мумија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mumija/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 08:20:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мумија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mumija/ 32 32 Мумија стара 3.000 години најдена во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/mumija-stara-3-000-godini-najdena-vo-peru/ Thu, 15 Jun 2023 08:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=651583

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки.

Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“.

https://www.youtube.com/watch?v=WGNX748H-VE

Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.

Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.

The post Мумија стара 3.000 години најдена во Перу appeared first on Република.

]]>

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки. Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“. https://www.youtube.com/watch?v=WGNX748H-VE
Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.
Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.

The post Мумија стара 3.000 години најдена во Перу appeared first on Република.

]]>
Во египетска мумија од момче пронајдено златно срце, десетици амајлии и стихови од Книгата на мртвите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-egipetska-mumija-od-momche-pronajdeno-zlatno-srtse-desetitsi-amajlii-i-stihovi-od-knigata-na-mrtvite/ Tue, 24 Jan 2023 18:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=600601

Дигитално скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година пр. н.е.

Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги, дигитално, односно преку компјутерска томографија, ѕирнале во малата мумија покриена со злато и откриле 49 амајлии од 21 тип.

Покрај тоа што научниците пронајдоа златен скараб од три сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.

Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.

Семејството на момчето му обезбедило многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земјата и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта. Големата златна амајлија на скараби е навистина нешто неверојатно, на задната страна е врежано со ознаки, кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, вели Салим, пишува „Њу саентист“.

Таа додава дека се чини оти меѓу нив има стихови од египетската Книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скаработ е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот.

Истражувањето со наслов „Скенирање и тридимензионално печатење со помош на компјутерска томографија на мумијата златното момче“, е објавено во списанието „Frontiers in Medicine“.

The post Во египетска мумија од момче пронајдено златно срце, десетици амајлии и стихови од Книгата на мртвите appeared first on Република.

]]>

Дигитално скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година пр. н.е. Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги, дигитално, односно преку компјутерска томографија, ѕирнале во малата мумија покриена со злато и откриле 49 амајлии од 21 тип. Покрај тоа што научниците пронајдоа златен скараб од три сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои. Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.
Семејството на момчето му обезбедило многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земјата и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта. Големата златна амајлија на скараби е навистина нешто неверојатно, на задната страна е врежано со ознаки, кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, вели Салим, пишува „Њу саентист“.
Таа додава дека се чини оти меѓу нив има стихови од египетската Книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скаработ е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот. Истражувањето со наслов „Скенирање и тридимензионално печатење со помош на компјутерска томографија на мумијата златното момче“, е објавено во списанието „Frontiers in Medicine“.

The post Во египетска мумија од момче пронајдено златно срце, десетици амајлии и стихови од Книгата на мртвите appeared first on Република.

]]>