муфтија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muftija/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 14:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png муфтија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muftija/ 32 32 Се искараа муфтиите во Тетово, се побара помош и од полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-iskaraa-muftiite-vo-tetovo-se-pobara-pomosh-i-od-politsijata/ Wed, 31 Jan 2024 14:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=739063

Новоназначениот вршител на должност муфтија од страна на Исламската верска заедница (ИВЗ) за тетовскиот регион Селвер Џемаили во полиција пријавил дека бил попречуван да почне со работа. Тој пријавил во полиција дека не можел да пристапи до канцелариите во Муфтиството и порано.

Денеска (31јануари) во 7 часот и 30 минути Џ.С. (52) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека Џ.С. и Ш.Ш. ги заклучиле вратите од објектот на ИВЗ во Тетово и му оневозможиле како в.д. муфтија да влезе и да ги извршува работните задачи, иако поседувал решение од Исламската верска заедница изготвено на 8.11.2023 година. Истото се случувало подолго време, а во спречувањето биле инволвирани и лица ангажирани како обезбедувачи во ИВЗ. Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото се испратени полициски службеници за да се спречи евентуално нарушување на јавниот ред. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

Исламската верска заедница на Република Македонија објави соопштение за овој случај во кое посочи дека досегашниот муфтија е разрешен и мора да ги напушти канцелариите, а како в.д. е назначен Селвер Џемаили.

На 9 ноември, Ќани Несими е разрешен од функцијата муфтија на Тетовското муфтиство со едногласна одлука на Ријасетот, а истовремено од тој момент тој нема право да ги користи печатите на муфтиството, ниту да се појавува во јавноста како муфтија. Неговото име како муфтија е избришано и од Централниот регистар и на негово место стои вршителот на должноста назначен од страна на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, д-р Селвер Џемаили, се вели во соопштението на ИВЗ објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Од ИВЗ бараме од надлежните институции да ја решат настанатата ситуација согласно нормативните акти.

The post Се искараа муфтиите во Тетово, се побара помош и од полицијата appeared first on Република.

]]>