МПЦ-ОА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpc-oa/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МПЦ-ОА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mpc-oa/ 32 32 Скандалозно писмо со сочувство од Бугарскиот архиепископ: Архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandalozno-pismo-so-sochuvstvo-od-bugarskiot-arhiepiskop-arhiepiskopot-na-mpts-oa-se-narekuva-negovoto-blazhenstvo-severno-makedonskiot-arhiepiskop-stefan/ Wed, 27 Nov 2024 13:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=842358

Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Македонија, изразуваме искрено сочувство за оваа привремена разделба со нашиот упокоен собрат“! Ова е дел од дегутантниот политички памфлет срочен во еден вака осетлив и тажен момент, чин кога смрт на еден македонски владика се користи за политички поени и понижување на македонскиот народ, црква и држава. Со вакви дневно-полтикантски збоорови во него, бугарскиот патријарх г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски од МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

Претходно, во адресирањето на писмото со сочувство од БПЦ, т.е. од патријархот Даниил, архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан“.

За упатените во црковниот процес за целосно признавање на МПЦ-ОА, како рамноправна црква во светот на православното христијанство, забележливо е тендениозното именување на македонската црква од страна на бугарскиот партијарх како „Православна црква на Македонија“, а архиепископот г.г. Стефан, како „северно-македонски архиепископ“.

Во официјалното именување на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, никаде и никогаш не се споменува додадената географска одредница во името на државата Македонија, наметнато со Преспанскиот договор во 2019 година. Од световно-правен аспект, МПЦ-ОА е независен ентитет во државата Македонија, кој нема обврска да се придржува и да ги исполнува обврските преземени од државата со Преспанскиот договор. Во контекст на процесите на преговори што се водат со Вселенската патријаршија за ингеренциите на МПЦ-ОА, во кои има и обиди за менување на именувањето на македонската црква, адресирањето на сочувството на бугарскиот патријарх и именувањето на ахриепископот г.г. Стефан, имаат (не)скриен тон на негирање на македонскиот карактер на црквата, но и на државата. Секако и тон на подметнување на световна дневна политизација на меѓуцрковните и духовните прашања, дури и во контекст на изразување сочувство.

Во најсвежата колективна македонска меморија, од пред 6-7 години, забележана е и епизодата со идејата Бугарската православна црква да биде мајка-црква во процесот на признавање на МПЦ-ОА, за да се заобиколи Српската православна црква, која до 2022 година ја оспоруваше автокефалноста на македонската црква. Сепак БПЦ не го прифати „ризикот“ да биде мајка-црква на МПЦ-ОА, а СПЦ во мај, 2022 година издаде томос со кој ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА. Но и понатаму се чини дека „македонскиот елемент“ во МПЦ-ОА е трнот во окото на некои од црквите во православната екумена.

The post Скандалозно писмо со сочувство од Бугарскиот архиепископ: Архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан appeared first on Република.

]]>

Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Македонија, изразуваме искрено сочувство за оваа привремена разделба со нашиот упокоен собрат“! Ова е дел од дегутантниот политички памфлет срочен во еден вака осетлив и тажен момент, чин кога смрт на еден македонски владика се користи за политички поени и понижување на македонскиот народ, црква и држава. Со вакви дневно-полтикантски збоорови во него, бугарскиот патријарх г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски од МПЦ-ОА, г. Тимотеј. Претходно, во адресирањето на писмото со сочувство од БПЦ, т.е. од патријархот Даниил, архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан“. За упатените во црковниот процес за целосно признавање на МПЦ-ОА, како рамноправна црква во светот на православното христијанство, забележливо е тендениозното именување на македонската црква од страна на бугарскиот партијарх како „Православна црква на Македонија“, а архиепископот г.г. Стефан, како „северно-македонски архиепископ“. Во официјалното именување на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, никаде и никогаш не се споменува додадената географска одредница во името на државата Македонија, наметнато со Преспанскиот договор во 2019 година. Од световно-правен аспект, МПЦ-ОА е независен ентитет во државата Македонија, кој нема обврска да се придржува и да ги исполнува обврските преземени од државата со Преспанскиот договор. Во контекст на процесите на преговори што се водат со Вселенската патријаршија за ингеренциите на МПЦ-ОА, во кои има и обиди за менување на именувањето на македонската црква, адресирањето на сочувството на бугарскиот патријарх и именувањето на ахриепископот г.г. Стефан, имаат (не)скриен тон на негирање на македонскиот карактер на црквата, но и на државата. Секако и тон на подметнување на световна дневна политизација на меѓуцрковните и духовните прашања, дури и во контекст на изразување сочувство. Во најсвежата колективна македонска меморија, од пред 6-7 години, забележана е и епизодата со идејата Бугарската православна црква да биде мајка-црква во процесот на признавање на МПЦ-ОА, за да се заобиколи Српската православна црква, која до 2022 година ја оспоруваше автокефалноста на македонската црква. Сепак БПЦ не го прифати „ризикот“ да биде мајка-црква на МПЦ-ОА, а СПЦ во мај, 2022 година издаде томос со кој ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА. Но и понатаму се чини дека „македонскиот елемент“ во МПЦ-ОА е трнот во окото на некои од црквите во православната екумена.

The post Скандалозно писмо со сочувство од Бугарскиот архиепископ: Архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан appeared first on Република.

]]>
Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-tsrniche-vikendov-se-slavat-100-godini-hram-sveta-petka/ Sat, 28 Sep 2024 07:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=820462

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј.

Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот.

Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј. Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>
Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-novo-fijasko-na-javna-stsena-sdsm-ushte-ednash-demonstrirashe-nepochituvane-i-omalovazhuvane-na-mpts-oa/ Sat, 07 Sep 2024 11:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=814101

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.

Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.

Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година.

Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.

Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.

Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА.

Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.
Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.
Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година. Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.
Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.
Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА. Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-baraat-vo-nikakov-kontekst-da-nema-makedonija-ili-makedonski/ Fri, 31 May 2024 13:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=783400

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.

Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/

Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.
Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.
https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>
Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-nash-episkop-ja-sovetuva-vselenskata-patrijarshija-deka-imeto-mpts-oa-e-natsionalizam-tvrdi-vladikata-petar/ Mon, 11 Mar 2024 12:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=753646

Очекувам и од Вселенската патријаршија да добиеме Томос, но ако во тој Томос има условувања со зборот „македонска“ во МПЦ-ОА, тоа за мене нема да биде прифатливо, изјави митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој објаснува дека во комуникацијата со елинските цркви нема да може да се користи името МПЦ-ОА, па токму за таа цел е формирана Комисија за разгледување на ова прашање.

Агендата на оваа Комисија е прво да го проучи случајот со Украинската православна црква која доби Томос од Вселенската патријаршија, иако е непризната од Руската православна црква – вели владиката Петар и додава дека МПЦ е под притисок да го признае постоењето на Украинската православна црква.

Владиката Петар вели дека настојувањата за признавање доаѓаат од Вселенската патријаршија иако од МПЦ при првото сослужување со патријархот Вартоломеј било побарано да нема претставници од таа црква што било и испочитувано.

За владиката Петар е беспредметно условувањето на томосот за МПЦ со признавање на Украинската православна црква. Тој вели дека условувањата дошле подоцна, по заедничкото сослужување.

Немаме никаква дискустија дека ние имаме синодален документ од Вселенската патријаршија за заедничко сослужување во кој има три услова. Едниот услов е да го користиме името Охридска архиепископија во секоја комуникација со другите помесни православни цркви. Ние сме се изјасниле како архиереи дека тоа не може да важи на територијата на Македонија – вели владиката Петар потврдувајќи дека не се откажуваат од името МПЦ-ОА по ниедна цена, но прифатливо е и името Јустинијана прима.

Практично МПЦ-ОА е на ставот дека треба да има двојна формула за употребата името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Вториот услов, вели владиката Петар, е дека не смее да се употребува името ни за внатрешна употреба, а јурисдикцијата на црквата, според третиот услов, се ограничува само на територијата на Република Македонија, но не и во дијаспората.

Каде настанаа проблемите? Кога не се продолжија разговорите меѓу нашата Комисија со Комисијата на Цариградската патријаршија. Главниот човек одговорен што Цариградската патријаршија ни ги прави тие условувања е епископот Партениј од Бигорскиот манастир, кој ја советува Цриградската патријаршија дека името МПЦ е национализам. Но, Партениј не е дел од Комисијата и преговорите и неговото мислење нема тежина со Синодот на архиереите на МПЦ-ОА – вели митрополитот Петар.

Владиката вели дека во однос на проблемот со Украинската православна црква е компликуван и дека за нејзиното признавање од наша страна е потребно да се разреши спорот помеѓу Руската православна црква, Московска патријаршија, под чија јурисдикција е формирана, и Цариградската патријаршија која ѝ додели томос за автокефалија.

The post Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар appeared first on Република.

]]>

Очекувам и од Вселенската патријаршија да добиеме Томос, но ако во тој Томос има условувања со зборот „македонска“ во МПЦ-ОА, тоа за мене нема да биде прифатливо, изјави митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. Тој објаснува дека во комуникацијата со елинските цркви нема да може да се користи името МПЦ-ОА, па токму за таа цел е формирана Комисија за разгледување на ова прашање.
Агендата на оваа Комисија е прво да го проучи случајот со Украинската православна црква која доби Томос од Вселенската патријаршија, иако е непризната од Руската православна црква – вели владиката Петар и додава дека МПЦ е под притисок да го признае постоењето на Украинската православна црква.
Владиката Петар вели дека настојувањата за признавање доаѓаат од Вселенската патријаршија иако од МПЦ при првото сослужување со патријархот Вартоломеј било побарано да нема претставници од таа црква што било и испочитувано. За владиката Петар е беспредметно условувањето на томосот за МПЦ со признавање на Украинската православна црква. Тој вели дека условувањата дошле подоцна, по заедничкото сослужување.
Немаме никаква дискустија дека ние имаме синодален документ од Вселенската патријаршија за заедничко сослужување во кој има три услова. Едниот услов е да го користиме името Охридска архиепископија во секоја комуникација со другите помесни православни цркви. Ние сме се изјасниле како архиереи дека тоа не може да важи на територијата на Македонија – вели владиката Петар потврдувајќи дека не се откажуваат од името МПЦ-ОА по ниедна цена, но прифатливо е и името Јустинијана прима.
Практично МПЦ-ОА е на ставот дека треба да има двојна формула за употребата името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Вториот услов, вели владиката Петар, е дека не смее да се употребува името ни за внатрешна употреба, а јурисдикцијата на црквата, според третиот услов, се ограничува само на територијата на Република Македонија, но не и во дијаспората.
Каде настанаа проблемите? Кога не се продолжија разговорите меѓу нашата Комисија со Комисијата на Цариградската патријаршија. Главниот човек одговорен што Цариградската патријаршија ни ги прави тие условувања е епископот Партениј од Бигорскиот манастир, кој ја советува Цриградската патријаршија дека името МПЦ е национализам. Но, Партениј не е дел од Комисијата и преговорите и неговото мислење нема тежина со Синодот на архиереите на МПЦ-ОА – вели митрополитот Петар.
Владиката вели дека во однос на проблемот со Украинската православна црква е компликуван и дека за нејзиното признавање од наша страна е потребно да се разреши спорот помеѓу Руската православна црква, Московска патријаршија, под чија јурисдикција е формирана, и Цариградската патријаршија која ѝ додели томос за автокефалија.

The post Еден наш епископ ја советува вселенската патријаршија дека името МПЦ-ОА е национализам, тврди владиката Петар appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Имаме информации дека луѓе од МПЦ соработуваат со руски служби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-imame-informatsii-deka-luge-od-mpts-sorabotuvaat-so-ruski-sluzhbi/ Fri, 30 Jun 2023 19:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=657007

Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент плус на ТВ 24 претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протестот организиран од МПЦ-ОА.

Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира - за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.

На прашањето дали има руското влијание во протестот на МПЦ-ОА, Пендаровски одговори дека тоа постои, но, сепак, како што посочи, не би било во ред да им се одземе легитимноста на оние што протестирале.

- Руско влијание неспорно имаше и при упадот на 27 април во Собранието, но не можеме да кажеме дека немаше легитимно незадоволство на граѓаните. И сега ако имате повик од највисоката инстанца, Синодот на МПЦ, не може да речеме дека руска служба го натерала дедо Стефан да потпише такво соопштение. Постои легитимна загриженост кај Синодот, не зборувам дали се во право или не се, има аргументи про и контра. Дека ќе има налепено и такви елементи, има, има такви елементи и во највисокото раководство на Синодот тие тоа го знаат. Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни великодостојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји членки, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува, не само со МПЦ, рече Пендаровски.

Според него, и во бизнис заедницата и во политичките партии има луѓе кои се поврзани со руските служби.

- И во бизнис заедницата на високи позиции има луѓе кои одработуваат за Русија додека си го тераат својот бизнис, во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби, и тоа не од сега“, посочи Пендаровски.

The post Пендаровски: Имаме информации дека луѓе од МПЦ соработуваат со руски служби appeared first on Република.

]]>

Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент плус на ТВ 24 претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протестот организиран од МПЦ-ОА. Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира - за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата. На прашањето дали има руското влијание во протестот на МПЦ-ОА, Пендаровски одговори дека тоа постои, но, сепак, како што посочи, не би било во ред да им се одземе легитимноста на оние што протестирале.
- Руско влијание неспорно имаше и при упадот на 27 април во Собранието, но не можеме да кажеме дека немаше легитимно незадоволство на граѓаните. И сега ако имате повик од највисоката инстанца, Синодот на МПЦ, не може да речеме дека руска служба го натерала дедо Стефан да потпише такво соопштение. Постои легитимна загриженост кај Синодот, не зборувам дали се во право или не се, има аргументи про и контра. Дека ќе има налепено и такви елементи, има, има такви елементи и во највисокото раководство на Синодот тие тоа го знаат. Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни великодостојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји членки, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува, не само со МПЦ, рече Пендаровски.
Според него, и во бизнис заедницата и во политичките партии има луѓе кои се поврзани со руските служби.
- И во бизнис заедницата на високи позиции има луѓе кои одработуваат за Русија додека си го тераат својот бизнис, во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби, и тоа не од сега“, посочи Пендаровски.

The post Пендаровски: Имаме информации дека луѓе од МПЦ соработуваат со руски служби appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова: Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kulavkova-transrodnata-prikazna-gi-relativira-identitetite-do-toj-stepen-shto-gi-ukinuva/ Fri, 30 Jun 2023 05:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=656663

Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род.

Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии, рече таа.

Новиот Предлог-закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, посочи академик Катица Ќулавкова во обраќањето на Сенародниот собир пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во организација на МПЦ-ОА.

Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот Закон за родова еднаквост се мешаат категориите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува, рече Ќулавкова.

Нагласи дека се соочуваме со гранични луѓе и додаде:

Се изопачуваат естетските вредности. И самиот предлог закон предвидува Владата да основа Секретаријат за родова еднаквост и цела една мрежа за спроведување на овој закон проследен со казни и други санкции – нагласи Ќулавкова.

Таа праша и зошто треба да се парадира со интимата. Децата, вели академик Ќулавкова, уште не научиле да се изразуваат, без изградена самосвест, веќе се предмет на едукативно моделирање на умот. Тие не се свесни за замките од промената на биолошкиот пол.

Таа рече дека веќе се чувствуваат последиците и оти е време за сериозен дијалог.

Неолибералниот наратив на виножитото требаше да ги симболизира нијансите на идентитетот, со цел да нема дискриминација, а за жал воведува нова дискриминација – рече Ќулавкова, додавајќи дека маргиналните појави стануваат авангардни.

Таа говореше и за вредностите на Западот, каде, како што рече, се случува позитивна дискриминација по трансродова основа.

Се доделуваат финансии на проекти што ги засегаат трансродовите лица, приоритети на ЕУ стануваат трансродовите инденти, а тоа се бара и од аспирантите за членство и земјите-членки, според Ќулавкова.

Приказната за женските права на опшстествена еднаквост со правата на мажите е тажна приказна, оцени таа, објаснувајќи дека кон крајот на 20-от век таа приказна се поткрепи академски и научно со феминистичките студии. Но овие студии за кратко време се претворија во родови студии, нудејќи нова приказна, маргинилизирајќи го основниот идентитет на жената и мажот. По родовите студии следи приказната на трансродовите идентитети, со што симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформираше, оцени академик Ќулавкова на денешниот собир.

The post Ќулавкова: Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува appeared first on Република.

]]>

Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род.
Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии, рече таа.
Новиот Предлог-закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, посочи академик Катица Ќулавкова во обраќањето на Сенародниот собир пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во организација на МПЦ-ОА.
Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот Закон за родова еднаквост се мешаат категориите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува, рече Ќулавкова.
Нагласи дека се соочуваме со гранични луѓе и додаде:
Се изопачуваат естетските вредности. И самиот предлог закон предвидува Владата да основа Секретаријат за родова еднаквост и цела една мрежа за спроведување на овој закон проследен со казни и други санкции – нагласи Ќулавкова.
Таа праша и зошто треба да се парадира со интимата. Децата, вели академик Ќулавкова, уште не научиле да се изразуваат, без изградена самосвест, веќе се предмет на едукативно моделирање на умот. Тие не се свесни за замките од промената на биолошкиот пол. Таа рече дека веќе се чувствуваат последиците и оти е време за сериозен дијалог.
Неолибералниот наратив на виножитото требаше да ги симболизира нијансите на идентитетот, со цел да нема дискриминација, а за жал воведува нова дискриминација – рече Ќулавкова, додавајќи дека маргиналните појави стануваат авангардни.
Таа говореше и за вредностите на Западот, каде, како што рече, се случува позитивна дискриминација по трансродова основа.
Се доделуваат финансии на проекти што ги засегаат трансродовите лица, приоритети на ЕУ стануваат трансродовите инденти, а тоа се бара и од аспирантите за членство и земјите-членки, според Ќулавкова.
Приказната за женските права на опшстествена еднаквост со правата на мажите е тажна приказна, оцени таа, објаснувајќи дека кон крајот на 20-от век таа приказна се поткрепи академски и научно со феминистичките студии. Но овие студии за кратко време се претворија во родови студии, нудејќи нова приказна, маргинилизирајќи го основниот идентитет на жената и мажот. По родовите студии следи приказната на трансродовите идентитети, со што симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформираше, оцени академик Ќулавкова на денешниот собир.

The post Ќулавкова: Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/ Thu, 29 Jun 2023 17:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=656581

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“.

Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.

-Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ.

Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество.

-Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.

Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената.

-Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот.

Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“. Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“. -Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ. Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество. -Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.   Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената. -Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан. Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот. Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>
Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alabakoski-treba-zborovi-no-i-dela-zatoa-eve-ne-na-delo/ Thu, 29 Jun 2023 17:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=656578

Треба зборови но и дела, порачува Ламбе Алабакоски од денешниот собир за заштита на семејните вредности, органзиран од МПЦ-ОА.
Да не одите по физолошки потреби на FB и instagram дека ќе останиме само зад тастатурите еве не на дело како и секогаш 🔥🔥🔥⬆️ #имамедолжностдагизаштитимедецата #имамедолжност

Илјадниците граѓани се собраа на денешниот протест во Соборниот храм во Скопје кој го организира МПЦ-ОА.

Протестот е во знак против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

На собирот присутни се сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, а единствено не се присутни претставници од ИВЗ кои писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот.

Меѓу присутните е и академик Катица Ќулавкова, која се обраќа во монетов.

The post Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело appeared first on Република.

]]>

Треба зборови но и дела, порачува Ламбе Алабакоски од денешниот собир за заштита на семејните вредности, органзиран од МПЦ-ОА. Да не одите по физолошки потреби на FB и instagram дека ќе останиме само зад тастатурите еве не на дело како и секогаш 🔥🔥🔥⬆️ #имамедолжностдагизаштитимедецата #имамедолжност Илјадниците граѓани се собраа на денешниот протест во Соборниот храм во Скопје кој го организира МПЦ-ОА. Протестот е во знак против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција. На собирот присутни се сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, а единствено не се присутни претставници од ИВЗ кои писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот. Меѓу присутните е и академик Катица Ќулавкова, која се обраќа во монетов.

The post Алабакоски: Треба зборови, но и дела, затоа еве нè на дело appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-legitimno-e-da-se-protestira-no-legitimno-e-i-da-se-znae-vistinata-za-zakonite/ Thu, 29 Jun 2023 16:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=656547

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените.

Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.

„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.

Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.

-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.

Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.

Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.

Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава.

Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин.

Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест.

Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените. Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.
„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.
Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.
-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.
Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.
Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.
Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава. Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин. Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест. Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-zhivo-zapochna-senarodniot-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/ Thu, 29 Jun 2023 16:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=656528

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог-закони.

Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог-законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог-законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.

Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.

Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

На фотографиите може да се забележи дека МПЦ-ОА доби поддршка од Католичката црква. Рамо до рамо со поглаварот г.г. Стефан стои Киро Стојанов. Присутни се и претставници на протестантската црква и на еврејската заедница.

ИВЗ иако е протов законите за родова еднаквост, најави дека нема да присуствува на собирот.

Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.

Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.

Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството.

Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог-закони.
Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог-законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог-законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.
Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.
Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.
На фотографиите може да се забележи дека МПЦ-ОА доби поддршка од Католичката црква. Рамо до рамо со поглаварот г.г. Стефан стои Киро Стојанов. Присутни се и претставници на протестантската црква и на еврејската заедница. ИВЗ иако е протов законите за родова еднаквост, најави дека нема да присуствува на собирот. Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.
Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.
Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post ВО ЖИВО: Започна Сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/agresorot-odnovo-se-pretstavuva-kako-zhrtva-velat-od-mpts-i-apeliraat-na-smirenost-pred-deneshniot-senaroden-sobir/ Thu, 29 Jun 2023 11:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=656402

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/

И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците коишто ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на Вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели епископот г. Јаков.

https://youtu.be/Q0GRG2KckEo

The post Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир appeared first on Република.

]]>

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/  
И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва. Токму тоа се повиците коишто ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на Вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели епископот г. Јаков.
https://youtu.be/Q0GRG2KckEo

The post Aгресорот одново се претставува како жртва, велат од МПЦ и апелираат на смиреност пред денешниот Сенароден собир appeared first on Република.

]]>
Денеска Сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-senaroden-sobir-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija-vo-organizatsija-na-mpts-oa/ Thu, 29 Jun 2023 06:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=656268

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантски

Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.

Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона.

null

Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.

Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична ев

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.

Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството.

Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post Денеска Сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.
Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.
Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантски Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.
Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот.
Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона. null Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.
Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична ев
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот.
Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 

The post Денеска Сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција во организација на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/ Tue, 27 Jun 2023 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=655574

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.

Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права.

Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.
Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“. Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права. Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА. Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>
МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mpts-organizira-senaroden-sobir-protiv-zakonot-za-rodova-ednakvost/ Mon, 26 Jun 2023 09:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=655173

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата. Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Mon, 26 Jun 2023 07:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=655118

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.   Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА организира протест за „заштита на основните верски права и слобода“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-organizira-protest-za-zashtita-na-osnovnite-verski-prava-i-sloboda/ Wed, 21 Jun 2023 06:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=653532

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, како што велат, е неприфаќањето на нивните сугестии во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка - семејството, стои во соопштението.

Од МПЦ порачуваат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони и оценува дека во ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред се децата.

Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ спомнат во член 23 т.5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, заклучил Синодот на МПЦ-ОА.

The post МПЦ-ОА организира протест за „заштита на основните верски права и слобода“ appeared first on Република.

Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarite-na-mpts-i-spts-so-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/ Mon, 05 Jun 2023 05:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=647777

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.

-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за авто

Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.

Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“

The post Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид appeared first on Република.

]]>

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух.
-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.
Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за авто Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.
-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“

The post Поглаварите на МПЦ и СПЦ со заедничка литургија во Охрид appeared first on Република.

]]>
Саборот на СПЦ донел одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saborot-na-spts-donel-odluka-za-dodeluvane-na-kanonski-otpust-na-poa-i-integrirane-vo-mpts-oa/ Sat, 20 May 2023 14:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=643008

На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски синод на СПЦ.

На Соборот приосуствуваа и архиереји на Православната Охридска Архиепископијам како и сите викарни архиереји.

The post Саборот на СПЦ донел одлука за доделување на канонски отпуст на ПОА и интегрирање во МПЦ-ОА appeared first on Република.

Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/soborot-na-spts-ke-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts-oa/ Mon, 15 May 2023 06:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=640821

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

The post Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.
Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање. Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор. -Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета. Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

The post Соборот на СПЦ ќе расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>