море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/more/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 17:50:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/more/ 32 32 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/17-imina-inspirirani-od-moreto-za-vashite-letni-novorodenchina/ Mon, 12 Aug 2024 19:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=803454

Предлог имиња со значење поврзано со морето за сите новороденчиња кои ќе пристигнат во лето, но и за оние чии родители го обожаваат морето:

Женски имиња инспирирани од морето:

  1. Адријана (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Дарија (море на персиски)
  3. Марина (од латинско потекло, значи пристаниште)
  4. Дорис (дериват на името Дорида, морска нимфа од грчката митологија, мажена за грчкиот морски бог Нереј)
  5. Каилани (хавајско име, што значи море и небо)
  6. Корделија (име со велшки корени, што значи морски скапоцен камен)
  7. Маре (море на италијански)
  8. Марис (море или од морето на латински)
  9. Мери (море на фински)
  10. Нериса (грчка морска нимфа)
  11. Талиса (од индијанското женско име Талиса што значи убава вода)

Имиња за момчиња инспирирани од морето:

  1. Адријан (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Гал (име од хебрејско потекло, што значи бран)
  3. Вал (исто така значи бран, но на хрватски)
  4. Хали (име од грчко потекло што значи море)
  5. Лир (ирски бог на морето)
  6. Каи (море на хавајски)

The post 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Предлог имиња со значење поврзано со морето за сите новороденчиња кои ќе пристигнат во лето, но и за оние чии родители го обожаваат морето:

Женски имиња инспирирани од морето:

  1. Адријана (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Дарија (море на персиски)
  3. Марина (од латинско потекло, значи пристаниште)
  4. Дорис (дериват на името Дорида, морска нимфа од грчката митологија, мажена за грчкиот морски бог Нереј)
  5. Каилани (хавајско име, што значи море и небо)
  6. Корделија (име со велшки корени, што значи морски скапоцен камен)
  7. Маре (море на италијански)
  8. Марис (море или од морето на латински)
  9. Мери (море на фински)
  10. Нериса (грчка морска нимфа)
  11. Талиса (од индијанското женско име Талиса што значи убава вода)

Имиња за момчиња инспирирани од морето:

  1. Адријан (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Гал (име од хебрејско потекло, што значи бран)
  3. Вал (исто така значи бран, но на хрватски)
  4. Хали (име од грчко потекло што значи море)
  5. Лир (ирски бог на морето)
  6. Каи (море на хавајски)

The post 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња appeared first on Република.

]]>
Како ќе знаат кого да казнат? Казни од 750 евра за мочање во море https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/kako-ke-znaat-kogo-da-kaznat-kazni-od-750-evra-za-mochane-vo-more/ Sun, 04 Aug 2024 14:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=802196

Истражувањата покажаа дека 62% од капачите уринираат во море. Но, многу експерти потенцираат дека не е толку страшно да се моча во море, бидејќи урината не штети на морската средина. Човечката урина е 95% вода, а присутниот натриум хлорид веќе постои во морската вода.

Дури и сите луѓе во светот да уринираат во морето во исто време, според експертите - нема да има еколошки штети. Биохемичарот Стјуарт Џонс објаснува дека урината е безопасна и кога ќе се разреди со морска вода, за многу кратко време станува безначајна.

Што се однесува до базенот, ситуацијата е поинаква. Иако мочањето во базен може да изгледа безопасно, мешањето на урината со хлор може да создаде штетни хемикалии, како што е хлор цијанид, што може да го оштети срцето и белите дробови.

И покрај тоа, научниците препорачуваат избегнување на мокрење во помали заливи, каде што водата циркулира помалку.

Затоа, шпанскиот град Марбеља сега воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи.

Исто така, во Сан Педро дел Пинатар во Мурсија, мокрењето во морето е забрането од 2017 година.

 

The post Како ќе знаат кого да казнат? Казни од 750 евра за мочање во море appeared first on Република.

]]>

Истражувањата покажаа дека 62% од капачите уринираат во море. Но, многу експерти потенцираат дека не е толку страшно да се моча во море, бидејќи урината не штети на морската средина. Човечката урина е 95% вода, а присутниот натриум хлорид веќе постои во морската вода. Дури и сите луѓе во светот да уринираат во морето во исто време, според експертите - нема да има еколошки штети. Биохемичарот Стјуарт Џонс објаснува дека урината е безопасна и кога ќе се разреди со морска вода, за многу кратко време станува безначајна.
Што се однесува до базенот, ситуацијата е поинаква. Иако мочањето во базен може да изгледа безопасно, мешањето на урината со хлор може да создаде штетни хемикалии, како што е хлор цијанид, што може да го оштети срцето и белите дробови.
И покрај тоа, научниците препорачуваат избегнување на мокрење во помали заливи, каде што водата циркулира помалку. Затоа, шпанскиот град Марбеља сега воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи. Исто така, во Сан Педро дел Пинатар во Мурсија, мокрењето во морето е забрането од 2017 година.  

The post Како ќе знаат кого да казнат? Казни од 750 евра за мочање во море appeared first on Република.

]]>
Во Дубровник измерена рекордна температура на морето https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-dubrovnik-izmerena-rekordna-temperatura-na-moreto/ Tue, 16 Jul 2024 10:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=797327

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

 

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ) Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C. Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.  

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>
Плажата со најубава вода во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/plazhata-so-najubava-voda-vo-tsrna-gora/ Mon, 15 Jul 2024 16:23:56 +0000 https://republika.mk/?p=794952

Иако е карпеста и не е лесно достапна, сите што ја посетиле плажата кај 'Рт Весло не штедат на зборови да опишат каков рај е тој. Се работи за место кое гордо ја носи титулата за плажа со најубава вода во Црна Гора.

'Ртот Весло е добро позициониран бидејќи е во непосредна близина и на Будва и на Тиват и на Херцег Нови.

Ова е идеално место за сите оние кои ги сакаат дивите плажи. Патот до неа не е најпристапен, но вреди за секој труд, бидејќи и кампот и плажата навистина ќе ве маѓепсаат. Каскадни карпи, без мебел за плажа и тиркизно сина вода се она по што е познато ова скриено место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija 🌸🇲🇪🌺 (@llady_li)

The post Плажата со најубава вода во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Иако е карпеста и не е лесно достапна, сите што ја посетиле плажата кај 'Рт Весло не штедат на зборови да опишат каков рај е тој. Се работи за место кое гордо ја носи титулата за плажа со најубава вода во Црна Гора.
'Ртот Весло е добро позициониран бидејќи е во непосредна близина и на Будва и на Тиват и на Херцег Нови. Ова е идеално место за сите оние кои ги сакаат дивите плажи. Патот до неа не е најпристапен, но вреди за секој труд, бидејќи и кампот и плажата навистина ќе ве маѓепсаат. Каскадни карпи, без мебел за плажа и тиркизно сина вода се она по што е познато ова скриено место.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Lidija 🌸🇲🇪🌺 (@llady_li)

The post Плажата со најубава вода во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-50-litsa-se-udavija-od-koi-sedum-detsa-vo-ruskite-reki-ezera-i-morina-vo-poslednite-24-chasa/ Sun, 07 Jul 2024 09:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=794184

Околу 50 лица, меѓу кои седум деца, го загубија животот со давење во вода за само еден ден во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Констатирано е дека во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти на руските реки, езера и мориња, пренесуваат британските медиуми, додавајќи дека седум деца се меѓу 49-те лица кои се удавија вчера,откако топлотен бран зафати големи делови од земјата.

„Во земјата во последните 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти, 49 лица загинаа“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.

Ова е за 10 инциденти повеќе од бројот на давеници во истиот ден пред една година, пренесуваат руските медиуми.

Минатата недела во Русија беше регистрирано најтоплото време во повеќе од еден век, а Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а голем број градови во најголемата земја во светот издржаа температури над 35 Целзиусови степени.

Хидрометеоролошката служба во петокот соопшти дека јужните и европските делови на Русија се очекува да доживеат невообичаено топло време во текот на викендот, а на некои места се очекуваше температурите да надминат 40 степени Целзиусови.

The post Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа appeared first on Република.

]]>

Околу 50 лица, меѓу кои седум деца, го загубија животот со давење во вода за само еден ден во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. Констатирано е дека во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти на руските реки, езера и мориња, пренесуваат британските медиуми, додавајќи дека седум деца се меѓу 49-те лица кои се удавија вчера,откако топлотен бран зафати големи делови од земјата. „Во земјата во последните 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти, 49 лица загинаа“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. Ова е за 10 инциденти повеќе од бројот на давеници во истиот ден пред една година, пренесуваат руските медиуми. Минатата недела во Русија беше регистрирано најтоплото време во повеќе од еден век, а Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а голем број градови во најголемата земја во светот издржаа температури над 35 Целзиусови степени. Хидрометеоролошката служба во петокот соопшти дека јужните и европските делови на Русија се очекува да доживеат невообичаено топло време во текот на викендот, а на некои места се очекуваше температурите да надминат 40 степени Целзиусови.

The post Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа appeared first on Република.

]]>
Екстремно високи температури на површината на морето во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ekstremno-visoki-temperaturi-na-povrshinata-na-moreto-vo-grtsija/ Tue, 16 Apr 2024 08:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=766577

Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на 15 април споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето.

Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години.

The post Екстремно високи температури на површината на морето во Грција appeared first on Република.

]]>

Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на 15 април споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето. Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години.

The post Екстремно високи температури на површината на морето во Грција appeared first on Република.

]]>
Србин се удави во Егејското море https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbin-se-udavi-vo-egejskoto-more/ Sat, 23 Sep 2023 13:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=684403

Државјанин на Србија (68) загинал вчера кога бил извлечен од морето на плажата кај Аспровалта.

Спасувачите од плажата и лекарите направиле обид за реанимација на лице место, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Солун, каде била констатирана смрт, пишува „Блиц“.

Грчките медиуми не наведуваат дека било подигнато црвено знаме, па не е појаснето дали причината за смртта е последица на разбрануваното море, додава српскиот весник.

 

The post Србин се удави во Егејското море appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Србија (68) загинал вчера кога бил извлечен од морето на плажата кај Аспровалта. Спасувачите од плажата и лекарите направиле обид за реанимација на лице место, по што мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Солун, каде била констатирана смрт, пишува „Блиц“. Грчките медиуми не наведуваат дека било подигнато црвено знаме, па не е појаснето дали причината за смртта е последица на разбрануваното море, додава српскиот весник.  

The post Србин се удави во Егејското море appeared first on Република.

]]>
Исчезна жена во морето на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ischezna-zhena-vo-moreto-na-halkidiki/ Tue, 05 Sep 2023 18:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=679111

Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану.

Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија, пишува „Прототема“.

Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената.

Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.

The post Исчезна жена во морето на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану.
Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија, пишува „Прототема“.
Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената. Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето. Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.

The post Исчезна жена во морето на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Лудилото нема крај: На плажа во Хвар го наплаќаат и капењето во море, дневен престој чини две евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ludiloto-nema-kraj-na-plazha-vo-hvar-go-naplakaat-i-kapeneto-vo-more-dneven-prestoj-chini-dve-evra/ Mon, 07 Aug 2023 09:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=669525

Во делови од хрватскиот Јадран годинава наплаќаат и користење на плажа, односно капење во море, па така, на пример, „дневниот престој“ во кампот „Млашка“ на островот Хвар чини две евра, пишува денеска сплитска „Слободна Далмација“.

Ако сме корисници на кампот – во ред, нешто што е под концесија треба да се наплати, но колку што можам да видам на достапните веб-страници, тој камп воопшто нема концесија на плажа, а камоли за концесија која вклучува наплата за користење на морето,  рекла една жена за сплитскиот весник.

Ми рекоа дека треба да платам три дневни билети за капење на плажа, за тројца возрасни, додала таа.

Појаснила дека не се работи за лежалка, чадор, или паркинг, туку цена од две евра по човек за капење и користење на плажата.

Жената обелоденила дека ова непријатно искуство го доживеала на источната страна на островот, а на сметката што ја добила, услугата е наведена како „дневен престој“, без дополнително објаснување.

The post Лудилото нема крај: На плажа во Хвар го наплаќаат и капењето во море, дневен престој чини две евра appeared first on Република.

]]>

Во делови од хрватскиот Јадран годинава наплаќаат и користење на плажа, односно капење во море, па така, на пример, „дневниот престој“ во кампот „Млашка“ на островот Хвар чини две евра, пишува денеска сплитска „Слободна Далмација“. Ако сме корисници на кампот – во ред, нешто што е под концесија треба да се наплати, но колку што можам да видам на достапните веб-страници, тој камп воопшто нема концесија на плажа, а камоли за концесија која вклучува наплата за користење на морето,  рекла една жена за сплитскиот весник. Ми рекоа дека треба да платам три дневни билети за капење на плажа, за тројца возрасни, додала таа. Појаснила дека не се работи за лежалка, чадор, или паркинг, туку цена од две евра по човек за капење и користење на плажата. Жената обелоденила дека ова непријатно искуство го доживеала на источната страна на островот, а на сметката што ја добила, услугата е наведена како „дневен престој“, без дополнително објаснување.

The post Лудилото нема крај: На плажа во Хвар го наплаќаат и капењето во море, дневен престој чини две евра appeared first on Република.

]]>
Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/uplativte-za-na-more-eve-kakvo-vreme-i-temepraturi-ve-chekaat-vo-grtsija/ Mon, 15 May 2023 12:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=640998

Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.

До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.

Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.

На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.

По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.

Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.
Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.

The post Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција appeared first on Република.

]]>

Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината. До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики. Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион. На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови. По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море. Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С. Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.

The post Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција appeared first on Република.

]]>
Морето проголта „хонда“ откако возачката заборави да крене рачна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/moreto-progolta-honda-otkako-vozachkata-zaboravi-da-krene-rachna/ Mon, 15 May 2023 07:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=640848

Трагикомична ситуација е споделена на „Тик ток“ која заврши со „хонда ЦР-В“ проголтано од морската вода.

Во ситуација кога за да се растовари или натовари едно џет-ски, возачката влегува во водата со сите четири тркала, по што излегува од возилото. Тоа веднаш почнува да се движи наназад, за веќе по неколку секунди да е целосно потопено.

https://youtu.be/PQgXERYWeB4

The post Морето проголта „хонда“ откако возачката заборави да крене рачна appeared first on Република.

]]>

Трагикомична ситуација е споделена на „Тик ток“ која заврши со „хонда ЦР-В“ проголтано од морската вода. Во ситуација кога за да се растовари или натовари едно џет-ски, возачката влегува во водата со сите четири тркала, по што излегува од возилото. Тоа веднаш почнува да се движи наназад, за веќе по неколку секунди да е целосно потопено. https://youtu.be/PQgXERYWeB4

The post Морето проголта „хонда“ откако возачката заборави да крене рачна appeared first on Република.

]]>
Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/moreto-kaj-istanbul-se-povleche-za-25-metri/ Tue, 14 Feb 2023 10:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=608754

Мраморното Море кај Истанбул одеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите. За појавата се огласи Техничкиот факултет во истанбул. Велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со силниот земјотрес кој пред осум дена го погоди југот на земјата.

Поради центарот на висок притисок кој се наоѓа на западот на Турција ветрот дува над истанбул веќе подолго време од север кон југ, односно кон Мраморното море.

Според Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветар изнесува 20 километри на час, Ветрот постојано ја носи површинската морска вода од брњгот на мраморното Море на свропската страна на истанбул кој југ. Затоа водостојот се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авчилар, додека нивото се зголемува се зголемува на јужниот брег на споменатото море“, соопштија од Техничкиот факултет.

 

The post Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри appeared first on Република.

]]>

Мраморното Море кај Истанбул одеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите. За појавата се огласи Техничкиот факултет во истанбул. Велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со силниот земјотрес кој пред осум дена го погоди југот на земјата.
Поради центарот на висок притисок кој се наоѓа на западот на Турција ветрот дува над истанбул веќе подолго време од север кон југ, односно кон Мраморното море.
Според Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветар изнесува 20 километри на час, Ветрот постојано ја носи површинската морска вода од брњгот на мраморното Море на свропската страна на истанбул кој југ. Затоа водостојот се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авчилар, додека нивото се зголемува се зголемува на јужниот брег на споменатото море“, соопштија од Техничкиот факултет.  

The post Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри appeared first on Република.

]]>
Гром удри во туристка која пливала во Сплит https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grom-udri-vo-turistka-koja-plivala-vo-split/ Sat, 20 Aug 2022 15:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=542364

Жена била погодена од гром попладнево додека пливала во морето на плажата Кашјуни во Сплит, пренесува „Слободна Далмација“. Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен.

Во моментот на ударот на гром жената наводно била во морето. Таа беше извлечена од морето до брегот од други капачи.

На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош.

Според неофицијални информации, успешна била реанимацијата. Жената со повреда на главата е пренесена во Одделот за итни случаи во КБЦ Сплит.

The post Гром удри во туристка која пливала во Сплит appeared first on Република.

]]>

Жена била погодена од гром попладнево додека пливала во морето на плажата Кашјуни во Сплит, пренесува „Слободна Далмација“. Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен. Во моментот на ударот на гром жената наводно била во морето. Таа беше извлечена од морето до брегот од други капачи. На местото веднаш пристигнале две екипи за итна медицинска помош. Според неофицијални информации, успешна била реанимацијата. Жената со повреда на главата е пренесена во Одделот за итни случаи во КБЦ Сплит.

The post Гром удри во туристка која пливала во Сплит appeared first on Република.

]]>
Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/najchistata-voda-e-vo-ulcinj-i-bar-eve-kakov-e-kvalitetot-i-vo-budva-kotor-herceg-novi/ Thu, 28 Jul 2022 09:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=534162

Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет.

Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.

Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација.

Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации.

Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација.

Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет.

Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна.

Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет.

Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).

The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.

]]>

Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет. Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет. Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација. Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации. Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација. Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет. Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна. Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет. Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).

The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.

]]>
Ако во морето забележите вакво нешто НИКАКО не влегувајте во вода, морската струја може да ве одвлече без да може да ви се помогне https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ako-vo-moreto-zabelezite-vakvo-neshto-nikako-ne-vleguvajte-vo-voda-morskata-struja-moze-da-ve-odvleche-bez-da-moze-da-vi-se-pomogne/ Mon, 25 Jul 2022 12:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=532955

Ако одите на одмор на море со вашите деца, треба да бидете внимателни при влегување во водата.

Иако на рв поглед тоа не може да се забележи, морето крие многу морски струи, кои може да бидат смртоносни, доколку не изреагирате на вистински начин доколку бидете зафатени од некоја таква струја.

Една од најголемите опасности претставува таканаречената РИП струја, за која е карактеристично дека е толку поопасна колку што се обидувате да и се спротивставите и да „ја победите“.

РИП СТРУЈА (Rip currents):

Ако видите празен и тивок простор помеѓу брановите (како на сликите), не дозволувајте да влезете вие или особено вашите деца во водата.

Просторот помеѓу двете стрелки е всушност повратна сила на струење на водата. Ова е многу силна струја која нема да ви дозволи да се вратите на брегот, туку ќе ве одвлече далеку во морето.

За да излезете од неа, не треба да се спротивставувате, туку следете едноставно правило кое може да ви помогне да излезете од прегратките на водата и повторно да стапнете на суво.

Идејата е дека не мора да паничите и да се борите со струјата. Таа „работи“ на околу 100 метри од брегот - тоа е растојанието на коешто обично може да ве однесе.

Откако ќе почувствувате дека силата на струјата се намалува, почнете да пливате паралелно со брегот. Во моментот кога ќе можете да го правите тоа, а водата не ве турка назад, тргнете директно кон плажата користејќи ги брановите за помош.

 

The post Ако во морето забележите вакво нешто НИКАКО не влегувајте во вода, морската струја може да ве одвлече без да може да ви се помогне appeared first on Република.

]]>

Ако одите на одмор на море со вашите деца, треба да бидете внимателни при влегување во водата. Иако на рв поглед тоа не може да се забележи, морето крие многу морски струи, кои може да бидат смртоносни, доколку не изреагирате на вистински начин доколку бидете зафатени од некоја таква струја. Една од најголемите опасности претставува таканаречената РИП струја, за која е карактеристично дека е толку поопасна колку што се обидувате да и се спротивставите и да „ја победите“.

РИП СТРУЈА (Rip currents):

Ако видите празен и тивок простор помеѓу брановите (како на сликите), не дозволувајте да влезете вие или особено вашите деца во водата. Просторот помеѓу двете стрелки е всушност повратна сила на струење на водата. Ова е многу силна струја која нема да ви дозволи да се вратите на брегот, туку ќе ве одвлече далеку во морето. За да излезете од неа, не треба да се спротивставувате, туку следете едноставно правило кое може да ви помогне да излезете од прегратките на водата и повторно да стапнете на суво. Идејата е дека не мора да паничите и да се борите со струјата. Таа „работи“ на околу 100 метри од брегот - тоа е растојанието на коешто обично може да ве однесе. Откако ќе почувствувате дека силата на струјата се намалува, почнете да пливате паралелно со брегот. Во моментот кога ќе можете да го правите тоа, а водата не ве турка назад, тргнете директно кон плажата користејќи ги брановите за помош.  

The post Ако во морето забележите вакво нешто НИКАКО не влегувајте во вода, морската струја може да ве одвлече без да може да ви се помогне appeared first on Република.

]]>
Македонско-српска работна акција во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/makedonsko-srpska-rabotna-akcija-vo-grcija/ Sat, 23 Jul 2022 07:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=532338

На Фејсбук страната „Грчка Инфо“ е објавено видео на кое се гледа како македонските и српските туристи што се затекнале на плажата во Неа Каликратија одлучиле со заеднички сили да ја извадат тревата насобрана на брегот и да си направат простор за капење.

Неа Каликратија. Македонско - Српска работна акција“ – стои во описот до видеото.

Видеото погледнете го на следниот линк.

The post Македонско-српска работна акција во Грција appeared first on Република.

]]>

На Фејсбук страната „Грчка Инфо“ е објавено видео на кое се гледа како македонските и српските туристи што се затекнале на плажата во Неа Каликратија одлучиле со заеднички сили да ја извадат тревата насобрана на брегот и да си направат простор за капење.

Неа Каликратија. Македонско - Српска работна акција“ – стои во описот до видеото.

Видеото погледнете го на следниот линк.

The post Македонско-српска работна акција во Грција appeared first on Република.

]]>
Тепачка во море: Жена напаѓа маж, сопругата скока да го брани https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/tepachka-vo-more-zena-napagja-maz-soprugata-skoka-da-go-brani/ Thu, 14 Jul 2022 07:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=528461

Снимка од жестока тепачка меѓу жени се појави деновиве на социјалните мрежи, а иако нема сигурна информација за локацијата и за времето кога е снимено видеото, многумина коментираат дека станува збор за Срби кои летуваат на плажата во Паралија, во северна Грција, пред неколку дена.

На снимката се гледа како една од жените прво влегува во конфликт со маж, а потоа се вмешува друга жена и настанува хаос. Покрај нив има дете во гума, на кое никој повеќе не обрнува внимание, откако почна пресметката.

The post Тепачка во море: Жена напаѓа маж, сопругата скока да го брани appeared first on Република.

]]>

Снимка од жестока тепачка меѓу жени се појави деновиве на социјалните мрежи, а иако нема сигурна информација за локацијата и за времето кога е снимено видеото, многумина коментираат дека станува збор за Срби кои летуваат на плажата во Паралија, во северна Грција, пред неколку дена. На снимката се гледа како една од жените прво влегува во конфликт со маж, а потоа се вмешува друга жена и настанува хаос. Покрај нив има дете во гума, на кое никој повеќе не обрнува внимание, откако почна пресметката.

The post Тепачка во море: Жена напаѓа маж, сопругата скока да го брани appeared first on Република.

]]>
Автомобил со скопски таблички заврши во Егејското море https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-so-skopski-tablichki-zavrshi-vo-egejskoto-more/ Sun, 26 Jun 2022 17:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=519968

Многу наши сограѓани викендов ја напуштија државата и заминаа на викенд во Грција, но сепак еден граѓанин нема да го памети по добро престојот кај јужниот сосед.

Според објавите на социјалните мрежи, автомобил со македонски регистарски таблички паднал во Егејското море.

-Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочника и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, стои во објавата на Фејсбук страницата „Grcka info“.

The post Автомобил со скопски таблички заврши во Егејското море appeared first on Република.

]]>

Многу наши сограѓани викендов ја напуштија државата и заминаа на викенд во Грција, но сепак еден граѓанин нема да го памети по добро престојот кај јужниот сосед. Според објавите на социјалните мрежи, автомобил со македонски регистарски таблички паднал во Егејското море.
-Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочника и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, стои во објавата на Фејсбук страницата „Grcka info“.

The post Автомобил со скопски таблички заврши во Егејското море appeared first on Република.

]]>
Kaде во Грција е најтопло морето во текот на јуни https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/kade-vo-grcija-e-najtoplo-moreto-vo-tekot-na-juni/ Sun, 29 May 2022 09:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=507740

Доколку редовно одите на море на самиот почеток на сезоната, знаете дека во јуни може да биде малку постудено. Но, не секаде.

Колку ќе биде студена водата најмногу зависи од разликата меѓу температурата на водата и воздухот - колку се поблиску, толку ќе ни биде потопл. Времето во јуни е непредвидливо, но судејќи според просечните температури од претходните години, опуштено ќе пливате на омилените летни дестинации.

Кога станува збор за Грција, точно е дека Егејското Море е нешто потопло од Јонското Море, но излегува дека разликата е во просек од еден до два степени.

Најбитно е дека треба да барате места во заливите, наместо на отворено море и дека треба да очекувате малку постудена вода на островите.

Во моментов, најтоплото море околу Крф е 22 степени, на температура на воздухот од 24 степени, додека на Крит, на пример, морето е под 20 степени, на температура на воздухот од 27. Просечната температура на морето во јуни во Грција е околу 23 степени, а покрај како летувалишта со најтопло море во последните години се споменуваат  Паралија, Тасос, Сарти, Парга...

Грција во јуни е атрактивна опција за многумина бидејќи нема исцрпувачки горештини, а може да се најдат аранжмани кои се неспоредливо поповолни од оние во екот на сезоната.

The post Kaде во Грција е најтопло морето во текот на јуни appeared first on Република.

]]>

Доколку редовно одите на море на самиот почеток на сезоната, знаете дека во јуни може да биде малку постудено. Но, не секаде. Колку ќе биде студена водата најмногу зависи од разликата меѓу температурата на водата и воздухот - колку се поблиску, толку ќе ни биде потопл. Времето во јуни е непредвидливо, но судејќи според просечните температури од претходните години, опуштено ќе пливате на омилените летни дестинации. Кога станува збор за Грција, точно е дека Егејското Море е нешто потопло од Јонското Море, но излегува дека разликата е во просек од еден до два степени. Најбитно е дека треба да барате места во заливите, наместо на отворено море и дека треба да очекувате малку постудена вода на островите. Во моментов, најтоплото море околу Крф е 22 степени, на температура на воздухот од 24 степени, додека на Крит, на пример, морето е под 20 степени, на температура на воздухот од 27. Просечната температура на морето во јуни во Грција е околу 23 степени, а покрај како летувалишта со најтопло море во последните години се споменуваат  Паралија, Тасос, Сарти, Парга... Грција во јуни е атрактивна опција за многумина бидејќи нема исцрпувачки горештини, а може да се најдат аранжмани кои се неспоредливо поповолни од оние во екот на сезоната.

The post Kaде во Грција е најтопло морето во текот на јуни appeared first on Република.

]]>
Во Дубровник се капеа во морето откако падна рекордот за највисока температура https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-dubrovnik-se-kapea-vo-moreto-otkako-padna-rekordot-za-najvisoka-temperatura/ Sun, 02 Jan 2022 22:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=439783

19.3 степени целзиусови во Дубровник на втори јануари.

Тоа е највисоката температура измерена во Хрватска во 14 часот, но и највисоката јануарска температура во Дубровник откако се мери температурата во овој град.

Хрватскиот медиум индекс објави дека на плажата Горица во Дубровник имало десетици капачи кои се бањале во Јадранско море.

Зимата и Нова Година донесоа топло време на Балканот, а високи нетипични температури се мерат и во Македонија во првите два дена од 2022ра година. Температурите во некои градови во Македонија стигнаа и до 15 степени.

The post Во Дубровник се капеа во морето откако падна рекордот за највисока температура appeared first on Република.

]]>

19.3 степени целзиусови во Дубровник на втори јануари. Тоа е највисоката температура измерена во Хрватска во 14 часот, но и највисоката јануарска температура во Дубровник откако се мери температурата во овој град. Хрватскиот медиум индекс објави дека на плажата Горица во Дубровник имало десетици капачи кои се бањале во Јадранско море. Зимата и Нова Година донесоа топло време на Балканот, а високи нетипични температури се мерат и во Македонија во првите два дена од 2022ра година. Температурите во некои градови во Македонија стигнаа и до 15 степени.

The post Во Дубровник се капеа во морето откако падна рекордот за највисока температура appeared first on Република.

]]>