морски мини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/morski-mini/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 14:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png морски мини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/morski-mini/ 32 32 Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/morski-mini-od-ukraina-lutaat-po-crno-more-i-se-priblizuvaat-kon-bregot-na-bugarija/ Mon, 21 Mar 2022 14:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=476194

Морски мини, поставени во водите на Црно Море крај брегот на Украина, биле однесени од невреме и тие сега слободно пловат и се приближуваат до брегот на Бугарија, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите во близина на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци.

Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море. Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност.

Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето.

Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.

Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето - објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.

Поморксите власти во Бургас и Варна веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.

Претходно, официјална Москва објави соопштение во кое предупреди дека морските мини поставени од украинските сили во Црното и во Азовското Море предизвикуваат опасност да заталкаат кон отворено море.

The post Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Морски мини, поставени во водите на Црно Море крај брегот на Украина, биле однесени од невреме и тие сега слободно пловат и се приближуваат до брегот на Бугарија, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите во близина на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци. Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море. Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност. Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето. Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.
Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето - објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.
Поморксите власти во Бургас и Варна веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација. Претходно, официјална Москва објави соопштение во кое предупреди дека морските мини поставени од украинските сили во Црното и во Азовското Море предизвикуваат опасност да заталкаат кон отворено море.

The post Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија appeared first on Република.

]]>