мост на Ибар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/most-na-ibar/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 15:43:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мост на Ибар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/most-na-ibar/ 32 32 ЕУ се заканува со мерки за Косово ако се отвори мостот на реката Ибар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-se-zakanuva-so-merki-za-kosovo-ako-se-otvori-mostot-na-rekata-ibar/ Wed, 14 Aug 2024 15:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=806572

Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими вели дека отворањето на мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел на градот Митровица, населен со мнозинство Албанци и северниот, со мнозинство Срби, не е еднострана одлука на Владата или нерешено прашање од дијалогот, туку дека тоа е главно барање од договорот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објавата на платформата „Х“, Бислими потсетува дека планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за „симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници“.

Главниот косовски преговарач во дијалогот со Србија го споменува и Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година, во кој се вели дека “мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“

„Отворањето на мостот на Ибар во Митровица не е еднострана одлука на Владата на Косово, ниту е одложено или нерешено прашање од процесот на дијалог, туку тоа е главното барање од договорот меѓу Косово и Србија, а постигнат со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година. Понатаму, планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за ‘симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници’. Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година го носи следниот заклучок: „Работите на мостот во Митровица се завршени и мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“. Ова е формулацијата на ЕУ, но договорот е постигнат меѓу Косово и Србија“, напиша Бислими.

Косовскиот вицепремиер нагласи и дека на 19 јуни годинава, Посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак препорачал да има внатрешна расправа со локалните Срби на север и дека „партнер на Квинта“, групата дипломатски претставништва што ја сочинуваат САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, побарал технички прегледи.

„При последната посета на емисарот Лајчак на Косово на 19 јуни, за време на средбата што ја имавме, во врска со мостот на Ибар, тој изјави дека доколку Косово не претпочита повторно да разговара за ова прашање во Брисел, негова препорака е да се развијат внатрешни дискусии со локалната Србите на северот, за да се адресираат потенцијалните безбедносни импликации и нивните грижи во врска со ова прашање. Во меѓувреме, партнер од Квинта го додаде барањето за технички инспекции“, напиша Бислими.

Тој рече дека Владата во Приштина ги следела овие две препораки, и нагласи дека ЕУ му се заканува на Косово доколку го спроведе договорот постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки.

„Ги следевме двете споменати препораки. Сега ЕУ му се заканува на Косово, во случај да го спроведе самиот договор постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки. Владата на Република Косово силно верува дека ЕУ промовира повеќе слобода на движење и помалку граници или ѕидови меѓу етничките групи“, напиша Бислими на платформата „Х“

The post ЕУ се заканува со мерки за Косово ако се отвори мостот на реката Ибар appeared first on Република.

]]>

Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими вели дека отворањето на мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел на градот Митровица, населен со мнозинство Албанци и северниот, со мнозинство Срби, не е еднострана одлука на Владата или нерешено прашање од дијалогот, туку дека тоа е главно барање од договорот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објавата на платформата „Х“, Бислими потсетува дека планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за „симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници“. Главниот косовски преговарач во дијалогот со Србија го споменува и Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година, во кој се вели дека “мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“
„Отворањето на мостот на Ибар во Митровица не е еднострана одлука на Владата на Косово, ниту е одложено или нерешено прашање од процесот на дијалог, туку тоа е главното барање од договорот меѓу Косово и Србија, а постигнат со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година. Понатаму, планот за имплементација на ЕУ од 5 август 2016 година го смета отворањето на мостот за ‘симбол на нормализацијата на односите меѓу косовските Срби, Албанците и другите заедници’. Извештајот на Европската комисија за Косово за 2020 година го носи следниот заклучок: „Работите на мостот во Митровица се завршени и мостот треба да биде отворен за сообраќај на возила без дополнителни одложувања или пречки“. Ова е формулацијата на ЕУ, но договорот е постигнат меѓу Косово и Србија“, напиша Бислими.
Косовскиот вицепремиер нагласи и дека на 19 јуни годинава, Посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак препорачал да има внатрешна расправа со локалните Срби на север и дека „партнер на Квинта“, групата дипломатски претставништва што ја сочинуваат САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, побарал технички прегледи.
„При последната посета на емисарот Лајчак на Косово на 19 јуни, за време на средбата што ја имавме, во врска со мостот на Ибар, тој изјави дека доколку Косово не претпочита повторно да разговара за ова прашање во Брисел, негова препорака е да се развијат внатрешни дискусии со локалната Србите на северот, за да се адресираат потенцијалните безбедносни импликации и нивните грижи во врска со ова прашање. Во меѓувреме, партнер од Квинта го додаде барањето за технички инспекции“, напиша Бислими.
Тој рече дека Владата во Приштина ги следела овие две препораки, и нагласи дека ЕУ му се заканува на Косово доколку го спроведе договорот постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки. „Ги следевме двете споменати препораки. Сега ЕУ му се заканува на Косово, во случај да го спроведе самиот договор постигнат со посредство на ЕУ и дополнителните препораки. Владата на Република Косово силно верува дека ЕУ промовира повеќе слобода на движење и помалку граници или ѕидови меѓу етничките групи“, напиша Бислими на платформата „Х“

The post ЕУ се заканува со мерки за Косово ако се отвори мостот на реката Ибар appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stejt-departmentot-ne-poddrzhuva-nikakvi-promeni-na-statusot-na-mostot-vo-mitrovitsa/ Wed, 14 Aug 2024 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=806497

мериканскиот Стејт департмент денеска соопшти дека не поддржува никакви промени на сегашниот статус на мостот во Митровица на Ибар, додека КФОР повтори дека секоја одлука за мостот мора да се реши со дијалог, јави дописникот на МИА од Белград.

САД во овој момент не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Митровица.

Отворањето на мостот за сообраќај на возила во моментов го зголемува потенцијалот за насилство и го загрозува локалното население, како и војниците на КФОР, вклучително и Американците, кои работи на поддршка на мирот и безбедноста на Косово, изјави портпаролот на Стејт департментот за порталот „Павловиќ тудеј“.

Тој ја повика Владата на Косово да се воздржи од еднострани дејствија и наместо тоа да се занимава со ова прашање во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ.

Стејт департментот нагласи дека на ист став се и партнерите од Квинта, како и ЕУ и НАТО.

Според соопштението на Стејт департментот, целта е „да се работи со Владата на Косово за да се создадат услови под кои мостот би можел да биде отворен за сообраќај на возила“.

Во тој поглед, САД ја повикуваат Владата на Косово да се врати на блискиот и конструктивен ангажман со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во соопштението.

Се огласи и мисијата на КФОР која соопшти дека има постојано присуство на главниот мост на реката Ибар во Митровица и дека врши редовни патроли во областа и дека секоја одлука во врска со мостот на реката Ибар мора да биде донесена преку политички дијалог и на координиран начин и дека во оваа смисла продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

КФОР, исто така, наведува дека има видливо и флексибилно присуство низ Косово и дека командантот на КФОР има овластување да го адаптира по потреба и нема да се двоуми да реагира на секој релевантен безбедносен развој и во согласност со мандатот на ОН.

The post Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица appeared first on Република.

]]>

мериканскиот Стејт департмент денеска соопшти дека не поддржува никакви промени на сегашниот статус на мостот во Митровица на Ибар, додека КФОР повтори дека секоја одлука за мостот мора да се реши со дијалог, јави дописникот на МИА од Белград.
САД во овој момент не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Митровица.
Отворањето на мостот за сообраќај на возила во моментов го зголемува потенцијалот за насилство и го загрозува локалното население, како и војниците на КФОР, вклучително и Американците, кои работи на поддршка на мирот и безбедноста на Косово, изјави портпаролот на Стејт департментот за порталот „Павловиќ тудеј“. Тој ја повика Владата на Косово да се воздржи од еднострани дејствија и наместо тоа да се занимава со ова прашање во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ. Стејт департментот нагласи дека на ист став се и партнерите од Квинта, како и ЕУ и НАТО. Според соопштението на Стејт департментот, целта е „да се работи со Владата на Косово за да се создадат услови под кои мостот би можел да биде отворен за сообраќај на возила“.
Во тој поглед, САД ја повикуваат Владата на Косово да се врати на блискиот и конструктивен ангажман со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во соопштението.
Се огласи и мисијата на КФОР која соопшти дека има постојано присуство на главниот мост на реката Ибар во Митровица и дека врши редовни патроли во областа и дека секоја одлука во врска со мостот на реката Ибар мора да биде донесена преку политички дијалог и на координиран начин и дека во оваа смисла продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. КФОР, исто така, наведува дека има видливо и флексибилно присуство низ Косово и дека командантот на КФОР има овластување да го адаптира по потреба и нема да се двоуми да реагира на секој релевантен безбедносен развој и во согласност со мандатот на ОН.

The post Стејт департментот не поддржува никакви промени на статусот на мостот во Митровица appeared first on Република.

]]>
Курти вели дека Албанци нема да маршираат по мостот: Вучиќ лаже за да предизвика реакција на КФОР https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-veli-deka-albantsi-nema-da-marshiraat-po-mostot-vuchik-lazhe-za-da-predizvika-reaktsija-na-kfor/ Wed, 07 Aug 2024 06:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=804115

Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрли обвинувањата дека Албанците ќе маршираат преку мостот Ибар по неговото отворање за денеска, со оценка дека со таквите тврдења српскиот претседател сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со лажни наводи дека Албанците маршираат преку мостот сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР во Митровица, заканувајќи се дека Србија ќе одговори доколку не реагираат, напиша Курти доцна синоќа на социјалната мрежа X.

Според него, сите планови за отворање на мостот се насочени кон поттикнување мирна интеракција меѓу двете заедници.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa/

The post Курти вели дека Албанци нема да маршираат по мостот: Вучиќ лаже за да предизвика реакција на КФОР appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрли обвинувањата дека Албанците ќе маршираат преку мостот Ибар по неговото отворање за денеска, со оценка дека со таквите тврдења српскиот претседател сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР.
Српскиот претседател Александар Вучиќ со лажни наводи дека Албанците маршираат преку мостот сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР во Митровица, заканувајќи се дека Србија ќе одговори доколку не реагираат, напиша Курти доцна синоќа на социјалната мрежа X.
Според него, сите планови за отворање на мостот се насочени кон поттикнување мирна интеракција меѓу двете заедници. https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa/

The post Курти вели дека Албанци нема да маршираат по мостот: Вучиќ лаже за да предизвика реакција на КФОР appeared first on Република.

]]>
Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 07 Aug 2024 06:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=804111

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“.

Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.

Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица.

Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“. Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.
Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица. Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ. Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>