МСУ водич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/msu-vodich/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 10:29:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МСУ водич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/msu-vodich/ 32 32 Утре МСУ водич и пролетно матине https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-msu-vodich-i-proletno-matine/ Fri, 12 Apr 2024 10:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=765360

Утре на 13 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов.

Со нашиот кустос водич Бојана Јанева ќе може се погледнат двете новоотворени изложби:

„Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“.
Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Таа е обид, преку мапирање на бројните настани и нивниот визуелен комуникациски аспект да се даде поттик во размислувањата за важноста на МСУ-Скопје во процесот на проектирање и оформување на сликата за современоста.

На изложбата покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, претставен е и избор од делата од колекцијата на МСУ-Скопје, меѓу кои оние на Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат...

И самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“.
Кураторка на изложбата е Ивана Васева.

Холандскиот уметник е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“.

Еден од главните елементи кои ја градат инсталацијата на Стал, специјално создадена за Музејот на современата уметност - Скопје е видео студијата „Пропаганден театар“ од 2023 година, преку која го сумира десетгодишното истражување за пропагандата.

Ставот на уметникот е дека пропагандата не е само испраќање и манипулирање на некоја порака, туку има за цел да конструира нови реалности. Според Стал, пропагандистите немаат интерес да работат во рамки на постоечката реалност, туку сакаат да создаваат нови светови.

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организираме Матине со диџеј сет, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбите.

Влезница 150 денари.

 

The post Утре МСУ водич и пролетно матине appeared first on Република.

]]>

Утре на 13 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Со нашиот кустос водич Бојана Јанева ќе може се погледнат двете новоотворени изложби: „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Таа е обид, преку мапирање на бројните настани и нивниот визуелен комуникациски аспект да се даде поттик во размислувањата за важноста на МСУ-Скопје во процесот на проектирање и оформување на сликата за современоста. На изложбата покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, претставен е и избор од делата од колекцијата на МСУ-Скопје, меѓу кои оние на Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат... И самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Холандскиот уметник е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Еден од главните елементи кои ја градат инсталацијата на Стал, специјално создадена за Музејот на современата уметност - Скопје е видео студијата „Пропаганден театар“ од 2023 година, преку која го сумира десетгодишното истражување за пропагандата. Ставот на уметникот е дека пропагандата не е само испраќање и манипулирање на некоја порака, туку има за цел да конструира нови реалности. Според Стал, пропагандистите немаат интерес да работат во рамки на постоечката реалност, туку сакаат да создаваат нови светови. Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организираме Матине со диџеј сет, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбите. Влезница 150 денари.  

The post Утре МСУ водич и пролетно матине appeared first on Република.

]]>