морбили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/morbili/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 10:58:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png морбили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/morbili/ 32 32 Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/andonovska-so-apel-do-matichnite-lekari-somnitelnite-sluchai-na-morbili-da-se-prakaat-vo-infektivnata-klinika-ili-vo-ijz/ Fri, 06 Sep 2024 10:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=813806

Втор случај на морбили е регистриран годинава кај 12-годишно дете од селото Долно Коњаре во Општината Петровец. Се работи за инпортиран случај од Србија, оти детето претходно престојувало во Нови Пазар, каде што веќе има појава на позитивни случаи на морбили. Ова денеска го изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, апелирајќи до матичните лекари веднаш штом забележат сомнителен случај на морбили да го препратат во Инфективната клиника или во ИЈЗ за анализи.

„На 3 септември од Инфективната клиника до Институтот за јавно здравје е пратено 12-годишно дете како суспектно на морбили. После направените анализи, констатирано е дека детето е позитивно на морбили. Анализите се направени истиот ден кога е пристигнато детето, како и епидемиолошката анкета“, рече Андоновска.

Во семејството, како што вели таа, освен ова дете има и пет други деца, од кои три се целосно вакцинирани, а две не, меѓу кои и детето што е позитивно на морбили. Како што рече Андоновска, семејството одбива децата да бидат вакцинирани.

Според епидемиолошката анкета, исказите на членовите на семејството, како што вели Андоновска, се дека детето немало многу контакти во населбата Петровец, село Долно Кочаре.

„Изминатите денови откако се вратило од Србија, детето не идело во училиште, ниту тоа, ниту неговото братче кое исто така е невакцинирано. Негираат повеќе контакти, велат дека контактите биле во кругот на семејството“, вели таа.

Андоновска апелира до матичните лекари кога ќе забележат сомнителен случај веднаш да го пратат на Инфективната клиника, па оттаму да го пратат на анализи во Институтот за јавно здравје или, пак веднаш да дојде во ИЈЗ за анализи.

За конкретниот случај, таа вели дека детето прво се јавило на Инфективната клиника, а потоа е препратено во ИЈЗ.

Нивна обврска, според Андоновска, е по констатирање на позитивен случај на морбили да дадат препораки на семејството за изолација, но како што рече, изолација пропишана со закон за морбили нема.

„Останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Земени се анализи и од медицинскиот персонал што бил во контакт со детето и истите се следат“, рече директорката на ИЈЗ.

Првиот случај на морбили годинава е регистриран во јуни кај жител на село Лабуништа, Струшко.

Минатата година пријавен е еден случај на заболување од мали сипаници. Во период од 2014 до 2023 година регистрирани се вкупно 2 020 заболени. Епидемии на морбили се регистрирани во 2014, 2017 и 2018 и 2019 година. Последната е регистрирана во 2018 година, а одјавена во 2019 година со 1 901 заболени.

Вакцинацијата против морбили се спроведува задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се дава на првата година од возраста на детето, а ревакцината е на шестгодишна возраст.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, опфатот со првата доза на МРП-вакцината во 2023 година е 73,4 отсто, а во Скопје е 83,7 отсто. Опфатот со ревакцинација за 2023 година изнесува 87,7 отсто, а во Скопје 85,9 отсто.

The post Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Втор случај на морбили е регистриран годинава кај 12-годишно дете од селото Долно Коњаре во Општината Петровец. Се работи за инпортиран случај од Србија, оти детето претходно престојувало во Нови Пазар, каде што веќе има појава на позитивни случаи на морбили. Ова денеска го изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, апелирајќи до матичните лекари веднаш штом забележат сомнителен случај на морбили да го препратат во Инфективната клиника или во ИЈЗ за анализи.
„На 3 септември од Инфективната клиника до Институтот за јавно здравје е пратено 12-годишно дете како суспектно на морбили. После направените анализи, констатирано е дека детето е позитивно на морбили. Анализите се направени истиот ден кога е пристигнато детето, како и епидемиолошката анкета“, рече Андоновска.
Во семејството, како што вели таа, освен ова дете има и пет други деца, од кои три се целосно вакцинирани, а две не, меѓу кои и детето што е позитивно на морбили. Како што рече Андоновска, семејството одбива децата да бидат вакцинирани.
Според епидемиолошката анкета, исказите на членовите на семејството, како што вели Андоновска, се дека детето немало многу контакти во населбата Петровец, село Долно Кочаре.
„Изминатите денови откако се вратило од Србија, детето не идело во училиште, ниту тоа, ниту неговото братче кое исто така е невакцинирано. Негираат повеќе контакти, велат дека контактите биле во кругот на семејството“, вели таа.
Андоновска апелира до матичните лекари кога ќе забележат сомнителен случај веднаш да го пратат на Инфективната клиника, па оттаму да го пратат на анализи во Институтот за јавно здравје или, пак веднаш да дојде во ИЈЗ за анализи. За конкретниот случај, таа вели дека детето прво се јавило на Инфективната клиника, а потоа е препратено во ИЈЗ. Нивна обврска, според Андоновска, е по констатирање на позитивен случај на морбили да дадат препораки на семејството за изолација, но како што рече, изолација пропишана со закон за морбили нема.
„Останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не. Земени се анализи и од медицинскиот персонал што бил во контакт со детето и истите се следат“, рече директорката на ИЈЗ.
Првиот случај на морбили годинава е регистриран во јуни кај жител на село Лабуништа, Струшко. Минатата година пријавен е еден случај на заболување од мали сипаници. Во период од 2014 до 2023 година регистрирани се вкупно 2 020 заболени. Епидемии на морбили се регистрирани во 2014, 2017 и 2018 и 2019 година. Последната е регистрирана во 2018 година, а одјавена во 2019 година со 1 901 заболени. Вакцинацијата против морбили се спроведува задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се дава на првата година од возраста на детето, а ревакцината е на шестгодишна возраст. Според податоците на Институтот за јавно здравје, опфатот со првата доза на МРП-вакцината во 2023 година е 73,4 отсто, а во Скопје е 83,7 отсто. Опфатот со ревакцинација за 2023 година изнесува 87,7 отсто, а во Скопје 85,9 отсто.  

The post Андоновска со апел до матичните лекари: Сомнителните случаи на морбили да се праќаат во Инфективната клиника или во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Во август 93 нови случаи на морбили во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-avgust-93-novi-sluchai-na-morbili-vo-srbija/ Wed, 04 Sep 2024 15:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=813162

Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Во текот на август на територијата на Нови Пазар се регистрирани 88 случаи на мали сипаници, три во Тутин и два во Белград, се прецизира во извештајот.

Од почетокот на годинава до 31 август, во Србија е потврдено дека заболеле од сипаници вкупно 348 лица.

Најголем број заболени од мали сипаници се регистрирани на територијата на округот Раш (207), во рамките на епидемијата во Нови Пазар, која беше забележана на 7 мај годинава и на територијата на градот Белград (99).

Најголем број случаи (47,1 отсто) се во возрасната група од една до четири години, каде најголем дел од болните деца (97 отсто) биле невакцинирани.

Компликација во форма на пневмонија била присутна кај 11 пациенти.

Два случаи на мали сипаници се потврдени кај деца од Република Српска кои се хоспитализирани во здравствените установи во Белград.

The post Во август 93 нови случаи на морбили во Србија appeared first on Република.

Црногорското Министерство за здравство предупреди: Вакцинација против морбили или поостри мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrnogorskoto-ministerstvo-za-zdravstvo-predupredi-vaktsinatsija-protiv-morbili-ili-poostri-merki/ Thu, 29 Aug 2024 20:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=811367

Министерството за здравство на Црна Гора апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против мали сипаници и така да придонесат за колективен имунитет, бидејќи во спротивно ќе мора да воведат поостри мерки.

Ова произлегува од одговорот на Министерството на прашањата од весникот „Вијести“ за тоа дали ќе ги прифатат предлозите на Институтот за јавно здравје во врска со актуелната епидемија на морбили. Училишната година започнува в понеделник, 2 септември, додека епидемија на мали сипаници е официјално прогласена во Подгорица и Будва. Институтот претходно му предложи на Министерството предводено од Воислав Шимун да го измени законот со цел на невакцинираните деца да им се ограничи престојот во училишта и градинки или да воведе привремени мерки во општините каде што е пријавена епидемија на мали сипаници.

Министерството за здравство во соработка со државните институции и партнери од меѓународниот и невладиниот сектор креираше цела низа позитивни мерки и активности насочени кон родителите, со цел да се зголеми одзивот за вакцинација на децата, кој во моментот не е задоволителен, особено поради околностите на почетокот на новата учебна година. Доколку овие мерки во најскоро време не дадат резултати, Министерството ќе биде принудено да размисли за воведување мерки со кои ќе се намали обемот на правата за одредени возрасни групи“, се вели во одговорот, пренесува „Вијести“.

Од Министерството, сепак, не прецизираа кои ќе бидат овие мерки.

Министерството за здравство потсети дека според Законот за заштита на населението од заразни болести е пропишана обврската за вакцинација, како и казнените одредби за непочитување на обврските пропишани со закон. Министерството цврсто стои зад политиката на задолжителна вакцинација и ги повика родителите да ја послушаат стручната фела и да ги доведат децата на вакцинација, со цел да се намали ризикот од ширење на епидемијата и сите несакани последици.

Епидемија на мали сипаници е прогласена во Будва и Подгорица, а надлежните веруваат дека со почетокот на училишната година ситуацијата ќе се влоши. Меѓу 19-те заразени, колку што се регистрирани од април до оваа недела, нема ниту едно дете кое е правилно вакцинирано против морбили.

Според податоците на ИЈЗ, опфатот со една доза MMR вакцина меѓу децата од предучилишна возраст во Црна Гора изнесува 59,7 проценти. MMR вакцината ја примиле 83 проценти од децата родени во 2018 година, додека 76,7 проценти од децата родени во 2019 година.

Меѓу децата родени во 2020 година, опфатот е 69,7 проценти, додека само половина од децата родени во 2021 година се вакцинирани против мали сипаници. Опфатот на вакцинирани меѓу децата родени во 2022 година е 32,1 процент, а во 2023 година само 13,8 проценти.

Според важечкиот Закон за заштита на населението од заразни болести, вакцинацијата против десет заразни болести, вклучително и мали сипаници, е задолжителна. За родителите се предвидени казни до 2.000 евра доколку одбијат и не овозможат вакцинација на нивното дете од предучилишна или училишна возраст против овие болести, освен во случај на медицинска контраиндикација која ја утврдува лекар или стручен тим, пренесува „Вијести“.

The post Црногорското Министерство за здравство предупреди: Вакцинација против морбили или поостри мерки appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Црна Гора апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против мали сипаници и така да придонесат за колективен имунитет, бидејќи во спротивно ќе мора да воведат поостри мерки. Ова произлегува од одговорот на Министерството на прашањата од весникот „Вијести“ за тоа дали ќе ги прифатат предлозите на Институтот за јавно здравје во врска со актуелната епидемија на морбили. Училишната година започнува в понеделник, 2 септември, додека епидемија на мали сипаници е официјално прогласена во Подгорица и Будва. Институтот претходно му предложи на Министерството предводено од Воислав Шимун да го измени законот со цел на невакцинираните деца да им се ограничи престојот во училишта и градинки или да воведе привремени мерки во општините каде што е пријавена епидемија на мали сипаници.
Министерството за здравство во соработка со државните институции и партнери од меѓународниот и невладиниот сектор креираше цела низа позитивни мерки и активности насочени кон родителите, со цел да се зголеми одзивот за вакцинација на децата, кој во моментот не е задоволителен, особено поради околностите на почетокот на новата учебна година. Доколку овие мерки во најскоро време не дадат резултати, Министерството ќе биде принудено да размисли за воведување мерки со кои ќе се намали обемот на правата за одредени возрасни групи“, се вели во одговорот, пренесува „Вијести“.
Од Министерството, сепак, не прецизираа кои ќе бидат овие мерки. Министерството за здравство потсети дека според Законот за заштита на населението од заразни болести е пропишана обврската за вакцинација, како и казнените одредби за непочитување на обврските пропишани со закон. Министерството цврсто стои зад политиката на задолжителна вакцинација и ги повика родителите да ја послушаат стручната фела и да ги доведат децата на вакцинација, со цел да се намали ризикот од ширење на епидемијата и сите несакани последици. Епидемија на мали сипаници е прогласена во Будва и Подгорица, а надлежните веруваат дека со почетокот на училишната година ситуацијата ќе се влоши. Меѓу 19-те заразени, колку што се регистрирани од април до оваа недела, нема ниту едно дете кое е правилно вакцинирано против морбили. Според податоците на ИЈЗ, опфатот со една доза MMR вакцина меѓу децата од предучилишна возраст во Црна Гора изнесува 59,7 проценти. MMR вакцината ја примиле 83 проценти од децата родени во 2018 година, додека 76,7 проценти од децата родени во 2019 година. Меѓу децата родени во 2020 година, опфатот е 69,7 проценти, додека само половина од децата родени во 2021 година се вакцинирани против мали сипаници. Опфатот на вакцинирани меѓу децата родени во 2022 година е 32,1 процент, а во 2023 година само 13,8 проценти.
Според важечкиот Закон за заштита на населението од заразни болести, вакцинацијата против десет заразни болести, вклучително и мали сипаници, е задолжителна. За родителите се предвидени казни до 2.000 евра доколку одбијат и не овозможат вакцинација на нивното дете од предучилишна или училишна возраст против овие болести, освен во случај на медицинска контраиндикација која ја утврдува лекар или стручен тим, пренесува „Вијести“.

The post Црногорското Министерство за здравство предупреди: Вакцинација против морбили или поостри мерки appeared first on Република.

]]>
Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/podgoritsa-i-budva-proglasija-epidemija-na-morbili/ Mon, 26 Aug 2024 09:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=810209

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19.

Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…)

Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.

The post Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19. Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…) Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.  

The post Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>
Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-prijavena-epidemija-na-mali-sipanitsi/ Thu, 22 Feb 2024 16:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=747107

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје, јави дописникот на МИА од Белград.

Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници.

Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација.

Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја примаат на возраст од 12-15 месеци и пред да тргнат на училиште.

Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ до сите здравствени установи во Србија достави предлог мерки за построг надзор.

Од Градскиот институт за јавно здравје потенцираат дека вакцинацијата е единствената ефикасна превентивна мерка која води до создавање цврст и долготрајен имунитет.

Сепак, предупредуваат дека е потребно 95 отсто од децата да се вакцинираат за да стекнат колективен имунитет со што би се спречило појавувањето на нови случаи.

Во Србија годинава се регистрирани 13 случаи на морбили.

Во 2023 година во Србија се регистрирани 50 случаи на мали сипаници, од кои повеќето (94 отсто) биле невакцинирани.

The post Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје, јави дописникот на МИА од Белград. Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници. Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација. Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја примаат на возраст од 12-15 месеци и пред да тргнат на училиште. Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ до сите здравствени установи во Србија достави предлог мерки за построг надзор. Од Градскиот институт за јавно здравје потенцираат дека вакцинацијата е единствената ефикасна превентивна мерка која води до создавање цврст и долготрајен имунитет. Сепак, предупредуваат дека е потребно 95 отсто од децата да се вакцинираат за да стекнат колективен имунитет со што би се спречило појавувањето на нови случаи. Во Србија годинава се регистрирани 13 случаи на морбили. Во 2023 година во Србија се регистрирани 50 случаи на мали сипаници, од кои повеќето (94 отсто) биле невакцинирани.

The post Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на голем пораст на морбили во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/szo-predupreduva-na-golem-porast-na-morbili-vo-evropa/ Sat, 27 Jan 2024 18:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=737585

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година дошло до „вознемирувачки“ пораст на случаите на морбили во Европа, кадешто се забележани триесет пати повеќе случаи од претходната година, јавува Би-Би-Си.

Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето.

Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО верува дека причината е што помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата на Ковид.

Малите сипаници се вирусно заболување кое се карактеризира со осип, кашлица, течење на носот, иритација на очите и висока телесна температура.

Околу 17% од пациентите имаат една или повеќе компликации на болеста, како што се инфекции на увото, пневмонија, фебрилни конвулзии (конвулзии поради температура), дијареа или воспаление на мозокот (енцефалитис).

Најчестата компликација, пневмонија, се јавува кај околу 6% од пациентите и е водечка причина за смртност од морбили, која во развиените земји е 1 на 1.000 пациенти, додека во земјите во развој достигнува дури 1%.

The post СЗО предупредува на голем пораст на морбили во Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година дошло до „вознемирувачки“ пораст на случаите на морбили во Европа, кадешто се забележани триесет пати повеќе случаи од претходната година, јавува Би-Би-Си. Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО верува дека причината е што помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата на Ковид. Малите сипаници се вирусно заболување кое се карактеризира со осип, кашлица, течење на носот, иритација на очите и висока телесна температура. Околу 17% од пациентите имаат една или повеќе компликации на болеста, како што се инфекции на увото, пневмонија, фебрилни конвулзии (конвулзии поради температура), дијареа или воспаление на мозокот (енцефалитис). Најчестата компликација, пневмонија, се јавува кај околу 6% од пациентите и е водечка причина за смртност од морбили, која во развиените земји е 1 на 1.000 пациенти, додека во земјите во развој достигнува дури 1%.  

The post СЗО предупредува на голем пораст на морбили во Европа appeared first on Република.

]]>
Смртноста од сипаниците морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/smrtnosta-od-sipanitsite-morbili-zgolemena-za-40-otsto-vo-svetot-poradi-mal-broj-vaktsinirani/ Fri, 17 Nov 2023 09:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=702444

Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести.

Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е значително зголемување во споредба со епидемиите во 22 земји во 2021 година. Случаите со сипаници, исто така, се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишното минимум за време на пандемијата, се вели во извештајот.

Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136.000 починале, главно во посиромашните земји. Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија. Во извештајот се вели дека стапките на имунизација во посиромашните земји сега се околу 66 проценти, „нема закрепнување од падот за време на пандемијата“.

Бројот на пациенти е зголемен во последните години и во некои богати земји. Здравствените власти во Велика Британија во јули предупредија дека постои исклучително висок ризик од појава во Лондон, при што некои области на главниот град известија дека само 40 отсто од децата биле вакцинирани.

The post Смртноста од сипаниците морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести.
Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е значително зголемување во споредба со епидемиите во 22 земји во 2021 година. Случаите со сипаници, исто така, се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишното минимум за време на пандемијата, се вели во извештајот.
Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136.000 починале, главно во посиромашните земји. Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија. Во извештајот се вели дека стапките на имунизација во посиромашните земји сега се околу 66 проценти, „нема закрепнување од падот за време на пандемијата“. Бројот на пациенти е зголемен во последните години и во некои богати земји. Здравствените власти во Велика Британија во јули предупредија дека постои исклучително висок ризик од појава во Лондон, при што некои области на главниот град известија дека само 40 отсто од децата биле вакцинирани.

The post Смртноста од сипаниците морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани appeared first on Република.

]]>
Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е во добра здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trinaesetmesechnoto-dete-zarazeno-so-morbili-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba/ Fri, 07 Apr 2023 12:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=628352

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе кое беше заразено со морбили е во добра здравствена состојба, покажаа и денешните резултатите од контролниот преглед на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, вели раководителот на ова одделение доктор, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.

Детето е во добра здравствена состојба и за цело време дома било без температура, без некакви потешкотии, со хранење, пиење во добри, соодветни количини, без кашлица. Денес за време на прегледот наодот на белите дробови беше уреден, во добра состојба и назаначени се препораки за понатмошно домашно лекување. Затоа што сега следува период на опоравување на детето, вели Шишкова-Гајдарџиска.

Посочи дека будноста на педијатрите и на матичните лекари е на високо ниво, секој сомнителен случај се препраќа на штипското Инфективното одделение.

Ни беа испраќани пациенти со исип, под сомнение дали се работи за морбили, за дијагностицирање на болеста, но станува збор за други исипни заболувања. Така да единствен случај на морбили е 13 месечното дете, рече Шишкова-Гајдарџиска.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ вели дека немаат регистрирано нов случај на морбили во земјава. Се уште се истражува како 13 месечното дете се заразило, кое пред да биде хоспитализирано било и на прегледи и во Скопје.

The post Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pedijatrite-i-infektolozite-da-gi-sledat-osipite-na-detsata-po-pojavata-na-prviot-sluchaj-na-morbili-po-2019-godini-apeliraat-od-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Tue, 04 Apr 2023 14:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=627186

13-месечно бебе од Свети Николе, кое лежеше на Инфективното одделение во болницата во Штип поради зараза со морбили е на домашно лекување, во добра општа состојба. Матичните педијатри и инфектолозите да бидат повнимателни во следењето на осипите на децата и да ги пријавуват до надлежните центри за јавно здравје, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портарпол на Комисијата за заразни болести која денеска имаше состанок откако по 2019 одина првпат во Македонија се појави случај на морбили.

Како што кажа д-р Мехмедовиќ, 13-месечното бебе пред 13 дена било на преглед на Очната клиника во Скопје и на Институтот за микробиологија и во тек се епидемиолошки анализи да се види дали има ризик за појава на нови случаи.

Д-р Мехмедовиќ рече дека Комисијата донела повеќе препораки за следење и менаџирање на евентуално нови случаите со морбили во нашата земја.

Прво е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески. Второ е да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоењето на морбили. Третото е педијатрите да ги испраќаат суспектните случаи до специјалисти, а сите материјали треба да се испраќаат до лабораторијата на Институтот за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се напрви преглед во документацијата на сите оние деца кои не се вакцинирани или не се комплетно вакицнирани со цел да се покријат тие дупки во системот кои може да бидат причина за појава на нови случаи. Да се засили процесот на едукација на населението за важноста на МРП вакцината затоа пто претстваува најефискаен начин за ублажување на последиците од морбили, изјави денеска по состанокот на Комисијата д-р Мехмедовиќ.

The post Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

13-месечно бебе од Свети Николе, кое лежеше на Инфективното одделение во болницата во Штип поради зараза со морбили е на домашно лекување, во добра општа состојба. Матичните педијатри и инфектолозите да бидат повнимателни во следењето на осипите на децата и да ги пријавуват до надлежните центри за јавно здравје, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портарпол на Комисијата за заразни болести која денеска имаше состанок откако по 2019 одина првпат во Македонија се појави случај на морбили. Како што кажа д-р Мехмедовиќ, 13-месечното бебе пред 13 дена било на преглед на Очната клиника во Скопје и на Институтот за микробиологија и во тек се епидемиолошки анализи да се види дали има ризик за појава на нови случаи.
Д-р Мехмедовиќ рече дека Комисијата донела повеќе препораки за следење и менаџирање на евентуално нови случаите со морбили во нашата земја. Прво е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески. Второ е да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоењето на морбили. Третото е педијатрите да ги испраќаат суспектните случаи до специјалисти, а сите материјали треба да се испраќаат до лабораторијата на Институтот за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се напрви преглед во документацијата на сите оние деца кои не се вакцинирани или не се комплетно вакицнирани со цел да се покријат тие дупки во системот кои може да бидат причина за појава на нови случаи. Да се засили процесот на едукација на населението за важноста на МРП вакцината затоа пто претстваува најефискаен начин за ублажување на последиците од морбили, изјави денеска по состанокот на Комисијата д-р Мехмедовиќ.

The post Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е пуштено на домашно лекување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trinaesetmesechnoto-dete-zarazeno-so-morbili-e-pushteno-na-domashno-lekuvane/ Tue, 04 Apr 2023 08:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=627021

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое е заразено со вирусот морбили, е во добра здравствена состојба и по поминати пет дена на Инфективното одделение, минатиот петок е пуштено на домашно лекување, со препораки за изолација на целото семејство, изјави за МИА раководител на Инфективното одделение при Клиничка болница - Штип, Дијана Шишкова - Гајдарџиска.

Детето на 13-месечна возраст на Инфективното одделение е примено на 27 март, по конзелијарен преглед на одделението за Педијатрија, каде што престојувало еден ден. Имало покачена температура, појава на осип, изолирано во посебна соба, имало знаци и за друго вирусно заболување. Меѓутоа со проширувањето на осипот, со поставеното сомневање дека се работи, дека е можно некое друго исипно заболување, кое е контигиезно и потреба од инфектолошки преглед и изолација на Инфективното одделение, повикан е инфектолог и после прегледот е префрлено на нашето одделение - појасни Шишкова-Гајдарџиска.

Таа посочи дека детето на одделението е префлено со температура, лекувано е со симптоматска терапија и направени се соодветни испитувања во Штип и во Скопје, кои го потврдиле вирусот на морбили.

Цело време беше со еден добар клинички тек, со пад на температура, со подбрување на општата состојба и после пет дена на одделението го пуштивме дома со даден совет за терапија, изолација и да се јават на контрола оваа недела, додаде Шишкова - Гајдарџиска.

Таа нагласи дека нема опасност за ширење на заразата меѓу здравствениот персонал на Инфективното одделение, бидејќи сите се вакцинирани, а задолжително се носат заштитните маски. Засега не се знае од каде детето се заразило со морбили, но, како што МИА вчера информираше, на ова веќе работат епидемиолозите.

Комисијата за заразни болести во 13 часот во Скопје ќе заседава на оваа тема и за мерките за заштитата.

The post Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е пуштено на домашно лекување appeared first on Република.

]]>

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое е заразено со вирусот морбили, е во добра здравствена состојба и по поминати пет дена на Инфективното одделение, минатиот петок е пуштено на домашно лекување, со препораки за изолација на целото семејство, изјави за МИА раководител на Инфективното одделение при Клиничка болница - Штип, Дијана Шишкова - Гајдарџиска.
Детето на 13-месечна возраст на Инфективното одделение е примено на 27 март, по конзелијарен преглед на одделението за Педијатрија, каде што престојувало еден ден. Имало покачена температура, појава на осип, изолирано во посебна соба, имало знаци и за друго вирусно заболување. Меѓутоа со проширувањето на осипот, со поставеното сомневање дека се работи, дека е можно некое друго исипно заболување, кое е контигиезно и потреба од инфектолошки преглед и изолација на Инфективното одделение, повикан е инфектолог и после прегледот е префрлено на нашето одделение - појасни Шишкова-Гајдарџиска.
Таа посочи дека детето на одделението е префлено со температура, лекувано е со симптоматска терапија и направени се соодветни испитувања во Штип и во Скопје, кои го потврдиле вирусот на морбили. Цело време беше со еден добар клинички тек, со пад на температура, со подбрување на општата состојба и после пет дена на одделението го пуштивме дома со даден совет за терапија, изолација и да се јават на контрола оваа недела, додаде Шишкова - Гајдарџиска. Таа нагласи дека нема опасност за ширење на заразата меѓу здравствениот персонал на Инфективното одделение, бидејќи сите се вакцинирани, а задолжително се носат заштитните маски. Засега не се знае од каде детето се заразило со морбили, но, како што МИА вчера информираше, на ова веќе работат епидемиолозите. Комисијата за заразни болести во 13 часот во Скопје ќе заседава на оваа тема и за мерките за заштитата.

The post Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е пуштено на домашно лекување appeared first on Република.

]]>
Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prv-sluchaj-na-morbili-kaj-13-mesechno-dete-od-sveti-nikole/ Mon, 03 Apr 2023 19:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=626863

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.

- Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.

Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како мали сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус.

The post Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.
- Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.
Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили. МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како мали сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус.

The post Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе appeared first on Република.

]]>
„Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/ Tue, 21 Feb 2023 08:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=611363

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам.
Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18).

Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење!
Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“?
Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“.
Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години.
Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“.
Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции.
Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.

The post „Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18).
Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење! Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“? Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“. Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години. Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“. Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции. Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.

The post „Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>
Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vo-drzhavata-imame-dovolno-vaktsini-za-zaraznite-bolesti-koi-so-zakon-se-zadolzhitelni-pa-i-za-onie-drugite/ Sat, 28 Jan 2023 19:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=602081

..Бидејќи Владата на Заев и Ковачевски се секогаш „спремни правилно" да ги трошат парите на граѓаните па плаќаат пенали за неизградениот Клинички центар, за неизградената болница во Штип, за неискористените вакцини за Ковид,од една страна, а од друга пак немаат слух за терапија на пациентите со цистична фиброза, за пациентите со ретки болести, ги оставаат без терапија онколошките пациенти, не обезбедуваат благовремено инсулин за дијабетичарите, јас да прашам:

Дали во државата имаме доволно вакцини , за заразните болести кои со закон се задолжителни...па и за оние другите !?

Дали воопшто ова министерство за здравство и оваа влада превземаат некакви мерки за стимулирање на вакцинацијата кон заразните болести,..еве како на пример за морбили, пишува на својот фејсбук профил, д-р Жаклина Шопова.

The post Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? appeared first on Република.

Д-р Мехмедовиќ апелира: Децата да се вакцинираат против морбили, задолжително е https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-apelira-detsata-da-se-vaktsiniraat-protiv-morbili-zadolzhitelno-e/ Wed, 18 Jan 2023 17:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=598471

Во моментов состојбата со респираторните болести што циркулираат периодов е стабилна информираше денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ по состанок на Комисијата, потенцирајќи дека со цел да се задоволат потребите на граѓаните, Институтот за микробиологија почна со тестирање, а исто така Министерството за здравство ќе достави брзи антигени тестови до сите здравствени институции со цел пациентите да не бидат изложени на дополнителни трошоци.

Матичните лекари знаат како да постапат во однос на третирање и давање терапија кога е во прашање вирусот на инфлуенца. Ова како дијагностичка процедура во насока на тоа да се утврди дали се работи за КОВИД или грип, ќе им ја олесни работата да знаат која терапија е посоодветна за пациентите, изјави д-р Мехмедовиќ.

Апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против морбили, бидејќи како што посочи, процентот на вакцинирани деца е далеку од посакуваното ниво од 95 проценти.

Можно е да се појави епидемија на морбили, вакцинацијата е задолжителна, а родителите треба да го испочитуваат тоа и да го заштитат здравјето на своите деца, додаде портпаролот на КЗБ и информираше дека во моментов нема потврден случај на морбили, со што е безбедно децата од понеделник да се вратат во училиштата.

The post Д-р Мехмедовиќ апелира: Децата да се вакцинираат против морбили, задолжително е appeared first on Република.

Сали: Ако се појави епидемија на морбили, Комисијата ќе одреди дали невакцинираните деца ќе одат на училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-ako-se-pojavi-epidemija-na-morbili-komisijata-kje-odredi-dali-nevakciniranite-deca-kje-odat-na-uchilishte/ Mon, 12 Dec 2022 16:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=584876

Предложените измени на Законот за заштита на населението се направени во врска со последната пандемија на Ковид-19, во која сè уште се наоѓаме. Ова значи дека сите одлуки што се носеа од страна на Владата за изолација и одредување мерки сега ќе имаат и правна основа со закон. Со овој степен на пандемија, како што е во моментов нема да се бараат сертификати, бидејќи нема ризик кон општото здравје за граѓаните, изјави министерот за здравство Беким Сали и појасни дека доколку не се појави епидемија не се наметнува никакво ограничување.

Во одговор на новинарско прашање на конференција на тема „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“, Сали истакна дека измените не се насочени кон граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат, но ги известуваат оти „невакцинирањето по автоматизам не е право за движење каде било и кога било“.

Сите ние сме дел од општество за кое сносиме одговорност, додаде министерот.

На прашањето дали доколку поминат законските измени во Собрание и се појави епидемија на морбили, невакцинираните деца нема да одат на училиште, Сали изјави дека повторно ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Доколку КЗБ утврди дека одредена група на деца би биле ризик за себе и за останатите деца, секако дека ќе се донесе една таква одлука, вели министерот.

Сали посочи дека сите мерки што досега биле преземени за време на Ковид-пандемијата се донесени како предлог на Министерството, а врз основа на препораки на КЗБ, се привремени, додека сега ќе бидат законски поткрепени.

The post Сали: Ако се појави епидемија на морбили, Комисијата ќе одреди дали невакцинираните деца ќе одат на училиште appeared first on Република.

Судот ја потврди задолжителната вакцинација против морбили за деца во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-ja-potvrdi-zadolzitelnata-vakcinacija-protiv-morbili-za-deca-vo-germanija/ Thu, 18 Aug 2022 14:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=541748

Германскиот уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против морбили за деца, пресудувајќи против тужба поднесена од родители.

Во својата конечна одлука на таа тема, германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе тврди дека, иако оваа обврска навлегува во правата на децата и на нивните родители, таа е оправдана поради високиот ризик од инфекција од морбили и потенцијал за сериозна болест.

Со цел подобра заштита од високо заразните морбили, од почетокот на март 2020 година, вакцинирањето е задолжително за деца во градинки и училишта во државата.

Пред да ги запишат, родителите мора да достават потврда за имунизација, а исклучок се само оние деца, кои од медицински причини не може да бидат вакцинирани.

The post Судот ја потврди задолжителната вакцинација против морбили за деца во Германија appeared first on Република.

]]>

Германскиот уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против морбили за деца, пресудувајќи против тужба поднесена од родители. Во својата конечна одлука на таа тема, германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе тврди дека, иако оваа обврска навлегува во правата на децата и на нивните родители, таа е оправдана поради високиот ризик од инфекција од морбили и потенцијал за сериозна болест. Со цел подобра заштита од високо заразните морбили, од почетокот на март 2020 година, вакцинирањето е задолжително за деца во градинки и училишта во државата. Пред да ги запишат, родителите мора да достават потврда за имунизација, а исклучок се само оние деца, кои од медицински причини не може да бидат вакцинирани.

The post Судот ја потврди задолжителната вакцинација против морбили за деца во Германија appeared first on Република.

]]>