МСМЈЛК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/msmjlk/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 12:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МСМЈЛК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/msmjlk/ 32 32 Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-jubilejnata-50-megunarodna-nauchna-konferentsija-na-msmjlk-pri-ukim-vo-ohrid/ Fri, 01 Sep 2023 12:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=677905

Преку Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што пет децении се одржува во Охрид се успеа научните вистини и заклучоци за македонистиката да го добијат своето место во славистичкиот свет и воопшто во филолошката и културолошката наука. Славистиката денес е незаимислива без македонистиката. Македонскиот јазик литература и култура се факт и предизвик за светската наука, а влог во тоа се сите научни трудови произлезени од ова конференција. Тоа беше истакнато на отворањето на педесеттото издание на Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од денеска се одржува во Охрид.

Свое обраќање пред учесниците на собирот имаше претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека изминатите половина век видни научници, слависти и македонисти од различни меридијани на светот, заедно со нашите учесници оставиле дела кои сведочат за богатството на македонскиот јазик.

Најголемиот дел од нив, од вас, почитувани, се посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура со години, за што најискрено ви благодарам и посакувам и понатаму посветено да продолжите да придонесувате во таа насока, рече тој.

Пендаровски потсети на двете значајни годишнини - 120- години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, на Мисирков како едно од најзначајните дела на нашата јазична, културна и воопшто национална историја, и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Впрочем, споменатите годишнини се и меѓу темите на конференција која започнува денес и од она што може да се види од програмата, тие побудуваат особен интерес кај учесниците, за што сум особено среќен како покровител на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поетски великан Ацо Шопов која достојно се одбележува благодарение на државата и особено, на напорите кои ги прави неговото семејство преку фондацијата “Ацо Шопов – поезија”, рече претседателот Пендаровски.

Како што истакна, македонската литература е несомнено еден од главните стожери на македонистиката и се разбира, при тоа, таа не е единствениот наш стожер.

Благодарение на Меѓународната научна конференција и на Меѓународниот семинар, секоја година имаме потврда за спецификите и посебностите на македонскиот јазик, литература и култура. Импозантната бројка на научници и дела, оставени во наследство од сите досегашни конференции се непроценливо богатство за нашата лингвистика и култура, воопшто за нашиот народ и држава, рече тој.

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, од своја страна нагласи дека преку оваа Конференција и Универзитетот и државата се препознатливи во меѓународната академска средина, по влогот за развој на истражувањата кои е стожери за научната потврда за македонскиот национален идентитет.

Преку оваа Конференција новите научни согледби за делата на Мисирков и Шопов ќе ги најдат своите упоришта во славистиката и балканистиката и воопшто во филологијата, а заедно со нив и новите заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура, рече тој.

Според него, составот на учесниците на Конференцијата укажуваат дека од неа ќе произлезат нови важни согледби на македонскиот јазик наспроти другите јазици и за македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури.

Со оваа конференција веќе половина век се поттикнува и домашната и странската македонска научна мисла и се следи Мисирковиот завет и се постигнаа значајните научни резултати кои се произлезени од неа, а кои најдобро потврдуваат за степенот за развиеност на македонистиката како научна дисциплина. Со нив и на светот му се покажа дека нашиот народ и нашата академска заеденица се меѓу оние кои со знаење и просветување го заземаат своето место во меѓународни рамки, рече Јанкуловски.

На денешното свечено отворање на Собирот беше промовиран и Зборникот од минатогодишното издание на Конференцијата, во кој на над 500 страници се објавени нови трудови од областа на македонистиката.

Инаку, на тридневниот научен собир ќе работаат лингвистичката секција и секцијата за литература и култура, на кои ќе бидат презентирани близу 70 нови научни трудови. Од двете секции се очекува да призлезат нови научни согледби и заклучоци кои ќе се влог во македонистичките проучувања, со нови анализи, истражувања и исчитувања и од странските посветеници на македонистиката.

Централните теми на Конференцијата ќе бидат за делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и стогодишнината од раѓањето на Шопов.

Конференцијата е дел и од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот на државата.

На Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Во децениите наназад, токму овие теми се издвојуваа како најголем предизвик за странските македонистти, балканисти и слависти при учеството на Конференцијата, при што се произлезени и стотици научни трудови со важни согледби за спецификите на македонскиот јазик, литература и култура.

Од Конференцијата ќе биде објавен и Зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период, имајќи ги предвид бројот на учесниците и реферератите, но и фактот дека ова конференциско издание е единствено од областа на македонистиката и по бројот на земји од кои има учесници.

The post Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Преку Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што пет децении се одржува во Охрид се успеа научните вистини и заклучоци за македонистиката да го добијат своето место во славистичкиот свет и воопшто во филолошката и културолошката наука. Славистиката денес е незаимислива без македонистиката. Македонскиот јазик литература и култура се факт и предизвик за светската наука, а влог во тоа се сите научни трудови произлезени од ова конференција. Тоа беше истакнато на отворањето на педесеттото издание на Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од денеска се одржува во Охрид. Свое обраќање пред учесниците на собирот имаше претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека изминатите половина век видни научници, слависти и македонисти од различни меридијани на светот, заедно со нашите учесници оставиле дела кои сведочат за богатството на македонскиот јазик.
Најголемиот дел од нив, од вас, почитувани, се посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура со години, за што најискрено ви благодарам и посакувам и понатаму посветено да продолжите да придонесувате во таа насока, рече тој.
Пендаровски потсети на двете значајни годишнини - 120- години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, на Мисирков како едно од најзначајните дела на нашата јазична, културна и воопшто национална историја, и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
Впрочем, споменатите годишнини се и меѓу темите на конференција која започнува денес и од она што може да се види од програмата, тие побудуваат особен интерес кај учесниците, за што сум особено среќен како покровител на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поетски великан Ацо Шопов која достојно се одбележува благодарение на државата и особено, на напорите кои ги прави неговото семејство преку фондацијата “Ацо Шопов – поезија”, рече претседателот Пендаровски.
Како што истакна, македонската литература е несомнено еден од главните стожери на македонистиката и се разбира, при тоа, таа не е единствениот наш стожер.
Благодарение на Меѓународната научна конференција и на Меѓународниот семинар, секоја година имаме потврда за спецификите и посебностите на македонскиот јазик, литература и култура. Импозантната бројка на научници и дела, оставени во наследство од сите досегашни конференции се непроценливо богатство за нашата лингвистика и култура, воопшто за нашиот народ и држава, рече тој.
Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, од своја страна нагласи дека преку оваа Конференција и Универзитетот и државата се препознатливи во меѓународната академска средина, по влогот за развој на истражувањата кои е стожери за научната потврда за македонскиот национален идентитет.
Преку оваа Конференција новите научни согледби за делата на Мисирков и Шопов ќе ги најдат своите упоришта во славистиката и балканистиката и воопшто во филологијата, а заедно со нив и новите заклучоци за македонскиот јазик, литература и култура, рече тој.
Според него, составот на учесниците на Конференцијата укажуваат дека од неа ќе произлезат нови важни согледби на македонскиот јазик наспроти другите јазици и за македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури.
Со оваа конференција веќе половина век се поттикнува и домашната и странската македонска научна мисла и се следи Мисирковиот завет и се постигнаа значајните научни резултати кои се произлезени од неа, а кои најдобро потврдуваат за степенот за развиеност на македонистиката како научна дисциплина. Со нив и на светот му се покажа дека нашиот народ и нашата академска заеденица се меѓу оние кои со знаење и просветување го заземаат своето место во меѓународни рамки, рече Јанкуловски.
На денешното свечено отворање на Собирот беше промовиран и Зборникот од минатогодишното издание на Конференцијата, во кој на над 500 страници се објавени нови трудови од областа на македонистиката. Инаку, на тридневниот научен собир ќе работаат лингвистичката секција и секцијата за литература и култура, на кои ќе бидат презентирани близу 70 нови научни трудови. Од двете секции се очекува да призлезат нови научни согледби и заклучоци кои ќе се влог во македонистичките проучувања, со нови анализи, истражувања и исчитувања и од странските посветеници на македонистиката. Централните теми на Конференцијата ќе бидат за делата на великаните Крсте Мисирков и Ацо Шопов, по повод значајните јубилеи – 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и стогодишнината од раѓањето на Шопов. Конференцијата е дел и од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот на државата. На Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто веќе со години овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Во децениите наназад, токму овие теми се издвојуваа како најголем предизвик за странските македонистти, балканисти и слависти при учеството на Конференцијата, при што се произлезени и стотици научни трудови со важни согледби за спецификите на македонскиот јазик, литература и култура. Од Конференцијата ќе биде објавен и Зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации објавени кај нас изминатиов период, имајќи ги предвид бројот на учесниците и реферератите, но и фактот дека ова конференциско издание е единствено од областа на македонистиката и по бројот на земји од кои има учесници.

The post Отворена јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Влада Урошевиќ, добитникот на „Роман на годината” гостуваше на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlada-uroshevik-dobitnikot-na-roman-na-godinata-gostuvashe-na-56-letna-shkola-na-msmjlk-pri-ukim/ Wed, 23 Aug 2023 16:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=675059

Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), денес во Охрид се одржа разговор со писателот, академик Влада Урошевиќ по повод наградата „Роман на годината” за 2022. која за неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени” му ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”. Романот е во издание на „Арс Ламина”, а разговорот со Влада Урошевиќ за слушателите од напреднатите рамништа на Летната школата го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата.

Семинаристите покажаа голем интерес за разговорот со Урошевиќ и за неговиот најнов роман. Покрај прашања за романот и воопшто за неговите прозни дела, се отворија и прашања за поезијата и за неговиот истражувачки порив. Меѓу другото, Урошевиќ со семинаристите сподели и свои сеќавања од Струшките вечери на поезијата, навраќајќи се кон нивните почетоци, токму во годината кога е добитник на Златниот венец.

Со одржаниот разговор со Влада Урошевиќ, МСМЈЛК при УКИМ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” ја продолжуваат традицијата на претставување на лауреатите на престижната награда за роман напишан на македонски јазик и пред учесниците на Школата.

Некогашниот „Утрински весник” кој ја востанови и ја доделуваше наградата „Роман на годината” во текот на целото свое постоење (1999 -2017), гостуваше со неколку од досегашните 24 лауреати и на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ. Фондацијата „Славко Јаневски” продолжи со доделување на истата награда почнувајќи од 2017 година.

 

The post Влада Урошевиќ, добитникот на „Роман на годината” гостуваше на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), денес во Охрид се одржа разговор со писателот, академик Влада Урошевиќ по повод наградата „Роман на годината” за 2022. која за неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени” му ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”. Романот е во издание на „Арс Ламина”, а разговорот со Влада Урошевиќ за слушателите од напреднатите рамништа на Летната школата го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата. Семинаристите покажаа голем интерес за разговорот со Урошевиќ и за неговиот најнов роман. Покрај прашања за романот и воопшто за неговите прозни дела, се отворија и прашања за поезијата и за неговиот истражувачки порив. Меѓу другото, Урошевиќ со семинаристите сподели и свои сеќавања од Струшките вечери на поезијата, навраќајќи се кон нивните почетоци, токму во годината кога е добитник на Златниот венец. Со одржаниот разговор со Влада Урошевиќ, МСМЈЛК при УКИМ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” ја продолжуваат традицијата на претставување на лауреатите на престижната награда за роман напишан на македонски јазик и пред учесниците на Школата. Некогашниот „Утрински весник” кој ја востанови и ја доделуваше наградата „Роман на годината” во текот на целото свое постоење (1999 -2017), гостуваше со неколку од досегашните 24 лауреати и на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ. Фондацијата „Славко Јаневски” продолжи со доделување на истата награда почнувајќи од 2017 година.  

The post Влада Урошевиќ, добитникот на „Роман на годината” гостуваше на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ appeared first on Република.

]]>
Со Третата зимска школа на МСМЈЛК ќе почне чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-tretata-zimska-shkola-na-msmjlk-ke-pochne-chestvuvaneto-na-100-godishninata-od-raganeto-na-atso-shopov/ Tue, 17 Jan 2023 08:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=597719

Со Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) на која ќе учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави ќе започне чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов. Школата ќе се одржи виртуелно, од 23 до 28 јануари 2023 година и веќе е традиционална програмска активност на МСМЈЛК при УКИМ, која годинава ќе биде во чест на Шопов. Таа е и првата активност што се спроведува од низата опфатени и со националната програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“.

На Школата се пријавени учесници од: Кина, Виетнам, Соединетите Американски Држави, Австралија, Турција, Полска, Словенија, Чешката Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Руската Федерација, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Покрај веќе познати имиња од славистичкиот свет – посветеници на македонистиката, меѓу кои се и универзитетски професори, истражувачи, како и веќе познати книжевни преведувачи, на Школата се очекува бројно учество на понови кадри, вклучително и студенти на прв циклус студии решени да го изучуваат македонскиот јазик, од кои дел за првпат ќе учествуваат на школа на МСМЈЛК при УКИМ. Интересот на понови кадри континуирано да ги продлабочуваат своите познавања од областа на македонистиката, како и интересот од забележлив број учесници кои штотуку започнаат да го учат македонскиот јазик и за првпат учествуваат на школа на МСМЈЛК при УКИМ, укажува на перспективите за натамошниот развој на странската македонистика, во кои се потребни и натамошни вложувања.

Одделно радува што и преку ова издание на Зимската школа се потврдува дека веќе станува континуиран интересот за македонистиката на семинаристи од држави од кои претходно повеќе години немаше учесници на школи на МСМЈЛК при УКИМ. Но исто толку и што ќе има учесници од универзитетите на кои изминатиот период се поставија цврсти темели за изучување на македонистиката – Анкарскиот универзитет на кој минатата година се отворија Лекторат и Катедра по македонски јазик, со што македонскиот јазик покрај во Истанбул ќе биде присутен на академско ниво и во административниот центар на Турција и од Универзитетот за странски студии во Пекинг за кој кон крајот на минатата година за првпат се избра лектор по македонски јазик.

Наставата на Школата ќе биде интензивна, со фонд од по 30 часа во групи според степенот на познавање на македонскиот јазик и интересот искажан од учесниците при пријавување на учеството – основно, средно и напреднато рамниште. Наставата за семинаристите од напреднатото рамниште, во целост ќе биде посветена на поезијата на Ацо Шопов, што се очекува да придонесе за нови исчитувања на неговото творештво на странски универзитетски центри, нови книжевни преводи и можни проекти со кои делото на македонскиот книжевен великан дополнително ќе се афирмира во странските културни средини.

По Третата зимска школа, МСМЈЛК при УКИМ планира и други активности посветени на Шопов во текот на оваа година, од кои дел веќе се опфатени во националната програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“.

Инаку, Зимската школа на МСМЈЛК при УКИМ за првпат се одржа во 2021 година, како прва активност во рамките на програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и значајно дополнување на редовните активности на МСМЈЛК при УКИМ, а мината година веќе се потврди дека таа ќе прарасне во традиција, во рамките на остварувањето на мисијата за афирмација и развивање на македонистиката на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини.

 

The post Со Третата зимска школа на МСМЈЛК ќе почне чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>

Со Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) на која ќе учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави ќе започне чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов. Школата ќе се одржи виртуелно, од 23 до 28 јануари 2023 година и веќе е традиционална програмска активност на МСМЈЛК при УКИМ, која годинава ќе биде во чест на Шопов. Таа е и првата активност што се спроведува од низата опфатени и со националната програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“. На Школата се пријавени учесници од: Кина, Виетнам, Соединетите Американски Држави, Австралија, Турција, Полска, Словенија, Чешката Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Руската Федерација, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Покрај веќе познати имиња од славистичкиот свет – посветеници на македонистиката, меѓу кои се и универзитетски професори, истражувачи, како и веќе познати книжевни преведувачи, на Школата се очекува бројно учество на понови кадри, вклучително и студенти на прв циклус студии решени да го изучуваат македонскиот јазик, од кои дел за првпат ќе учествуваат на школа на МСМЈЛК при УКИМ. Интересот на понови кадри континуирано да ги продлабочуваат своите познавања од областа на македонистиката, како и интересот од забележлив број учесници кои штотуку започнаат да го учат македонскиот јазик и за првпат учествуваат на школа на МСМЈЛК при УКИМ, укажува на перспективите за натамошниот развој на странската македонистика, во кои се потребни и натамошни вложувања. Одделно радува што и преку ова издание на Зимската школа се потврдува дека веќе станува континуиран интересот за македонистиката на семинаристи од држави од кои претходно повеќе години немаше учесници на школи на МСМЈЛК при УКИМ. Но исто толку и што ќе има учесници од универзитетите на кои изминатиот период се поставија цврсти темели за изучување на македонистиката – Анкарскиот универзитет на кој минатата година се отворија Лекторат и Катедра по македонски јазик, со што македонскиот јазик покрај во Истанбул ќе биде присутен на академско ниво и во административниот центар на Турција и од Универзитетот за странски студии во Пекинг за кој кон крајот на минатата година за првпат се избра лектор по македонски јазик. Наставата на Школата ќе биде интензивна, со фонд од по 30 часа во групи според степенот на познавање на македонскиот јазик и интересот искажан од учесниците при пријавување на учеството – основно, средно и напреднато рамниште. Наставата за семинаристите од напреднатото рамниште, во целост ќе биде посветена на поезијата на Ацо Шопов, што се очекува да придонесе за нови исчитувања на неговото творештво на странски универзитетски центри, нови книжевни преводи и можни проекти со кои делото на македонскиот книжевен великан дополнително ќе се афирмира во странските културни средини. По Третата зимска школа, МСМЈЛК при УКИМ планира и други активности посветени на Шопов во текот на оваа година, од кои дел веќе се опфатени во националната програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“. Инаку, Зимската школа на МСМЈЛК при УКИМ за првпат се одржа во 2021 година, како прва активност во рамките на програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и значајно дополнување на редовните активности на МСМЈЛК при УКИМ, а мината година веќе се потврди дека таа ќе прарасне во традиција, во рамките на остварувањето на мисијата за афирмација и развивање на македонистиката на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини.  

The post Со Третата зимска школа на МСМЈЛК ќе почне чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>