муниција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/municija/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 14:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png муниција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/municija/ 32 32 Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-skopjanets-koj-doma-imal-pushka-i-munitsija/ Wed, 10 Jul 2024 14:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=795460

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 09.07 во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 09.07 во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција appeared first on Република.

]]>
Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-pravi-munitsija-i-oruzhje-za-ukraina-germanskata-voena-kompanija-rajnmetal-dobi-najgolema-narachka-dosega/ Fri, 21 Jun 2024 10:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=789519

Германската компанија „Рајнметал“ доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност 8,5 милијарди евра.

Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во војната против Русија.

Од компанијата соопштија дека испораките се планирани да почнат на почетокот на 2025 година.

The post Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега appeared first on Република.

]]>

Германската компанија „Рајнметал“ доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност 8,5 милијарди евра. Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во војната против Русија. Од компанијата соопштија дека испораките се планирани да почнат на почетокот на 2025 година.

The post Ќе прави муниција и оружје за Украина: Германската воена компанија „Рајнметал“ доби најголема нарачка досега appeared first on Република.

]]>
Пронајдени пушки, сигнален пиштол, куршуми и алатки за изработка на муниција: Уапсени двајца кавадарчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-pushki-signalen-pishtol-kurshumi-i-alatki-za-izrabotka-na-munitsija-uapseni-dvajtsa-kavadarchani/ Tue, 19 Mar 2024 21:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=756433

Во 19 часот на 18 март, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко.

При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Истовремено, кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Пронајдени пушки, сигнален пиштол, куршуми и алатки за изработка на муниција: Уапсени двајца кавадарчани appeared first on Република.

]]>

Во 19 часот на 18 март, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко. При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Истовремено, кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Пронајдени пушки, сигнален пиштол, куршуми и алатки за изработка на муниција: Уапсени двајца кавадарчани appeared first on Република.

]]>
ЕУ им даде на компаниите половина милијарда евра за зголемување на производството на муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-im-dade-na-kompaniite-polovina-milijarda-evra-za-zgolemuvane-na-proizvodstvoto-na-munitsija/ Fri, 15 Mar 2024 17:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=755227

Европската Комисија објави дека доделила 500 милиони евра предвидени со Законот за производство на муниција на европските компании со цел да го зголемат нивниот производствен капацитет на 2 милиони гранати годишно до крајот на 2025 година.

Комисијата ја заврши евалуацијата на пристигнатите понуди и избра 31 проект за помош на европската одбранбена индустрија во зголемување на производството и подготвеноста на муниција.

Избраните проекти опфаќаат пет области: експлозиви, барут, артилериски гранати, проектили и сертификација за тестирање и обновување.

Програмата ќе поддржува проекти кои го зголемуваат годишниот производствен капацитет за повеќе од 10.000 тони барут и повеќе од 4.300 тони експлозив. Комисијата, исто така, ја започна работната програма за Инструментот за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки (EDIRPA) и четвртата годишна програма за работа на Европскиот фонд за одбрана (ЕДФ).

Буџетот на тие програми заедно изнесува речиси 2 милијарди евра. Денешните чекори кон зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база следат по усвојувањето на првата Европска одбранбена индустриска стратегија (EDIS) и поврзаниот предлог за Европска одбранбена индустриска програма (EDIP).

The post ЕУ им даде на компаниите половина милијарда евра за зголемување на производството на муниција appeared first on Република.

]]>

Европската Комисија објави дека доделила 500 милиони евра предвидени со Законот за производство на муниција на европските компании со цел да го зголемат нивниот производствен капацитет на 2 милиони гранати годишно до крајот на 2025 година. Комисијата ја заврши евалуацијата на пристигнатите понуди и избра 31 проект за помош на европската одбранбена индустрија во зголемување на производството и подготвеноста на муниција. Избраните проекти опфаќаат пет области: експлозиви, барут, артилериски гранати, проектили и сертификација за тестирање и обновување. Програмата ќе поддржува проекти кои го зголемуваат годишниот производствен капацитет за повеќе од 10.000 тони барут и повеќе од 4.300 тони експлозив. Комисијата, исто така, ја започна работната програма за Инструментот за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки (EDIRPA) и четвртата годишна програма за работа на Европскиот фонд за одбрана (ЕДФ). Буџетот на тие програми заедно изнесува речиси 2 милијарди евра. Денешните чекори кон зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база следат по усвојувањето на првата Европска одбранбена индустриска стратегија (EDIS) и поврзаниот предлог за Европска одбранбена индустриска програма (EDIP).

The post ЕУ им даде на компаниите половина милијарда евра за зголемување на производството на муниција appeared first on Република.

]]>
„Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpigel-germanija-ochajnichki-bara-munitsija-za-ukrainskite-vooruzheni-sili-shirum-svetot/ Tue, 27 Feb 2024 16:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=748704

Германското Министерство за одбрана е принудено да смисли нови начини за набавка на гранати за потребите на украинската војска, пишува магазинот „Шпигел“. Според шефот на специјалниот штаб за Украина, генералот Кристијан Фројдинг, артилерија и противвоздушна муниција „не се во изобилство на полиците на продавниците“.

Се обидуваме да добиеме муниција од целиот свет“, вели тој.

Шпигел“ забележува дека резервите на Украина ќе се потрошат „најдоцна до јуни“, но можеби и порано. Артилериската муниција е исто така дефицитарна и во Европа - земјите веќе купуваат околу 70% од својата воена опрема од САД и оваа зависност расте. Според пишувањето на „Шпигел“, останува малку време - летото е нешто повеќе од три месеци.

Според германскиот весник, една од опциите што ги разгледува германската влада е да набави гранати од Индија. Во текстот се вели дека Германија и Индија тајно разговараат за набавка на гранати за украинските вооружени сили.

Изданието пишува дека Индија има „неколку стотици илјади“ артилериски гранати, а Германија преговара со неа да ги купи за потребите на Украина преку посредници.

Преговорите се водат во тајност, бидејќи Њу Делхи не сака да ги расипе односите со Москва и категорично негира какви било испораки во Украина, се вели во текстот.

Во истиот напис се наведува дека слични преговори се водат и со други земји.

The post „Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот appeared first on Република.

]]>

Германското Министерство за одбрана е принудено да смисли нови начини за набавка на гранати за потребите на украинската војска, пишува магазинот „Шпигел“. Според шефот на специјалниот штаб за Украина, генералот Кристијан Фројдинг, артилерија и противвоздушна муниција „не се во изобилство на полиците на продавниците“.
Се обидуваме да добиеме муниција од целиот свет“, вели тој.
Шпигел“ забележува дека резервите на Украина ќе се потрошат „најдоцна до јуни“, но можеби и порано. Артилериската муниција е исто така дефицитарна и во Европа - земјите веќе купуваат околу 70% од својата воена опрема од САД и оваа зависност расте. Според пишувањето на „Шпигел“, останува малку време - летото е нешто повеќе од три месеци. Според германскиот весник, една од опциите што ги разгледува германската влада е да набави гранати од Индија. Во текстот се вели дека Германија и Индија тајно разговараат за набавка на гранати за украинските вооружени сили. Изданието пишува дека Индија има „неколку стотици илјади“ артилериски гранати, а Германија преговара со неа да ги купи за потребите на Украина преку посредници.
Преговорите се водат во тајност, бидејќи Њу Делхи не сака да ги расипе односите со Москва и категорично негира какви било испораки во Украина, се вели во текстот.
Во истиот напис се наведува дека слични преговори се водат и со други земји.

The post „Шпигел“: Германија очајнички бара муниција за украинските вооружени сили ширум светот appeared first on Република.

]]>
Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktsiite-na-germanskiot-kontsern-za-voena-tehnika-rajnmetal-za-prvpat-nadminaa-400-evra/ Sun, 25 Feb 2024 10:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=747976

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција.

Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/

Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи.

Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија.

Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот.

Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција. Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили. https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи. Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија. Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот. Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>
Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-rajnmetal-zalihite-na-munitsija-se-prazni-na-evropa-i-trebaat-10-godini-da-se-podgotvi-za-sudir-so-rusija/ Tue, 20 Feb 2024 21:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=746307

Директорот на „Рајнметал“, најголемата германска компанија која произведува оружје, Армин Папергер, истакна дека на Европа ќе и биде потребно многу време да се подготви за да се соочи со „агресорот кој сака да се судри со НАТО“.

Како што истакна Папергер, неговата оценка е дека за три-четири години ситуацијата во оваа работа ќе биде добра, но за да биде навистина добро ќе бидат потребни подготвки кои ќе траат една деценија.

Папергер додаде дека магацините за муниција во Европа во моментов се празни.

Треба да произведеме 1,5 милиони парчиња муниција во Европа. Огромна количина европска муниција е испратена во Украина и малку е останато во европските магацини“, истакна директорот на „Рајнметал“.

The post Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија appeared first on Република.

]]>

Директорот на „Рајнметал“, најголемата германска компанија која произведува оружје, Армин Папергер, истакна дека на Европа ќе и биде потребно многу време да се подготви за да се соочи со „агресорот кој сака да се судри со НАТО“. Како што истакна Папергер, неговата оценка е дека за три-четири години ситуацијата во оваа работа ќе биде добра, но за да биде навистина добро ќе бидат потребни подготвки кои ќе траат една деценија. Папергер додаде дека магацините за муниција во Европа во моментов се празни.
Треба да произведеме 1,5 милиони парчиња муниција во Европа. Огромна количина европска муниција е испратена во Украина и малку е останато во европските магацини“, истакна директорот на „Рајнметал“.

The post Директорот на „Рајнметал“: Залихите на муниција се празни, на Европа и требаат 10 години да се подготви за судир со Русија appeared first on Република.

]]>
Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-i-ja-dade-na-ukraina-seta-svoja-artilerija-munitsija-i-protivvozdushna-odbrana/ Sun, 18 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=745327

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов.

Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.

Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов. Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.
Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>
Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blokirana-initsijativata-eu-da-kupuva-granati-od-stranstvo-za-potrebite-na-ukraina/ Sat, 17 Feb 2024 21:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=745224

Франција, Грција и Кипар ја блокираа одлуката за набавка на муниција за Украина надвор од ЕУ.

Како што пишува „Политио“, одбивањето се објаснува со потребата да им се нареди на европските производители на оружје да го зголемат сопственото производство.

Претходно, Чешката Република понуди да купи гранати за режимот во Киев надвор од Унијата.

The post Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина appeared first on Република.

]]>

Франција, Грција и Кипар ја блокираа одлуката за набавка на муниција за Украина надвор од ЕУ. Како што пишува „Политио“, одбивањето се објаснува со потребата да им се нареди на европските производители на оружје да го зголемат сопственото производство. Претходно, Чешката Република понуди да купи гранати за режимот во Киев надвор од Унијата.

The post Блокирана иницијативата ЕУ да купува гранати од странство за потребите на Украина appeared first on Република.

]]>
Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandinavska-kompanija-za-munitsija-voveduva-denonokno-prozivodstvo-na-granati-za-ukraina/ Thu, 15 Feb 2024 19:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=743554

Норвешко-финската компанија за производство на муниција „Намо“ соопшти дека планира да воведе деноноќен распоред на производство, седум дена во неделата.

Одлуката ќе иовозможи на компанијата во своите производствени капацитети без престан да трае производството на гранати од 155 милиметри за потребите на украинската војска.

Во исто време, претставниците на компанијата велат дека нивниот капацитет, сепак, не е доволен за покривање на потребите на украинската војска и истовремено за надополнување на исцрпените воени резерви на европските земји.

The post Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина appeared first on Република.

]]>

Норвешко-финската компанија за производство на муниција „Намо“ соопшти дека планира да воведе деноноќен распоред на производство, седум дена во неделата. Одлуката ќе иовозможи на компанијата во своите производствени капацитети без престан да трае производството на гранати од 155 милиметри за потребите на украинската војска. Во исто време, претставниците на компанијата велат дека нивниот капацитет, сепак, не е доволен за покривање на потребите на украинската војска и истовремено за надополнување на исцрпените воени резерви на европските земји.

The post Скандинавска компанија за муниција воведува деноноќно прозиводство на гранати за Украина appeared first on Република.

]]>
Оружје и муниција пронајдени во Мала Речица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/oruzhje-i-munitsija-pronajdeni-vo-mala-rechitsa/ Tue, 14 Nov 2023 08:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=701308

Во тетовското село Мала Речица вчера во 15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка, додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети, соопштија денеска од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Оружје и муниција пронајдени во Мала Речица appeared first on Република.

]]>

Во тетовското село Мала Речица вчера во 15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица. - При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка, додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети, соопштија денеска од МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Оружје и муниција пронајдени во Мала Речица appeared first on Република.

]]>
Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrien-arsenal-vo-demirkapisko-zapleneti-kurshumi-rachni-bombi-barut-alat-za-izrabotka-na-munitsija/ Sat, 09 Sep 2023 10:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=680214

Како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино, уапсени се Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од село Корешница, Демиркаписко.

Како што соопштија од МВР, при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција appeared first on Република.

]]>

Како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино, уапсени се Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од село Корешница, Демиркаписко. Како што соопштија од МВР, при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана. По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција appeared first on Република.

]]>
Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpska-kompanija-obvineta-deka-vo-rusija-izvezuva-munitsija-nabavena-od-belgija-za-srpski-potrebi/ Tue, 25 Jul 2023 17:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=663994

Белгискиот јавен медиумски сервис „РТБФ“ објави дека дошол до податоци кои укажуваат дека српската компанија „Југоимпорт“ во Русија испратила муниција што претходно ја увезувала од белгиската компанија „Њу Лашосе“.

Според телевизијата, „Њу Лашосе“ отсекогаш бил поврзан со Русија и руската наменска индустрија, а сега, поради избувнувањето на војната во Украина, српскиот „Југоимпорт“ се користел како „трета страна“ за извоз на муниција во Институтот ТПЗ во Тула („Огранок на фабриката за кертриџ Тула“).

Во објавата се вели дека „свиркачите“ и протечените документи укажуваат дека се работи за муниција калибар 12,7 и 7,62х39мм.

Според нив, постои можност муницијата да завршила кај руски сојузници или приватни воени компании, имајќи предвид дека производството на руската наменска индустрија во моментов е фокусирано на снабдување на силите во воената зона. Сепак, не е невозможно, муницијата да ја користат и редовните руски сили.

Од белгиската компанија не се огласија по ова прашање, додека од „Југоимпорт“ за белгиски „РТБФ“ потврдуваат дека муницијата ја увезле, но негираат дека дополнително ја извезувале во Русија.

Сепак, Белгија донесе одлука да и ја суспендира дозволата за извоз на муниција во Србија на компанијата „Њу Лашосе“. Како образложение за таквата одлука се наведува дека лиценцата бара крајниот корисник да биде Министерството за одбрана на Србија.

Приказната дополнително се усложнува со тоа што Србија треба да увезе муниција од НАТО калибар од Белгија (бидејќи, на пример, ги користи белгиските автомати „FN SCAR“ и автоматите „FN Minimi“), а не од советски/руски калибри што веќе ги произведува.

The post Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби appeared first on Република.

]]>

Белгискиот јавен медиумски сервис „РТБФ“ објави дека дошол до податоци кои укажуваат дека српската компанија „Југоимпорт“ во Русија испратила муниција што претходно ја увезувала од белгиската компанија „Њу Лашосе“. Според телевизијата, „Њу Лашосе“ отсекогаш бил поврзан со Русија и руската наменска индустрија, а сега, поради избувнувањето на војната во Украина, српскиот „Југоимпорт“ се користел како „трета страна“ за извоз на муниција во Институтот ТПЗ во Тула („Огранок на фабриката за кертриџ Тула“). Во објавата се вели дека „свиркачите“ и протечените документи укажуваат дека се работи за муниција калибар 12,7 и 7,62х39мм. Според нив, постои можност муницијата да завршила кај руски сојузници или приватни воени компании, имајќи предвид дека производството на руската наменска индустрија во моментов е фокусирано на снабдување на силите во воената зона. Сепак, не е невозможно, муницијата да ја користат и редовните руски сили. Од белгиската компанија не се огласија по ова прашање, додека од „Југоимпорт“ за белгиски „РТБФ“ потврдуваат дека муницијата ја увезле, но негираат дека дополнително ја извезувале во Русија. Сепак, Белгија донесе одлука да и ја суспендира дозволата за извоз на муниција во Србија на компанијата „Њу Лашосе“. Како образложение за таквата одлука се наведува дека лиценцата бара крајниот корисник да биде Министерството за одбрана на Србија. Приказната дополнително се усложнува со тоа што Србија треба да увезе муниција од НАТО калибар од Белгија (бидејќи, на пример, ги користи белгиските автомати „FN SCAR“ и автоматите „FN Minimi“), а не од советски/руски калибри што веќе ги произведува.

The post Српска компанија обвинета дека во Русија извезува муниција набавена од Белгија за српски потреби appeared first on Република.

]]>
Поголема количина оружје и муниција пронајдени при претрес во Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pogolema-kolichina-oruzhje-i-munitsija-pronajdeni-pri-pretres-vo-krushevo/ Tue, 27 Jun 2023 09:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=655575

Над 60 пушки, над 60 пиштоли, околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар и разни делови за пушки и пиштоли се пронајдени вчера при претрес во Крушево.

Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиена судска наредба, криминалистичката полиција на СВР Битола и полициски службеници од ОВР Крушево вчера извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и  документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Поголема количина оружје и муниција пронајдени при претрес во Крушево appeared first on Република.

]]>

Над 60 пушки, над 60 пиштоли, околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар и разни делови за пушки и пиштоли се пронајдени вчера при претрес во Крушево. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиена судска наредба, криминалистичката полиција на СВР Битола и полициски службеници од ОВР Крушево вчера извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и  документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Поголема количина оружје и муниција пронајдени при претрес во Крушево appeared first on Република.

]]>
Поголемо количество недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pogolemo-kolichestvo-nedozvoleno-oruzhje-i-munitsija-pronajdeni-kaj-skopjanets-povedena-istraga/ Fri, 19 May 2023 12:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=642652

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – Скорпион“ со калибар 7,65 мм, кој како оружје им е целосно забранет на граѓаните, како и рамка за тој пиштол. Освен тоа, бил пронајден уште еден пиштол и 72 куршуми со различен калибар, ловна пушка и 14 патрони ловна муниција.

При претрес, пак, во станот во кој осомничениот имал пријавена адреса на живеење биле пронајдени уште 500 куршуми мало зрно со калибар 4 мм.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.​​

The post Поголемо количество недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – Скорпион“ со калибар 7,65 мм, кој како оружје им е целосно забранет на граѓаните, како и рамка за тој пиштол. Освен тоа, бил пронајден уште еден пиштол и 72 куршуми со различен калибар, ловна пушка и 14 патрони ловна муниција. При претрес, пак, во станот во кој осомничениот имал пријавена адреса на живеење биле пронајдени уште 500 куршуми мало зрно со калибар 4 мм. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.​​

The post Поголемо количество недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага appeared first on Република.

]]>
Во кеса пред совазачкото седиште на БМВ држеле три пиштоли и рамки муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-kesa-pred-sovazachkoto-sedishte-na-bmv-drzhele-tri-pishtoli-i-ramki-munitsija/ Thu, 18 May 2023 15:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=642371

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, соопштија од Јавното обвинителство.

Во соопштението се наведува дека оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во кеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.

The post Во кеса пред совазачкото седиште на БМВ држеле три пиштоли и рамки муниција appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, соопштија од Јавното обвинителство.
Во соопштението се наведува дека оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во кеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.

The post Во кеса пред совазачкото седиште на БМВ држеле три пиштоли и рамки муниција appeared first on Република.

]]>
„Политико“: Европската Унија не може да се договори од каде да купи муниција за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politiko-evropskata-unija-ne-mozhe-da-se-dogovori-od-kade-da-kupi-munitsija-za-ukraina/ Thu, 06 Apr 2023 17:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=628080

Земјите од Европската Унија се договориле да купат огромно количество муниција за Украина, но се уште не можат да одлучат од кого ќе ја набават, објави „Политико“ повикувајќи се на свои извори.

Како што се наведува во текстот, останува прашањето дали договорите за набавка на муниција за Киев ќе се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ или тие ќе бидат отворени и за производители од други земји.

Според дипломатите на кои се повикува весникот, официјален Париз се залага договорите за набавка на муниција за Украина да се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ. Грција и Кипар ја поддржуваат Франција, што, како што се посочува, е поврзано со желбата да се избегне склучување договор со турските производители на оружје.

Како што се наведува, Европската комисија исто така треба да ги „мапира капацитетите“ на одбранбената индустрија на Унијата пред да го финализира договорот бидејќи постојат стравувања дека таа нема капацитет брзо да ја произведе потребната количина муниција.

Извори на весникот од дипломатски кругови истакнуваат дека и покрај несогласувањата, амбасадорите на земјите од ЕУ се договориле да достават голема количина муниција во Украина. Официјалниот текст на договорот се очекува да биде објавен следната недела.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ, на Самитот на 23 и 24 март ја поддржаа идејата за испорака на милион артилериски гранати на Украина во следната година. Планирано е тоа да се реализира со испорака на муниција од европските магацини, преку заеднички нарачки и набавки, како и со зголемување на военото производство на ЕУ.

The post „Политико“: Европската Унија не може да се договори од каде да купи муниција за Украина appeared first on Република.

]]>

Земјите од Европската Унија се договориле да купат огромно количество муниција за Украина, но се уште не можат да одлучат од кого ќе ја набават, објави „Политико“ повикувајќи се на свои извори. Како што се наведува во текстот, останува прашањето дали договорите за набавка на муниција за Киев ќе се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ или тие ќе бидат отворени и за производители од други земји. Според дипломатите на кои се повикува весникот, официјален Париз се залага договорите за набавка на муниција за Украина да се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ. Грција и Кипар ја поддржуваат Франција, што, како што се посочува, е поврзано со желбата да се избегне склучување договор со турските производители на оружје. Како што се наведува, Европската комисија исто така треба да ги „мапира капацитетите“ на одбранбената индустрија на Унијата пред да го финализира договорот бидејќи постојат стравувања дека таа нема капацитет брзо да ја произведе потребната количина муниција. Извори на весникот од дипломатски кругови истакнуваат дека и покрај несогласувањата, амбасадорите на земјите од ЕУ се договориле да достават голема количина муниција во Украина. Официјалниот текст на договорот се очекува да биде објавен следната недела. Лидерите на земјите-членки на ЕУ, на Самитот на 23 и 24 март ја поддржаа идејата за испорака на милион артилериски гранати на Украина во следната година. Планирано е тоа да се реализира со испорака на муниција од европските магацини, преку заеднички нарачки и набавки, како и со зголемување на военото производство на ЕУ.

The post „Политико“: Европската Унија не може да се договори од каде да купи муниција за Украина appeared first on Република.

]]>
Германски дипломат: Украина на ден троши муниција колку што Германија произведува за пола година, ќе ни ги снема залихите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-diplomat-ukraina-na-den-troshi-munitsija-kolku-shto-germanija-proizveduva-za-pola-godina-ke-ni-gi-snema-zalihite/ Sun, 15 Jan 2023 06:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=596942

Поранешниот претседател на Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, изјави дека Украина дневно троши онолку муниција колку што Германија произведува за половина година.

Украина е принудена да троши онолку муниција на ден колку што ние произведуваме за половина година. Нашите залихи ќе се потрошат во догледна иднина“, вели Ишингер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Според него, воената економија ќе значи дека Германија, усогласувајќи се со своите партнери од НАТО и Европа, „ќе ја спроведе иницијативата и ќе ги покани европските одбранбени компании да произведуваат повеќе оружје и муниција поради војната“.

Не се работи само за испорака на тенкови, туку и за артилерија, муниција, ракети, системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала“, вели Ишингер.

Зборувајќи за можноста за преговори со Русија, Ишингер изјави дека „во овој момент преговорите со претседателот на Русија, Владимир Путин, можат да дадат малку“.

Сепак, нема да бидат грешка. Во дипломатијата често се случува во текот на неколку недели и месеци да има разговори кои не водат до ништо, но сепак се неопходни“, вели дипломатот.

Тој додава дека „неопходни се постојани канали за комуникација, особено за да се спречат недоразбирања“.

The post Германски дипломат: Украина на ден троши муниција колку што Германија произведува за пола година, ќе ни ги снема залихите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, изјави дека Украина дневно троши онолку муниција колку што Германија произведува за половина година.
Украина е принудена да троши онолку муниција на ден колку што ние произведуваме за половина година. Нашите залихи ќе се потрошат во догледна иднина“, вели Ишингер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Според него, воената економија ќе значи дека Германија, усогласувајќи се со своите партнери од НАТО и Европа, „ќе ја спроведе иницијативата и ќе ги покани европските одбранбени компании да произведуваат повеќе оружје и муниција поради војната“.
Не се работи само за испорака на тенкови, туку и за артилерија, муниција, ракети, системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала“, вели Ишингер.
Зборувајќи за можноста за преговори со Русија, Ишингер изјави дека „во овој момент преговорите со претседателот на Русија, Владимир Путин, можат да дадат малку“.
Сепак, нема да бидат грешка. Во дипломатијата често се случува во текот на неколку недели и месеци да има разговори кои не водат до ништо, но сепак се неопходни“, вели дипломатот.
Тој додава дека „неопходни се постојани канали за комуникација, особено за да се спречат недоразбирања“.

The post Германски дипломат: Украина на ден троши муниција колку што Германија произведува за пола година, ќе ни ги снема залихите appeared first on Република.

]]>
На Западот ќе му требаат до 15 години да ги надополни залихите на артилериска муниција потрошени за војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-zapadot-kje-mu-trebaat-do-15-godini-da-gi-nadopolni-zalihite-na-artileriska-municija-potrosheni-za-vojnata-vo-ukraina/ Mon, 05 Dec 2022 15:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=582269

Ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите на западната артилериска муниција користени за поддршка на војската на Украина во борбата против руската агресија, изјави сопственикот на големиот производител на оружје Чехословачка групација (Czechoslovak Group).

И покрај дотурот на муниција во Украина, сопственикот на ЦСГ, Михал Стрнад, рече дека на украинските сили им недостасува муниција бидејќи на западните влади полека им снемува арсенал поради ограничувањата на производниот капацитет.

Артилериската муниција денес е многу ретка стока денес. Проценувам дека ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите (на западните армии) поради војната во Украина, рече тој.

Европските влади значително го искористија својот арсенал за поддршка на Украина. Стрнад вели дека Украина истрелува 40.000 гранати неделно од неколку стотици хаубици што и ги дале западните земји.

На Украина и беа испорачани многу работи … Сепак, факт е дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле затоа што немаат доволно муниција, рече тој.

ЦСГ е главниот снабдувач на модернизирано оружје од советската ера за Украина, вклучувајќи тенкови, хаубици, ракетни фрлачи со повеќе цевки и борбени возила.

ЦСГ во својот инвентар има 90 модернизирани тенкови Т-72, кои ги платија САД и Холандија.

Сепак, залихите на оружје на ЦСГ од советската ера исто така се намалија, а на пазарот остануваат малку работи погодни за модернизација и испорака во Украина, истакна Стрнад.

The post На Западот ќе му требаат до 15 години да ги надополни залихите на артилериска муниција потрошени за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите на западната артилериска муниција користени за поддршка на војската на Украина во борбата против руската агресија, изјави сопственикот на големиот производител на оружје Чехословачка групација (Czechoslovak Group). И покрај дотурот на муниција во Украина, сопственикот на ЦСГ, Михал Стрнад, рече дека на украинските сили им недостасува муниција бидејќи на западните влади полека им снемува арсенал поради ограничувањата на производниот капацитет. Артилериската муниција денес е многу ретка стока денес. Проценувам дека ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите (на западните армии) поради војната во Украина, рече тој. Европските влади значително го искористија својот арсенал за поддршка на Украина. Стрнад вели дека Украина истрелува 40.000 гранати неделно од неколку стотици хаубици што и ги дале западните земји. На Украина и беа испорачани многу работи … Сепак, факт е дека денес Украинците пукаат помалку отколку што би можеле затоа што немаат доволно муниција, рече тој. ЦСГ е главниот снабдувач на модернизирано оружје од советската ера за Украина, вклучувајќи тенкови, хаубици, ракетни фрлачи со повеќе цевки и борбени возила. ЦСГ во својот инвентар има 90 модернизирани тенкови Т-72, кои ги платија САД и Холандија. Сепак, залихите на оружје на ЦСГ од советската ера исто така се намалија, а на пазарот остануваат малку работи погодни за модернизација и испорака во Украина, истакна Стрнад.

The post На Западот ќе му требаат до 15 години да ги надополни залихите на артилериска муниција потрошени за војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Претрес во Тетово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-tetovo-pronajden-pishtol-i-municija-privedeno-edno-lice/ Sun, 06 Nov 2022 12:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=570322

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 20.45 часот го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово. Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

The post Претрес во Тетово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 20.45 часот го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово. Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

The post Претрес во Тетово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>