МПЦ ОА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpts-oa/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 13:08:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МПЦ ОА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpts-oa/ 32 32 ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-no-nema-da-odi-na-protestot-na-mpts/ Thu, 29 Jun 2023 13:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=656463

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“.

ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.

Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

The post ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“. ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.
Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

The post ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, но нема да оди на протестот на МПЦ appeared first on Република.

]]>
ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poa-na-vranishkovski-ofitsijalno-tselosno-preminuva-vo-mpts-oa/ Wed, 28 Jun 2023 19:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=656194

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.

 

Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.

Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.

За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.
Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.   Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.
Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители. За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

The post ПОА на Вранишковски официјално целосно преминува во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-svetata-arhierejska-liturgija-vo-sveta-sofija-vo-ohrid/ Mon, 05 Jun 2023 07:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=647868

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ). Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.
На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-patrijarh-v-ponedelnik-ke-ja-vodi-sluzhbata-na-obedinuvane-vo-sveta-sofija/ Thu, 01 Jun 2023 18:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=646972

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким.

На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.

 

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА. Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким. На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин. Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ. Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.  

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>