мозочен имплант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mozochen-implant/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 21:23:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мозочен имплант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mozochen-implant/ 32 32 Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kompanijata-za-mozochni-chipovi-na-ilon-mask-bara-luge-so-paraliza-za-da-go-testira-svojot-eksperimentalen-ured/ Fri, 22 Sep 2023 20:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=684197

Компанијата на Илон Маск за имплантација на чипови во мозок „Неуралинк“ (Neuralink) соопшти дека добила одобрение од независни комисии да почне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.

„Неуралинк“ бара пациенти за тестирање на нејзиниот мозочен имплант за парализирани луѓе во клинички испитувања“, се наведува во соопштението.

Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои патат од парализа поради повреда на ’рбетниот мозок. „Неуралинк“ не открива каде ќе се одржи истражувањето, што ќе трае околу шест години, како и колку учесници ќе вклучува.

Компанијата соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови е примено одобрение за почеток на тестирањата на чипови за мозок на луѓе во мај 2023 година.

Чиповите претходно биле успешно тестирани на мајмуни.

Дури и ако мозочниот имплант се покаже како безбеден, експертите велат дека би можело да поминат повеќе од 10 години за иницијативата да биде одобрена за комерцијална употреба.

Компанијата „Неуралинк“ од 2016 година има за цел лекување на невролошки нарушувања, како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидитет, со помош на микрочипови кои се поставуваат во мозокот.

Од друга страна, експертите предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на „Науралинк“ би требало да бидат внимателни и сеопфатни, земајќи предвид можни технички и безбедносни проблеми.

The post Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред appeared first on Република.

]]>

Компанијата на Илон Маск за имплантација на чипови во мозок „Неуралинк“ (Neuralink) соопшти дека добила одобрение од независни комисии да почне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.
„Неуралинк“ бара пациенти за тестирање на нејзиниот мозочен имплант за парализирани луѓе во клинички испитувања“, се наведува во соопштението.
Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои патат од парализа поради повреда на ’рбетниот мозок. „Неуралинк“ не открива каде ќе се одржи истражувањето, што ќе трае околу шест години, како и колку учесници ќе вклучува. Компанијата соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови е примено одобрение за почеток на тестирањата на чипови за мозок на луѓе во мај 2023 година. Чиповите претходно биле успешно тестирани на мајмуни. Дури и ако мозочниот имплант се покаже како безбеден, експертите велат дека би можело да поминат повеќе од 10 години за иницијативата да биде одобрена за комерцијална употреба. Компанијата „Неуралинк“ од 2016 година има за цел лекување на невролошки нарушувања, како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидитет, со помош на микрочипови кои се поставуваат во мозокот. Од друга страна, експертите предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на „Науралинк“ би требало да бидат внимателни и сеопфатни, земајќи предвид можни технички и безбедносни проблеми.

The post Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред appeared first on Република.

]]>