Мовембер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/movember/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 07:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мовембер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/movember/ 32 32 „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pushtam-brk-brkam-zdravje-velosipedski-nastan-za-podigane-na-svesta-za-mashkoto-zdravje/ Sun, 17 Nov 2024 07:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=838699

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“.

Во рамки на настанот, организиран од „ДМ дрогерие маркт“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

Предвидено е учесниците да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк.

Организаторите најавија дека покрај долгата и помалата рута, ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.

The post „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје appeared first on Република.

]]>

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“. Во рамки на настанот, организиран од „ДМ дрогерие маркт“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Предвидено е учесниците да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк. Организаторите најавија дека покрај долгата и помалата рута, ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.

The post „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје appeared first on Република.

]]>
Доктори и пациенти маршираа за машкото здравје и почетокот на Мовембер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktori-i-patsienti-marshiraa-za-mashkoto-zdravje-i-pochetokot-na-movember/ Mon, 04 Nov 2024 09:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=833911

Македонското здружение по урологија вчера со почеток во 10 часот со планинарски марш ја започна овогодишната кампањата „Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”.

На маршот, кој започна од ОУ „Кочо Рацин” до Средно Водно, учествуваа значителен број на граѓани, доктори, пациенти...

Посебна чест ни направи присуството на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов, сподели проф. д-р Скендер Саиди, претседател на Здружението на уролози на Македонија.

Тој најавува дека во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности.

„Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).

The post Доктори и пациенти маршираа за машкото здравје и почетокот на Мовембер appeared first on Република.

]]>

Македонското здружение по урологија вчера со почеток во 10 часот со планинарски марш ја започна овогодишната кампањата „Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”. На маршот, кој започна од ОУ „Кочо Рацин” до Средно Водно, учествуваа значителен број на граѓани, доктори, пациенти...
Посебна чест ни направи присуството на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов, сподели проф. д-р Скендер Саиди, претседател на Здружението на уролози на Македонија.
Тој најавува дека во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности. „Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).

The post Доктори и пациенти маршираа за машкото здравје и почетокот на Мовембер appeared first on Република.

]]>
Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/akterite-igor-angelov-driton-vejseli-pancho-od-dnk-ke-sednat-vo-berberski-stolchina-da-im-gi-sredat-bradata-i-mustakite-vo-mesetsot-posveten-na-mashkoto-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 08:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=698640

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.

Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“.

Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели.

На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели.

Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје.

Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia.

На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега.

Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите. Овој забавен настан организаторите го најавуваат како: „Најмажествената битка на годината и највозбудлив настан за мажите. Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“. Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели. Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје. Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia. На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега. Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

The post Актерите Игор Ангелов, Дритон Вејсели, Панчо од ДНК ќе седнат во берберски столчиња да им ги средат брадата и мустаќите во месецот посветен на машкото здравје appeared first on Република.

]]>