мпц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpc/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 11:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мпц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpc/ 32 32 Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Sun, 14 Jan 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=732780

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови.

Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира.

Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови. Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.
Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>
Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-toa-shto-razgovaravme-so-dedo-stefan-i-patrijarhot-irinej-za-priznavaneto-na-mpts-ke-go-odnesam-gore-kaj-gospod/ Tue, 12 Dec 2023 17:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=722233

Адвокатот Тома Фила во интервјуто за „Република“ сподели детали за тоа како течеле преговорите за признавање на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ за кое и тој има удел.Фила вели дека тоа што го зборувале со архиепископот Стефан и Патријархот Иринеј на иста маса ветил дека ќе го однесе горе кај Господ и нема никогаш да го каже.

Тајна ќе остане и сето она што го знае на Аркан и Слободан Милошевиќ, вели Фила.

За признавањето на МПЦ јас бев со дедо Стефан и со Патријархот Иринеј.Бев третиот човек во преговорите.Тоа што се преговораше ќе однесам во гроб.Затоа се заколнав.Исто и за Милошевиќ  и Аркан.Имам многу сознанија но има професионална тајна помеѓу тој што го бранам и адвокатот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toma-fila-za-republika-ima-golemi-propusti-vo-istragata-za-vana-voziloto-moralo-da-bide-pronajdeno/

https://republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-odbiv-da-branam-sluchaj-slichen-kakov-vana-na-ubiets-i-siluvach-na-dete/

https://www.youtube.com/watch?v=2BUGU6wqn5U

The post Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Тома Фила во интервјуто за „Република“ сподели детали за тоа како течеле преговорите за признавање на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ за кое и тој има удел.Фила вели дека тоа што го зборувале со архиепископот Стефан и Патријархот Иринеј на иста маса ветил дека ќе го однесе горе кај Господ и нема никогаш да го каже. Тајна ќе остане и сето она што го знае на Аркан и Слободан Милошевиќ, вели Фила.
За признавањето на МПЦ јас бев со дедо Стефан и со Патријархот Иринеј.Бев третиот човек во преговорите.Тоа што се преговораше ќе однесам во гроб.Затоа се заколнав.Исто и за Милошевиќ  и Аркан.Имам многу сознанија но има професионална тајна помеѓу тој што го бранам и адвокатот.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/toma-fila-za-republika-ima-golemi-propusti-vo-istragata-za-vana-voziloto-moralo-da-bide-pronajdeno/ https://republika.mk/vesti/balkan/toma-fila-odbiv-da-branam-sluchaj-slichen-kakov-vana-na-ubiets-i-siluvach-na-dete/ https://www.youtube.com/watch?v=2BUGU6wqn5U

The post Тома Фила: Тоа што разговаравме со дедо Стефан и патријархот Иринеј за признавањето на МПЦ ќе го однесам горе кај Господ appeared first on Република.

]]>
МПЦ слави неколку светители https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mpts-slavi-nekolku-svetiteli/ Sat, 02 Dec 2023 07:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=718534

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Тропар

Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре.

И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот.

Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора.

По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја.

Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог.

Тропар

Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат.

Кондак

На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква денеска празнува неколку светители.

Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во с ? како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно. Тропар Велик е животот на преведнкот пред Господа, и него наградата не го одминува, така ти Авдие, Божји пророче, дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна, која во себе ќе ги удоми децата, од нив сега прими пофалба торжествена во сите векови.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа с ѐ на с ѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.

Преподобен Порфириј Кавсокаливит

Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора. По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја. Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог. Тропар Како награда за трудовите и благочестивиот живот, Порфирие, Господ од висините ти даде благодат мудро да ги предзнаеш идните нешта; свештен цвету на Eвија, ти од Атон таинствено се пресади во градините на бескрајната слава, за да се молиш на Христа за оние кои те восхвалуваат. Кондак На Евија рожба, на вселената веселба, на богословието тајник и на Христа искрен пријател, Порфириј го чествуваме, верни, со благодат од младост исполнет. Измачувани се тешат, болни се лечат, верно повикувајќи: слава на Тој што те укрепи, слава на Тој што те освети, слава на Тој што преку тебе ни дарува чудеса.

The post МПЦ слави неколку светители appeared first on Република.

]]>
Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vecherna-bogosluzhba-i-litija-vo-tsrkvata-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa-vo-skopje/ Wed, 20 Sep 2023 16:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=683544

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.

Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.

The post Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, попладнево се служи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. На богослужба присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан. Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје. Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата. Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.

The post Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Денеска e Црковна Нова година, се празнуваат овие светители https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-tsrkovna-nova-godina-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/ Thu, 14 Sep 2023 09:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=681624

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември (14 септемвбри според новиот календар). Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 – 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Тропар

Создателу на сите твари, Кој времињата и годините во Своја власт ги положи, благослови го венецот на годината на Твојата добрина, Господи, запазувајќи го благоверниот народ во мир, и градот Твој, по молитвите на Богородица, и спаси н?.

Кондак

Христе Цару, Кој живееш во висините; Создателу и Градителу на с? видливо и невидливо, Кој си ги создал деновите и ноќите, времињата и годините, благослови го и сега венецот на годинава, сочувај го и запази го во мир православниот народ наш, градот (селото) и луѓето Твои, Многумилостиве.

Преподобен Симеон Столпник

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ? рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“ Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаш на сите; на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои изобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 1 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

Тропар

Симеоне, свети подвижниче, подвиг пред Господа голем принесе, надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна. Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот постави, да свети по сите краишта земни, да се распространува светлината Христова, преку душа која Нему Му е угодна, по твоите молитви, отче свети, да се соберат сите од Бога создадени, и да поверуваат во Неговата сила спасителна.

Свети Исус Навин

Водач на еврејскиот народ после смртта Мојсеева. Тој и Халев единствени од неколкуте стотици илјади Евреи влегоа во Ветената Земја. (За неговата верност кон Бога, за неговите чуда и дела, читај во Книгата на Исус Навин). Поживеа сто и десет години и се упокои околу 1440 година пред раѓањето на Исус Христос.

Тропар

Господ беше со тебе, Исусе Навине, заради праведноста света твоја: сонцето те послуша, Јордан се раздели, и земјата ветена во наследство ти припадна, каде народот Израелски глава потслони. Радувај се, Божји слуго, и пред престолот на Вишниот застапи се, имајќи ги за помошници вишите сили небесни.

The post Денеска e Црковна Нова година, се празнуваат овие светители appeared first on Република.

МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mpts-ja-slavi-sveti-velikomachenitsa-marina/ Sun, 30 Jul 2023 06:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=666783

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Денеска е Св. великомаченица Марина.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка.

Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули. Денеска е Св. великомаченица Марина. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>
Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-sveti-sveshtenomachenik-atinogen-i-negovite-10-uchenitsi/ Sat, 29 Jul 2023 06:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=666494

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули.

Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици.

Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули. Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици. Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени.

The post Денеска е Свети свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици appeared first on Република.

]]>
Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/episkopot-jakov-stobiski-ne-poddrzhuvame-nikakov-govor-na-omraza-povikuvame-na-mirni-protesti/ Tue, 27 Jun 2023 11:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=655670

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура.

-И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и законите да станат официјални, формални законски решенија во нашето општество со целокупната нивна содржина, изјави епископот Јаков Стобиски.

Тој потенцира дека овој собир што го организира МПЦ не е насочен против никого, туку е насочен исклучиво против содржината на овие предлог закони.

-Ние образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базира на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајчќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, вели епископот.

Тој го повтори ставот на црквата дека овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест, заради тоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку, нагласува, ќе се ограничи слободата на говор со оној член којшто се однесува на родова сензитивниот јазик.

Епископот Јаков Стобиски, воедно потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони.

-Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

На новинарско прашање тој изјави дека црквата веќе учествува во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози.

-Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, е за поздравување иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе, вели епископот Јаков Стобиски.

Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

-Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малциска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет, рече епископот Јаков.

Појаснувајќи ги заблешеките на двата закона, тој кажа дека „сме изманипулирани, излажани заради тоа што родот како атрибут на полот, како социјален конструкт на полот не го одвојуваме од полот, и аналогно на тоа ако има два пола има два рода“.

-Овие закони ни носат еден конструкт чудовишна можност, отвораат една пандорина кутија секој ден да излегуваат разно разни родови и секој да биде што ќе посака.  Знаете тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме. Во демократско општество, процесот на градење на законите, мора да зрее и да се обликува паралелно со менталниот склоп и со потребата, но и со подготвеноста на еден народ, на една заедница  да ги прифати промените. Тука чувствуваме дека сериозно се врши насилство врз  нас, на волјата на народот. И да не се обидува никој овој импут, овој коректив, овој рефлекс бунтовен што црквата го испраќа во општеството, да се спинува, и да се става во некаков поинаков контекст. Импулсот на црквата, рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти од овој народ. Не само верните чеда на МПЦ, ние се знаеме меѓусебно, туку и на браќата муслимани протестанти, Евреи и на другите верски заедници, на другите етникуми коишто живеат овде. Ние сме мала земја се знаеме. Знаеме дека ова не е наша реалности не сакаме да биде. Тоа е целта  на протестот, порачува епископот Јаков.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава.

-Тука сме едногласни во духот на соопштението коешто е доставен до сите медиуми. Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство, вели претставникот на МПЦ.

The post Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести appeared first on Република.

]]>

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура. -И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и законите да станат официјални, формални законски решенија во нашето општество со целокупната нивна содржина, изјави епископот Јаков Стобиски. Тој потенцира дека овој собир што го организира МПЦ не е насочен против никого, туку е насочен исклучиво против содржината на овие предлог закони.
-Ние образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базира на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајчќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, вели епископот.
Тој го повтори ставот на црквата дека овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест, заради тоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку, нагласува, ќе се ограничи слободата на говор со оној член којшто се однесува на родова сензитивниот јазик. Епископот Јаков Стобиски, воедно потенцира дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, на овој протест, бидејќи, вели, тој е насочен исклучиво против содржината на овие закони. -Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот. На новинарско прашање тој изјави дека црквата веќе учествува во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози. -Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, е за поздравување иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе, вели епископот Јаков Стобиски. Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. -Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малциска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет, рече епископот Јаков. Појаснувајќи ги заблешеките на двата закона, тој кажа дека „сме изманипулирани, излажани заради тоа што родот како атрибут на полот, како социјален конструкт на полот не го одвојуваме од полот, и аналогно на тоа ако има два пола има два рода“.
-Овие закони ни носат еден конструкт чудовишна можност, отвораат една пандорина кутија секој ден да излегуваат разно разни родови и секој да биде што ќе посака.  Знаете тоа е нешто на што не сме навикнати, не го сакаме и не го прифаќаме. Во демократско општество, процесот на градење на законите, мора да зрее и да се обликува паралелно со менталниот склоп и со потребата, но и со подготвеноста на еден народ, на една заедница  да ги прифати промените. Тука чувствуваме дека сериозно се врши насилство врз  нас, на волјата на народот. И да не се обидува никој овој импут, овој коректив, овој рефлекс бунтовен што црквата го испраќа во општеството, да се спинува, и да се става во некаков поинаков контекст. Импулсот на црквата, рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти од овој народ. Не само верните чеда на МПЦ, ние се знаеме меѓусебно, туку и на браќата муслимани протестанти, Евреи и на другите верски заедници, на другите етникуми коишто живеат овде. Ние сме мала земја се знаеме. Знаеме дека ова не е наша реалности не сакаме да биде. Тоа е целта  на протестот, порачува епископот Јаков.
Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава. -Тука сме едногласни во духот на соопштението коешто е доставен до сите медиуми. Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство, вели претставникот на МПЦ.

The post Eпископот Јаков Стобиски: Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-sas-na-mpts-oa/ Tue, 27 Jun 2023 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=655604

Прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА appeared first on Република.

]]>

Прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на САС на МПЦ – ОА appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-organizira-protest-protiv-zakonot-za-rodovna-ednakvost-za-nashite-detsa-za-nashata-idnina/ Fri, 23 Jun 2023 07:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=654280

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.

Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.

Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот.

Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.

За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.

За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење .

Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост.

Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет.

Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.
Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.
Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот. Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.
За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.
За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење . Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост. Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.  

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>
МПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpts-gi-prifati-vo-svoja-kanonska-jurisdiktsija-arhijereite-na-poraneshnata-poa/ Tue, 20 Jun 2023 14:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=653433

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, денеска ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија.

Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски, Дељадровско-илинденската епархија - епископот г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски, Делчевско-каменичката епархија - епископот г. Марко, со титула епископ делчевско-каменички, а епископот г. Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски.

Со света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид на 5 јуни овој месец беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со МПЦ-ОА. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

На денешната седница на Синодот биле разгледни повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што биле усвоени годишните епархиски извештаи, како во земјава, така и во дијаспората. Синодот ја проследил и дејноста на црковните воспитно-образовни институции, при што е распишан и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и Средното богословско училиште.

Светиот архијерејски синод на денешната седница ги разгледал предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразил особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од, како што наведуваат сите верски заедници, кои претставуваат над 95 отсто од населението.

Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка - семејството. Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред сѐ нашите деца, се вели во соопштението на Синодот.

Во соопштението уште повикуваат во, како што наведуваат, оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да им се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи.

Заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 точка 5 од Предлог-законот и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, нагласува Светиот синод.

The post МПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, денеска ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија. Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски, Дељадровско-илинденската епархија - епископот г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски, Делчевско-каменичката епархија - епископот г. Марко, со титула епископ делчевско-каменички, а епископот г. Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски. Со света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид на 5 јуни овој месец беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со МПЦ-ОА. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. На денешната седница на Синодот биле разгледни повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што биле усвоени годишните епархиски извештаи, како во земјава, така и во дијаспората. Синодот ја проследил и дејноста на црковните воспитно-образовни институции, при што е распишан и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и Средното богословско училиште. Светиот архијерејски синод на денешната седница ги разгледал предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразил особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од, како што наведуваат сите верски заедници, кои претставуваат над 95 отсто од населението.
Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка - семејството. Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред сѐ нашите деца, се вели во соопштението на Синодот.
Во соопштението уште повикуваат во, како што наведуваат, оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да им се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи.
Заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 точка 5 од Предлог-законот и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, нагласува Светиот синод.

The post МПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА appeared first on Република.

]]>
Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/ Tue, 13 Jun 2023 12:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=650902

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.

Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.

Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.

Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.

Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј.

Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.

Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.

Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.

Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.
Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.
Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.
Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.
Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј. Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.
Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.
Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.
Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>
Денеска се празнуваат овие светители https://arhiva3.republika.mk/vesti/deneska-se-praznuvaat-ovie-svetiteli/ Wed, 07 Jun 2023 06:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=648637

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители:

Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.

Тропар
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој н? спасува од распадливоста со твоите молитви.

Кондак
Оној што во овој свет е светлоносен и божествен столб, Светилник на Сонцето – Претечата, кој својата божествена и светлоносна глава ? ја покажа на целата земја, тој ги осветува оние што со вера се поклонуваат и повикуваат: Христов премудар Крстителу, спаси н? сите нас.

Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски

The post Денеска се празнуваат овие светители appeared first on Република.

]]>

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители: Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Тропар Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој н? спасува од распадливоста со твоите молитви. Кондак Оној што во овој свет е светлоносен и божествен столб, Светилник на Сонцето – Претечата, кој својата божествена и светлоносна глава ? ја покажа на целата земја, тој ги осветува оние што со вера се поклонуваат и повикуваат: Христов премудар Крстителу, спаси н? сите нас. Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски

The post Денеска се празнуваат овие светители appeared first on Република.

]]>
Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-porfirij-utre-vo-ohrid-ke-odrzhat-zaednichka-arhierejska-liturgija/ Sun, 04 Jun 2023 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=647753

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) утре во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека утре во цквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.

-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

-По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија appeared first on Република.

]]>

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) утре во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека утре во цквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.Порфириј утре во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија appeared first on Република.

]]>
Календар на МПЦ: Спомен од појавувањето на чесниот крст https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-na-mpts-spomen-od-pojavuvaneto-na-chesniot-krst/ Sat, 20 May 2023 07:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=642864

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај. Денеска се празнува Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим.

Денеска се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес.

Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.

The post Календар на МПЦ: Спомен од појавувањето на чесниот крст appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај. Денеска се празнува Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим. Денеска се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес. Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.

The post Календар на МПЦ: Спомен од појавувањето на чесниот крст appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-statusot-na-mpts-oa-se-ushte-ne-e-razreshen/ Tue, 16 May 2023 12:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=641375

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.

Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“.

-Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.

Во делот за Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“.

Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“.

Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност.

-Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината.

Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината, оценува Стејт департментот.

Се наведува и дека меѓу владата и бекташката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група.

-Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата, се вели во извештајот.

Се додава дека членови на бекташката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми.

Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“.

Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА.

Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Македонија.

Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии.

МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.  Се посочува и дека американскиот амбасадор во Македонија, Анџела П.

Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи.

Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници.

Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта.

Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

The post Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен appeared first on Република.

]]>

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.
  Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.   Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“. -Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества, изјави Блинкен.   Во делот за Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“. Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“.   Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност. -Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината.   Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината, оценува Стејт департментот. Се наведува и дека меѓу владата и бекташката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група. -Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата, се вели во извештајот. Се додава дека членови на бекташката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми. Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“. Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА. Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Македонија. Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии. МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.  Се посочува и дека американскиот амбасадор во Македонија, Анџела П. Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи. Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници. Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта. Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

The post Стејт департмент: Статусот на МПЦ-ОА сè уште не е разрешен appeared first on Република.

]]>
МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpts-ke-se-obedini-so-tsrkvata-na-vranishkovski-negovite-vladitsi-ke-dobijat-del-od-eparhiite/ Tue, 25 Apr 2023 07:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=633770

Синодот на МПЦ-ОА, во полн состав, денеска треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава „религија.мк“.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува „религија.мк“.

Од порталот додаваат дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Повеќе на „Религија.мк

The post МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>

Синодот на МПЦ-ОА, во полн состав, денеска треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава „религија.мк“. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.
Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува „религија.мк“.
Од порталот додаваат дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА. Повеќе на „Религија.мк

The post МПЦ ќе се обедини со црквата на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите appeared first on Република.

]]>
Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-otkazhuvate-od-boga-vo-momentot-koga-na-raka-ke-stavite-martinka-velat-od-mpts/ Wed, 01 Mar 2023 08:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=614466

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата.

Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ appeared first on Република.

]]>

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога. Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва. Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас. Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ appeared first on Република.

]]>
Албанската црква ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија МПЦ да биде црква на „Cеверна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albanskata-tsrkva-ja-pozdravi-odlukata-na-vselenskata-patrijarshija-mpts-da-bide-tsrkva-na-ceverna/ Fri, 24 Feb 2023 21:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=612947

На официјалната страница на Православната автокефална црква на Албанија е објавено соопштение коешто се однесува на нашето црковно прашање, објави Бигорски манастир на својата веб-страница.

Светиот синод на Православната автокефална црква на Албанија (КОАШ), на вчерашната седница, под претседателство на неговото блаженство архиепископот Анастасиј, повторува дека со задоволство ја поздравува одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија од минатиот мај 2022 година, дека „Таа ги прифаќа во евхаристиска заедница јерархијата, свештенството и мирјаните на Црквата под архиепископот Стефан“, стои во објавата.

Се додава дека „како име на оваа црква го признава ‘Охридска’ (што значи дека областа на нејзината јурисдикција се наоѓа само во границите на територија на државата Cеверна Македонија)“.

Во меѓувреме, албанската православна автокефална црква ќе продолжи со практиката да не дава јавни изјави, во очекување на исполнувањето на потребните црковни процедури. Наполно согласна дека со гореспоменатата одлука, нашироко прифатлива, се исцели раната на постојниот раскол и дека мирот и единството на целата полнота се обезбедени, таа го чека дефинитивното регулирање на статусот на автокефалност и точното име на новата помесна Црква, доделена од надлежниот Свештен центар на Вселенската патријаршија“, се наведува во објавата.

The post Албанската црква ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија МПЦ да биде црква на „Cеверна“ appeared first on Република.

Романската црква ја призна МПЦ како Архиепископија Охридска и на Cеверна Македонија, со седиште во Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/romanskta-tsrkva-ja-prizna-mpts-arhiepiskopija-ohridska-i-na-ceverna-makedonija-so-sedishte-vo-skopje/ Fri, 10 Feb 2023 12:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=607384

Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Македонија“.

Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.

The post Романската црква ја призна МПЦ како Архиепископија Охридска и на Cеверна Македонија, со седиште во Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година. Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Македонија“. Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.

The post Романската црква ја призна МПЦ како Архиепископија Охридска и на Cеверна Македонија, со седиште во Скопје“ appeared first on Република.

]]>