мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/multidisciplinarna-ekspertska-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 07:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/multidisciplinarna-ekspertska-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja/ 32 32 Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-vancho-gorgiev-naznachen-za-nov-pretsedatel-na-komisijata-za-istoriski-prashana-so-bugarija/ Tue, 10 Sep 2024 20:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=815110

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија.

Членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје

Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.

The post Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија. Членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.

The post Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски призна дека тој и владата ѝ овозможија на Бугарија да нѐ блокира на патот кон ЕУ секогаш кога ќе сака https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prizna-deka-toj-i-vladata-ovozmozhija-na-bugarija-da-n-blokira-na-patot-kon-eu-sekogash-koga-ke-saka/ Thu, 14 Mar 2024 11:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=754686

И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ, потсети Лефков.

Изјавата на Пендаровски почнува од 43 секунда:

https://youtu.be/oJ3iLEbo8Gc?si=apopYZOqJcZwzTeZ

Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став?

Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени.

Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија.

Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, рече Лефков на прес-конференцијата.

The post Пендаровски призна дека тој и владата ѝ овозможија на Бугарија да нѐ блокира на патот кон ЕУ секогаш кога ќе сака appeared first on Република.

]]>

И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ, потсети Лефков.

Изјавата на Пендаровски почнува од 43 секунда:

https://youtu.be/oJ3iLEbo8Gc?si=apopYZOqJcZwzTeZ
Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став? Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени. Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија. Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, рече Лефков на прес-конференцијата.

The post Пендаровски призна дека тој и владата ѝ овозможија на Бугарија да нѐ блокира на патот кон ЕУ секогаш кога ќе сака appeared first on Република.

]]>
Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija-ne-sme-razgovarale-za-natpisi-na-spomenici/ Thu, 23 Jun 2022 11:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=518869

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини.

Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања:

„Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување.

Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека:

1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија.

2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата.

3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист.

На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија.

Акад. Драги Ѓоргиев,

Проф. д-р Љупчо Ристески,

Проф. д-р Петар Тодоров,

Проф. д-р Исамедин Азизи,

Доц. д-р Љубица Спасковска,

Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања: „Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување. Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека: 1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија. 2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата. 3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист. На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија. Акад. Драги Ѓоргиев, Проф. д-р Љупчо Ристески, Проф. д-р Петар Тодоров, Проф. д-р Исамедин Азизи, Доц. д-р Љубица Спасковска, Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>