мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/most/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 10:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/most/ 32 32 Уште еден дел од мостот во Дрезден се урна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-del-od-mostot-vo-drezden-se-urna/ Fri, 13 Sep 2024 10:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=815986

Уште едел дел од важниот мост во источниот германски град Дрезден се урна рано утринава при контролирани активности за уривање, а целиот погоден дел треба да се отстрани, јави ДПА.

Инженерите вчера почнаа да го уриваат оштетениот дел за да спречат понатамошна опасност и да се подготват за предвидените поплави.

Делови од мостот „Карола“, долг околу 100 метри, рано во средата паднаа во реката Елба. Доколку инцидентот се случеше подоцна во текот на денот, можеше да резултира со многу несреќи бидејќи се наоѓа во непосредна близина на трамвајски патеки, велосипедски патеки и пешачки области.

Метеоролозите најавуваат поплави во наредните денови, што значително би ја зголемило опасноста од натамошно уривање на оштетената градба. Во недела се очекува реката Елба да се излее од коритото поради обилните врнежи кои се очекуваат во соседна Чешка.

Германската покраина Саксонија, каде што се наоѓа Дрезден, исто така се подготвува за континуиран дожд во источните области, а предупредувања за поплави се издадени и за реките Шпре и Лаузицер Најсе.

Мостот е со вкупна должина од околу 400 метри и се состои од три дела. Непосредно пред уривањето, санирани се два дела од мостот.

 

The post Уште еден дел од мостот во Дрезден се урна appeared first on Република.

]]>

Уште едел дел од важниот мост во источниот германски град Дрезден се урна рано утринава при контролирани активности за уривање, а целиот погоден дел треба да се отстрани, јави ДПА. Инженерите вчера почнаа да го уриваат оштетениот дел за да спречат понатамошна опасност и да се подготват за предвидените поплави. Делови од мостот „Карола“, долг околу 100 метри, рано во средата паднаа во реката Елба. Доколку инцидентот се случеше подоцна во текот на денот, можеше да резултира со многу несреќи бидејќи се наоѓа во непосредна близина на трамвајски патеки, велосипедски патеки и пешачки области. Метеоролозите најавуваат поплави во наредните денови, што значително би ја зголемило опасноста од натамошно уривање на оштетената градба. Во недела се очекува реката Елба да се излее од коритото поради обилните врнежи кои се очекуваат во соседна Чешка. Германската покраина Саксонија, каде што се наоѓа Дрезден, исто така се подготвува за континуиран дожд во источните области, а предупредувања за поплави се издадени и за реките Шпре и Лаузицер Најсе. Мостот е со вкупна должина од околу 400 метри и се состои од три дела. Непосредно пред уривањето, санирани се два дела од мостот.  

The post Уште еден дел од мостот во Дрезден се урна appeared first on Република.

]]>
Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-drezden-nokeska-se-urna-mostot-karola-na-rekata-elba/ Wed, 11 Sep 2024 08:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=815190

Мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ноќеска ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката.

Весникот „Билд“ пренесе дека постои опасност и други делови од мостот да се урнат.

Граѓани на Дрезден утринава изјавуваат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ.

Слушнав огромна експлозија, што ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени, б

Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Тој беше уништен во Втората светска војна и повторно изграден како автомобилски мост со четири ленти за време на Германската Демократска Република (ГДР).

Делот што сега се урна е очигледно оној што ја поврзува старата база со компонентите од ГДР.

Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи ја опколија целата област околу мостот Карола и самиот мост.

Добивме повик во 3:01 часот, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден, изјави портпаролот на полицијата за Билд.

Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои акутен ризик од колапс.

Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат, изјави утринава портпаролот на противпожарната служба на местото на настанот.

 

The post Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба appeared first on Република.

]]>

Мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ноќеска ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката. Весникот „Билд“ пренесе дека постои опасност и други делови од мостот да се урнат. Граѓани на Дрезден утринава изјавуваат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ.
Слушнав огромна експлозија, што ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени, б
Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Тој беше уништен во Втората светска војна и повторно изграден како автомобилски мост со четири ленти за време на Германската Демократска Република (ГДР). Делот што сега се урна е очигледно оној што ја поврзува старата база со компонентите од ГДР. Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи ја опколија целата област околу мостот Карола и самиот мост.
Добивме повик во 3:01 часот, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден, изјави портпаролот на полицијата за Билд.
Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои акутен ризик од колапс.
Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат, изјави утринава портпаролот на противпожарната служба на местото на настанот.
 

The post Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба appeared first on Република.

]]>
Видео од автомобилот кој излета од мостот кај МАНУ и заврши во Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/video-od-avtomobilot-koe-izleta-od-mostot-kaj-manu-i-zavrshi-vo-vardar/ Sat, 24 Aug 2024 13:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=809744

Утрово излета возило во реката Вардар близу трговскиот центар „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје.

Се уште нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа дека возилото седвижи со голема брзина пред несреќата.

 

The post Видео од автомобилот кој излета од мостот кај МАНУ и заврши во Вардар appeared first on Република.

]]>

Утрово излета возило во реката Вардар близу трговскиот центар „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје. Се уште нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници. Полицијата изврши увид на местото на несреќата. На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа дека возилото седвижи со голема брзина пред несреќата.  

The post Видео од автомобилот кој излета од мостот кај МАНУ и заврши во Вардар appeared first on Република.

]]>
Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osiguruvaneto-ke-plati-350-milioni-dolari-poradi-urivaneto-na-mostot-vo-baltimor/ Thu, 02 May 2024 13:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=773445

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“.

The post Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“. Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција. Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“.

The post Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/merilend-dobi-pomosh-od-60-milioni-dolari-po-urivaneto-na-mostot-vo-baltimor/ Fri, 29 Mar 2024 07:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=759967

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот.

The post Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод. Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“. Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување. Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско. Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт. Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот.

The post Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-za-urivaneto-na-mostot-dosega-se-ukazhuva-za-nesreka-a-ne-nameren-chin/ Tue, 26 Mar 2024 18:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=759062

Американскиот претседател Џо Бајден, се обрати на јавноста во САД поради несреќата која се случи во Балтимор, кога бродот „Дали“ удри во мостот „Френсис Скот Ки“, при што се сруши.

Бајден кажа дека се досега укажува дека станува збор за несреќа, а не за намерен чин.

Се до сега укажува дека ова беше страшна несреќа. Во овој момент немаме други индиции. Немаме други причини да веруваме дека постои било каков намерен чин, кажа Бајден кој напомена дека мостот ќе биде обновен.

Шест лица се водат како исчезнати откако бродот удри во мостот. Челниците на Балтимор кажаа дека најмалку седум возила со дваесетина лица паднале од мостот при ударот.

The post Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден, се обрати на јавноста во САД поради несреќата која се случи во Балтимор, кога бродот „Дали“ удри во мостот „Френсис Скот Ки“, при што се сруши. Бајден кажа дека се досега укажува дека станува збор за несреќа, а не за намерен чин. Се до сега укажува дека ова беше страшна несреќа. Во овој момент немаме други индиции. Немаме други причини да веруваме дека постои било каков намерен чин, кажа Бајден кој напомена дека мостот ќе биде обновен. Шест лица се водат како исчезнати откако бродот удри во мостот. Челниците на Балтимор кажаа дека најмалку седум возила со дваесетина лица паднале од мостот при ударот.

The post Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин appeared first on Република.

]]>
Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/momentot-koga-vo-baltimor-se-urna-mostot-otkako-vo-nego-udri-tovaren-brod/ Tue, 26 Mar 2024 17:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=759052

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации

The post Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера. Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали. Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор. Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката. Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации

The post Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>
Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsijata-za-mostot-vo-baltimor-ne-stanuva-zbor-za-terorizam/ Tue, 26 Mar 2024 12:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=758918

Нема докази дека ударот со брод што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен, соопшти полицијата во Балтимор додека продолжува потрагата по неутврден број исчезнати лица во реката Потапско, јавуваат американските медиуми.

Апсолутно нема индикации дека станува збор за некаков вид тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли на прес-конференција.

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако ноќеска контејнерски брод удрил во еден од неговите столбови.

Бројот на исчезнати лица се уште не е утврден.

Портпаролот на локалната противпожарна единица претходно изјави дека во водата има дваесетина луѓе, но новите податоци покажуваат дека ги има помалку. Потрагата е отежната поради намалената видливост и ниските температури. Температурата на водата во реката е околу девет степени Целзиусови. Во овие услови во реката може да се преживее околу три часа, па нуркачите се во трка со времето.

По уривањето на мостот спасувачките екипи утврдиле дека има возила во реката Пoтапско.

The post Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам appeared first on Република.

]]>

Нема докази дека ударот со брод што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен, соопшти полицијата во Балтимор додека продолжува потрагата по неутврден број исчезнати лица во реката Потапско, јавуваат американските медиуми.
Апсолутно нема индикации дека станува збор за некаков вид тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли на прес-конференција.
Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако ноќеска контејнерски брод удрил во еден од неговите столбови. Бројот на исчезнати лица се уште не е утврден. Портпаролот на локалната противпожарна единица претходно изјави дека во водата има дваесетина луѓе, но новите податоци покажуваат дека ги има помалку. Потрагата е отежната поради намалената видливост и ниските температури. Температурата на водата во реката е околу девет степени Целзиусови. Во овие услови во реката може да се преживее околу три часа, па нуркачите се во трка со времето. По уривањето на мостот спасувачките екипи утврдиле дека има возила во реката Пoтапско.

The post Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам appeared first on Република.

]]>
Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-baltimor-se-urna-most-otkako-vo-nego-udri-tovaren-brod/ Tue, 26 Mar 2024 08:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=758753

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одвиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации.

The post Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера. Целиот сообраќај се одвиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали. Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор. Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката. Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации.

The post Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>
Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/oshteten-preminot-na-rekata-blashnitsa-poradi-nadojdena-voda/ Sat, 02 Mar 2024 10:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=750273

Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај.

Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски.

Тој нагласи дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може.

Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места.

The post Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода appeared first on Република.

]]>

Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај.
Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски.
Тој нагласи дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може. Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места.

The post Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода appeared first on Република.

]]>
Автомобил се заби во ѕид под стоковната куќа „Мост“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-se-zabi-vo-zid-pod-stokovnata-kuka-most-vo-skopje/ Sun, 18 Feb 2024 17:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=745429

Патнички автомобил удрил во потпорниот ѕид на булеверот „Гоце Делчев“ кој минува под плоштадот Скендер бег, откако најверојатно возачот изгубил контрола врз возилото, пренесува „24инфо“.

Во тек е полицискиот увид по кој ќе се знаат повеќе детали за несреќата.

Повеќе фото тука

 

The post Автомобил се заби во ѕид под стоковната куќа „Мост“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Патнички автомобил удрил во потпорниот ѕид на булеверот „Гоце Делчев“ кој минува под плоштадот Скендер бег, откако најверојатно возачот изгубил контрола врз возилото, пренесува „24инфо“. Во тек е полицискиот увид по кој ќе се знаат повеќе детали за несреќата. Повеќе фото тука  

The post Автомобил се заби во ѕид под стоковната куќа „Мост“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Поради насобрани дрва под мостот на реката Вардар кај Јурумлери и Долно Лисиче, може да дојде до излевање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poradi-nasobrani-drva-pod-mostot-na-rekata-vardar-kaj-jurumleri-i-dolno-lisiche-mozhe-da-dojde-do-izlevane/ Tue, 13 Feb 2024 14:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=743693

Се уште има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд. Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација меѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставуваат опасност од излевање на реката и вршат притисок на носечките столбови на мостот заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот.

ЦУК наведува дека за проблемот се информирани надлежните служби на општините Аеродром и Гази Баба и АД „Водостопанство“ за расчистување на дрвената маса под мостот.

- Следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот ќе биде поголема, потсетуваат од ЦУК.

 

The post Поради насобрани дрва под мостот на реката Вардар кај Јурумлери и Долно Лисиче, може да дојде до излевање appeared first on Република.

]]>

Се уште има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд. Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација меѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром). Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставуваат опасност од излевање на реката и вршат притисок на носечките столбови на мостот заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот. ЦУК наведува дека за проблемот се информирани надлежните служби на општините Аеродром и Гази Баба и АД „Водостопанство“ за расчистување на дрвената маса под мостот. - Следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот ќе биде поголема, потсетуваат од ЦУК.  

The post Поради насобрани дрва под мостот на реката Вардар кај Јурумлери и Долно Лисиче, може да дојде до излевање appeared first on Република.

]]>
Мостот „Беласица” ќе биде привремено затворен за сообраќај поради градежни активности https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mostot-belasitsa-ke-bide-privremeno-zatvoren-za-soobrakaj-poradi-gradezhni-aktivnosti/ Sun, 24 Dec 2023 08:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=726092

ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим денеска на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.

-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.

ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица” ќе биде привремено затворен за сообраќај поради градежни активности appeared first on Република.

]]>

ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим денеска на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности. -Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие. ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица” ќе биде привремено затворен за сообраќај поради градежни активности appeared first on Република.

]]>
Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mostot-belasitsa-utre-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj-poradi-gradezhni-aktivnosti/ Sat, 23 Dec 2023 13:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=725945

ЈП „Улици и патишта" - Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица", каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.

Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.

ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности appeared first on Република.

]]>

ЈП „Улици и патишта" - Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица", каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности. Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие. ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.

The post Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности appeared first on Република.

]]>
„Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ovie-kamena-mozhe-da-ubijat-nekoj-alarmira-angelov-vidno-revoltiran-za-sostojbata-na-mostot-kaj-vizbegovo/ Wed, 22 Nov 2023 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=714955

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително. Ангелов, по неговото разгледување на мостот, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него.

По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улица. Доколку оваа коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине, тешко да биде повреден или „изваден од памет“ доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со колата и удри во ѕидовите на мостот, бидејќи кога вакво нешто би удрило во „шофершајбната“ на возилото (предно ветробранско стакло), било кој возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве, овде имаме друга коцка, трета, четврта... Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на градот Скопје или општината Бутел по нашата прва пријава веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, којашто во „најмала рака“, ја гарантира безбедноста на пешаците, да не одат по тротоарот, којшто во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки коишто се извадени, за тоа сме благодарни - сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, градот Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем... Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје, бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици коли, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно... Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа... Затоа повикувам: - Нека дојдат!
Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки - но ова не е решение!... Отстранувањето на овие неколку коцки, постојано и постојано доаѓаат нови и нови коцки..., вели Ангелов.

https://youtu.be/uZp3oO5BCiY?si=0TJ6EOTVuHn3nJcR

The post „Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително. Ангелов, по неговото разгледување на мостот, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него.
По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улица. Доколку оваа коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине, тешко да биде повреден или „изваден од памет“ доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со колата и удри во ѕидовите на мостот, бидејќи кога вакво нешто би удрило во „шофершајбната“ на возилото (предно ветробранско стакло), било кој возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве, овде имаме друга коцка, трета, четврта... Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на градот Скопје или општината Бутел по нашата прва пријава веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, којашто во „најмала рака“, ја гарантира безбедноста на пешаците, да не одат по тротоарот, којшто во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки коишто се извадени, за тоа сме благодарни - сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, градот Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем... Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје, бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици коли, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно... Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа... Затоа повикувам: - Нека дојдат! Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки - но ова не е решение!... Отстранувањето на овие неколку коцки, постојано и постојано доаѓаат нови и нови коцки..., вели Ангелов.
https://youtu.be/uZp3oO5BCiY?si=0TJ6EOTVuHn3nJcR

The post „Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово appeared first on Република.

]]>
Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mostot-na-tsrna-reka-e-vo-mnogu-losha-sostojba-ministerot-vetuva-sanatsija-vo-narednite-60-dena-ili-gradene-nov/ Mon, 20 Nov 2023 15:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=714488

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изгардба на нов, траен мост.

Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.

Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”.

Ги чекаме анализите од експертите и стручните лица за потоа, појасни Бочварски, Владата, а секако и Министерството и Јавното претпријатие да донесат заедничка одлука во кој правец ќе одиме, која реконструкција ќе ја почнеме за да се операционализира овој проект и да се врати сообраќајот во нормала и во движење.

Бочварски во Прилеп беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изгардба на нов, траен мост. Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.
Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”.
Ги чекаме анализите од експертите и стручните лица за потоа, појасни Бочварски, Владата, а секако и Министерството и Јавното претпријатие да донесат заедничка одлука во кој правец ќе одиме, која реконструкција ќе ја почнеме за да се операционализира овој проект и да се врати сообраќајот во нормала и во движење. Бочварски во Прилеп беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов appeared first on Република.

]]>
Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nurkachi-utrvrduvaat-kakva-e-sostojbata-na-stolbovite-na-mostot-na-tsrna-reka/ Fri, 17 Nov 2023 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=702396

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски железници, утринава информира дека покрај експертите од Градежен факултет, ангажирани биле и нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна кај Стоби каде има напукнат столб.

Поради тоа веќе два дена не се одвива товарниот железнички сообраќај до Гевгелија, а патничкиот сообраќај се одвива бавно со пренесување на патниците со автобуси кај Градско односно Криволак.

The post Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски железници, утринава информира дека покрај експертите од Градежен факултет, ангажирани биле и нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна кај Стоби каде има напукнат столб. Поради тоа веќе два дена не се одвива товарниот железнички сообраќај до Гевгелија, а патничкиот сообраќај се одвива бавно со пренесување на патниците со автобуси кај Градско односно Криволак.

The post Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река appeared first on Република.

]]>
Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eksperti-od-gradezhen-vrshat-uvid-na-mostot-na-tsrna-reka-poshto-ke-se-znae-kako-ke-prodolzhi-zheleznichkiot-soobrakaj/ Wed, 15 Nov 2023 14:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=701886

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес.

Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.

Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.

Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија - Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.

На делот Неготино Вардар – Градско - Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.
Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.
Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија - Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.
На делот Неготино Вардар – Градско - Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Целосно нов мост во центарот на Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tselosno-nov-most-vo-tsentarot-na-shtip/ Sat, 14 Oct 2023 13:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=691201

Целосно нов мост во центарот на Штип. Со овој мост ќе се олесни движењето на возилата на оваа клучна сообраќајна раскрсница во градот. Мостот ги спојува двата булевара кај хотелот Оаза и гимназијата Славчо Стојменски.
Изградбата на овој капитален проект е целосно финансиран од општината Штип и градоначалникот Иван Јорданов. Важно е да инвестираме за развој на Штип. Важно е да се случуваат промените, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Целосно нов мост во центарот на Штип appeared first on Република.

]]>

Целосно нов мост во центарот на Штип. Со овој мост ќе се олесни движењето на возилата на оваа клучна сообраќајна раскрсница во градот. Мостот ги спојува двата булевара кај хотелот Оаза и гимназијата Славчо Стојменски. Изградбата на овој капитален проект е целосно финансиран од општината Штип и градоначалникот Иван Јорданов. Важно е да инвестираме за развој на Штип. Важно е да се случуваат промените, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Целосно нов мост во центарот на Штип appeared first on Република.

]]>
Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-nitsa-se-zakanuval-so-samoubistvo-za-sreka-go-ubedile-da-ne-skokne-od-most/ Fri, 29 Sep 2023 16:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=686446

Алексис Бека Бека од Ница ја крена француската спортска јавност на нозе откако утрово се закани со самоубиство и седна на работ на мост на автопатот А8, за среќа службите успеале да го убедат да не скокне.

Повеќе од три часа траела драмата која ја предизвикал 22 годишниот Алексис Бека Бека, фудбалерот на Ница утрово го сопрел својот автомобил на автопатот А8, седнал на работ на еден мост и се заканил дека ќе се самоубие.

На лице место веднаш се упатиле голем број служби како полиција, противпожарна единица и полиција, а од клубот испратиле и психолог да разговара со Алексис Бека Бека.

За среќа целата ситуација имаше среќен крај, по долги напори, Алексис Бека Бека бил убеден да не скокне во бездната висока 100-тина метри, а пожарникарите го отстраниле од опасната зона на мостот.

Во прв момент се пишуваше дека фудбалерот се обидел да си го одземе животот поради љубовни проблеми, но ова подоцна беше демантирано од неговиот агент.

Алексис Бека Бека пристигна во Ница во август 2022 од редовите на Локомотив Москва во трансфер вреден околу 14 милиони евра, но минатата сезона имаше ограничена минутажа, а во оваа нема забележано ниту еден настап.

The post Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! appeared first on Република.

]]>

Алексис Бека Бека од Ница ја крена француската спортска јавност на нозе откако утрово се закани со самоубиство и седна на работ на мост на автопатот А8, за среќа службите успеале да го убедат да не скокне. Повеќе од три часа траела драмата која ја предизвикал 22 годишниот Алексис Бека Бека, фудбалерот на Ница утрово го сопрел својот автомобил на автопатот А8, седнал на работ на еден мост и се заканил дека ќе се самоубие. На лице место веднаш се упатиле голем број служби како полиција, противпожарна единица и полиција, а од клубот испратиле и психолог да разговара со Алексис Бека Бека. За среќа целата ситуација имаше среќен крај, по долги напори, Алексис Бека Бека бил убеден да не скокне во бездната висока 100-тина метри, а пожарникарите го отстраниле од опасната зона на мостот. Во прв момент се пишуваше дека фудбалерот се обидел да си го одземе животот поради љубовни проблеми, но ова подоцна беше демантирано од неговиот агент. Алексис Бека Бека пристигна во Ница во август 2022 од редовите на Локомотив Москва во трансфер вреден околу 14 милиони евра, но минатата сезона имаше ограничена минутажа, а во оваа нема забележано ниту еден настап.

The post Фудбалер на Ница се заканувал со самоубиство, за среќа го убедиле да не скокне од мост! appeared first on Република.

]]>