моторна пила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/motorna-pila/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 10:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png моторна пила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/motorna-pila/ 32 32 Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/leman-mora-da-mu-plati-420-000-evra-na-komshijata-oti-mu-ja-raseche-garazhata-koja-mu-go-poprechuvala-pogledot/ Sat, 23 Dec 2023 10:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=725892

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг.

Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама.

Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија.

Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите.

Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија.

На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило.

Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер.

Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот appeared first on Република.

]]>

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг. Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама. Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија. Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите. Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија. На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило.
Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер.
Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Леман мора да му плати 420.000 евра на комшијата, оти му ја расече гаражата која му го попречувала погледот appeared first on Република.

]]>
Маж се повредил со моторна пила https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-se-povredil-so-motorna-pila/ Tue, 04 Apr 2023 10:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=627050

Вчера (3 април) во 17 часот и 25 минути во СВР Тетово е пријавено дека половина час пред тоа, додека работел со моторна пила, Н.Б.(47) од гостиварски Добридол се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

The post Маж се повредил со моторна пила appeared first on Република.

Кичевчанец фатен со пиштол и пет моторни пили https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kichevchanec-faten-so-pishtol-i-pet-motorni-pili/ Wed, 26 Oct 2022 08:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=565768

На улица „Маршал Тито“ во Кичево синоќа околу 18.50 часот полициски службеници од Одделението за недoзволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Т. (53) од кичевското село Мамудовци.

При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „Гранд Чироки“, со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99“ со празна рамка и пет моторни пили.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кичевчанец фатен со пиштол и пет моторни пили appeared first on Република.

]]>

На улица „Маршал Тито“ во Кичево синоќа околу 18.50 часот полициски службеници од Одделението за недoзволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Т. (53) од кичевското село Мамудовци. При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „Гранд Чироки“, со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99“ со празна рамка и пет моторни пили. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кичевчанец фатен со пиштол и пет моторни пили appeared first on Република.

]]>
Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mu-go-blokiral-pogledot-od-vilata-jens-leman-so-motorna-pila-otsekol-del-od-pokrivot-na-kukjata-na-sosedot/ Sun, 31 Jul 2022 15:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=534991

Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација, Јенс Леман, има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета.

Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица.

Тој дел од покривот, наводно, му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле.

Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција.

Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.

The post Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација, Јенс Леман, има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета. Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица. Тој дел од покривот, наводно, му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле. Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција. Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.

The post Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот appeared first on Република.

]]>
Го предупредив, му кажав дека и мене проба да ме убие ама тој викаше „таа единствената за мене на светот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-preduprediv-mu-kazav-deka-i-mene-proba-da-me-ubie-ama-toj-vikashe-taa-edinstvenata-za-mene-na-svetot/ Sat, 14 May 2022 08:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=502137

Го претчувствував ова, секогаш му велев дека ќе го убие. Поминав 28 години во брак со неа, имаше ситуации кога ме нападнала и со нож. Му реков дека ќе го повреди и убие, ама тој ми велеше дека таа е неговата љубов, единствената на светот...

Вака за „Блиц“ раскажува Миљаин Љутиќ, поранешниот сопруг на Тереза ​​Перовиќ, жената која во вторникот вечерта прво го заспала со седативи, а потоа и го заклала и со моторна пила го исекла на парчиња својот сопруг Срѓан (42). Деловите од долните екстремитети и гениталиите, пак, му ги ставила во тенџере и ги сварила.

Шестнаесетгодишната ќерка на Тереза и Миљаин спиела во друга соба, а кога се разбудила наишла на хорор. Миљаин во тој момент бил на само стотина метри, во неговата куќа заедно со нивниот син, осумнаесетгодишниот Дамир, кому веднаш му заѕвонила неговата сестра.

Седев на креветот, син ми беше до мене, кога наеднаш стана и вели „Ајдееее, мама го уби Срѓан“. Мислев на шега... Отиде во другата соба за да зборува на телефон и го слушам како вели: „Дали е мртов?“. Го прашувам: „Кој е мртов?!“ и тој ми вика „ништо, ништо“. Мислев дека сето тоа е шега. Замина веднаш и по кратко се вратија со ќерка ми. Таа плаче, не може да се смири, вели „да, мама го уби Срѓан, му дала лекови, го заспала, па му го пресекла вратот“. Рече дека тој дошол при себе и се обидел да побегне полека и крвав. Ќерка ми ја видела како полека го убива со нож. Тоа го направила пред очите на детето! Дури кога го убила, го избркала детето надвор, раскажува шокираниот татко.

Како што објаснува, девојката тогаш го повикала својот брат Дамир.

И викаа: „Мамо отвори, ќе викнеме полиција“ и таа им ја отвориla вратата. Дамир видел отсечена нога на страна. Bила толку свесна што на двајцата им дала „бенседин“ (лек за смирување). Им рекла: „Ќутете, ќе го зготвам, па ќе го фрлам, вие одете“, раскажува тој.

Децата потоа дошле кај него дома, му кажале сè и потоа повикале полиција.

Мислев дека ќе се убие и самата. Децата велат дека слушнале моторна пила кога излегле од дома. Го сечела парче по парче и го зготвила... Полицијата начекала страшна глетка, додава тој.

Тој вели дека неговата ќерка била хоспитализирана на психијатрија веднаш по хоророт што го видела, но по неколку часа била пуштена дома.

Ќерка ми не е добро... излезе од болница, но треба да оди на психолог. Сега бевме во Центарот за социјална работа, вели тој.

Миљаин вели дека се сомневал дека може да се случи нешто страшно, бидејќи Тереза и ​​претходно била насилна и се обидувала да го убие Срѓан, а и себеси.

Му реков дека ќе го повреди и убие, а тој ми велеше дека таа му е единствената љубов на светот. Многу се сакаа... Таа замина, го остави, а тој ја враќаше и така ...Понекогаш ќе ми речеше: „Ќе ме убие, одведи ја некаде“, за после пак да се врати и да вели дека не може без неа. Еднаш Тереза се обиде да го убие и него и себе со апчиња. Таа заврши во болница, тој се извлече. Вториот пат кога се обиде да се убие себеси и него, му го запали брачниот кревет додека тој спиеше..., раскажува поранешнио сопруг.

Тој тврди дека го предупредил Срѓан дека Тереза ​​е „опасна по живот“.

Но, тие се сакаа, цело време се бакнуваа, не гледаа кој е околу нив. Одеа секаде заедно. После таа почна да работи, делуваше како средена, како да почна да грижи за себе и за него..., вели тој.

Се сомнева дека мотивот за убиството е тоа што Срѓан не сакал кај нив да живеат нејзините деца од првиот и вториот брак.

Тој им викаше на моите деца: „Што доаѓате овде, одете кај татко ви да јадете“. Не ги сакаше нејзините деца, само неа. Мислам дека тоа го уби токму поради децата, многу ги сакаше, а не можеше да ги има покрај себе зошто тој не дозволуваше. Таа навистина го сакаше, но не можеше да живее со мене, не можеше да живее со него, не можеше да живее без децата, и ете сме..., смета првиот сопруг на Тереза.

Како што додава „Блиц, Срѓан ја донел дома Тереза, која зад себе има два брака и четири деца, во својата куќа за време на пандемијата. Дотогаш живеела во непосредна близина, во тешки услови со децата и вториот сопруг, но ги оставила него и децата и се вселила кај Срѓан.

The post Го предупредив, му кажав дека и мене проба да ме убие ама тој викаше „таа единствената за мене на светот“ appeared first on Република.

]]>

Го претчувствував ова, секогаш му велев дека ќе го убие. Поминав 28 години во брак со неа, имаше ситуации кога ме нападнала и со нож. Му реков дека ќе го повреди и убие, ама тој ми велеше дека таа е неговата љубов, единствената на светот... Вака за „Блиц“ раскажува Миљаин Љутиќ, поранешниот сопруг на Тереза ​​Перовиќ, жената која во вторникот вечерта прво го заспала со седативи, а потоа и го заклала и со моторна пила го исекла на парчиња својот сопруг Срѓан (42). Деловите од долните екстремитети и гениталиите, пак, му ги ставила во тенџере и ги сварила. Шестнаесетгодишната ќерка на Тереза и Миљаин спиела во друга соба, а кога се разбудила наишла на хорор. Миљаин во тој момент бил на само стотина метри, во неговата куќа заедно со нивниот син, осумнаесетгодишниот Дамир, кому веднаш му заѕвонила неговата сестра.