Муамед Сејдини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muamed-sejdini/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 07:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Муамед Сејдини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/muamed-sejdini/ 32 32 Сејдини: Ја напуштам оваа позиција со гордост, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-ja-napushtam-ovaa-pozitsija-so-gordost-po-period-shto-ke-ostane-zapameten-kako-najuspeshen-vo-istorijata-na-nashiot-fudbal/ Sun, 17 Nov 2024 21:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=838962

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември.

Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ.

(МИА)

The post Сејдини: Ја напуштам оваа позиција со гордост, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.
-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.
Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ. Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември. Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ.
(МИА)

The post Сејдини: Ја напуштам оваа позиција со гордост, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал appeared first on Република.

]]>
Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-podnel-ostavka-pred-20-dena-vonredno-izborno-sobranie-vo-ffm-na-22-dekemvri/ Sun, 17 Nov 2024 19:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=838934

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.

Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.

Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември.

Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ, кој во 2008 година исто така беше кандидат тогаш за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на челната позиција на ФФМ.

Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.

The post Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата. Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал. Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември. Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ, кој во 2008 година исто така беше кандидат тогаш за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на челната позиција на ФФМ. Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.

The post Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/prviot-chovek-na-ffm-ostana-bez-diplomatski-pasosh/ Mon, 21 Oct 2024 19:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=829571

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија.

Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави Спортспорт.

Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

The post Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија. Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави Спортспорт. Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ. МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

The post Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>
Муамед Сејдини по нападот: Ме нападнаа тројца непознати лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/muamed-sejdini-po-napadot-me-napadnaa-trojtsa-nepoznati-litsa/ Sat, 28 Sep 2024 13:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=820557

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, беше мета на непознати напаѓачи во Скопје. Кичевчанецот заедно со еден придружник биле во скопски ресторан, а при заминувањето биле нападнати на паркингот.

Засега напаѓачите се непознати, според официјалниот билтен на МВР не биле маскирани, ама сè уште нивниот идентитет не е познат на јавноста. По нападот претседателот на ФФМ имаше и кратко обраќање.

Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот, изјави Сејдини во разговор за „Клан Македонија“.

Според видеото и исказите, Муамед Сејдини не е посериозно повреден по нападот пред скопскиот локал.

The post Муамед Сејдини по нападот: Ме нападнаа тројца непознати лица appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, беше мета на непознати напаѓачи во Скопје. Кичевчанецот заедно со еден придружник биле во скопски ресторан, а при заминувањето биле нападнати на паркингот. Засега напаѓачите се непознати, според официјалниот билтен на МВР не биле маскирани, ама сè уште нивниот идентитет не е познат на јавноста. По нападот претседателот на ФФМ имаше и кратко обраќање. Во моментов не можам да знам кој беа напаѓачите. Бев во ресторанот „Балканика“, а ситуацијата се случи кога заминував на паркингот. Тогаш бев нападнат од три лица. Фала му на Бога што минав лесно. Се надевам дека надлежните од МВР ќе преземат мерки и ќе го расчистат случајот, изјави Сејдини во разговор за „Клан Македонија“. Според видеото и исказите, Муамед Сејдини не е посериозно повреден по нападот пред скопскиот локал.

The post Муамед Сејдини по нападот: Ме нападнаа тројца непознати лица appeared first on Република.

]]>
Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maskirani-litsa-vecherva-go-napadnale-pretsedatelot-na-ffm-sejdini/ Fri, 27 Sep 2024 19:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=820427

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат.

Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.

The post Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат. Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини. Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.

The post Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини appeared first on Република.

]]>
Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sredba-sejdiu-asanovik-vo-fokusot-akademijata-na-ffm/ Tue, 27 Feb 2024 17:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=749008

Важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и плановите за идниот развој на Академијата, беа теми на денешната средба на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, кој престојува во дводневна работна посета на Скопје во улога на УЕФА консултант во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери.

„Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер“, истакна Сејдини.

Првиот човек на ФФМ на средбата со Асановиќ изрази задоволство од соработката со УЕФА во развојот на млади фудбалери.

„Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудбалери“, рече Сејдини.

Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата.

Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.

The post Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ appeared first on Република.

]]>

Важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и плановите за идниот развој на Академијата, беа теми на денешната средба на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, кој престојува во дводневна работна посета на Скопје во улога на УЕФА консултант во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери.
„Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер“, истакна Сејдини.
Првиот човек на ФФМ на средбата со Асановиќ изрази задоволство од соработката со УЕФА во развојот на млади фудбалери.
„Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудбалери“, рече Сејдини.
Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата. Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.

The post Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ appeared first on Република.

]]>
Пандев: Селекторот, спортскиот директор и претседателот на ФФМ ја растурија репрезентацијата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-selektorot-sportskiot-direktor-i-pretsedatelot-na-ffm-ja-rasturija-reprezentatsijata/ Tue, 03 Jan 2023 18:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=593290

Ми недостига македонскиот дрес, тој дрес што најмногу го сакам и ценам и за кој што играв од срце, од љубов... Но, знаеме во Македонија кој и какви луѓе го водат фудбалот. Затоа и сме на ова ниво. Нивното его е поголемо. Жално е што таму се некои луѓе што немаат врска со фудбалот и лечат лични комплекси, обвинува нашиот најпознат фудбалер, Горан Пандев

Не знам баш дали сме на вистинскиот пат, зашто тоа го покажуваат резултатите. Жал ми е, но знам со каков квалитет располагаат фудбалерите во репрезентацијата. И јас најголемата вина за овие резултати ја гледам во претседателот (Муамед Сејдини – н.з.), спортскиот директор (Данчо Масев – н.з.) и селекторот (Благоја Милевски – н.з.). Нарушена е атмосферата зашто селекторот сака да гради имиџ врз фудбалерите со голем стаж во репрезентацијата. Сака да гради имиџ врз еден Аце Трајковски, кого по 20 минути го менува, врз еден Аријан Адеми, Стефан Ристовски, кои срцето и душата ја оставиле за оваа репрезентација. Знам што можат и што им значи националниот дрес, ама некои сакаат преку нив да градат авторитет и тоа е жално. Селекторот, спортскиот директор и претседателот ја растурија најквалитетната репрезентација. Јас сум кажал и стојам на тоа дека ова е најквалитетната репрезентација што Македонија ја имала, но не знам како во иднина ќе опстои - вели Пандев.

Според него Милевски може е роден за младата репрезентација, но не е за А-тимот.

Милевски може да води младински репрезентации, да гради имиџ таму, да има негова кариера. Но, да зборуваш за професионален фудбал, треба да имаш нешто друго, треба да бидеш шмекер, фудбалерите да се чувствуваат слободни и да гинат. Тоа го имавме со Мрме. Имавме хемија, имавме другарство, навистина бевме семејство. Денес тоа го нема и недостига - вели Пандев.

The post Пандев: Селекторот, спортскиот директор и претседателот на ФФМ ја растурија репрезентацијата appeared first on Република.

Сејдини: Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци, најубавата приказна од Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-koga-vi-e-potrebna-inspiracija-za-uspeh-poglednete-gi-ovie-junaci-najubavata-prikazna-od-makedonija/ Fri, 25 Mar 2022 13:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=478416

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на сите во земјата.

– Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија!, напиша Сејдини на својот Фејсбук профил, илустрирајќи ја објавата со фотографии од славјето на македонската репрезентација на теренот на стадионот „Ренцо Барбера“ по вчерашниот сензационален триумф од 1-0 над актуелниот европски првак Италија.

Македонските фудбалери попладнево околу 17:30 ќе пристигнат на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо

The post Сејдини: Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци, најубавата приказна од Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022. Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на сите во земјата.
– Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија!, напиша Сејдини на својот Фејсбук профил, илустрирајќи ја објавата со фотографии од славјето на македонската репрезентација на теренот на стадионот „Ренцо Барбера“ по вчерашниот сензационален триумф од 1-0 над актуелниот европски првак Италија.
Македонските фудбалери попладнево околу 17:30 ќе пристигнат на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо

The post Сејдини: Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци, најубавата приказна од Македонија appeared first on Република.

]]>
Сејдини: Македонските фудбалери ќе дадат максимум за историски пласман на Светско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-makedonskite-fudbaleri-kje-dadat-maksimum-za-istoriski-plasman-na-svetsko-prvenstvo/ Thu, 24 Mar 2022 18:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=477884

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини е уверен дека националниот тим вечерва против Италија во Палермо ќе даде максимум за да го исполни историскиот сон и да обезбеди пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се спремни за големи работи. Македонските играчи веруваат во себе и знам дека ќе дадат сè од себе за да го исполнат сонот за пласман на Светско првенство, истакна Сејдини во видеообраќање пред вечерашниот полуфинален мундијалски бараж против актуелниот европски првак.

Дуелот започнува во 20:45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“, чиј капацитет од 36.000 седишта е распродаден, а „црвено – жолтите“ ќе имаат поддршка од трибините од околу 2.000 навивачи.

Првиот човек на ФФМ во обраќањето упати посебна благодарност до нив.

– Благодарност до сите навивачи, кои дојдоа да ја бодрат репрезентацијата, уживајте, порача Сејдини. 

The post Сејдини: Македонските фудбалери ќе дадат максимум за историски пласман на Светско првенство appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини е уверен дека националниот тим вечерва против Италија во Палермо ќе даде максимум за да го исполни историскиот сон и да обезбеди пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се спремни за големи работи. Македонските играчи веруваат во себе и знам дека ќе дадат сè од себе за да го исполнат сонот за пласман на Светско првенство, истакна Сејдини во видеообраќање пред вечерашниот полуфинален мундијалски бараж против актуелниот европски првак.
Дуелот започнува во 20:45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“, чиј капацитет од 36.000 седишта е распродаден, а „црвено – жолтите“ ќе имаат поддршка од трибините од околу 2.000 навивачи. Првиот човек на ФФМ во обраќањето упати посебна благодарност до нив.