мртвачко возило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtvachko-vozilo/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Nov 2022 16:25:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мртвачко возило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtvachko-vozilo/ 32 32 Во Париз дизајнирано погребално возило придвижено од велосипед https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-pariz-dizajnirano-pogrebalno-vozilo-pridvizeno-od-velosiped/ Tue, 01 Nov 2022 16:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=568408

Во Париз почна да функционира мртовечко возило што го придвижува велосипед. Целта е да се намали загадувањето, а новото возило нуди и дискретна замена за традиционалните погребни возила - со помал шум, објави интернет-страницата „Париз сикрет“ (Paris Secret).

Иновацијата во облик на велосипедска погребна кола е на компанијата „Ле сијел ет ла тер“ (Le Ciel & la Terre). Новото возило, кое некому може да изгледа бизарно како мешавина од „иновација и екстраваганција“, е дизајн на компанија со седиште во Нант, Франција, која произведува мини-каравани.

Изабел Плумеро, претставничка на фирмата изјави дека целта е да се предложи нешто поинакво, да се покаже дека „покојникот сѐ уште е во средиштето на вниманието“ на погребот, но сѐ тоа да биде и „посовремено“ претставено.

Според неа, превозот на ковчегот со велосипед нуди „еколошки, потивок и почовечен пристап“ кон концептот на погребната поворка.

Возилото долго 3,6 метри се движи со електричен велосипед што „го турка“ одзади. Ковчегот е поставен на платформа со тркала, има дел за цвеќиња и венци, како и хоризонтален рачен држач за придружбата до ковчегот.

The post Во Париз дизајнирано погребално возило придвижено од велосипед appeared first on Република.

]]>

Во Париз почна да функционира мртовечко возило што го придвижува велосипед. Целта е да се намали загадувањето, а новото возило нуди и дискретна замена за традиционалните погребни возила - со помал шум, објави интернет-страницата „Париз сикрет“ (Paris Secret). Иновацијата во облик на велосипедска погребна кола е на компанијата „Ле сијел ет ла тер“ (Le Ciel & la Terre). Новото возило, кое некому може да изгледа бизарно како мешавина од „иновација и екстраваганција“, е дизајн на компанија со седиште во Нант, Франција, која произведува мини-каравани. Изабел Плумеро, претставничка на фирмата изјави дека целта е да се предложи нешто поинакво, да се покаже дека „покојникот сѐ уште е во средиштето на вниманието“ на погребот, но сѐ тоа да биде и „посовремено“ претставено. Според неа, превозот на ковчегот со велосипед нуди „еколошки, потивок и почовечен пристап“ кон концептот на погребната поворка. Возилото долго 3,6 метри се движи со електричен велосипед што „го турка“ одзади. Ковчегот е поставен на платформа со тркала, има дел за цвеќиња и венци, како и хоризонтален рачен држач за придружбата до ковчегот.

The post Во Париз дизајнирано погребално возило придвижено од велосипед appeared first on Република.

]]>