИ кој е повозрасен. Аналитичарот Арбен Раткоцери за ТВ 21, гледајќи го политичкиот контекст и внатрешната битка во ДУИ, смета дека Џафери можел да зборува само за двојката Груби-Ахмети, притоа додавајќи дека влошувањето на односите меѓу Џафери и Ахмети ќе доведе до уште поголем политички земјотрес.

The post Муса Џафери: Старото момче ги брои последните денови appeared first on Република.

]]>
Муса Џафери: Да го спасиме Ахмети од Артан Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musa-dhaferi-da-go-spasime-ahmeti-od-artan-grubi/ Tue, 31 Jan 2023 09:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=602868

Eден од предводниците на групата незадоволни членови на ДУИ, претседател на надзорниот одбор на партијата Муса Џафери, синоќа од собирот во Кичево ги повика членовите на партијата да го спасат лидерот на ДУИ Али Ахмети од Артан Груби.  Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и за ширење пропаганда против незадоволните партиски членови и функционери.

Џафери рече дека толку многу се вложиле во ДУИ што не ни помислуваат да ѝ наштетат на партијата и дека никогаш не ја нападнале фигурата на нејзиниот претседател Ахмети.

Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината што не се инвестира во Чаир? Каде одат парите од буџетотпраша Џафери.

Тој порача дека каде и да свртат ќе се судрат со незадоволнитеНајциничниот заговор, што според Џафери, го шири Груби е дека тој, Изет Меџити и другите решиле да одржат митинг во Кичево за да му наштетат на Ахмети. Според Џафери, тоа не е точно.

Нема потреба Артан Грбуи да го штити Али Ахмет од Муса Џафери. Апелирам до него да не прави маркетиншки спинови. За ова апелирав и претходно. Да го спасиме Али Ахмети од оваа извршна власт, од Артан Груби. Се плашам дека тие што тврдат дека многу го сакаат, му го одземаат здивот. Зошто сега не го штитат Али Ахмети од Алијанса“, праша Џафери.

Тој го повика Ахмети да размисли, да се сретнат и да понуди решенија за проблемите во партијата.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити побара расправата да се врати во органите на партијата.

Секогаш имаше дебата внатре во партијата, но на крајот знаевме да донесеме правилни одлуки за доброто на партијата. Немаме ништо лично против никого, никогаш не сме имале лоши намери. Да се ​​подобриме пред народот да не подобри нас, рече Меџити.

The post Муса Џафери: Да го спасиме Ахмети од Артан Груби appeared first on Република.

]]>

Eден од предводниците на групата незадоволни членови на ДУИ, претседател на надзорниот одбор на партијата Муса Џафери, синоќа од собирот во Кичево ги повика членовите на партијата да го спасат лидерот на ДУИ Али Ахмети од Артан Груби.  Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и за ширење пропаганда против незадоволните партиски членови и функционери. Џафери рече дека толку многу се вложиле во ДУИ што не ни помислуваат да ѝ наштетат на партијата и дека никогаш не ја нападнале фигурата на нејзиниот претседател Ахмети.
Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината што не се инвестира во Чаир? Каде одат парите од буџетотпраша Џафери.
Тој порача дека каде и да свртат ќе се судрат со незадоволнитеНајциничниот заговор, што според Џафери, го шири Груби е дека тој, Изет Меџити и другите решиле да одржат митинг во Кичево за да му наштетат на Ахмети. Според Џафери, тоа не е точно.
Нема потреба Артан Грбуи да го штити Али Ахмет од Муса Џафери. Апелирам до него да не прави маркетиншки спинови. За ова апелирав и претходно. Да го спасиме Али Ахмети од оваа извршна власт, од Артан Груби. Се плашам дека тие што тврдат дека многу го сакаат, му го одземаат здивот. Зошто сега не го штитат Али Ахмети од Алијанса“, праша Џафери.
Тој го повика Ахмети да размисли, да се сретнат и да понуди решенија за проблемите во партијата. Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити побара расправата да се врати во органите на партијата.
Секогаш имаше дебата внатре во партијата, но на крајот знаевме да донесеме правилни одлуки за доброто на партијата. Немаме ништо лично против никого, никогаш не сме имале лоши намери. Да се ​​подобриме пред народот да не подобри нас, рече Меџити.

The post Муса Џафери: Да го спасиме Ахмети од Артан Груби appeared first on Република.

]]>
Не е крај на светот ако се разрешат Бујар, Артан или Фатмир Бесими, смета Муса Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-kraj-na-svetot-ako-se-razreshat-bujar-artan-ili-fatmir-besimi-smeta-musa-dzaferi/ Tue, 18 Oct 2022 20:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=562733

Не е крај на светот ако си заминат актуелните министри од ДУИ и им отворат пат нови кадри, изјави во „Емисијата 200“ Муса Џафери, член на претседателството на ДУИ.

Зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега, за да дојдат други? Тоа се тие што тврдат дека ќе дојдат млади, нека ни направат пат да видиме кои се тие млади луѓе. Не е трагично…Ова е мое индивидуално мислење како член на Претседателството. Врз основа на отчетноста и резултатите, ќе се направи класификација и ќе се донесе одлука кој ќе замине, кој ќе го напушти местото. Нема да ги носиме на гилотина. Ќе работат на други функции, ќе работат партиски функции, рече Џафери.

The post Не е крај на светот ако се разрешат Бујар, Артан или Фатмир Бесими, смета Муса Џафери appeared first on Република.

Муса Џафери: Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musa-dzaferi-moite-razmisluvanja-i-grizi-sekogash-sum-gi-iznesuval-direktno-so-gospodinot-ahmeti/ Tue, 18 Oct 2022 20:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=562729

Членот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери во „Програмата 200“ на Алсат телевизија, изјави дека e во постојана комуникација и консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Всушност немаше мраз, направивме напори да влеземе во колосеците на институционално функционирање според статутот и програмата на партијата, вели Муса Џафери на прашањето дали го стопиле мразот со Ахмети.

Се консултираме, комуницираме. Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети, рече Џафери.

Бараме да има комуникација, отчетност на неприватен, несоцијален начин. Но, тоа треба да биде во рамките на органите, бидејќи органите се тие што делегираат задачи и делегираат функции, изјави Муса Џафери.

The post Муса Џафери: Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети appeared first on Република.

]]>

Членот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери во „Програмата 200“ на Алсат телевизија, изјави дека e во постојана комуникација и консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Всушност немаше мраз, направивме напори да влеземе во колосеците на институционално функционирање според статутот и програмата на партијата, вели Муса Џафери на прашањето дали го стопиле мразот со Ахмети. Се консултираме, комуницираме. Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети, рече Џафери. Бараме да има комуникација, отчетност на неприватен, несоцијален начин. Но, тоа треба да биде во рамките на органите, бидејќи органите се тие што делегираат задачи и делегираат функции, изјави Муса Џафери.

The post Муса Џафери: Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети appeared first on Република.

]]>
Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-vs-dzaferi-kje-go-izbrka-li-musa-talat-od-pretsedatelstvoto-na-dui/ Mon, 17 Oct 2022 11:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=562038

Талат Џафери може да остане без местото во претседателството на ДУИ. Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието во раководството на партијата и дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.

Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери во изјава за ТВ21.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по состанокот на Централниот совет на партијата викендов, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела.

Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“.

Дека Џафери воопшто и присуствува на партискиот состанок на централниот совет на ДУИ, реагираше и поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски кој посочи дека самото присуство на спикерот е противуставно.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-po-koj-osnov-talat-dzaferi-prisustvuva-na-partiski-sostanok-i-zoshto-revoltirano-go-napushtil-koga-ne-smee-da-bide-tamu/

The post Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Талат Џафери може да остане без местото во претседателството на ДУИ. Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието во раководството на партијата и дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.
Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери во изјава за ТВ21.
Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по состанокот на Централниот совет на партијата викендов, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела. Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“. Дека Џафери воопшто и присуствува на партискиот состанок на централниот совет на ДУИ, реагираше и поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски кој посочи дека самото присуство на спикерот е противуставно. https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-po-koj-osnov-talat-dzaferi-prisustvuva-na-partiski-sostanok-i-zoshto-revoltirano-go-napushtil-koga-ne-smee-da-bide-tamu/

The post Џафери VS. Џафери: Ќе го избрка ли Муса Талат од претседателството на ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musa-dzaferi-kje-ispitame-dali-talat-dzaferi-moze-da-uchestvuva-vo-rakovodstvoto-na-dui/ Sun, 16 Oct 2022 16:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=561760

Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието Талат Џафери во раководството на партијата. Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.

Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по вчерашниот состанок на Централниот совет на партијата, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела. Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“.

The post Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ appeared first on Република.

Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/musa-dzaferi-ili-ostavka-na-grubi-ili-vojnata-vo-dui-kje-eskalira/ Fri, 30 Sep 2022 16:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=556117

Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидејќи така нема да се решат проблемите, вели ден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“.

Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери.

The post Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира appeared first on Република.

Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-musa-dzaferi-dobi-obvinitelen-predlog-za-napadot-vrz-bislimovski/ Sun, 20 Mar 2022 19:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=475839

Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство.

Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори.

Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата.

Од таму потенцираат дека се работи за долга постапка и дека нејзината цел е да се коригира поведението на снабдувачите со струја, а не да им се одземе лиценцата, со цел да не се наруши енергетскиот систем, во услови кога владее голема економска криза.

Според последните информации од таму, компанијата воопшто не ни набавува повеќе струја.

-Ве информираме дека У Повер на 31 јануари оваа година ја извести РКЕ по имејл дека не постојат потрошувачи што ги снабдува со електрична енергија во месец февруари 2022 и од тие причини нема набавено енергија, ни одговорија од РКЕ.

Извор: Фокус

The post Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски appeared first on Република.

]]>

Скопското обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Тој се гони за кривично дело насилство. Причина за нападот беше тоа што неговата фирма „У- повер“ се најде на списокот на РКЕ за одземање лиценци, бидејќи не испорачувала доволно струја колку што им била потребна на потрошувачите со кои имала склучено договори. Од регулаторното тело брифираат дека постапката сѐ уште трае и досега РКЕ сѐ уште ѝ ја нема земено лиценцата на компанијата. Од таму потенцираат дека се работи за долга постапка и дека нејзината цел е да се коригира поведението на снабдувачите со струја, а не да им се одземе лиценцата, со цел да не се наруши енергетскиот систем, во услови кога владее голема економска криза. Според последните информации од таму, компанијата воопшто не ни набавува повеќе струја.
-Ве информираме дека У Повер на 31 јануари оваа година ја извести РКЕ по имејл дека не постојат потрошувачи што ги снабдува со електрична енергија во месец февруари 2022 и од тие причини нема набавено енергија, ни одговорија од РКЕ.
Извор: Фокус

The post Синот на Муса Џафери доби обвинителен предлог за нападот врз Бислимовски appeared first on Република.

]]>
Услови за трговија со електрична енергија во Македонија исполнуваат син му на Муса Џафери и синот на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uslovi-za-trgovija-so-elektrichna-energija-vo-makedonija-ispolnuvaat-sin-mu-na-musa-dzaferi-i-sinot-na-zaev/ Thu, 03 Mar 2022 20:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=467400

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека тоа што народот го иритира многу е што Пендаровски, Ковачевски, Заев и останатите имаат став за светската политика, но немаат став за домашите проблеми.

-Немаат став како е возможно, не го слушнав вчера Пендаровски да каже дали се согласува со тоа 18-годишниот син на Заев да има фирма за трговија со електрична енергија на која што лиценца треба да и даде Регулаторната комисија за енергетика којашто е државно тело или не го слушнав вчера Пендаровски да каже како е возможно да се прави притисок врз големи фирми во Македонија да не учествуваат на повикот на Владата за субвенционирање, односно, задавање повластени цени за фотоволтаици и прв победник на тие повластени суми за фотоволтаици да биде фирма од Желино, а втор да биде фирма од Гевгелија и Свети Николе, сосем случајно вака поделбата на власта во моментов во Македонија, вели Николоски.

Тој рече дека тоа е тоа што го иритира народот, што за тие работи немаат став, што заеднички СДСМ и ДУИ си крадат, а за светските прашања имаат став и ,додаде,дека се обидуваат да внесат клин меѓу народот, но нема да успеат во таа работа.

На прашањето зошто синот на Заев не може да има фирма за фотоволтации, Николоски одговори:

-Зошто има 18 години и затоа што има услови, татко му може да му даде пари да си отвори бутик или кафуле и за тоа не вклучена државата, но за трговија со електрична енергија, апсолутно е вклучена државата, затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца, односно дозвола, на фирма којашто прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови и во Македонија услови исполнуваат фирмата на син му на Муса Џафери и фирмата на син му на Зоран Заев. 

Николоски додава дека очигледно само за децата кои се функционери во Македонија, не гледаме дека за децата на работниците, не гледаме дека децата на чуварите, на полицајците, не гледаме дека децата на оние коишто работат во железара или децата на оние кои се текстилни работнички отвораат фирма за електрична енергија.

The post Услови за трговија со електрична енергија во Македонија исполнуваат син му на Муса Џафери и синот на Заев appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека тоа што народот го иритира многу е што Пендаровски, Ковачевски, Заев и останатите имаат став за светската политика, но немаат став за домашите проблеми.
-Немаат став како е возможно, не го слушнав вчера Пендаровски да каже дали се согласува со тоа 18-годишниот син на Заев да има фирма за трговија со електрична енергија на која што лиценца треба да и даде Регулаторната комисија за енергетика којашто е државно тело или не го слушнав вчера Пендаровски да каже како е возможно да се прави притисок врз големи фирми во Македонија да не учествуваат на повикот на Владата за субвенционирање, односно, задавање повластени цени за фотоволтаици и прв победник на тие повластени суми за фотоволтаици да биде фирма од Желино, а втор да биде фирма од Гевгелија и Свети Николе, сосем случајно вака поделбата на власта во моментов во Македонија, вели Николоски.
Тој рече дека тоа е тоа што го иритира народот, што за тие работи немаат став, што заеднички СДСМ и ДУИ си крадат, а за светските прашања имаат став и ,додаде,дека се обидуваат да внесат клин меѓу народот, но нема да успеат во таа работа. На прашањето зошто синот на Заев не може да има фирма за фотоволтации, Николоски одговори:
-Зошто има 18 години и затоа што има услови, татко му може да му даде пари да си отвори бутик или кафуле и за тоа не вклучена државата, но за трговија со електрична енергија, апсолутно е вклучена државата, затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца, односно дозвола, на фирма којашто прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови и во Македонија услови исполнуваат фирмата на син му на Муса Џафери и фирмата на син му на Зоран Заев. 
Николоски додава дека очигледно само за децата кои се функционери во Македонија, не гледаме дека за децата на работниците, не гледаме дека децата на чуварите, на полицајците, не гледаме дека децата на оние коишто работат во железара или децата на оние кои се текстилни работнички отвораат фирма за електрична енергија.

The post Услови за трговија со електрична енергија во Македонија исполнуваат син му на Муса Џафери и синот на Заев appeared first on Република.

]]>
Треба да му платат 500 евра за судски трошици: Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/treba-da-mu-platat-500-evra-za-sudski-troshici-vrhoven-ja-odbi-tuzbata-na-ahmeti-i-dzaferi-protiv-slobodan-bogoevski/ Thu, 13 Jan 2022 15:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=444249

Врховниот суд на седница одржана на 28 октомври минатата година ја одби како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски.

Судечкиот совет предводен од Мирјана Радевска Стефкова и во состав од судиите Владимир Стојаноски, Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, Исамедин Лимани и Наке Георгиев одлучи тужителите да се задолжат на тужениот да му ги надоместат трошоците за одговор на ревизијата во вкупен износ од 32.424 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховниот суд.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година.

The post Треба да му платат 500 евра за судски трошици: Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на седница одржана на 28 октомври минатата година ја одби како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски. Судечкиот совет предводен од Мирјана Радевска Стефкова и во состав од судиите Владимир Стојаноски, Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, Исамедин Лимани и Наке Георгиев одлучи тужителите да се задолжат на тужениот да му ги надоместат трошоците за одговор на ревизијата во вкупен износ од 32.424 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховниот суд. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година.

The post Треба да му платат 500 евра за судски трошици: Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски appeared first on Република.

]]>