мртовечница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtovechnica/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 10:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мртовечница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mrtovechnica/ 32 32 Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/povozrasen-chovek-srede-nok-povikal-politsija-i-pobaral-da-go-iznesat-od-mrtovechnitsata/ Sat, 20 Apr 2024 10:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=768356

Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филм.

Се почнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од повозрасен човек. Со исплашен глас тој побарал да го изнесат од мртовечница!

Полиција, како да ви помогнеме“, рекол диспечерот.

Човекот од другата страна на линијата одговорил:

Заклучен сум“.

Изненадениот службеник продолжил со прашања:

Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?“.

Полицискиот службеник за момент помислил дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.

Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.

Тој дал и адреса која се покажала како точна.

Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.

Господине, знаете ли како стигнавте таму“, било следното прашање.

По некое време дошол одговорот:

Да... Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.

Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно побрзо.

Имало многу луди повици за време на ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.

The post Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филм. Се почнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од повозрасен човек. Со исплашен глас тој побарал да го изнесат од мртовечница!
Полиција, како да ви помогнеме“, рекол диспечерот.
Човекот од другата страна на линијата одговорил:
Заклучен сум“.
Изненадениот службеник продолжил со прашања:
Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?“.
Полицискиот службеник за момент помислил дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.
Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.
Тој дал и адреса која се покажала како точна. Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.
Господине, знаете ли како стигнавте таму“, било следното прашање.
По некое време дошол одговорот:
Да... Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.
Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно побрзо.
Имало многу луди повици за време на ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.

The post Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата appeared first on Република.

]]>
Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/upravitelot-na-mrtovechnitsa-na-prestizhniot-harvard-obvinet-za-prodazhba-na-chovechki-ostanki/ Thu, 15 Jun 2023 09:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=651646

Седрик Лоџ управител на мртовечница на унивезитетот Харвард е обвинет дека наводно земал глави, мозоци, кожа и коски од трупови донирани на Медицинскиот факултет на универзитетот и ги продавал на интернет.

Според обвинението покренато од американското обвинителство на Пенсилванија педесет и пет годишниот Лоџ доби отказ на 6 мај, a заедно со неговата сопруга се обвинети за продавање органи од починати лица на црниот пазар во период од 2018 до 2022 година, пишува Би-Би-Си.

Студентите од Харвард вежбаат медицински процедури на донирани тела. После тоа, телата често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се вели во обвинението.

„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволуваше други луѓе да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.

Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле и Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лоун, Пенсилванија.

Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожа. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во трговијата складирала и продавала делови од човечко тело.

Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на управителот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.

The post Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци appeared first on Република.

]]>

Седрик Лоџ управител на мртовечница на унивезитетот Харвард е обвинет дека наводно земал глави, мозоци, кожа и коски од трупови донирани на Медицинскиот факултет на универзитетот и ги продавал на интернет. Според обвинението покренато од американското обвинителство на Пенсилванија педесет и пет годишниот Лоџ доби отказ на 6 мај, a заедно со неговата сопруга се обвинети за продавање органи од починати лица на црниот пазар во период од 2018 до 2022 година, пишува Би-Би-Си. Студентите од Харвард вежбаат медицински процедури на донирани тела. После тоа, телата често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се вели во обвинението.
„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволуваше други луѓе да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.
Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле и Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лоун, Пенсилванија. Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожа. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во трговијата складирала и продавала делови од човечко тело. Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на управителот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.

The post Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци appeared first on Република.

]]>
Невообичаена, но ефикасна мерка: Пијаните возачи бањаат мртовци во мртовечница https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/nevoobichaena-no-efikasna-merka-pijanite-vozachi-banjaat-mrtovci-vo-mrtovechnica/ Tue, 16 Aug 2022 10:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=540856

Освен што треба да ја дадат речиси целата плата за да си ја вратат возачката, пијаните возачи во Молдавија од 2019 година казната ја отслужуваат во мртовечница. Иако звучи бизарно, оваа мерка се покажала ефикасна, па бројот на пијани возачи опаѓа во оваа црноморска земја.

Земјата има сериозен проблем со алкохол зад воланот. Барајќи добро решение, властите се сетиле на оваа мерка, која пак се покажала од прва.

Возачите во Молдавија на кои им е одземена возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол, можат да ја добијат назад ако платат околу 200 евра (просечната плата е околу 270 евра).

Треба да му помагаат на медицинскиот персонал во болниците при пружање помош на жртви од сообраќајни несреќи, а кога помошта тука не е потребна, што е многу често, ги препраќаат на друго одделение – во мртовечница.

Програмата започнала во главниот град Кишињев во 2019 година со 6 возачи кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден од нив се откажал неколку минути откако почнал да помага во мртовечница. Возачите велат дека за нив е многу тешко да работат во мртовечница. За 3 години 600 возачи морале да работат во мртовечница.

The post Невообичаена, но ефикасна мерка: Пијаните возачи бањаат мртовци во мртовечница appeared first on Република.

]]>

Освен што треба да ја дадат речиси целата плата за да си ја вратат возачката, пијаните возачи во Молдавија од 2019 година казната ја отслужуваат во мртовечница. Иако звучи бизарно, оваа мерка се покажала ефикасна, па бројот на пијани возачи опаѓа во оваа црноморска земја. Земјата има сериозен проблем со алкохол зад воланот. Барајќи добро решение, властите се сетиле на оваа мерка, која пак се покажала од прва. Возачите во Молдавија на кои им е одземена возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол, можат да ја добијат назад ако платат околу 200 евра (просечната плата е околу 270 евра). Треба да му помагаат на медицинскиот персонал во болниците при пружање помош на жртви од сообраќајни несреќи, а кога помошта тука не е потребна, што е многу често, ги препраќаат на друго одделение – во мртовечница. Програмата започнала во главниот град Кишињев во 2019 година со 6 возачи кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден од нив се откажал неколку минути откако почнал да помага во мртовечница. Возачите велат дека за нив е многу тешко да работат во мртовечница. За 3 години 600 возачи морале да работат во мртовечница.

The post Невообичаена, но ефикасна мерка: Пијаните возачи бањаат мртовци во мртовечница appeared first on Република.

]]>