МР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mr/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mr/ 32 32 Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-koi-ne-doagaat-na-mr-i-na-mamografija-na-vreme-da-gi-otkazhuvaat-terminite-apelira-zamenik-ministerkata-za-zdravstvo/ Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=747024

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.

Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.

Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата.

-Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/

 

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.
Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.
Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата. -Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/  

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>
Државен завод за ревизија: Апаратите за Магнетна резонанца фаќаат прашина, ист број на прегледи со двојно повеќе апарати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhaven-zavod-za-revizija-aparatite-za-magnetna-rezonantsa-fakaat-prashina-ist-broj-na-pregledi-so-dvojno-poveke-aparati/ Tue, 23 Jan 2024 11:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=735881

Иако бројот на апарати за магнетна резонанца од 2017 година досега се удвоил, бројот на прегледи не се зголемил во 2022 година, објави Државниот завод за ревизија. Во 2017 во државата имало седум, додека во 2022 година 14 апарати за магнетна резонанца.

Заводот изврши ревизија на тоа колку граѓаните добиваат навремени и квалитетни здравствени услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца во периодот од 2019 до 2022 година.

Ревизорите утврдиле дека и покрај остварениот напредок во поглед на обезбедување на седум нови покрај постојните осум апарати за МР во јавното здравство во последните три години, истите не се доволно искористени, а донесените политики и преземените мерки и активности од надлежните институции и здравствените установи не секогаш обезбедуваат достапни и квалитетни здравствени услуги со МР за осигурениците.

Годишниот просек на извршени 2.800 услуги по апарат, е под просекот на европските држави кој се движи од 4 до 9 илјади снимања годишно по апарат.

Според податоците од ДЗР, апаратите за магнетна резонанца најмалку се користи во Тетово, додека најмногу во Битола.

Само во три Јавни здравствени установи се вршат снимања со МР за сите дијагностики. Во останатите нема доволно обучен кадар или имаат неисправни коили, односно антенти и поради тоа се вршат само одредени снимања.

Снимања за доенчиња и мали деца се вршат само во две ЈЗУ кои имаат обучен кадар.

-Дел од ЈЗУ немаат воспоставено ПАКС систем, поради што нема комплетна архива на МР снимки и не може да се потврди вкупниот број на извршени снимања. Исто така, не секогаш се запазува правилото за читање на снимките од МР на работната единица на апаратот или во ПАКС систем со потребната резолуција и квалитет на снимка. Повеќето ЈЗУ работат според воспоставена пракса и немаат донесени процедури и воспоставен систем на внатрешни контроли за процесот на прием на пациентите, вршење на услугите, издавање на резултатите, изготвување пресметка и наплата на партиципацијата, а во дел не се води медицински дневник. Наведеното влијае на намален квалитет на здравствените услуги, на остварувањето на правата за осигурениците, како и на исходот и зголемувањето на трошоците за понатамошно лекување, велат од Државниот завод за ревизија.

 

The post Државен завод за ревизија: Апаратите за Магнетна резонанца фаќаат прашина, ист број на прегледи со двојно повеќе апарати appeared first on Република.

]]>

Иако бројот на апарати за магнетна резонанца од 2017 година досега се удвоил, бројот на прегледи не се зголемил во 2022 година, објави Државниот завод за ревизија. Во 2017 во државата имало седум, додека во 2022 година 14 апарати за магнетна резонанца. Заводот изврши ревизија на тоа колку граѓаните добиваат навремени и квалитетни здравствени услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца во периодот од 2019 до 2022 година. Ревизорите утврдиле дека и покрај остварениот напредок во поглед на обезбедување на седум нови покрај постојните осум апарати за МР во јавното здравство во последните три години, истите не се доволно искористени, а донесените политики и преземените мерки и активности од надлежните институции и здравствените установи не секогаш обезбедуваат достапни и квалитетни здравствени услуги со МР за осигурениците. Годишниот просек на извршени 2.800 услуги по апарат, е под просекот на европските држави кој се движи од 4 до 9 илјади снимања годишно по апарат. Според податоците од ДЗР, апаратите за магнетна резонанца најмалку се користи во Тетово, додека најмногу во Битола. Само во три Јавни здравствени установи се вршат снимања со МР за сите дијагностики. Во останатите нема доволно обучен кадар или имаат неисправни коили, односно антенти и поради тоа се вршат само одредени снимања. Снимања за доенчиња и мали деца се вршат само во две ЈЗУ кои имаат обучен кадар. -Дел од ЈЗУ немаат воспоставено ПАКС систем, поради што нема комплетна архива на МР снимки и не може да се потврди вкупниот број на извршени снимања. Исто така, не секогаш се запазува правилото за читање на снимките од МР на работната единица на апаратот или во ПАКС систем со потребната резолуција и квалитет на снимка. Повеќето ЈЗУ работат според воспоставена пракса и немаат донесени процедури и воспоставен систем на внатрешни контроли за процесот на прием на пациентите, вршење на услугите, издавање на резултатите, изготвување пресметка и наплата на партиципацијата, а во дел не се води медицински дневник. Наведеното влијае на намален квалитет на здравствените услуги, на остварувањето на правата за осигурениците, како и на исходот и зголемувањето на трошоците за понатамошно лекување, велат од Државниот завод за ревизија.  

The post Државен завод за ревизија: Апаратите за Магнетна резонанца фаќаат прашина, ист број на прегледи со двојно повеќе апарати appeared first on Република.

]]>