МТФ Војдан Черндорински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mtf-vojdan-cherndorinski/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 08:35:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МТФ Војдан Черндорински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mtf-vojdan-cherndorinski/ 32 32 ФДУ промовираше фондација „Горан Стефановски“, а вечерва Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fdu-promovirashe-fondatsija-goran-stefanovski-a-vecherva-bitolskata-na-dnoto-domot-na-kuklata-na-turskiot-teatar-i-nezavisnata-pool-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Mon, 10 Jun 2024 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=786075

Народниот театар од Битола ќе учествува на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечерва во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани и е дел од официјалната програма на фестивалот. Улогите ги толкуваат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола Стефанов.

Во 22 часот на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена „Домот на куклата“ во продукција на Турскиот театар од Скопје. Улогите ги толкуваат: Сузан Акбелге, Селпин Керим, Фунда Ибрахим и Емине Халил.

Во рамките на придружната програма на полноќ во кафе-бар „Тротоар“ ќе биде изведена „Поол“ во режија на Шенај Мандак. И денес продолжуваат придружните програми – во 11 часот во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи промоција на наградените драми од „Еуродрам“. Точно на пладне почнуваат разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, на Струмичкиот театар. Оваа програма на фестивалот предизвикува големо внимание кај публиката која е желна да разговара за претставите.

Вчерашниот ден на фестивалот беше посветен на делото на Горан Стефановски, кој е автор во фокус на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Група од 20-ина учесници основци и средношколци и наставници презентираа што научија во изминатите осум месеци во рамките на едукативната програма на фестивалот „Чернодрински за деца“. Учествуваа ученици од средното училиште „Ристо Ристески-Ричко“, „Мирче Ацев“, „Ѓорче Петров“ и основните „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“. Тие ја изведоа претставата „Јане Задрогаз“, а работеа под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески.
Како дел од програмата на фестивалот беше промовирана книгата „Од текст до претстава: Феноменологија на сценскиот говор“ од Тодорка Балова. Според професорката д-р Јелена Лужина, книгата има чуден наслов со поднаслов.

Ако насловот е разбирлив, поднасловот е синтакса која збунува, затоа што содржи термин, феноменологија кој е термин од 20 век и се дефинира како свест или нештото во свеста. Тоа е говорот кој можеме да го разбереме, односно зборува за сценскиот говор, кој има задача и функција.....- рече Лужина.

Во грижата за сценскиот гвоор таа се наврати на професорите по сценски говор, како Илија Милчин и Мето Јованоски, кој не случајно се наоѓа на самата корица на книгата.

Книгата користи методологија ПРААД, што значи една медицинско терапевтска методологија. Таа ќе им помогне на сите актери кои што сакаат да работат врз себе. Тодорка Балова им направи прирачник, кој е прв научен труд за сценскиот говор. Тоа е необична книга и слободно можам да кажам дека македонската театарологија се занимава посериозно и поквалитетно од другите за сценски говор, а тука ја додавам и книгата од Роберт Вељановски – посочи Лужина.

Авторката Тодорка Балова објасни дека користела неколку дисциплини и дека е задоволна од успешната мисија и дека и е задоволство што се зафатила со Горан и со неговата култна претстава „Диво месо“.
Факултетот за драмски уметности од Скопје во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја промовираше фондацијата „Горан Стефановски“, а Драмски театар од Скопје ја претстави штотуку востановената награда за драмски текст „Горан Стефановски“.


Сашо Кокаланов, продекан за настава при ФДУ во Скопје образложи дека Горан Стефановски секогаш беше тука да ги поддржи младите автори, да им биде „ветер во грб“ особено во онаа, почетна фаза.

Прилично скоро се роди идејата да се направи фондација „Горан Стефановски“ за да се зачува сета онаа оставштина од нашиот драг професор. Не се само драми напишани на македонски, на англиски, не се само изведбите на тие драми, туку тоа е една драмска школа која треба да продолжи, драмска традиција која треба да се пресоздава. Сакаме да ги објавиме сите негови драми во едно големо издание, сакаме да го дигитализираме целото творештво на Горан Стефановски, да биде достапно на повеќе светски јазици. Вториот сегмент се однесува на поддршката на младите автори. Фондацијата ќе го поддржува и формалното и неформалното образование кај младите драмски автори, ќе ги стипендира. Поддршка, финансиска имаме веќе и од приватниот и бизнис секторот, рече Кокаланов.

Директорот на Фондацијата, режисерот Александар Поповски нагласи дека пораката што ја имавме од Горан Стефановски објаснува сѐ.

Благодарен сум што сум дел од оваа „приказна“. Токму затоа, ќе прочитам дел од она што е есенцијата од намерата за основањето на фондацијата. Дел е од она што Горан ни го пренесуваше и ни го раскажуваше. Велеше: Сите живи суштества се раѓаат со инстинктот на преживувањето. Пајаците за да реживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето за да преживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни, за тоа кои се, што се, од каде доаѓаат и каде одат. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се срж на нашиот живот, столб на нашиот идентитет. Идентитетот е приказна за тоа кои сме, што сме, што сакаме, за да можеме да преживееме во суровиот свет. Ова приказна мора да е точна, заснована на познавањето на теренот, на длабок увид. Погрешната приказна може скапо да нѐ чини. Да не одведе во заблуда, во ќорсокак....Ниедна култура не може да опстане без точна, силна, автентична приказна, велеше Стефановски. Оваа навидум едноставна порака беше дел и од предавањата и од соработката со Горан. Најстојуваше фантастичното, пребогато минато кое го имаме, на автентичен начин, да го носи во некаква иднина, рече Поповски.

Викторија Рангелова Петровска, директорка на Драмски театар од Скопје образложи зошто се востановува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст.

Оваa година Драмски театар ја востановува наградата за најдобар драмски текстна млад автор до 30 години, награда која ќе го носи името на Горан Стефановски. Идејата е многу благородна и стовремено е оддавање должна почит на авторот кој, практично, направи голем успех и за себе, и за Драмски театар во периодот кога се изведуваа неговите текстови. Најголемите успеси на Драмски се врзуваат кога се изведуваа претстави според текстови на Стефановски и ние сме должни да му оддадеме почит. Им даваме поддршка на младите драмски автори да се реализираат и да го продолжат дејствувањето и да го продолжат континуитетот на македонската драматургија. За нас тоа е битно, зашто мислам дека младите автори се најпрогресивни, најотворени во делата кои ги пишуваат, рече Рангелова Петровска.

 

Струмичкиот театар ја изведе претставата „Црна дупка“ која е дел од официјалната програма, а истиот текст на Стефановски го изведоа и студентите од ФДУ.

The post ФДУ промовираше фондација „Горан Стефановски“, а вечерва Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Народниот театар од Битола ќе учествува на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечерва во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани и е дел од официјалната програма на фестивалот. Улогите ги толкуваат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола Стефанов. Во 22 часот на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена „Домот на куклата“ во продукција на Турскиот театар од Скопје. Улогите ги толкуваат: Сузан Акбелге, Селпин Керим, Фунда Ибрахим и Емине Халил. Во рамките на придружната програма на полноќ во кафе-бар „Тротоар“ ќе биде изведена „Поол“ во режија на Шенај Мандак. И денес продолжуваат придружните програми – во 11 часот во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи промоција на наградените драми од „Еуродрам“. Точно на пладне почнуваат разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, на Струмичкиот театар. Оваа програма на фестивалот предизвикува големо внимание кај публиката која е желна да разговара за претставите. Вчерашниот ден на фестивалот беше посветен на делото на Горан Стефановски, кој е автор во фокус на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Група од 20-ина учесници основци и средношколци и наставници презентираа што научија во изминатите осум месеци во рамките на едукативната програма на фестивалот „Чернодрински за деца“. Учествуваа ученици од средното училиште „Ристо Ристески-Ричко“, „Мирче Ацев“, „Ѓорче Петров“ и основните „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“. Тие ја изведоа претставата „Јане Задрогаз“, а работеа под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески. Како дел од програмата на фестивалот беше промовирана книгата „Од текст до претстава: Феноменологија на сценскиот говор“ од Тодорка Балова. Според професорката д-р Јелена Лужина, книгата има чуден наслов со поднаслов.
Ако насловот е разбирлив, поднасловот е синтакса која збунува, затоа што содржи термин, феноменологија кој е термин од 20 век и се дефинира како свест или нештото во свеста. Тоа е говорот кој можеме да го разбереме, односно зборува за сценскиот говор, кој има задача и функција.....- рече Лужина.
Во грижата за сценскиот гвоор таа се наврати на професорите по сценски говор, како Илија Милчин и Мето Јованоски, кој не случајно се наоѓа на самата корица на книгата.
Книгата користи методологија ПРААД, што значи една медицинско терапевтска методологија. Таа ќе им помогне на сите актери кои што сакаат да работат врз себе. Тодорка Балова им направи прирачник, кој е прв научен труд за сценскиот говор. Тоа е необична книга и слободно можам да кажам дека македонската театарологија се занимава посериозно и поквалитетно од другите за сценски говор, а тука ја додавам и книгата од Роберт Вељановски – посочи Лужина.
Авторката Тодорка Балова објасни дека користела неколку дисциплини и дека е задоволна од успешната мисија и дека и е задоволство што се зафатила со Горан и со неговата култна претстава „Диво месо“. Факултетот за драмски уметности од Скопје во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја промовираше фондацијата „Горан Стефановски“, а Драмски театар од Скопје ја претстави штотуку востановената награда за драмски текст „Горан Стефановски“. Сашо Кокаланов, продекан за настава при ФДУ во Скопје образложи дека Горан Стефановски секогаш беше тука да ги поддржи младите автори, да им биде „ветер во грб“ особено во онаа, почетна фаза.
Прилично скоро се роди идејата да се направи фондација „Горан Стефановски“ за да се зачува сета онаа оставштина од нашиот драг професор. Не се само драми напишани на македонски, на англиски, не се само изведбите на тие драми, туку тоа е една драмска школа која треба да продолжи, драмска традиција која треба да се пресоздава. Сакаме да ги објавиме сите негови драми во едно големо издание, сакаме да го дигитализираме целото творештво на Горан Стефановски, да биде достапно на повеќе светски јазици. Вториот сегмент се однесува на поддршката на младите автори. Фондацијата ќе го поддржува и формалното и неформалното образование кај младите драмски автори, ќе ги стипендира. Поддршка, финансиска имаме веќе и од приватниот и бизнис секторот, рече Кокаланов.
Директорот на Фондацијата, режисерот Александар Поповски нагласи дека пораката што ја имавме од Горан Стефановски објаснува сѐ.
Благодарен сум што сум дел од оваа „приказна“. Токму затоа, ќе прочитам дел од она што е есенцијата од намерата за основањето на фондацијата. Дел е од она што Горан ни го пренесуваше и ни го раскажуваше. Велеше: Сите живи суштества се раѓаат со инстинктот на преживувањето. Пајаците за да реживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето за да преживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни, за тоа кои се, што се, од каде доаѓаат и каде одат. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се срж на нашиот живот, столб на нашиот идентитет. Идентитетот е приказна за тоа кои сме, што сме, што сакаме, за да можеме да преживееме во суровиот свет. Ова приказна мора да е точна, заснована на познавањето на теренот, на длабок увид. Погрешната приказна може скапо да нѐ чини. Да не одведе во заблуда, во ќорсокак....Ниедна култура не може да опстане без точна, силна, автентична приказна, велеше Стефановски. Оваа навидум едноставна порака беше дел и од предавањата и од соработката со Горан. Најстојуваше фантастичното, пребогато минато кое го имаме, на автентичен начин, да го носи во некаква иднина, рече Поповски.
Викторија Рангелова Петровска, директорка на Драмски театар од Скопје образложи зошто се востановува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст.
Оваa година Драмски театар ја востановува наградата за најдобар драмски текстна млад автор до 30 години, награда која ќе го носи името на Горан Стефановски. Идејата е многу благородна и стовремено е оддавање должна почит на авторот кој, практично, направи голем успех и за себе, и за Драмски театар во периодот кога се изведуваа неговите текстови. Најголемите успеси на Драмски се врзуваат кога се изведуваа претстави според текстови на Стефановски и ние сме должни да му оддадеме почит. Им даваме поддршка на младите драмски автори да се реализираат и да го продолжат дејствувањето и да го продолжат континуитетот на македонската драматургија. За нас тоа е битно, зашто мислам дека младите автори се најпрогресивни, најотворени во делата кои ги пишуваат, рече Рангелова Петровска.
  Струмичкиот театар ја изведе претставата „Црна дупка“ која е дел од официјалната програма, а истиот текст на Стефановски го изведоа и студентите од ФДУ.

The post ФДУ промовираше фондација „Горан Стефановски“, а вечерва Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsii-prezentatsii-i-pretstavi-vo-chest-na-goran-stefanovski-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Sun, 09 Jun 2024 15:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=785964

Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот.
Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени од режисерот Милош Б. Андоновски и „Театар за сите“, а под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески, млади театарски ентузијасти, заедно со професори-ментори од прилепските гимназии цела година учеа и креираа. Во истиот термин ќе биде отворена и Детската зона, поддржана од фондацијата „Чекор по чекор“.

Во 11 часот ќе следуваат промоции на театарска и театролошка литература. И денес на програмата се разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Иванов“, што синоќа ја изведе Македонскиот народен театар во рамките на официјалната селекција.

Во 13 часот во фоајето на Центарот за култура, публиката ќе дознае повеќе за неодамна формираната фондација „Горан Стефановски“ на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Исто така ќе следува и презентација на наградата „Горан Стефановски“, што ја востановува Драмскиот театар од Скопје.

Публиката во Прилеп ќе може да слушне повеќе и за аудиодрамите на Горан Стефановски, што ги реализира платформата „Самоглас“. Станува збор за три драми – „Диво месо“, „Гоце“ и „Дупло дно“.

Во продукција на ФДУ во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филм посветен на Стефановски. Две претстави што се дел од програмата на третиот фестивалски ден, вечерва ќе бидат според текстот „Црна дупка“ на Стефановски. Во 20 часот ќе гостуваат актерите од Театарот „Антон Панов“ од Струмица, во претстава што ја режираше Љупчо Ѓоргиевски. Улогите ги толкуваат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов.

Во 22 часот – следува дипломската претстава на студенти од ФДУ.

На вториот фестивалски ден на тркалезната маса што се организира во чест на претставите од официјалната програма, се разговараше со екипата на претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Екипата на Драмски театар истакна колку е важно што воопшто се организираат овие средби во кои може да се разговара за театарот, да се споделуваат мислења.

Вечерта пак, публиката со голем аплауз ги награди актерите од претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска. Во утринските часови детски џагор и креации го красат делот на Саат-кулата во Прилеп каде многу дечиња креираат и се дружат. Гости на фестивалот беа и 40-ина деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, кои настапија со „Стапица“ според Горан Стефановски.

Вчера започна и првата работилница во рамките на придружната програма на фестивалот, што ја води драматургот Ана Ристоска-Трпеноска.

фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот. Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени од режисерот Милош Б. Андоновски и „Театар за сите“, а под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески, млади театарски ентузијасти, заедно со професори-ментори од прилепските гимназии цела година учеа и креираа. Во истиот термин ќе биде отворена и Детската зона, поддржана од фондацијата „Чекор по чекор“. Во 11 часот ќе следуваат промоции на театарска и театролошка литература. И денес на програмата се разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Иванов“, што синоќа ја изведе Македонскиот народен театар во рамките на официјалната селекција. Во 13 часот во фоајето на Центарот за култура, публиката ќе дознае повеќе за неодамна формираната фондација „Горан Стефановски“ на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Исто така ќе следува и презентација на наградата „Горан Стефановски“, што ја востановува Драмскиот театар од Скопје. Публиката во Прилеп ќе може да слушне повеќе и за аудиодрамите на Горан Стефановски, што ги реализира платформата „Самоглас“. Станува збор за три драми – „Диво месо“, „Гоце“ и „Дупло дно“. Во продукција на ФДУ во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филм посветен на Стефановски. Две претстави што се дел од програмата на третиот фестивалски ден, вечерва ќе бидат според текстот „Црна дупка“ на Стефановски. Во 20 часот ќе гостуваат актерите од Театарот „Антон Панов“ од Струмица, во претстава што ја режираше Љупчо Ѓоргиевски. Улогите ги толкуваат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Во 22 часот – следува дипломската претстава на студенти од ФДУ. На вториот фестивалски ден на тркалезната маса што се организира во чест на претставите од официјалната програма, се разговараше со екипата на претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Екипата на Драмски театар истакна колку е важно што воопшто се организираат овие средби во кои може да се разговара за театарот, да се споделуваат мислења. Вечерта пак, публиката со голем аплауз ги награди актерите од претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска. Во утринските часови детски џагор и креации го красат делот на Саат-кулата во Прилеп каде многу дечиња креираат и се дружат. Гости на фестивалот беа и 40-ина деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, кои настапија со „Стапица“ според Горан Стефановски. Вчера започна и првата работилница во рамките на придружната програма на фестивалот, што ја води драматургот Ана Ристоска-Трпеноска. фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

The post Промоции, презентации и претстави во чест на Горан Стефановски на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/58-mtf-vojdan-chernodrinski-pochnuva-vecherva-so-heda-gabler-na-dramski-pod-mototo-promeni-se-promeni-se-prilep-do-14-juni-ke-bide-grad-teatar/ Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=785481

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.
Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.
На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.

9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

 

 

 

 

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“. Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје. На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“. Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.
Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се: 1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. 1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје. Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција: 1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура. Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.        

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>
„Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/posledniot-balkanski-vampir-na-dejan-dukovski-vo-rezhija-na-aleksandar-popovski-vecherva-ke-go-zatvori-vojdan-chernodrinski/ Fri, 16 Jun 2023 08:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=651985

Со претставата „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во 20 часот ќе биде затворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. Наградите ќе бидат соопштени денеска на пладне, на прес конференција, а жирито е во состав: Јанко Љумовиќ, продуцент и професор на Факултет за драмски уметности од Црна Гора, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, двајцата менаџери на театри во Србија.

Преведувач од македонски јазик на текстот е Вера Василиќ, драматург - Николина Ѓукановиќ, сценографијата е на Александар Поповски и Жељко Пишкориќ, а костимите – на Миа Поповска. Музиката е на нашиот композитор Марјан Неќак, а кореографијата – на Сташа Зуровац. Улогите ги толкуваат: Тања Пјевац, Ненад Пеќинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ, Милорад Капор, Душан Јакишиќ, Бранислав Јерковиќ Вишња Обрадовиќ, Јована Балашевиќ и Јована Стипиќ-Радошевиќ.

Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш. Но... ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат со стоката... Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко – вели Дуковски.

Важна книга за значењето на Коле Чашуле за македонската култура беше промовирана вчера на претстпоследниот ден од фестивалот. Станува збор за „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска, издание што го помогнаа Факултетот за драмски уметности, издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумно Министерството за култура.

Театролошка, научно втемелена, лесно читлива и во секоја смисла компактна книга која ги опфаќа сите аспекти на театрологијата. Ова е за почит, оцени театрологот Јелена Лужина на промоцијата на книгата „Чашуле: Приказнувачот“ од театрологот Ана Стојаноска, како дел од програмата „Автор во фокус“.

Книгата има нагласено емотивен однос, кој на таа научност не ѝ пречи, туку ѝ додава дополнителни валери, рече Лужина ,која додавајќи и своја емотивност, го спомена своето сеќавање од првиот контакт со Стојаноска кога Лужина ја оформувала новата класа магистранти.
- Разговарав со секој кандидат. Се појавува една црнокоса девојка, сигурна во себе. Ја прашувам: „Дали навистина сакате овде да бидете?“, а таа дрско ми одговори: „Да, се разбира!“ Така почнаа сите приказни, кои нема догледно да завршат. Во сето ова постои и еден приказнувач. Коле Чашуле, рече Лужина на промоцијата, напоменувајќи дека Чашуле на Стојаноска секојдневно, од првата нивна средба ѝ давал задачи како да пишува.

- Беше логично Ана еден ден да ја направи оваа книга. Ја направи во една хибридна форма. Тоа е и не е монографија. На тие црни страници во средината на книгата, тоа е чиста театрологија. Егзактна наука со факти. А белите страници се хибриден жанр. Во книгата се толкуваат два клучни момента во македонската театрологија. Првиот е со „Вејка на ветрот“, зашто оттука тргнува модернизмот во македонската драмска литература. Македонскиот модернизам тргна од Прилеп. Втората фаза е 1961 година со пиесата на Чашуле „Црнила“. Тоа беше најава на постдрамската историја. „Црнила“ беше првата претстава која доби награда надвор од Македонија (во 1962 година на „Стериино позорје“). Стојаноска од безбедна дистанца ги толкува тие сериозни поместувања како што треба да се толкуваат денес. Ова е исклучително ретко дело какво што досега немавме во македонската театролошка литература, а можеби и воопшто во литературата, хибридно по својата содржина, темелно испишано и направено, дело кое може да се преведе на кој било јазик и да добие највисоки награди, рече театрологот Јелена Лужина и сопруга на писателот и драмскиот автор Коле Чашуле.

Авторката Ана Стојаноска нагласи дека 14 години сакала да ја напише книгата, а емотивноста била неминовна.

Тој беше мојот втор татко. Имав двајца татковци и тие не се со мене. Среќна сум и благодарна што ги имав. Сакав да направам книга која ќе спои неколку различни работи: ќе го спои моето сеќавање за него преку моја театролошка анализа, со една книжевна анализа на крајот, зашто сметам дека еден дел од неговото прозно творештво не е доволно добро обработено во македонската книжевна наука. Оваа книга има неколку различни страни и една од најважните ми е што излезе онака како што ја замислив. Во средишниот дел, на црна хартија со бели букви, е реконструкцијата на „Црнила ремикс“, една од најважните претстави што ни се случи во последниве години во македонскиот театар, објасни Стојаноска.

За авторката, во „Црнила ремикст“ пиесата на Чашуле е протолкувана на најсуштествен начин.

Додека се промовира книгата ја слушате музиката на Дарко Димитриовски која ја направи за „Црнила ремикс“. Во тој период немав театролошки предизвик, беше некој летаргичен период. Се’ додека во 2018 година на МОТ не ја видов „Црнила ремикс“. Кога ги видов тие млади луѓе што решиле да направат хип-хоп театар, повторно ми го вратија предизвикот, рече на промоцијата авторката Стојаноска, која на крајот препорача:

Книгата можете да ја читате како што сакате. Или само да ја разгледате. Ако со оваа книга барем малку придонесам во македонската култура, ќе бидам благодарна.

Исто така се одржаа и разговори на тркалезна маса за четири претстави од официјалната програма – „Балконот“ на Албанскиот театар, „Женска гардероба“ на Театар Комедија, а доцна по полноќ публиката имаше средба и со екипите на „My Name is Medejа“ на Народниот театар од Битола и „Несфатената цивилизација“ на Охридскиот театар.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп.

 

The post „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во 20 часот ќе биде затворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. Наградите ќе бидат соопштени денеска на пладне, на прес конференција, а жирито е во состав: Јанко Љумовиќ, продуцент и професор на Факултет за драмски уметности од Црна Гора, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, двајцата менаџери на театри во Србија. Преведувач од македонски јазик на текстот е Вера Василиќ, драматург - Николина Ѓукановиќ, сценографијата е на Александар Поповски и Жељко Пишкориќ, а костимите – на Миа Поповска. Музиката е на нашиот композитор Марјан Неќак, а кореографијата – на Сташа Зуровац. Улогите ги толкуваат: Тања Пјевац, Ненад Пеќинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ, Милорад Капор, Душан Јакишиќ, Бранислав Јерковиќ Вишња Обрадовиќ, Јована Балашевиќ и Јована Стипиќ-Радошевиќ.
Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш. Но... ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат со стоката... Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко – вели Дуковски.
Важна книга за значењето на Коле Чашуле за македонската култура беше промовирана вчера на претстпоследниот ден од фестивалот. Станува збор за „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска, издание што го помогнаа Факултетот за драмски уметности, издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумно Министерството за култура. Театролошка, научно втемелена, лесно читлива и во секоја смисла компактна книга која ги опфаќа сите аспекти на театрологијата. Ова е за почит, оцени театрологот Јелена Лужина на промоцијата на книгата „Чашуле: Приказнувачот“ од театрологот Ана Стојаноска, како дел од програмата „Автор во фокус“.
Книгата има нагласено емотивен однос, кој на таа научност не ѝ пречи, туку ѝ додава дополнителни валери, рече Лужина ,која додавајќи и своја емотивност, го спомена своето сеќавање од првиот контакт со Стојаноска кога Лужина ја оформувала новата класа магистранти. - Разговарав со секој кандидат. Се појавува една црнокоса девојка, сигурна во себе. Ја прашувам: „Дали навистина сакате овде да бидете?“, а таа дрско ми одговори: „Да, се разбира!“ Така почнаа сите приказни, кои нема догледно да завршат. Во сето ова постои и еден приказнувач. Коле Чашуле, рече Лужина на промоцијата, напоменувајќи дека Чашуле на Стојаноска секојдневно, од првата нивна средба ѝ давал задачи како да пишува.
- Беше логично Ана еден ден да ја направи оваа книга. Ја направи во една хибридна форма. Тоа е и не е монографија. На тие црни страници во средината на книгата, тоа е чиста театрологија. Егзактна наука со факти. А белите страници се хибриден жанр. Во книгата се толкуваат два клучни момента во македонската театрологија. Првиот е со „Вејка на ветрот“, зашто оттука тргнува модернизмот во македонската драмска литература. Македонскиот модернизам тргна од Прилеп. Втората фаза е 1961 година со пиесата на Чашуле „Црнила“. Тоа беше најава на постдрамската историја. „Црнила“ беше првата претстава која доби награда надвор од Македонија (во 1962 година на „Стериино позорје“). Стојаноска од безбедна дистанца ги толкува тие сериозни поместувања како што треба да се толкуваат денес. Ова е исклучително ретко дело какво што досега немавме во македонската театролошка литература, а можеби и воопшто во литературата, хибридно по својата содржина, темелно испишано и направено, дело кое може да се преведе на кој било јазик и да добие највисоки награди, рече театрологот Јелена Лужина и сопруга на писателот и драмскиот автор Коле Чашуле. Авторката Ана Стојаноска нагласи дека 14 години сакала да ја напише книгата, а емотивноста била неминовна.
Тој беше мојот втор татко. Имав двајца татковци и тие не се со мене. Среќна сум и благодарна што ги имав. Сакав да направам книга која ќе спои неколку различни работи: ќе го спои моето сеќавање за него преку моја театролошка анализа, со една книжевна анализа на крајот, зашто сметам дека еден дел од неговото прозно творештво не е доволно добро обработено во македонската книжевна наука. Оваа книга има неколку различни страни и една од најважните ми е што излезе онака како што ја замислив. Во средишниот дел, на црна хартија со бели букви, е реконструкцијата на „Црнила ремикс“, една од најважните претстави што ни се случи во последниве години во македонскиот театар, објасни Стојаноска.
За авторката, во „Црнила ремикст“ пиесата на Чашуле е протолкувана на најсуштествен начин. Додека се промовира книгата ја слушате музиката на Дарко Димитриовски која ја направи за „Црнила ремикс“. Во тој период немав театролошки предизвик, беше некој летаргичен период. Се’ додека во 2018 година на МОТ не ја видов „Црнила ремикс“. Кога ги видов тие млади луѓе што решиле да направат хип-хоп театар, повторно ми го вратија предизвикот, рече на промоцијата авторката Стојаноска, која на крајот препорача:
Книгата можете да ја читате како што сакате. Или само да ја разгледате. Ако со оваа книга барем малку придонесам во македонската култура, ќе бидам благодарна.
Исто така се одржаа и разговори на тркалезна маса за четири претстави од официјалната програма – „Балконот“ на Албанскиот театар, „Женска гардероба“ на Театар Комедија, а доцна по полноќ публиката имаше средба и со екипите на „My Name is Medejа“ на Народниот театар од Битола и „Несфатената цивилизација“ на Охридскиот театар. Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп.  

The post „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски вечерва ќе го затвори „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>