морис кари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moris-kari/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jan 2022 14:52:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png морис кари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/moris-kari/ 32 32 Американецот Кари ќе го засили МЗТ Скопје на плејмејкерската позиција https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/amerikanecot-kari-kje-go-zasili-mzt-skopje-na-plejmejkerskata-pozicija/ Thu, 27 Jan 2022 14:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=450332

Американскиот кошаркар, Морис Кари (34 год, 180 см), ќе треба да ја пополни празнината во ростерот МЗТ Скопје по заминувањето на Дастин Вер во пресрет на вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања и во АБА2 лигата.

Станува збор за ептен искусен плејмејкер, кој повеќе од десет години настапува во европски клубови. Кари, по четирите сезони минати во Провиденс универзитетот, интернционалната кариера ја почна во полски Кошалин, по што настапуваше за екипи како грчки АЕК, австриски Гмунден, германски Мителдојчер, фински КТП, бугарски Лукоил Академик, француските Шалон Ремс, Нанси, Антиб и Поитерс, како и унгарските Сегед и Капошвари. Во сезоната 2018/19 го носеше дресот на романска Крајова, каде што тренер му беше нашиот поранешен стратег Александар Тодоров - објави македонскиот кошаркарски шампион.

Доаѓањето на Кари во Скопје се очекува кон крајот на неделава, што значи дека ќе има доволно време да се аклиматизира на новата средина и да влезе во системот на тренерот Дарко Радуловиќ за четвртиот турнир од АБА2, кој почнува на 6 февруари во Бања Лука.

The post Американецот Кари ќе го засили МЗТ Скопје на плејмејкерската позиција appeared first on Република.

]]>