мртви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtvi/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 15:28:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мртви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtvi/ 32 32 Oд почетокот на војната вкупно 33.137 мртви во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-pochetokot-na-vojnata-vkupno-33-137-mrtvi-vo-gaza/ Sat, 06 Apr 2024 15:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=763143

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека 46 лица биле убиени во претходните 24 часа во Појасот Газа, кој е под израелски напад.

Од почетокот на таа војна во октомври, вкупниот број на загинати во Појасот Газа се искачи на 33.137.

Во текот на шесте месеци од војната биле ранети 75.815 луѓе

 

The post Oд почетокот на војната вкупно 33.137 мртви во Газа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека 46 лица биле убиени во претходните 24 часа во Појасот Газа, кој е под израелски напад. Од почетокот на таа војна во октомври, вкупниот број на загинати во Појасот Газа се искачи на 33.137. Во текот на шесте месеци од војната биле ранети 75.815 луѓе  

The post Oд почетокот на војната вкупно 33.137 мртви во Газа appeared first on Република.

]]>
Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kobna-pitsa-vo-italijanski-restoran-zhenata-pochinala-od-truene-mazhot-se-bori-za-zhivot/ Wed, 01 Nov 2023 16:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=697163

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја.

46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка.

Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни.

Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.

 

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја. 46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка. Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни. Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.  

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Цело семејство пронајдено мртво неколку недели откако се удавила 4-годишната ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tselo-semejstvo-pronajdeno-mrtvo-nekolku-nedeli-otkako-se-udavila-4-godishnata-kerka/ Wed, 30 Aug 2023 19:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=677399

Родителите Фарман и Лејла Шервани и нивните две деца, синовите Матин (2) и Шахин (12), беа пронајдени мртви во понеделникот во градот Ален во американската сојузна држава Тексас. Според првите полициски извештаи, трагедијата укажува на убиство и самоубиство, а страшното злосторство се случило неколку недели откако се удавила девојче од истото семејство.

Полицијата соопшти дека четири мртви тела биле пронајдени во домот откако полициски службеници одговориле на повикот од социјалните служби.

Припадници од локалната исламска заедница ги идентификувале четворицата членови на семејството Шервани и со полицијата споделиле дека четиригодишно девојче од истото семејство се удавило во базенот пред три недели.

Полицискиот наредник Џонатан Менес изјавил дека детективите веруваат дека споменатото давење „било изговор за злосторството“, пренесува „Ен-Би-Си“.

 

The post Цело семејство пронајдено мртво неколку недели откако се удавила 4-годишната ќерка appeared first on Република.

]]>

Родителите Фарман и Лејла Шервани и нивните две деца, синовите Матин (2) и Шахин (12), беа пронајдени мртви во понеделникот во градот Ален во американската сојузна држава Тексас. Според првите полициски извештаи, трагедијата укажува на убиство и самоубиство, а страшното злосторство се случило неколку недели откако се удавила девојче од истото семејство. Полицијата соопшти дека четири мртви тела биле пронајдени во домот откако полициски службеници одговориле на повикот од социјалните служби. Припадници од локалната исламска заедница ги идентификувале четворицата членови на семејството Шервани и со полицијата споделиле дека четиригодишно девојче од истото семејство се удавило во базенот пред три недели. Полицискиот наредник Џонатан Менес изјавил дека детективите веруваат дека споменатото давење „било изговор за злосторството“, пренесува „Ен-Би-Си“.  

The post Цело семејство пронајдено мртво неколку недели откако се удавила 4-годишната ќерка appeared first on Република.

]]>
Три лица загинаа во поплавите во Италија, има и исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-litsa-zaginaa-vo-poplavite-vo-italija-ima-i-ischeznati/ Wed, 17 May 2023 09:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=641656

Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета долж јадранскиот брег на земјата.

Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, а три лица го загубија животот, објавија денеска италијанските медиуми.

Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите и се удавил. Има извештаи и за исчезнати лица.

Провинциите Равена, Форли-Чезена, Римини и Болоња, а особено градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба и посочи дека распоредила 400 пожарникари и одговорила на 600 повици од вчера наутро.

Пожарникарите ги спасувале луѓето кои останале заробени во нивните домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во градот Чезена, каде реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасија десетици луѓе заробени на покривите од нивните куќи.

Сликите и видеата направени од противпожарната бригада покажуваат цели улици под вода, одрони од кал што ги блокираат патиштата и полиња кои наликуваат на морски пејзажи. Според Цивилната одбрана, само во Емилија Ромања се поплавени 14 реки.

Дополнително, имаше прекини на струја во повеќе области и проблеми со телефонските врски. На терен се и италијанските спасувачки тимови за планина за да помогнат.

Според министерот за цивилна одбрана Нело Мусумечи, околу 5.000 луѓе се евакуирани.

Службите за итни случаи користеле хеликоптери за да ги доведат луѓето на безбедно.

Една жена во Фаенца пријавила дека за 10 минути водата се искачила речиси до првиот кат од нејзината куќа.

Мојата соседка беше сама во куќата со четири мали деца, таа повика на помош и никој не дојде. Останавме со нив цела ноќ, во пижами. Децата плачеа. Тоа е катастрофа, рече таа.

Цивилната одбрана ги повика луѓето на претпазливост во наредните часови. На луѓето кои не биле евакуирани, им било кажано да се засолнат на повисоките катови од зградите, на пример.

 

The post Три лица загинаа во поплавите во Италија, има и исчезнати appeared first on Република.

]]>

Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета долж јадранскиот брег на земјата. Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, а три лица го загубија животот, објавија денеска италијанските медиуми. Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на поплавите и се удавил. Има извештаи и за исчезнати лица. Провинциите Равена, Форли-Чезена, Римини и Болоња, а особено градовите Фаенца, Чезена и Форли се најпогодени, соопшти италијанската противпожарна служба и посочи дека распоредила 400 пожарникари и одговорила на 600 повици од вчера наутро. Пожарникарите ги спасувале луѓето кои останале заробени во нивните домови покрај водата и возачите заглавени во поплавите. Во градот Чезена, каде реката Савио се излеа од коритото, службите за итни случаи спасија десетици луѓе заробени на покривите од нивните куќи. Сликите и видеата направени од противпожарната бригада покажуваат цели улици под вода, одрони од кал што ги блокираат патиштата и полиња кои наликуваат на морски пејзажи. Според Цивилната одбрана, само во Емилија Ромања се поплавени 14 реки. Дополнително, имаше прекини на струја во повеќе области и проблеми со телефонските врски. На терен се и италијанските спасувачки тимови за планина за да помогнат. Според министерот за цивилна одбрана Нело Мусумечи, околу 5.000 луѓе се евакуирани. Службите за итни случаи користеле хеликоптери за да ги доведат луѓето на безбедно. Една жена во Фаенца пријавила дека за 10 минути водата се искачила речиси до првиот кат од нејзината куќа.
Мојата соседка беше сама во куќата со четири мали деца, таа повика на помош и никој не дојде. Останавме со нив цела ноќ, во пижами. Децата плачеа. Тоа е катастрофа, рече таа.
Цивилната одбрана ги повика луѓето на претпазливост во наредните часови. На луѓето кои не биле евакуирани, им било кажано да се засолнат на повисоките катови од зградите, на пример.  

The post Три лица загинаа во поплавите во Италија, има и исчезнати appeared first on Република.

]]>
Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-detsa-mrtvi-vo-pukane-vo-hristijansko-uchilishte-vo-neshvil/ Mon, 27 Mar 2023 19:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=624392

Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.

Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер.

Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“.

Пукањето се случило во училиштето Ковенант.

Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни.

Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

The post Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил appeared first on Република.

]]>

Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси. Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер. Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“. Пукањето се случило во училиштето Ковенант. Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни. Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

The post Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил appeared first on Република.

]]>
Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dve-sestri-najdeni-mrtvi-ednata-so-pernitsa-preku-glavata-uzhas-vo-stan-na-bezhaniska-kosa/ Sat, 21 Jan 2023 13:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=599385

Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени тела на две сестри од 76 и 78 години, јави српскиот Блиц.

Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница.

Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата за весникот кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.

The post Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса appeared first on Република.

]]>

Во стан во белградската населба Бежанијска Коса се пронајдени тела на две сестри од 76 и 78 години, јави српскиот Блиц. Во станот биле пронајдени и траги од крв, а врз главата на една од убиените имало перница. Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата за весникот кажале дека се шокирани и згрозени од глетката во станот.

The post Две сестри најдени мртви, едната со перница преку главата: Ужас во стан на Бежаниска коса appeared first on Република.

]]>
Престрелка меѓу средношколци на американски фудбал, мртов тинејџер, четворица уапсени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prestrelka-megju-srednoshkolci-na-amerikanski-fudbal-mrtov-tinejdzer-chetvorica-uapseni/ Sun, 13 Nov 2022 19:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=573371

Ученик загина, а еден е ранет во пукање кое се случило пред средно училиште во американската сојузна држава Флорида, за време на натпревар во американски фудбал, јавија медиумите.

На крајот од натпреварот во средното училиште „Орландо Џонс“ во саботата вечерта, вооружен човек испукал неколку куршуми на паркингот за време на расправија меѓу две групи, изјави началникот на локалната полиција Ерик Смит.

Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека по пукањето играчите и гледачите избегале на спротивната страна од стадионот.

Како што пишуваат американските медиуми, еден од тинејџерите починал на местото на настанот, а другиот е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата во Орландо соопшти дека четворица малолетници биле приведени, како и уште едно повозрасно лице.

Неколку часа подоцна околу 22:30 часот, полицијата била известена за трета жртва од пукањето.

Лицето наводно се упатило во болница со повреди кои исто така не се опасни по живот.

The post Престрелка меѓу средношколци на американски фудбал, мртов тинејџер, четворица уапсени appeared first on Република.

]]>

Ученик загина, а еден е ранет во пукање кое се случило пред средно училиште во американската сојузна држава Флорида, за време на натпревар во американски фудбал, јавија медиумите.
На крајот од натпреварот во средното училиште „Орландо Џонс“ во саботата вечерта, вооружен човек испукал неколку куршуми на паркингот за време на расправија меѓу две групи, изјави началникот на локалната полиција Ерик Смит.
Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека по пукањето играчите и гледачите избегале на спротивната страна од стадионот. Како што пишуваат американските медиуми, еден од тинејџерите починал на местото на настанот, а другиот е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот. Полицијата во Орландо соопшти дека четворица малолетници биле приведени, како и уште едно повозрасно лице. Неколку часа подоцна околу 22:30 часот, полицијата била известена за трета жртва од пукањето. Лицето наводно се упатило во болница со повреди кои исто така не се опасни по живот.

The post Престрелка меѓу средношколци на американски фудбал, мртов тинејџер, четворица уапсени appeared first on Република.

]]>
Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/petmina-mrtvi-vo-noviot-zemjotres-vo-avganistan/ Fri, 24 Jun 2022 13:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=519361

Пет лица загинале во петокот во источен Авганистан во новите потреси кои го погодија подрачјето во близина на епицентарот од разорниот земјотрес со магнитуда 6,1 во средата утрото, рече високиот авганистански функционер.

„Утрово се случи уште еден потрес во Пактика во округот Гајан, според првите информации .. пет лица загинале“, рекол за Reuters портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Шарафат Заман.

На интернет страницата на Американскиот геолошки завод (USGS) е објавено дека земјотресот со магнитуда 4,3 е регистриран во близина на границата со Пакистан во петокот во 3,43 часот по средноевропско време.

Во меѓувреме авганистанските власти ја завршија потрагата по преживеаните од земјотресот во средата во кој загинаа 1.150 луѓе, изјавил во петокот висок претставник на владата. Додал дека резервите од лекови и друга итна помош се несоодветни.

Повредени се уште околу 2.000 лица, а 10.000 куќи се делумно или целосно уништени во земјотресот од средата во областа на границата со Пакистан, рекол за Reuters Мохамад Насим Хакани, портпаролот на министерството за катастрофи.

„Операцијата на потрага и спасување е завршена, 1.000 се мртви а повредени се околу 2.000, со тешки или со површински рани“, рекол Хакани, но не појаснил зошто потрагата по преживеаните се запира по само нецели 48 часа.

 

The post Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Пет лица загинале во петокот во источен Авганистан во новите потреси кои го погодија подрачјето во близина на епицентарот од разорниот земјотрес со магнитуда 6,1 во средата утрото, рече високиот авганистански функционер. „Утрово се случи уште еден потрес во Пактика во округот Гајан, според првите информации .. пет лица загинале“, рекол за Reuters портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Шарафат Заман. На интернет страницата на Американскиот геолошки завод (USGS) е објавено дека земјотресот со магнитуда 4,3 е регистриран во близина на границата со Пакистан во петокот во 3,43 часот по средноевропско време. Во меѓувреме авганистанските власти ја завршија потрагата по преживеаните од земјотресот во средата во кој загинаа 1.150 луѓе, изјавил во петокот висок претставник на владата. Додал дека резервите од лекови и друга итна помош се несоодветни. Повредени се уште околу 2.000 лица, а 10.000 куќи се делумно или целосно уништени во земјотресот од средата во областа на границата со Пакистан, рекол за Reuters Мохамад Насим Хакани, портпаролот на министерството за катастрофи. „Операцијата на потрага и спасување е завршена, 1.000 се мртви а повредени се околу 2.000, со тешки или со површински рани“, рекол Хакани, но не појаснил зошто потрагата по преживеаните се запира по само нецели 48 часа.  

The post Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан appeared first on Република.

]]>
10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/10-patnici-se-pronajdeni-mrtvi-a-16-se-ischeznati-otkako-potona-turistichki-brod-vo-japonija/ Sun, 24 Apr 2022 10:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=493014

Во Јапонија пронајдени се десет од вкупно 26 лица кои исчезнаа вчера откако туристичкиот брод КАЗУ 1 испрати сигнали за потонување.

Лицата се пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо област каде се случи и исчезнувањето на бројот, а повикувајќи се на потврда од јапонската крајбрежна стража ТВ каналот НХК објави дека десетте лица кои беа пронајдени се мртви.

Според информациите кои се објавени, три од пронајдените тела се жени, а седуммина мажи. Претходно беше соопштено дека пронајдените се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот.

На бродот имало 24 туристи, меѓу кои и две деца, како и двајца членови на екипажот – капетанот и неговиот помошник.

Во потрагата по останатите 16 лица се вклучени и крајбрежната стража и војската,а како што пишуваат медиумите, шансите некој да преживеал се мали со оглед на студените води со дневни температури од 2-3 степени.

The post 10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Во Јапонија пронајдени се десет од вкупно 26 лица кои исчезнаа вчера откако туристичкиот брод КАЗУ 1 испрати сигнали за потонување. Лицата се пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо област каде се случи и исчезнувањето на бројот, а повикувајќи се на потврда од јапонската крајбрежна стража ТВ каналот НХК објави дека десетте лица кои беа пронајдени се мртви. Според информациите кои се објавени, три од пронајдените тела се жени, а седуммина мажи. Претходно беше соопштено дека пронајдените се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот. На бродот имало 24 туристи, меѓу кои и две деца, како и двајца членови на екипажот – капетанот и неговиот помошник. Во потрагата по останатите 16 лица се вклучени и крајбрежната стража и војската,а како што пишуваат медиумите, шансите некој да преживеал се мали со оглед на студените води со дневни температури од 2-3 степени.

The post 10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Се истражува мистериозната смрт на двајца руски олигарси и нивните семејства кои биле пронајдени мртви во рок од неколку дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-istrazuva-misterioznata-smrt-na-dvajca-ruski-oligarsi-i-nivnite-semejstva-koi-bile-pronajdeni-mrtvi-vo-rok-od-nekolku-dena/ Fri, 22 Apr 2022 14:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=492324

Се истражува мистериозната смрт на двајца руски олигарси и нивните семејства кои биле пронајдени мртви во рок од неколку дена.

Рускиот милионер Сергеј Протосења и неговото семејство се пронајдени мртви во нивната вила во Љорет дел Мар. Полицијата се сомнева дека  55-годишниот Протосења ги убил сопругата и ќерката со секира и нож, пред да се обеси. Неговото тело е пронајдено во дворот на вилата.

Протосења седум години бил потпретседател на руската компанија за природен гас „Новатек“ и неговото богатство се проценуваше на 330 милиони долари.

Претходно, во стан во Москва во понеделникот биле пронајдени телата на уште еден руски мултимилионер и на неговите сопруга и ќерка. Медиумите во Русија објавија дека 51-годишниот Владислав Авајев бил застрелан, исто како и трудната сопруга Јелена и 13-годишната ќерка Марија. Според сознанијата на полицијата Авајев го убил своето семејство, по што се самоубил, но полицијата истражува и други траги.

Авајев беше потпретседател на „Газпромбанк“, третата најголема банка во Русија, пред ненадејно да поднесе оставка. Тој исто така порано бил функционер во Кремљ.

The post Се истражува мистериозната смрт на двајца руски олигарси и нивните семејства кои биле пронајдени мртви во рок од неколку дена appeared first on Република.

]]>

Се истражува мистериозната смрт на двајца руски олигарси и нивните семејства кои биле пронајдени мртви во рок од неколку дена. Рускиот милионер Сергеј Протосења и неговото семејство се пронајдени мртви во нивната вила во Љорет дел Мар. Полицијата се сомнева дека  55-годишниот Протосења ги убил сопругата и ќерката со секира и нож, пред да се обеси. Неговото тело е пронајдено во дворот на вилата. Протосења седум години бил потпретседател на руската компанија за природен гас „Новатек“ и неговото богатство се проценуваше на 330 милиони долари. Претходно, во стан во Москва во понеделникот биле пронајдени телата на уште еден руски мултимилионер и на неговите сопруга и ќерка. Медиумите во Русија објавија дека 51-годишниот Владислав Авајев бил застрелан, исто како и трудната сопруга Јелена и 13-годишната ќерка Марија. Според сознанијата на полицијата Авајев го убил своето семејство, по што се самоубил, но полицијата истражува и други траги. Авајев беше потпретседател на „Газпромбанк“, третата најголема банка во Русија, пред ненадејно да поднесе оставка. Тој исто така порано бил функционер во Кремљ.

The post Се истражува мистериозната смрт на двајца руски олигарси и нивните семејства кои биле пронајдени мртви во рок од неколку дена appeared first on Република.

]]>
Високонапонски кабел пукна во Киншаса и усмрти 25 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/visokonaponski-kabel-pukna-vo-kinshasa-i-usmrti-25-lica/ Wed, 02 Feb 2022 12:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=452961

Најмалку 25 луѓе загинаа денеска кога високонапонски кабел за струја пукна и падна врз куќи и пазар во предградие на Киншаса, главниот град на Конго, соопшти полицијата.

Електричен кабел со висок напон падна врз неколку куќи во областа Матади-Кибала и врз пазарот, а неколку луѓе загинаа на самото место, изјави началникот на полицијата во Киншаса, Силвано Касонго, пренесува Би-Би-Си.

 

The post Високонапонски кабел пукна во Киншаса и усмрти 25 лица appeared first on Република.

]]>

Најмалку 25 луѓе загинаа денеска кога високонапонски кабел за струја пукна и падна врз куќи и пазар во предградие на Киншаса, главниот град на Конго, соопшти полицијата.
Електричен кабел со висок напон падна врз неколку куќи во областа Матади-Кибала и врз пазарот, а неколку луѓе загинаа на самото место, изјави началникот на полицијата во Киншаса, Силвано Касонго, пренесува Би-Би-Си.
 

The post Високонапонски кабел пукна во Киншаса и усмрти 25 лица appeared first on Република.

]]>