Мосад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mosad/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 16:53:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мосад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mosad/ 32 32 Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-mu-naredi-na-mosad-da-podgotvi-plan-za-sprechuvane-nemiri-na-sportski-nastani-vo-stranstvo/ Fri, 08 Nov 2024 17:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=835681

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство. Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.
- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>
Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelski-mosad-navodno-e-vemeshan-vo-shpionski-skandal-protiv-italijanskata-premierka/ Sun, 03 Nov 2024 17:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=833812

Израелскиот Мосад наводно е вмешан во шпионски скандал против италијанската премиерка Џорџа Мелони и високи функционери, објави весникот „Једиот Ахронот“.

Извештајот тврди дека Мосад соработувал со приватна истражна фирма со седиште во Милано, во која работеле поранешни членови на безбедносните служби, кои наводно ги украле личните податоци на политичари и јавни личности за потенцијална изнуда.

Биле извршени четири апсења, а десетици се под истрага. Сајбер експертите сугерираат дека серверите на италијанското Министерство за внатрешни работи можеби биле хакирани.

Италијанските медиуми, скандалот го нарекуваат „заговор на високо ниво“ во кој се вклучени мафијаши и разузнавачи.

Мелони го осуди заговорот како „закана за демократијата“, додека министерот за одбрана Гидо Крозето повика на итна парламентарна истрага за можната компромитираност на државните тајни.

The post Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка appeared first on Република.

]]>

Израелскиот Мосад наводно е вмешан во шпионски скандал против италијанската премиерка Џорџа Мелони и високи функционери, објави весникот „Једиот Ахронот“. Извештајот тврди дека Мосад соработувал со приватна истражна фирма со седиште во Милано, во која работеле поранешни членови на безбедносните служби, кои наводно ги украле личните податоци на политичари и јавни личности за потенцијална изнуда. Биле извршени четири апсења, а десетици се под истрага. Сајбер експертите сугерираат дека серверите на италијанското Министерство за внатрешни работи можеби биле хакирани. Италијанските медиуми, скандалот го нарекуваат „заговор на високо ниво“ во кој се вклучени мафијаши и разузнавачи. Мелони го осуди заговорот како „закана за демократијата“, додека министерот за одбрана Гидо Крозето повика на итна парламентарна истрага за можната компромитираност на државните тајни.

The post Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка appeared first on Република.

]]>
Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ja-gagashe-bazata-na-mosad-vo-tel-aviv/ Tue, 22 Oct 2024 06:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=829600

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив.

Борците на движењето поддржано од Иран пукаа врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“.

Нападот беше посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември

The post Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив. Борците на движењето поддржано од Иран пукаа врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“. Нападот беше посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември

The post Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hezbolah-so-raketa-gagashe-kon-sedishteto-na-mosad-kraj-tel-aviv/ Wed, 25 Sep 2024 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=819449

Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Хезболах ја презеде одговорноста за утринскиот ракетен напад врз централен Израел и соопшти дека со балистичка ракета „Кадер 1“ го гаѓала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив.

Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан, како и на убиството на високи команданти на групата, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во меѓувреме, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека гаѓале лансирна рампа на Хезболах во Либан, што била искористена за истрелување на проектил земја-земја рано утринава.

ИДФ, исто така, соопшти дека во текот на изминатата ноќ израелските борци извршиле уште еден бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, насочени кон оперативците на групата и десетици складишта за оружје со крстаречки ракети и прецизно наведувани ракетни лансири.

Сирените за воздушен напад се огласија рано утринава во Тел Авив и низ централен Израел, а командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили (ИДФ) им наложи на граѓаните да се засолнат. Тоа беше првпат сирените да се огласат во Тел Авив и централниот дел на земјата откако се интензивираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах.

Најмалку 569 лица се убиени, од кои 50 деца и 94 жени, во израелските напади врз Либан од понеделникот наутро, изјави вчера либанскиот министер за здравство Фирас Абиадтелс за ТВ Ал Џезира Мубашер.

The post Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Хезболах ја презеде одговорноста за утринскиот ракетен напад врз централен Израел и соопшти дека со балистичка ракета „Кадер 1“ го гаѓала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив. Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан, како и на убиството на високи команданти на групата, пишува „Тајмс оф Израел“. Во меѓувреме, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека гаѓале лансирна рампа на Хезболах во Либан, што била искористена за истрелување на проектил земја-земја рано утринава. ИДФ, исто така, соопшти дека во текот на изминатата ноќ израелските борци извршиле уште еден бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, насочени кон оперативците на групата и десетици складишта за оружје со крстаречки ракети и прецизно наведувани ракетни лансири. Сирените за воздушен напад се огласија рано утринава во Тел Авив и низ централен Израел, а командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили (ИДФ) им наложи на граѓаните да се засолнат. Тоа беше првпат сирените да се огласат во Тел Авив и централниот дел на земјата откако се интензивираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах. Најмалку 569 лица се убиени, од кои 50 деца и 94 жени, во израелските напади врз Либан од понеделникот наутро, изјави вчера либанскиот министер за здравство Фирас Абиадтелс за ТВ Ал Џезира Мубашер.

The post Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Косовар, кој бил финансиски менаџер на Мосад, уапсен во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovar-koj-bil-finansiski-menadher-na-mosad-uapsen-vo-turtsija/ Wed, 04 Sep 2024 08:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=812972

Турски безбедносни извори соопштија дека полицијата во Истанбул го уапсила Лиридон Реџепи, државјанин на Косово, кој бил „менаџер“ на финансиската мрежа на Мосад во Турција.

Реџепи распределувал средства до агентите на Мосад кои користеле беспилотни летала за да снимаат цели, да спроведуваат психолошки операции против палестинските политичари и да собираат разузнавачки информации за Сирија.

Турската национална разузнавачка организација го идентификувала Реџепи откако открила неправилности на неговите финансиски сметки, кои покажале бројни депозити на оперативците на Мосад во Турција преку „Ветерн јунион“.

Тој бил ставен под надзор при влегувањето во Турција на 25 август 2024 година, а бил приведен во Истанбу во заедничка акција со полицијата.

Извори од истрагата навеле дека Реџепи на распитот признал дека ги префрлувал парите за кои е обвинет.

The post Косовар, кој бил финансиски менаџер на Мосад, уапсен во Турција appeared first on Република.

]]>

Турски безбедносни извори соопштија дека полицијата во Истанбул го уапсила Лиридон Реџепи, државјанин на Косово, кој бил „менаџер“ на финансиската мрежа на Мосад во Турција. Реџепи распределувал средства до агентите на Мосад кои користеле беспилотни летала за да снимаат цели, да спроведуваат психолошки операции против палестинските политичари и да собираат разузнавачки информации за Сирија. Турската национална разузнавачка организација го идентификувала Реџепи откако открила неправилности на неговите финансиски сметки, кои покажале бројни депозити на оперативците на Мосад во Турција преку „Ветерн јунион“. Тој бил ставен под надзор при влегувањето во Турција на 25 август 2024 година, а бил приведен во Истанбу во заедничка акција со полицијата. Извори од истрагата навеле дека Реџепи на распитот признал дека ги префрлувал парите за кои е обвинет.

The post Косовар, кој бил финансиски менаџер на Мосад, уапсен во Турција appeared first on Република.

]]>
Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи со Израел? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoshto-tito-nikogash-ne-vospostavil-diplomatski-odnosi-so-izrael/ Sun, 28 Apr 2024 13:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=771798

Јосип Броз Тито ги предал Израелците и им ги дал тајните на Мосад на Арапите, а Удба шпионирала 6.000 југословенски Евреи, пишуваат хрватските медиуми.Маршалот по првата арапско-израелска војна, проценил дека треба да застане на страната на Палестина. Израел наредил на Мосад да се инфилтрира во Југославија.

Хрватски „Експрес“ објави вистинска трилер-приказна, во најголем дел базирана на извештајот на југословенската тајна служба за односите меѓу СФРЈ и Израел, кои замрзнаа во 1967 година и останаа до распадот во 1991 година.

Последниот обид за одмрзнување на билатералните односи на двете земји се случил во 1987 година. Тоа било на средбата меѓу шефовите на југословенската и израелската дипломатија Раиф Диздаревиќ и Шимон Перес. СФРЈ, пак, и тогаш не отстапила од својот цврст став да нема обновување на дипломатските односи додека не се реши палестинското прашање.

The post Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи со Израел? appeared first on Република.

]]>

Јосип Броз Тито ги предал Израелците и им ги дал тајните на Мосад на Арапите, а Удба шпионирала 6.000 југословенски Евреи, пишуваат хрватските медиуми.Маршалот по првата арапско-израелска војна, проценил дека треба да застане на страната на Палестина. Израел наредил на Мосад да се инфилтрира во Југославија. Хрватски „Експрес“ објави вистинска трилер-приказна, во најголем дел базирана на извештајот на југословенската тајна служба за односите меѓу СФРЈ и Израел, кои замрзнаа во 1967 година и останаа до распадот во 1991 година. Последниот обид за одмрзнување на билатералните односи на двете земји се случил во 1987 година. Тоа било на средбата меѓу шефовите на југословенската и израелската дипломатија Раиф Диздаревиќ и Шимон Перес. СФРЈ, пак, и тогаш не отстапила од својот цврст став да нема обновување на дипломатските односи додека не се реши палестинското прашање.

The post Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи со Израел? appeared first on Република.

]]>
Најмалку 44 оперативци на Мосад загинале во иранскиот напад врз израелската воздухопловна база Неватим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-44-operativtsi-na-mosad-zaginale-vo-iranskiot-napad-vrz-izraelskata-vozduhoplovna-baza-nevatim/ Sun, 14 Apr 2024 18:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=766029

Најмалку 44 оперативци на израелската тајна служба Мосад се убиени во воздухопловната база Неватим, при иранскиот напад со дронови и балистички проектили против Израел.

Веста ја објави иранската новинска агенција Ирна на арапски јазик, додавајќи дека воздухопловната база Неватим, освен за стацинирање на израелските авиони Ф-35, служи и како хангар за шпионските авиони на Мосад.

Според агенцијата, во базата постојано биле присутни голем број разузнавачи и високи оперативци на Мосад, а четириесетина од нив загинале во иранскиот удар.

The post Најмалку 44 оперативци на Мосад загинале во иранскиот напад врз израелската воздухопловна база Неватим appeared first on Република.

]]>

Најмалку 44 оперативци на израелската тајна служба Мосад се убиени во воздухопловната база Неватим, при иранскиот напад со дронови и балистички проектили против Израел. Веста ја објави иранската новинска агенција Ирна на арапски јазик, додавајќи дека воздухопловната база Неватим, освен за стацинирање на израелските авиони Ф-35, служи и како хангар за шпионските авиони на Мосад. Според агенцијата, во базата постојано биле присутни голем број разузнавачи и високи оперативци на Мосад, а четириесетина од нив загинале во иранскиот удар.

The post Најмалку 44 оперативци на Мосад загинале во иранскиот напад врз израелската воздухопловна база Неватим appeared first on Република.

]]>
Мосад соопшти дека Хамас ја одбил понудата за примирје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mosad-soopshti-deka-hamas-ja-odbil-ponudata-za-primirje/ Sun, 14 Apr 2024 08:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=765881

Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници.

Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците, се вели во соопштението на Мосад објавено од кабинетот на израелскиот премиер.

„Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран со цел да го ескалира конфликтот во регионот“, се додава во соопштението, објавено неколку часа по масовниот напад од Техеран, кој лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел, без да предизвика значителна штета.

The post Мосад соопшти дека Хамас ја одбил понудата за примирје appeared first on Република.

]]>

Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници. Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците, се вели во соопштението на Мосад објавено од кабинетот на израелскиот премиер. „Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран со цел да го ескалира конфликтот во регионот“, се додава во соопштението, објавено неколку часа по масовниот напад од Техеран, кој лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел, без да предизвика значителна штета.

The post Мосад соопшти дека Хамас ја одбил понудата за примирје appeared first on Република.

]]>
Во Турција приведени 33 лица осомничени дека шпионирале за Мосад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-turtsija-privedeni-33-litsa-osomnicheni-deka-shpionirale-za-mosad/ Tue, 02 Jan 2024 10:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=728941

Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.

Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул.

Се верува дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“, пренесе Анадолија без да наведе извори.

The post Во Турција приведени 33 лица осомничени дека шпионирале за Мосад appeared first on Република.

]]>

Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јави денеска државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица. Според агенцијата, полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја покрена антитерористичкото биро на Обвинителството во Истанбул. Се верува дека осомничените имале за цел да идентификуваат, набљудуваат, нападнат и киднапираат странски државјани кои живеат во Турција како дел од операцијата „меѓународна шпионажа“, пренесе Анадолија без да наведе извори.

The post Во Турција приведени 33 лица осомничени дека шпионирале за Мосад appeared first on Република.

]]>
Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-objavija-deka-egzekutiral-shpion-na-mosad/ Sat, 16 Dec 2023 10:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=723598

Иранските власти објавија дека егзекутирале израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан.

Во телевизиски извештај на државната телевизија, се вели дека наводниот шпион имал врски со странски разузнавачки служби, вклучително и Мосад. Според соопштението, тој бил обвинет за вмешаност во објавувањето на доверливи информации.

Идентитетот на тоа лице не е соопштен.

The post Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад appeared first on Република.

]]>

Иранските власти објавија дека егзекутирале израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан. Во телевизиски извештај на државната телевизија, се вели дека наводниот шпион имал врски со странски разузнавачки служби, вклучително и Мосад. Според соопштението, тој бил обвинет за вмешаност во објавувањето на доверливи информации. Идентитетот на тоа лице не е соопштен.

The post Иран објавија дека егзекутирал шпион на Мосад appeared first on Република.

]]>
Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/hamas-vo-prishtina-mosad-na-kosovo-sprechuva-napad-na-izraelskite-fudbaleri/ Sat, 11 Nov 2023 20:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=700623

На 20 ноември во Приштина се игра фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Израел во квалификациите на ЕП. Овој меч е прогласен за меч од висок ризик поради војната во Газа.

Весникот „Ало.рс“ пишува дека припадници на израелската разузнавачка служба се веќе на Косово да го подготват теренот за доаѓањето на фудбалерите.

Нивите информации покажале дека на Косово има следбеници на Хамас кои би можеле да предизвикаат инциденти.

Мосад врши притисок косовската полиција да ги уапси тие фундаменталисти но нема информации дали се преведени.

 

The post Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери appeared first on Република.

]]>

На 20 ноември во Приштина се игра фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Израел во квалификациите на ЕП. Овој меч е прогласен за меч од висок ризик поради војната во Газа. Весникот „Ало.рс“ пишува дека припадници на израелската разузнавачка служба се веќе на Косово да го подготват теренот за доаѓањето на фудбалерите. Нивите информации покажале дека на Косово има следбеници на Хамас кои би можеле да предизвикаат инциденти. Мосад врши притисок косовската полиција да ги уапси тие фундаменталисти но нема информации дали се преведени.  

The post Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери appeared first on Република.

]]>
Израелски специјалци од Мосад во Белград ќе го чуваат новиот тренер на Црвена ѕвезда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/izraelski-spetsijaltsi-od-mosad-vo-belgrad-ke-go-chuvaat-noviot-trener-na-tsrvena-zvezda/ Fri, 31 Mar 2023 20:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=625966

Барак Бахар од следната сезона ќе биде тренер на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на израелските извори, според кои поранешниот стратег на Макаби од Хаифа ќе пристигне во Белград по завршувањето на актуелниот шампионат.

Она што е интересно е што како и секој Израелец, така и Барак Бахар во странство ќе ја има заштитата на својата земја. Поточно, ќе биде придружуван од еден или двајца агенти на државните органи. Израелската специјална разузнавачка служба Мосад со децении ги штити спортистите од сите возрасти кои заминуваат во странство.

Израелецот ќе биде и најплатениот тренер во историјата на српскиот фудбал со 750.000 евра годишна плата, плус 250.000 евра за неговите помошници, а тука не се сметаат бонусите.

 

The post Израелски специјалци од Мосад во Белград ќе го чуваат новиот тренер на Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>

Барак Бахар од следната сезона ќе биде тренер на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на израелските извори, според кои поранешниот стратег на Макаби од Хаифа ќе пристигне во Белград по завршувањето на актуелниот шампионат. Она што е интересно е што како и секој Израелец, така и Барак Бахар во странство ќе ја има заштитата на својата земја. Поточно, ќе биде придружуван од еден или двајца агенти на државните органи. Израелската специјална разузнавачка служба Мосад со децении ги штити спортистите од сите возрасти кои заминуваат во странство. Израелецот ќе биде и најплатениот тренер во историјата на српскиот фудбал со 750.000 евра годишна плата, плус 250.000 евра за неговите помошници, а тука не се сметаат бонусите.  

The post Израелски специјалци од Мосад во Белград ќе го чуваат новиот тренер на Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>
Шефот на Мосад ќе оди во Вашингтон да се жали за иранската нуклеарна програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-mosad-kje-odi-vo-vashington-da-se-zali-za-iranskata-nuklearna-programa/ Sun, 28 Aug 2022 18:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=545038

Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да ја изнесе позицијата на Израел за обновување на иранскиот нуклеарен договор, јавија израелски медиуми.

Посетата е закажана за 31 август. Дејвид Барнеа се очекува да зборува пред американскиот Сенат во една од неговите комисии.

Барнеа оваа недела порача дека израелските разузнавачки служби се подготвени да дејствуваат против Иран во име на заштита на интересите на земјата, иако западните земји наскоро може да се договорат со Техеран за заживување на нуклеарниот договор.

Иран веќе го потврди приемот на одговорот на Вашингтон на предлогот за нуклеарниот договор. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Иран отстапил од некои клучни барања.

Минатата недела ЕУ потврди дека добила одговор од Техеран на нацрт-договорот предложен од Брисел за враќање на нуклеарниот договор. Во исто време, Блумберг цитира извор кој вели дека Брисел позитивно реагирал на одговорот на Техеран.

The post Шефот на Мосад ќе оди во Вашингтон да се жали за иранската нуклеарна програма appeared first on Република.

]]>

Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да ја изнесе позицијата на Израел за обновување на иранскиот нуклеарен договор, јавија израелски медиуми. Посетата е закажана за 31 август. Дејвид Барнеа се очекува да зборува пред американскиот Сенат во една од неговите комисии. Барнеа оваа недела порача дека израелските разузнавачки служби се подготвени да дејствуваат против Иран во име на заштита на интересите на земјата, иако западните земји наскоро може да се договорат со Техеран за заживување на нуклеарниот договор. Иран веќе го потврди приемот на одговорот на Вашингтон на предлогот за нуклеарниот договор. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Иран отстапил од некои клучни барања. Минатата недела ЕУ потврди дека добила одговор од Техеран на нацрт-договорот предложен од Брисел за враќање на нуклеарниот договор. Во исто време, Блумберг цитира извор кој вели дека Брисел позитивно реагирал на одговорот на Техеран.

The post Шефот на Мосад ќе оди во Вашингтон да се жали за иранската нуклеарна програма appeared first on Република.

]]>