Вчера во 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, на крстосница која го поврзува со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(18) од Крива Паланка и автобус со бугарски национални ознаки, управуван од Н.А.К.(62) од Софија, Р. Бугарија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
The post Тешко повреден 18-годишен мопедист по судир со бугарски автобус appeared first on Република.
]]>The post Тешко повреден 18-годишен мопедист по судир со бугарски автобус appeared first on Република.
]]>Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил во на регионалниот пат – обиколница Богданци.
Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) од село Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г. (41) од Нов Дојран.
На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
The post Загина мопедист при тежок судир кај Богданци appeared first on Република.
]]>The post Загина мопедист при тежок судир кај Богданци appeared first on Република.
]]>