Мурал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mural/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 13:53:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мурал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mural/ 32 32 Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-gostivar-otkrien-mural-so-likot-na-d-r-trajche-neshkovski-koj-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/ Sun, 20 Oct 2024 13:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=829136

Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал.

На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.

На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.

Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.

The post Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал. На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.
На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.
Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.

The post Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nov-mural-vo-teatar-komedija-shpanska-keramika-vo-srtseto-na-skopje/ Mon, 30 Sep 2024 07:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=820871

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina.

Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение.

Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

The post Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina. Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение. Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

The post Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје appeared first on Република.

]]>
Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-muralot-ilinden-1903-od-lazeski-e-kulturno-nasledstvo-koe-ja-vospeva-herojskata-borba-na-makedonskiot-narod/ Thu, 01 Aug 2024 07:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=802165

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја  121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатотода ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.  

– Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметностасе историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ  може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна Љутков.

Овој мурал – додаде тој – не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници.

– Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежиИстовремено е и инспирација за  идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи – рече министерот за култура и туризам. 

Љутков потенцираше дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додаде тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.

The post Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја  121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатотода ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.   – Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметностасе историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ  може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна Љутков. Овој мурал – додаде тој – не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници. – Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежиИстовремено е и инспирација за  идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи – рече министерот за култура и туризам.  Љутков потенцираше дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додаде тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.  

The post Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/evgenija-trajkovska-i-dragan-ilik-se-avtori-na-muralot-na-akterot-meto-jovanovski/ Sat, 27 Jul 2024 13:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=800770

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.
Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на Македонија ги презентираа поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на едно од најголемите актерски имиња во Македонија и Балканот, Мето Јовановски.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Речиси нема македонски актер што толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше нешто што го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови.
Роден е во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Студираше Театарска академија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката што ја носеше претставата. Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“…, а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“…
Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на голем број други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за глумец на годината според списанието „Екран“, седум пати бил наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати бил лауреат на наградата „Милтон Манаки“.

The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на Македонија ги презентираа поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на едно од најголемите актерски имиња во Македонија и Балканот, Мето Јовановски. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Речиси нема македонски актер што толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше нешто што го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови. Роден е во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Студираше Театарска академија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката што ја носеше претставата. Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“…, а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“… Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на голем број други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за глумец на годината според списанието „Екран“, седум пати бил наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати бил лауреат на наградата „Милтон Манаки“.

The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>
КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ksp-tsentar-jadro-objavuva-konkurs-za-izrabotka-na-mural-na-fasadata/ Thu, 25 Jul 2024 09:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=800109

КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година.

Зошто мурал?
Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

Насоки за конкурсот:
КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

Технички податоци:
На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: centar.jadro@gmail.com.

The post КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>

КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година. Зошто мурал? Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.   Насоки за конкурсот: КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност. Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.   Технички податоци: На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година. За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.   Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број). За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: centar.jadro@gmail.com.  

The post КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>
Дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/digitalna-postavka-livelyyy-na-frantsuskiot-umetnik-gijomit/ Sat, 18 May 2024 07:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=779393

Ексклузивна дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит ќе биде поставена од Францускиот институт во Скопје и Ист гејт мол, во рамки на одбележувањето 50 години од постоењето на Институтот.

Се работи за мурал кој ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист гејт мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба, од вкупно три кои ќе бидат отворени за посетителите.

Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видеоигра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина, соопштија од Францускиот институт.

Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни 2024.

The post Дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит appeared first on Република.

]]>

Ексклузивна дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит ќе биде поставена од Францускиот институт во Скопје и Ист гејт мол, во рамки на одбележувањето 50 години од постоењето на Институтот. Се работи за мурал кој ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист гејт мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба, од вкупно три кои ќе бидат отворени за посетителите.
Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видеоигра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина, соопштија од Францускиот институт.
Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни 2024.

The post Дигитална поставка „Livelyyy“ на францускиот уметник Гијомит appeared first on Република.

]]>
„Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pravinata-se-tanchi-ama-ne-se-kinit-nov-mural-vo-prilep-vo-ramki-na-tsrtaj-na-makedonski/ Mon, 29 Apr 2024 07:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=772072

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

 „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова,  „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

 Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на  новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

The post „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски” appeared first on Република.

23 години од масакрот во Вејце: Мурал со ликот на Бобан Трајковски ќе биде откриен во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/23-godini-od-masakrot-vo-vejtse-mural-so-likot-na-boban-trajkovski-ke-bide-otkrien-vo-kumanovo/ Sun, 28 Apr 2024 08:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=771860

Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

The post 23 години од масакрот во Вејце: Мурал со ликот на Бобан Трајковски ќе биде откриен во Куманово appeared first on Република.

]]>

Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце. Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци. На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

The post 23 години од масакрот во Вејце: Мурал со ликот на Бобан Трајковски ќе биде откриен во Куманово appeared first on Република.

]]>
Во недела во Куманово свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-nedela-vo-kumanovo-svecheno-otkrivane-na-mural-so-likot-na-boban-trajkovski/ Fri, 26 Apr 2024 16:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=771497

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик.

Трајковаки загина во масакрот во Вејце во војната во 2001 година.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа од страна на припадници на албанската терористичка група УЧК и беа убиени а потоа зверски масакрирани и запалени.

Овој трагичен настан останува во срцата на многумина како потсетник на болката и загубата.

Мурал е изработен од членовите на Здружението Форма од Куманово, талентираните уметници  Младен Трендевски, Горан Стојанов, Дарко Трајковски и Дејвид Стоилковски (сограѓани на Бобан) и ќе биде спомен кој ќе не потсеќа на тоа што Бобан претставуваше како личност.

Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

The post Во недела во Куманово свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски appeared first on Република.

]]>

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик. Трајковаки загина во масакрот во Вејце во војната во 2001 година. На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа од страна на припадници на албанската терористичка група УЧК и беа убиени а потоа зверски масакрирани и запалени. Овој трагичен настан останува во срцата на многумина како потсетник на болката и загубата. Мурал е изработен од членовите на Здружението Форма од Куманово, талентираните уметници  Младен Трендевски, Горан Стојанов, Дарко Трајковски и Дејвид Стоилковски (сограѓани на Бобан) и ќе биде спомен кој ќе не потсеќа на тоа што Бобан претставуваше како личност. Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

The post Во недела во Куманово свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски appeared first on Република.

]]>
Охрид доби мурал по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-dobi-mural-po-povod-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Mon, 25 Mar 2024 13:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=758564

По повод 100 години од раѓањето на познатиот охридски сликар Ванѓел Наумовски, охриѓани со достојна почит кон него, изработија цртеж на охридска зграда.

The post Охрид доби мурал по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски appeared first on Република.

Сопственик на продавница во Лондон доби наредба да отстрани мурал со британското знаме од неговиот објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sopstvenik-na-prodavnitsa-vo-london-dobi-naredba-da-otstrani-mural-so-britanskoto-zname-od-negoviot-objekt/ Sat, 23 Mar 2024 15:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=757844

Советот на градот Лондо му наредил на сопственик на продавница за риби и помфрит (фиш енд чипс“ да го отстрани муралот со британското знаме изцртан на ѕидот на неговиот објект.

Спорниот мурал покрај британското знаме ги содржи и зборовите „Одличен британски оброк“.

Причина за одлуката на градските власти е тоа што некои локални жители се пожалиле дека натписот „не е соодветен за областа“.

https://twitter.com/DaveAtherton20/status/1769296984484016359?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1769296984484016359%7Ctwgr%5E31ad88fbef2f2a4226e3589800efec693f92b899%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmodernity.news%2F2024%2F03%2F18%2Fcouncil-orders-london-fish-chip-shop-owner-to-remove-british-flag-mural%2F

The post Сопственик на продавница во Лондон доби наредба да отстрани мурал со британското знаме од неговиот објект appeared first on Република.

]]>

Советот на градот Лондо му наредил на сопственик на продавница за риби и помфрит (фиш енд чипс“ да го отстрани муралот со британското знаме изцртан на ѕидот на неговиот објект. Спорниот мурал покрај британското знаме ги содржи и зборовите „Одличен британски оброк“. Причина за одлуката на градските власти е тоа што некои локални жители се пожалиле дека натписот „не е соодветен за областа“. https://twitter.com/DaveAtherton20/status/1769296984484016359?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1769296984484016359%7Ctwgr%5E31ad88fbef2f2a4226e3589800efec693f92b899%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmodernity.news%2F2024%2F03%2F18%2Fcouncil-orders-london-fish-chip-shop-owner-to-remove-british-flag-mural%2F

The post Сопственик на продавница во Лондон доби наредба да отстрани мурал со британското знаме од неговиот објект appeared first on Република.

]]>
Два дена по промоцијата оштетен муралот во Вевчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-dena-po-promotsijata-oshteten-muralot-vo-vevchani/ Wed, 22 Nov 2023 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=715013

Само два дена по официјалната промоција оштетен е муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани, проект на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, а финансиран од Министерството за култура.

Вандалскиот чин го осуди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, монументалното дело е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро.

Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид. Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција, напиша министерката на Фејсбук.

Очекува осуда и од локалната власт и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое, како што нагласува, е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани.

Осуда стигна и од василичарското друштво „Долна маала“, од каде посочуваат дека со такви чинови нема напредок, ниту соживот, со апел да престане уништувањето на угледот на Вевчани и вевчанската традиција.

Муралот „Вевчанска епопеја“ е инспириран од вековната традиција на Вевчанскиот карневал, а се протега на површина од 25 метри квадратни на објект во центарот во Вевчани. Го раскажува целиот Вевчански карневал, со целата традиција и симболи.

The post Два дена по промоцијата оштетен муралот во Вевчани appeared first on Република.

]]>

Само два дена по официјалната промоција оштетен е муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани, проект на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, а финансиран од Министерството за култура. Вандалскиот чин го осуди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, монументалното дело е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро.
Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид. Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција, напиша министерката на Фејсбук.
Очекува осуда и од локалната власт и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое, како што нагласува, е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани. Осуда стигна и од василичарското друштво „Долна маала“, од каде посочуваат дека со такви чинови нема напредок, ниту соживот, со апел да престане уништувањето на угледот на Вевчани и вевчанската традиција. Муралот „Вевчанска епопеја“ е инспириран од вековната традиција на Вевчанскиот карневал, а се протега на површина од 25 метри квадратни на објект во центарот во Вевчани. Го раскажува целиот Вевчански карневал, со целата традиција и симболи.

The post Два дена по промоцијата оштетен муралот во Вевчани appeared first on Република.

]]>
Патот Берово – Струмица разубавен со мурал на Даме Груев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patot-berovo-strumitsa-razubaven-so-mural-na-dame-gruev/ Sat, 26 Aug 2023 18:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=676140

Мурал со ликот на револуционерот Даме Груев отсега ќе го краси еден од потпорните ѕидовите на регионалниот пат Берово - Струмица. Изработката е дело на графитчии од Берово, кои подолги време се занимаат со оваа уметност, а главни карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон татковината и  емпатијата на градот Берово.

Со ова сакаме да испратиме порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значење и треба секој да ги вреднува. Како млади уметници сакаме да искажеме почит кон нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личност која е од огромно значење за Берово, Малешевијата и за целата држава, велат беровските уметници за нивното дело.

Тие најавуваат дека и во иднина ќе презентираат вакви дела за достоинството и делата на македонските херои.

Воедно сакаме да изразиме и револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спротивставуваме на погрешните вредности на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, додаваат беровските графитчии.

Тие апелираат секогаш предизвик за младите да биде богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена. 

The post Патот Берово – Струмица разубавен со мурал на Даме Груев appeared first on Република.

КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ksp-tsentar-jadro-raspisha-konkurs-za-izrabotka-na-mural-na-fasadata/ Sun, 13 Aug 2023 11:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=671626

КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември, а на конкурсот право да учествуваат имаат сите уметници кои се државјани или резиденти на Македонија.

Уметниците можат да се пријават индивидуално или во групи и колективи.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал, како и податоци за авторот/ите – име, презиме, телефонски број“, се вели во конкурсот.

Од Јадро посочуваат дека планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година, а дополнуваат дека за изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Оттаму нагласуваат дека тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела врз којшто се темели институцијата.

Од Јадро посочуваат дека институцијата ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази“, забележуваат оттаму.

The post КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>

КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември, а на конкурсот право да учествуваат имаат сите уметници кои се државјани или резиденти на Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или во групи и колективи.
Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал, како и податоци за авторот/ите – име, презиме, телефонски број“, се вели во конкурсот.
Од Јадро посочуваат дека планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година, а дополнуваат дека за изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата. Оттаму нагласуваат дека тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела врз којшто се темели институцијата. Од Јадро посочуваат дека институцијата ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.
Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази“, забележуваат оттаму.

The post КСП Центар – Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на фасадата appeared first on Република.

]]>
Идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ ќе биде додадена вредност и за градот и за сите нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/idejata-za-povtorno-pojavuvane-na-velichestvenoto-delo-na-lazeski-freska-za-nob-ke-bide-dodadena-vrednost-i-za-gradot-i-za-site-nas/ Wed, 26 Jul 2023 06:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=665328

По повод одбележувањето на 60. годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески  „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

Настанот  насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите“, се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на Претседателот.

Благодарам за можноста да се обратам на денешниов настан и секако благодарност до сите кои овозможија до него воопшто да дојде. Благодарност до семејството на Борко Лазески, до Музејот на град Скопје, на македонските железници.

Би сакал да почнам со една мисла на нашиот истакнат сликар во чие име сме денеска собрани. Имено, тој велеше - уметничкото дело треба да биде на секој човек, да припаѓа на секој човек, и затоа би требало да биде на места каде што секој човек врви, живее, со еден збор, достапно на секого.

Борко Лазески имаше можност своите грандиозни мурали, освен во многу земји во светот да ги претстави и пред неговите сонародници и сограѓани. Меѓу многуте такви кои ги изработи, а, кои посебно фасцинираат со нивната уметничка вредност, особено место зазема муралот „Фреска за НОБ“ поставен во некогашната железничка станица во Скопје која беше оштетена за време на земјотресот пред шест децении. За жал, голем дел од станицата, околу две третини, чии остатоци денес се Музејот на град Скопје, исто така беа уништени, заедно со делото на Лазески.

Скопскиот земјотрес кој го измени ликот на Скопје пред 60 години ги зеде животите на 1070 наши сограѓани, а повреди околу 3000, од кои 800 останаа со траен инвалидитет. Покрај највредното - човечките животи, земјотресот предизвика и огромни материјални оштетувања, при што, под рушевините освен делото на Лазески завршија и многу други културни добра и уметнички вредности.

На секоја годишнина од скопската трагедија, со носталгија зборуваме за предземјотресно Скопје, за делови од градот кои ги нема и со тага се сеќаваме за едно време кое полека тоне во заборав. Но, земјотресот е и можност да се проговори за Скопје кое беше возобновено од пепелта благодарение на солидарноста на целиот свет.

Денешното Скопје, престолнината на современата македонска држава, исто така, може да се пофали со исклучителни објекти и културно-уметнички достигнувања кои ќе траат низ времето. Токму во некои од новите зданија, кои ги кренавме по земјотресот, македонските уметници оставија свој печат, а меѓу нив и Борко Лазески. Неговите монументални дела, витражи и мурали најдоа свое место во објектот на Народна Банка, во објектот на Стопанска банка, во објектот на МАНУ, како и во централната пошта, каде што, за жал, делото, „Еп за слободата“, настрада во катастрофалниот пожар пред десет години. Тие се сведоштво за талентот на Лазески, но, во исто време, и за дострелите на современата македонска уметност.

Многу е важно, нашето историско, културно и институционално паметење да го актуализираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината. Имајќи го предвид маркантното здание на новата железничка станица во Скопје која во времето на изградбата беше најголема на Балканот, верувам дека идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ на некој од нејзините сводови ќе биде додадена вредност и за овој објект, и за градот и за сите нас. На тој начин ќе овозможиме, ова дело, уметноста на Лазески, повторно да биде на секој и за секој, како одраз на една специфична сликарска поетика, но и порака за нашето постоење и пркосење на сите искушенија.

Дозволете моево обраќање да го завршам со искрена надеж дека оваа идеја ќе наиде на поширока поддршка и разбирање.

The post Идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ ќе биде додадена вредност и за градот и за сите нас appeared first on Република.

Мурал на Гоце Делчев од денеска го краси ѕидот на кумановската гимназија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mural-na-gotse-delchev-od-deneska-go-krasi-zidot-na-kumanovskata-gimnazija/ Mon, 10 Apr 2023 16:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=629561

Кумановски уметници Младен Трендевски, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски и Горан Стојанов од Здружението „Форма“ го нацртаа муралот на револуционерот Гоце Делчев на ѕид од кумановската гимназија која го носи името на великанот. Во денешната изјава за медиумите, Трендевски вели дека идејата за овој мурал се родила уште пред една година.

Ја споделивме идејата, имаме поддршка и од училиштето и од локалната власт, изјави Младен Трендевски, слободен уметник од Куманово.

Здружението „Форма Куманово“ досега работеше на повеќе проекти, исцртување мурали и графити низ целиот град. Според процените во Куманово има над 50-тина мурали и графити.

Слободните уметници од здружението од Куманово велат дека за разлика од претходните години, кумановската јавност има високо мислење за овој вид уметност. Единствен проблем за уметниците е што се неопходни дозволи.

Почнавме со работа и во други градови. Најголем проблем е дозволата за цртање, простор за творење имаме колку што сакаме, идеи имаме, проблем е да дојдеме до таа дозвола и да го склопиме тоа и со институциите и народот, тоа ни е најголем проблем, идеи и простор има доволно во Куманово, но мислам дека за до пет години Куманово сигурно ќе биде најисцртан град во државата можеби и пошироко, дополнува Трендевски.

Здружението чија цел е следење и поддршка на локалните артисти од ликовната област и годинава ќе го организира петтиот по ред „Графити фест“. Настанот на кој е предвидено да учествуваат артисти од земјава, но и од други седум држави, ќе се одржи во мај годинава.

Овој графити фест мислам дека ќе нè отслика по толку години. Петти „Графити фест“ и мислам дека организациски и од артисти кои ќе присуствуваат ќе биде доста популарен. Во преговори сме, најавивме гости, ќе има целодневно исцртување на ѕидот во населбата Гоце Делчев, не знам за точна површина, мислам дека ќе исцртуваме и згради тоа ќе биде нешто најдобро за градот, вели Трендевски.

Муралите во Куманово ги им на повеќе локации, уметниците првин твореа на училишните згради „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисриков“, долж „Октомвриска револуција“. Уметниците од здружението особено внимание привлекоа со муралот на Блаже Конески и на голманот Столе Димитриевски и сега со великанот Гоце Делчев.

The post Мурал на Гоце Делчев од денеска го краси ѕидот на кумановската гимназија appeared first on Република.

]]>

Кумановски уметници Младен Трендевски, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски и Горан Стојанов од Здружението „Форма“ го нацртаа муралот на револуционерот Гоце Делчев на ѕид од кумановската гимназија која го носи името на великанот. Во денешната изјава за медиумите, Трендевски вели дека идејата за овој мурал се родила уште пред една година.
Ја споделивме идејата, имаме поддршка и од училиштето и од локалната власт, изјави Младен Трендевски, слободен уметник од Куманово.
Здружението „Форма Куманово“ досега работеше на повеќе проекти, исцртување мурали и графити низ целиот град. Според процените во Куманово има над 50-тина мурали и графити. Слободните уметници од здружението од Куманово велат дека за разлика од претходните години, кумановската јавност има високо мислење за овој вид уметност. Единствен проблем за уметниците е што се неопходни дозволи.
Почнавме со работа и во други градови. Најголем проблем е дозволата за цртање, простор за творење имаме колку што сакаме, идеи имаме, проблем е да дојдеме до таа дозвола и да го склопиме тоа и со институциите и народот, тоа ни е најголем проблем, идеи и простор има доволно во Куманово, но мислам дека за до пет години Куманово сигурно ќе биде најисцртан град во државата можеби и пошироко, дополнува Трендевски.
Здружението чија цел е следење и поддршка на локалните артисти од ликовната област и годинава ќе го организира петтиот по ред „Графити фест“. Настанот на кој е предвидено да учествуваат артисти од земјава, но и од други седум држави, ќе се одржи во мај годинава.
Овој графити фест мислам дека ќе нè отслика по толку години. Петти „Графити фест“ и мислам дека организациски и од артисти кои ќе присуствуваат ќе биде доста популарен. Во преговори сме, најавивме гости, ќе има целодневно исцртување на ѕидот во населбата Гоце Делчев, не знам за точна површина, мислам дека ќе исцртуваме и згради тоа ќе биде нешто најдобро за градот, вели Трендевски.
Муралите во Куманово ги им на повеќе локации, уметниците првин твореа на училишните згради „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисриков“, долж „Октомвриска револуција“. Уметниците од здружението особено внимание привлекоа со муралот на Блаже Конески и на голманот Столе Димитриевски и сега со великанот Гоце Делчев.

The post Мурал на Гоце Делчев од денеска го краси ѕидот на кумановската гимназија appeared first on Република.

]]>
Гимназијалци заедно со професорите го спасија графитот на Ѓоковиќ на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gimnazijaltsi-zaedno-so-profesorite-go-spasija-grafitot-na-gokovik-na-kosovo/ Wed, 08 Feb 2023 08:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=606310

Графитот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф.

Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело нд уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“. Милосавлевиќ дипломирал сликрање на ѕидни мурали во Белград.

Џабе кречевте. Моите браќа од Ораховац се попаметни. А и не може успехот на Новак да се избрише со креч, пишува во видеото кое се појави на Твитер.

The post Гимназијалци заедно со професорите го спасија графитот на Ѓоковиќ на Косово appeared first on Република.

]]>

Графитот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф. Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело нд уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“. Милосавлевиќ дипломирал сликрање на ѕидни мурали во Белград.
Џабе кречевте. Моите браќа од Ораховац се попаметни. А и не може успехот на Новак да се избрише со креч, пишува во видеото кое се појави на Твитер.
 
The post Гимназијалци заедно со професорите го спасија графитот на Ѓоковиќ на Косово appeared first on Република.

]]>
Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kradetsot-na-muralot-na-anonimniot-umetnik-benksi-vo-kiev-se-soochuva-kazna-od-12-godini-zatvor/ Tue, 03 Jan 2023 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=593075

Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години.

Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.

Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака. За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител.

Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на анонимниот уметник Бенкси, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.

Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.

Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина.

The post Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор appeared first on Република.

]]>

Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години. Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.
Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака. За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител.
Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на анонимниот уметник Бенкси, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.
Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.
Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина.

The post Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор appeared first on Република.

]]>
Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/obid-za-krazba-na-muralot-na-benksi-vo-ukraina/ Sun, 04 Dec 2022 18:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=581740

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело.

Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат.

Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.

Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.

Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите.

На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

The post Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина appeared first on Република.

]]>

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело. Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат. Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.
Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.
Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите. На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

The post Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина appeared first on Република.

]]>
Мурал во Скопје: Редовната вакцинација во детството е најбезбедниот начин за заштита на здравјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mural-vo-skopje-redovnata-vakcinacija-vo-detstvoto-e-najbezbedniot-nachin-za-zashtita-na-zdravjeto/ Wed, 29 Jun 2022 13:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=521188

За да ги потсетат родителите колку е важно да ги вакцинираат децата и за да се зголеми опфатот, УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија комуникациски материјали кои беа дистрибуирани на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата. Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со потсетување до родителите и стрателите дека, да ги вакцинираме нашите деца, значи да бидеме сигурни дека се заштитени.

Муралот, посочуваат од УНИЦЕФ, симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децата. Во тој обид да го заштитат здравјето и безбедноста на децата, додаваат, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството е најбезбедниот, најлесниот и високо делотворен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот.

Државните институции ги презентираа најновите податоци за опфатот со редовни вакцини за деца во април годинава, предупредувајќи дека опфатот е низок на државно ниво, особено за вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки (МРП). Иако стапките на вакцинирани деца во 2021 (за прва доза МРП 70,4 проценти, а за втора доза 80,4 отсто) се зголемени во споредба со стапките во 2020 (за прва доза МРП 63 посто, а за втора доза 68,5 отсто), овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 посто вакцинирани деца за постигнување колективен имунитет и заштита во заедницата, наведуваат од УНИЦЕФ.

Оттаму посочуваат дека загрижува тоа што стапките на вакцинација против МРП во 2021 се значително пониски од оние во 2018 година (МРП1 – 74,8 посто и МРП2 – 93,8 проценти) кога земјата се соочи со епидемија на мали сипаници, која предизвика четири смртни случаи на деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцината.

Треба постојано да зборуваме за придобивките од редовната вакцинација во детството, не само за време на Неделата на имунизација. Секој родител сака да го заштити своето дете и нормално е да бара информации. Но не смееме да дозволиме лажните информации да ја стават под прашање довербата во вакцините, рече претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани.

Таа апелираше до родителите и старателите да им ја обезбедат на нивните деца заштитата што ним им ја обезбедиле нивните родителите во минатото.

Во 21 век не смееме свесно да го загрозиме здравјето на децата и да ги изложиме на ризик од болести кои може да се спречат со вакцини кои е докажано дека се безбедни и високо ефикасни. Благодарение на високите стапки на вакцинација, некогашните деца, а денешни родители, ја имаа таа среќа да растат без да искусат некој член од семејството или пријател да им почине или да страда од доживотна попреченост од болести како што се малите сипаници или полио. Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што може да се спречат со вакцини не се повеќе закана по луѓето. Контактирајте со вашиот матичен лекар или педијатар, отидете до најблиската здравствена установа или пункт за вакцинација, рече ДиЏовани.

The post Мурал во Скопје: Редовната вакцинација во детството е најбезбедниот начин за заштита на здравјето appeared first on Република.

]]>

За да ги потсетат родителите колку е важно да ги вакцинираат децата и за да се зголеми опфатот, УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија комуникациски материјали кои беа дистрибуирани на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата. Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со потсетување до родителите и стрателите дека, да ги вакцинираме нашите деца, значи да бидеме сигурни дека се заштитени. Муралот, посочуваат од УНИЦЕФ, симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децата. Во тој обид да го заштитат здравјето и безбедноста на децата, додаваат, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството е најбезбедниот, најлесниот и високо делотворен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот.