Муртезани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/murtezani/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Муртезани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/murtezani/ 32 32 Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-murtezani-strand-vo-helsinki-ispolnuvane-na-reformskite-kriteriumi-no-i-obezbeduvane-jasna-eu-perspektiva-za-regionot/ Fri, 22 Nov 2024 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=840805

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот.
Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти.
МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ.
Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот. Министерот Муртезани се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка на Финска за европската иднина на Македонија, која не се манифестира само преку политичката поддршка, туку и преку конкретна техничка и експертска помош. Муртезани ја подвлече важноста на реализираните Tвининг проекти, кои досега вклучија седум успешни иницијативи со учество на фински експерти. МЕП Муртезани истакна дека Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата. Соговорниците разговараа за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација. Муртезани информираше за напредокот на Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ. Соговорниците изразија интерес за интензивирање на соработката во рамките на нови Tвининг проекти, коишто ќе ги опфатат областите на реформирање на јавната администрација, понатамошниот развој на дигитализацијата и зајакнување на организационите и институционални капацитети за процесот на преговарање за пристапување во Унијата. Муртезани и Странд констатираа дека исполнувањето на реформските критериуми е клучно, но и дека процесот на пристапување кон Унијата мора да остане динамичен и опиплив, за да се задржи мотивацијата на граѓаните и владите на земјите-кандидатки.

The post Средба Муртезани – Странд во Хелсинки: Исполнување на реформските критериуми, но и обезбедување јасна ЕУ перспектива за регионот appeared first on Република.

]]>
Средба Муртезани- Дамбраускиене: Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-murtezani-dambrauskiene-litvanija-e-vazhen-partner-na-severna-makedonija-i-sojuznik-vo-nato/ Tue, 10 Sep 2024 11:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=814943

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово остварија средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.

На средбата соговорниците ги потврдија пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји.
Министерот Муртезани го поздрави отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите.

Дамбраускиене ја потврди цврстата поддршка на Литванија на Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата “Пријатели на проширувањето”, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот.

Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО.

The post Средба Муртезани- Дамбраускиене: Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово остварија средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене. На средбата соговорниците ги потврдија пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји. Министерот Муртезани го поздрави отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите. Дамбраускиене ја потврди цврстата поддршка на Литванија на Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата “Пријатели на проширувањето”, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот. Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО.

The post Средба Муртезани- Дамбраускиене: Литванија е важен партнер на Македонија и сојузник во НАТО appeared first on Република.

]]>
Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaemna-posvetenost-so-avstrija-za-uspeshna-navigatsija-niz-eu-protsesot/ Wed, 28 Aug 2024 12:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=810865

Во рамки на својата прва работна посета на Австрија, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Виена оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, на која се дискутираше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, со посебен акцент на политиката на проширување на ЕУ и неодамна воведениот План за раст за Западен Балкан.

Клучна тема на дискусија беше Нацрт-агендата за реформи 2024-2027, која министерот Муртезани ја претстави како сеопфатен и кохезивен пакет на мерки дизајниран за забрзување на економската конвергенција на Македонија со Европската Унија. Агендата за реформи опфаќа серија на квантитативни и квалитативни иницијативи со цел намалување на економските разлики, зголемување на конкурентноста и обезбедување на исполнување на строгите стандарди на ЕУ.

„Агендата за реформи не е само стратешки план, туку сведоштво за нашата посветеност кон усогласување со европските стандарди и унапредување на нашиот процес за пристапување во ЕУ,“ нагласи министерот Муртезани. „Со поддршка од партнери како Австрија и рамката обезбедена од Планот за раст за Западен Балкан, уверени сме дека ќе постигнеме конкретен напредок кон целосното членство во Унијата.“

На состанокот беа реафирмирани цврстите пријателски односи помеѓу Австрија и Македонија. Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната принципиелна и гласна поддршка на Австрија за европскиот пат на земјата, како и за нејзината активна улога во промовирањето на политиката на проширување во рамките на ЕУ. Тој, исто така, го нагласи потенцијалот за понатамошна соработка под новата Регионална стратегија на Австриската развојна соработка за Западен Балкан, која ќе се спроведува од 2024 година. Оваа стратегија нуди рамка за ангажманот на Австрија во регионот, со можности за билатерални и регионални проекти во клучни области како што се добро управување и владеење на правото, одржлив и инклузивен социјален и економски развој, клима и животна средина.

Министерката Едштадлер ја потврди посветеноста на Австрија за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, потенцирајќи го стратешкото значење на Западен Балкан за европската стабилност и безбедност. Двајцата министри се согласија за потребата од продолжување на соработката и дијалогот за да се обезбеди успешна навигација на Македонија низ предизвиците на процесот на ЕУ интеграција.

Министрите изразија подготвеност за заемна посветеност за продлабочување на билатералните односи и заедничка работа за постигнување на европските интегративни цели на Македонија, со Нацрт-агендата за реформи и Планот за раст како клучни компоненти на овој тековен процес.

The post Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на својата прва работна посета на Австрија, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Виена оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, на која се дискутираше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, со посебен акцент на политиката на проширување на ЕУ и неодамна воведениот План за раст за Западен Балкан. Клучна тема на дискусија беше Нацрт-агендата за реформи 2024-2027, која министерот Муртезани ја претстави како сеопфатен и кохезивен пакет на мерки дизајниран за забрзување на економската конвергенција на Македонија со Европската Унија. Агендата за реформи опфаќа серија на квантитативни и квалитативни иницијативи со цел намалување на економските разлики, зголемување на конкурентноста и обезбедување на исполнување на строгите стандарди на ЕУ. „Агендата за реформи не е само стратешки план, туку сведоштво за нашата посветеност кон усогласување со европските стандарди и унапредување на нашиот процес за пристапување во ЕУ,“ нагласи министерот Муртезани. „Со поддршка од партнери како Австрија и рамката обезбедена од Планот за раст за Западен Балкан, уверени сме дека ќе постигнеме конкретен напредок кон целосното членство во Унијата.“ На состанокот беа реафирмирани цврстите пријателски односи помеѓу Австрија и Македонија. Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната принципиелна и гласна поддршка на Австрија за европскиот пат на земјата, како и за нејзината активна улога во промовирањето на политиката на проширување во рамките на ЕУ. Тој, исто така, го нагласи потенцијалот за понатамошна соработка под новата Регионална стратегија на Австриската развојна соработка за Западен Балкан, која ќе се спроведува од 2024 година. Оваа стратегија нуди рамка за ангажманот на Австрија во регионот, со можности за билатерални и регионални проекти во клучни области како што се добро управување и владеење на правото, одржлив и инклузивен социјален и економски развој, клима и животна средина. Министерката Едштадлер ја потврди посветеноста на Австрија за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, потенцирајќи го стратешкото значење на Западен Балкан за европската стабилност и безбедност. Двајцата министри се согласија за потребата од продолжување на соработката и дијалогот за да се обезбеди успешна навигација на Македонија низ предизвиците на процесот на ЕУ интеграција. Министрите изразија подготвеност за заемна посветеност за продлабочување на билатералните односи и заедничка работа за постигнување на европските интегративни цели на Македонија, со Нацрт-агендата за реформи и Планот за раст како клучни компоненти на овој тековен процес.

The post Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот appeared first on Република.

]]>
Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-murtezani-so-bugarskiot-ambasador-angelov/ Fri, 16 Aug 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=807146

Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки.

Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување на добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ ИПА, кофинансирана од Европската Унија. Оваа програма овозможи значајни заеднички проекти, кои придонесоа за создавање одржливи и доверливи односи меѓу пограничните региони. На средбата беше истакнат потенцијалот за продолжување на соработката, вклучувајќи стратешки иницијативи како што е планираното отворање на граничниот премин Клепало/Струмјани, што се очекува да ја подобри регионалната поврзаност.

Двете страни ја потврдија својата посветеност на понатамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи и истражување на можности за соработка во рамките на реформите поврзани со ЕУ. Министерот Муртезани му посака успех на Амбасадорот во неговите идни активности.

The post Проштална средба на Муртезани со бугарскиот амбасадор Ангелов appeared first on Република.

Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-ministerot-murtezani-so-evroambasadorot-gir/ Wed, 14 Aug 2024 08:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=806366

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска  оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области.

Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Владата на Република Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на   потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество).

Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посака успех во неговата понатамошна кариера.

The post Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска  оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области. Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Владата на Република Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на   потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество). Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посака успех во неговата понатамошна кариера.

The post Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.

]]>
Средба Муртезани-Дир: Македонија ќе ѝ помогне на Украина со своето искуство во евроинтегративниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-murtezani-dir-makedonija-ke-pomogne-na-ukraina-so-svoeto-iskustvo-vo-evrointegrativniot-protses/ Wed, 31 Jul 2024 09:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=801927

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир, во чиј фокус беа прашања поврзани со европската интеграција и билатералната соработка.

Министерот Муртезани ја нагласи силната поддршка на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и украинскиот народ, во контекст на руската воена агресија, истакнувајќи ја нашата целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Воедно, Муртезани ја поздрави позитивната одлука на Унијата за кандидатскиот статус на Украина за членство во ЕУ.

Соговорниците изразија надеж за успешен напредок на двете земји на евроинтегративниот пат, за што министерот Муртезани ја потенцираше подготвеноста на Македонија да ги сподели своите искуства во однос на пристапните преговори и процесот на скрининг, усогласувањето на законодавството со правото на ЕУ, подготовката на национална верзија на европското Acquis, координацијата на ИПА фондовите и сл.

На состанокот стана збор и за можна соработка во контекст на споделување искуства и добри практики, преку Меморандум за соработка на теми поврзани со евроинтеграцијата, на иницијатива од македонска страна.  Дир и Муртезани ги реафирмираа одличните билатерални односи, осврнувајќи се на модалитетите за зајакнување на политичкиот дијалог, економските односи и инвестиционите можности со оглед на состојбите во Украина.

The post Средба Муртезани-Дир: Македонија ќе ѝ помогне на Украина со своето искуство во евроинтегративниот процес appeared first on Република.

Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usvoena-informatsija-na-sednitsata-na-vladata-za-koristeneto-na-ipa-fondovite/ Tue, 30 Jul 2024 13:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=801735

На денешната седница на Владата на Република Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.

Министерот Муртезани презентираше  извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите пред сѐ заради недостиг на квалитетни кадри. На Седницата беа разгледани можностите за подобрување на апцорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.  Министерот Муртезани  предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година.

Муртезани претходно на прес конференција рече дека „ургентна“ е потребата од комплетирање на ИПА структурата, бидејќи, како што рече, постои значителен недостаток на доволен број, но и квалификуван персонал во националната ИПА структура, поради „високата флуктуација на обучени ИПА професионалци кои често се привлечени од приватниот сектор“.

– Ќе и предложам на Владата да се разгледаат плановите за вработувања во ИПА структурата, која оваа структура ги изработува согласно европските правила и добри практики и ќе предложам приоретизација на вработувањата на линиските министерства, како што се Финансии, Транспорт, Животна средина и просто планирање, Економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе спроведуваат инфраструктурни проекти, рече Муртезани.

Посочи дека земјава се соочува со неискористени ИПА средства на кои им истекува рокот за користење и истите се враќаат во Буџетот на Европската Унија, и затоа, вели, за справување со овој предизвик земјава ќе побара компаративни искуства од земји членки на Унијата, но и земји кандидати од регионот.

– Дополнително ќе побараме компаративни искуства од одредени земји членки на ЕУ и земји кандидати од регионот, за да научиме од нивниот успех во управувањето и имплементирањето на средствата од Европската Унија, односно да ги имплементираме најдобрите практики при овој сложен процес. Како заклучок, финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Додека користиме средства од заеми, ни стојат неискористени десетици милиони евра за капитални инвестиции од еврофондовите, рече Муртезани.

Во изминатите две години, додаде, во буџетот на ЕУ биле вратени вкупно 79 милиони евра неискористени средства, а до крајот на оваа година, вели, постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра.

– Во изминатите две години, покрај бавното спроведување, Македонија се соочи неискористени ИПА средства, на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската унија. Така, на крајот од 2022 година и 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно 55 милиони евра, соответно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра. Се проценува дека до крајот на 2024 постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА-2, рече Муртезани.

Прашан зошто Министерството се одлучува на ваков чекор, знаејќи дека Европската комисија во неколку наврати негативно ја нотира превработеноста во јавната администрација, Муртезани вели доколку не се зајакне инфраструктурата со професионални кадри, земјава само ќе има пристап до европските средства, но нема да може да ги апсорбира.

– Мислам дека недостигот на доволни професионални кадри во целата ИПА структура и во структурата на евроинтеграции е неколку пати негативно нотирана токму од Европската комисија. Тука не станува збор за дополнително преоптоварување на јавната администрација со старата пракса на политички кадри, меѓутоа професионални кадри коишто ќе овозможат искористување на европските фондови. Зошто? Бидејќи, како што јавноста е запознаена, ние сме во последна фаза на усвојување на реформската агенда со која што ќе добиеме дополнителен пристап до 750 милиони евра финансиски средства. Мојата досегашна перцепција од институцијата и целата структура е ако ние не ја појачаме инфраструктурата со професионални кадри само ќе добиеме пристап до тие финансиски средства, меѓутоа нема да можеме да ги апсорбираме сите, рече Муртезани.

Не сакаше да прецизира во кои структури на ИПА ќе бидат новите вработувања, ниту за колкав број станува збор. Вели ќе треба да се зајакне целата ИПА структура во сите министерства, како и во општините.

– Ќе треба да се појача целата ИПА структура во сите министерства, не само министерствата туку и во општините, бидејќи тоа што јас досега го имам како увид една од главните пречки е токму недостигот на професионален кадар којшто ќе ги спрема тендерите, ќе ги евалуира и ќе ги имплементира. Затоа сметам дека е неопходно да се појача целата инфраструктура за да може да се искористат целите фондови коишто ќе бидат на располагање, рече Муртезани.

The post Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата на Република Македонија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку Европската Унија, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите.

Министерот Муртезани презентираше  извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите пред сѐ заради недостиг на квалитетни кадри. На Седницата беа разгледани можностите за подобрување на апцорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.  Министерот Муртезани  предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните Министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата. Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година.

Муртезани претходно на прес конференција рече дека „ургентна“ е потребата од комплетирање на ИПА структурата, бидејќи, како што рече, постои значителен недостаток на доволен број, но и квалификуван персонал во националната ИПА структура, поради „високата флуктуација на обучени ИПА професионалци кои често се привлечени од приватниот сектор“. – Ќе и предложам на Владата да се разгледаат плановите за вработувања во ИПА структурата, која оваа структура ги изработува согласно европските правила и добри практики и ќе предложам приоретизација на вработувањата на линиските министерства, како што се Финансии, Транспорт, Животна средина и просто планирање, Економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе спроведуваат инфраструктурни проекти, рече Муртезани. Посочи дека земјава се соочува со неискористени ИПА средства на кои им истекува рокот за користење и истите се враќаат во Буџетот на Европската Унија, и затоа, вели, за справување со овој предизвик земјава ќе побара компаративни искуства од земји членки на Унијата, но и земји кандидати од регионот. – Дополнително ќе побараме компаративни искуства од одредени земји членки на ЕУ и земји кандидати од регионот, за да научиме од нивниот успех во управувањето и имплементирањето на средствата од Европската Унија, односно да ги имплементираме најдобрите практики при овој сложен процес. Како заклучок, финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Додека користиме средства од заеми, ни стојат неискористени десетици милиони евра за капитални инвестиции од еврофондовите, рече Муртезани. Во изминатите две години, додаде, во буџетот на ЕУ биле вратени вкупно 79 милиони евра неискористени средства, а до крајот на оваа година, вели, постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра. – Во изминатите две години, покрај бавното спроведување, Македонија се соочи неискористени ИПА средства, на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската унија. Така, на крајот од 2022 година и 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно 55 милиони евра, соответно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра. Се проценува дека до крајот на 2024 постои опасност од губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА-2, рече Муртезани. Прашан зошто Министерството се одлучува на ваков чекор, знаејќи дека Европската комисија во неколку наврати негативно ја нотира превработеноста во јавната администрација, Муртезани вели доколку не се зајакне инфраструктурата со професионални кадри, земјава само ќе има пристап до европските средства, но нема да може да ги апсорбира. – Мислам дека недостигот на доволни професионални кадри во целата ИПА структура и во структурата на евроинтеграции е неколку пати негативно нотирана токму од Европската комисија. Тука не станува збор за дополнително преоптоварување на јавната администрација со старата пракса на политички кадри, меѓутоа професионални кадри коишто ќе овозможат искористување на европските фондови. Зошто? Бидејќи, како што јавноста е запознаена, ние сме во последна фаза на усвојување на реформската агенда со која што ќе добиеме дополнителен пристап до 750 милиони евра финансиски средства. Мојата досегашна перцепција од институцијата и целата структура е ако ние не ја појачаме инфраструктурата со професионални кадри само ќе добиеме пристап до тие финансиски средства, меѓутоа нема да можеме да ги апсорбираме сите, рече Муртезани. Не сакаше да прецизира во кои структури на ИПА ќе бидат новите вработувања, ниту за колкав број станува збор. Вели ќе треба да се зајакне целата ИПА структура во сите министерства, како и во општините. – Ќе треба да се појача целата ИПА структура во сите министерства, не само министерствата туку и во општините, бидејќи тоа што јас досега го имам како увид една од главните пречки е токму недостигот на професионален кадар којшто ќе ги спрема тендерите, ќе ги евалуира и ќе ги имплементира. Затоа сметам дека е неопходно да се појача целата инфраструктура за да може да се искористат целите фондови коишто ќе бидат на располагање, рече Муртезани.

The post Усвоена Информација на седницата на Владата за користењето на ИПА фондовите appeared first on Република.

]]>
Муртезани: Од само декларативни заложби за интеграција во ЕУ, преминуваме на конкретни дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-od-samo-deklarativni-zalozhbi-za-integratsija-vo-eu-preminuvame-na-konkretni-dela/ Tue, 30 Jul 2024 11:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=801686

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа тематска прес-конференција, осврнувајќи се на дефинираните цели по кои ќе делува Министерството за европски прашања за време на неговиот мандат. Тој се осврна на неколку важни прашања, како што се искористувањето на средствата од ЕУ преку ИПА фондовите, „односно предизвиците со кои се соочуваме, ризиците на кои сме изложени и мерките што ги преземаме за да ја подобриме нашата способност за користење на овие клучни финансиски ресурси.“ – истакна Муртезани.

Муртезани нагласи дека стапката на апсорпција на европските фондови е недоволна, со само 34% од расположливите средства покриени со потпишани договори и само 22% од средствата исплатени. Ова одразува поширок проблем со неефикасноста, кој резултираше во губење на значајни средства.

Во изминатите две години покрај бавното спроведување на ИПА, Македонија се соочи со неискористени ИПА средства на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската Унија.  Така на крајот на 2022 и на 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно околу 55 милиони евра соодветно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра. Се проценува дека до крајот на 2024 година постои опасност за губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА II.“ – подвлече Министерот.

Муртезани ги презентираше и стратешките мерки за справување со овие предизвици, меѓу кои се јакнењето на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата: „Високата флуктуација на обучени ИПА професионалци, често привлечени од приватниот сектор, создава загриженост. Нашата цел е да создадеме јасна рамка за развој на кариерата и задржување на персоналот во ИПА структурата“ – нагласи Муртезани и додаде:

„Ефикасноста и ефективноста на нашето користење на европските фондови не се само административни прашања, туку се од суштинско значење за нашиот национален развој и патот кон членство во ЕУ. Должни сме да се соочиме со овие предизвици директно и да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните.“

Министерот најави и посета на инситутициите кои работат на проекти финансирани од ИПА, како би се воспоставила тесна соработка при идентификувањето и надминувањето на предизвиците во светло на европските фондови за капитални проекти од витално значење за граѓаните.

Чест ми е што денеска имам можност и официјално за прв пат да ви се обратам од оваа говорница, во својство на Министер за европски прашања и Национален ИПА координатор.  Со преземањето на мојот мандат ги дефинирав целите по кои ќе делувам во наредниот период, меѓу останатото подобрување на искористувањето на европските фондови.  Оттука, целта на денешната тематска прес-конференција е да се осврнам на прашања од исклучителна важност, а тоа се: искористувањето на средствата од ЕУ преку ИПА фондовите, односно предизвиците со кои се соочуваме, ризиците на кои сме изложени и мерките што ги преземаме за да ја подобриме нашата способност за користење на овие клучни финансиски ресурси.

Во финансиската перспектива 2014-2020 година, која во моментов се спроведува, вкупно користи 640 милиони евра.  Половина од овие средства, се спроведуваат преку директен начин на управување каде Делегацијата на ЕУ ги подготвува, распишува и спроведува тендерските постапки и ги склучува договорите со избраните изведувачи во име и за сметка на институциите на Република Македонија. Останатата половина, земјата ги доби на располагање за да ги спроведува на индиректен начин на управување.  Се работи за 258,5 милиони евра од ИПА фондовите, кои со национално кофинансирање достигнуваат 302,4 милиони евра.

До крајот на 2023 година, Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии потпиша вкупно 58 договори во вкупна вредност од 109,1 милиони евра, од кои 88,7 милиони евра се европски пари. Се работи за инвестиции во секторите транспорт, животна средина и клима, вработување и образование но и проекти во областа на правда и внатрешни работи.  За илустрација во рамките на овие проекти се големите инфраструктурни проекти како патната делница Дреново-Градско, железничката делница Крива Паланка-граница со Бугарија, пречистителните станици за отпадни води во Тетово и Битола, канализационата мрежа во Кичево  и многу други проекти.  Сепак, стапката на апсорпција е недоволна, со само 34% од расположливите средства покриени со потпишани договори и само 22% од средствата исплатени. Ова одразува поширок проблем со неефикасноста, кој резултираше во губење на значајни средства.

Имено, во изминатите две години покрај бавното спроведување на ИПА, Македонија се соочи со неискористени ИПА средства на кои им истече рокот за користење и истите се вратени во буџетот на Европската Унија.  Така на крајот на 2022 и на 2023 година, беа изгубени 24 милиони евра, односно околу 55 милиони евра соодветно во двете години, односно вкупно 79 милиони евра.  Се проценува дека до крајот на 2024 година постои опасност за губење на дополнителни 43 милиони евра од ИПА II.

Слабата брзина во искористувањето на ИПА средствата може да се припише на неколку клучни фактори. Прво, постои значителен недостаток на доволен број, но и квалификуван персонал во националната ИПА структура. Ова е дополнително комплицирано од задоцнувањата во постапките за набавка и недостатокот на зрели инфраструктурни проекти.

За да се справиме со овие предизвици, ги преземаме следниве стратешки мерки:

1.     Јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања: Ургентна е потребата од комплетирање на ИПА структурата преку приоритизирање на вработувањата во соодветните национални институции.

2.     Политика за задржување на кадарот во ИПА структурата: Високата флуктуација на обучени ИПА професионалци, често привлечени од приватниот сектор, создава загриженост. Нашата цел е да создадеме јасна рамка за развој на кариерата и задржување на персоналот во ИПА структурата.

Нашата посветеност на подобрување на апсорпцијата на ИПА средствата е од исклучително значење особено сега кога Европската Унија ја зголемува финансиската поддршка за земјата преку Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, вклучително и Реформската агенда.

 Денес на седница на Владата ќе презентирам сеопфатен извештај за искористеноста на ИПА средствата. Овој извештај ќе го демонстрира нашиот оперативен план за подобрување на капацитетите на институциите и осигурување дека целосно ги користиме можностите што ги нудат европските фондови. Ќе ѝ предложам на Владата да се разгледаат плановите за вработување во ИПА структурата, кои оваа структура ги изработува согласно европските правила и добри практики и ќе предложиме приоритизација на вработувањата во линиските министерства како што се Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти.

Дополнително, ќе побараме компаративни искуства од одредени земји членки на ЕУ и земји-кандидати за членство во ЕУ од регионот, за да научиме од нивниот успех во управувањето и имплементирањето на средствата од ЕУ, односно да ги имплементираме најдобрите практики при овој сложен процес.

Како заклучок, финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Додека користиме средства од заеми, ни стојат неискоритени десетици милиони евра за капитални инвестиции од ЕУ фондовите. Крајно време е од декларативни заложби за интеграција во ЕУ да преминеме на конкретни дела. Ефикасноста и ефективноста на нашето користење на европските фондови не се само административни прашања, туку се од суштинско значење за нашиот национален развој и патот кон членство во ЕУ. Должни сме да се соочиме со овие предизвици директно и да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните.

Воедно планирам и посета на инситутициите кои работат на проекти финансирани од ИПА, како би можеле заемно да воспоставиме тесна соработка при идентификувањето и надминувањето на предизвиците во светло на европските фондови за капитални проекти од витално значење за нашите граѓани.

The post Муртезани: Од само декларативни заложби за интеграција во ЕУ, преминуваме на конкретни дела appeared first on Република.

Муртезани: Предлозите за конзули во Америка не се на Алтернатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-predlozite-za-konzuli-vo-amerika-ne-se-na-alternativa/ Thu, 17 Feb 2022 14:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=459943

Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива преку Фејсбук ја информира јавноста дека неговата партија не е поврзана со кадрите за кои во медиумите вчера беше објавено дека се предложени за дипломатски места во САД

Aлтернатива досега нема ниту разговарано за своја застапеност во дипломатијата, ниту пак ја презеде таа одговорност. Секоја вест или објава по социјалните мрежи со кои што за назначување на дипломати се поврзува Алтернатива е само клевета и нема никаква поврзаност со нашата партија, вели Муртезани.

Инаку, Алтернатива на крајот на минатата година влезе во Владата, откако претходно Движењето Беса премина во опозиција. Владини партнери на коалицијата на СДСМ во Владата се партиите на Албанците, ДУИ и Алтернатива.

The post Муртезани: Предлозите за конзули во Америка не се на Алтернатива appeared first on Република.