монте карло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monte-karlo/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монте карло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monte-karlo/ 32 32 Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ezertse-gradina-plazha-vaka-izgleda-domot-na-nole-vo-monte-karlo/ Tue, 22 Oct 2024 12:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=829887

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ поседува неколку луксузни имоти, а иако Белград е неговиот роден град  неговата официјална резиденција е на Азурниот брег во прекрасното Монте Карло.

Новак со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара голем дел од годината поминува во нивниот луксузен стан во Кнежевството, а вредноста на овој имот се проценува на 5 милиони евра.

Локацијата на домот на семејството Ѓоковиќ е идеална - погледот од зградата, која се наоѓа речиси на плажа, е на Азурниот брег, а во близина се Јапонските градини, Форумот Грималди и градската плажа.

The post Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ поседува неколку луксузни имоти, а иако Белград е неговиот роден град  неговата официјална резиденција е на Азурниот брег во прекрасното Монте Карло. Новак со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара голем дел од годината поминува во нивниот луксузен стан во Кнежевството, а вредноста на овој имот се проценува на 5 милиони евра. Локацијата на домот на семејството Ѓоковиќ е идеална - погледот од зградата, која се наоѓа речиси на плажа, е на Азурниот брег, а во близина се Јапонските градини, Форумот Грималди и градската плажа.

The post Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло appeared first on Република.

]]>
Симон Трпчевски блескаво ја заокружи серијата концерти во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simon-trpchevski-bleskavo-ja-zaokruzhi-serijata-kontserti-vo-monte-karlo/ Mon, 05 Aug 2024 08:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=803423

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа (4 август) во „Палатата на Принцот“ во Монте Карло со блескав настап го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Овој пат публиката со овации ја поздрави изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс, што Трпчески и  овој реномиран оркестар го изведоа под диригентската палка на неговиот уметнички и музички раководител, маестро Казуки Јамада од Јапонија. Минатиот месец оваа добитна концертна комбинација настапи и во Колмар, Франција. Пребирливата публика од својот миленик беше наградена и со изведба на бис (квартет од Брамс од албумот „Пријателство“).

Во рамките на резиденцијалниот престој што започна во октомври минатата година, кога Трпчески на сцената во салата „Рение Трети“ со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло настапи со Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов, веќе во јануари годинава заедно со своите пријатели Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО.  Следеше целовечерен рецитал на кој Трпчески исполни програма со дела од Шопен, Моцарт, Чајковски/Плетњев, Бетовен и Прокофјев.

Богатиот концертен распоред на нашиот пијанист што изминатиот период го одведе на сцените во Соединетите американски држави, Швајцарија, Романија, Шкотска, Јужна Кореја и Германија, наредниве два месеца продолжува во Холандија, Франција, Германија, Шведска, Романија и Соединетите американски држави.

The post Симон Трпчевски блескаво ја заокружи серијата концерти во Монте Карло appeared first on Република.

Денеска се вози трката за богатите во Монако https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-se-vozi-trkata-za-bogatite-vo-monako/ Sun, 26 May 2024 06:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=781727

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата пред денешната трка ќе стартува прв на Големата награда на Монако, осмата трка оваа сезона во Формула 1.

Леклер ги освои пол – позициите во квалификациите во Монте Карло и во 2021 и во 2022 година. За Леклер ова е 24 пол-позиција во кариерата.

Леклер ќе стартува пред Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен). Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Ландо Норис (Мекларен), додека лидерот во светскиот шампионат Макс Верстапен (Ред Бул) беше само шести во квалификациите.

Трката низ улиците на Монте Карло стартува утре од 15 часот

The post Денеска се вози трката за богатите во Монако appeared first on Република.

]]>

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата пред денешната трка ќе стартува прв на Големата награда на Монако, осмата трка оваа сезона во Формула 1. Леклер ги освои пол – позициите во квалификациите во Монте Карло и во 2021 и во 2022 година. За Леклер ова е 24 пол-позиција во кариерата. Леклер ќе стартува пред Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен). Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Ландо Норис (Мекларен), додека лидерот во светскиот шампионат Макс Верстапен (Ред Бул) беше само шести во квалификациите. Трката низ улиците на Монте Карло стартува утре од 15 часот

The post Денеска се вози трката за богатите во Монако appeared first on Република.

]]>
Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tsitsipas-go-osvoi-mastersot-vo-monte-karlo/ Sun, 14 Apr 2024 17:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=766009

Дванаесеттиот светски рекет, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои турнирот во Монте Карло.

Гркот попладнево во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд, 10-ти на светската ранг-листа, за 1 час и 38 минути со 6:1 и 6:4.

Циципас по трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло. Вкупно, тој сега има 11 АТП титули во сингл.

Наградниот фонд на Мастерсот во Монте Карло изнесуваше 5,95 милиони евра.

The post Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло appeared first on Република.

]]>

Дванаесеттиот светски рекет, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои турнирот во Монте Карло. Гркот попладнево во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд, 10-ти на светската ранг-листа, за 1 час и 38 минути со 6:1 и 6:4. Циципас по трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло. Вкупно, тој сега има 11 АТП титули во сингл. Наградниот фонд на Мастерсот во Монте Карло изнесуваше 5,95 милиони евра.

The post Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ признава дека многу грешел и затоа не влегол во финалето во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-priznava-deka-mnogu-greshel-i-zatoa-ne-vlegol-vo-finaleto-vo-monte-karlo/ Sun, 14 Apr 2024 11:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=765925

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е разочаран од поразот од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Вчерашниот нивни меч заврши со 2:1 за 25-годишниот Руд по 2 часа и 18 минути.

- Се разбира, разочаран сум што загубив таков натпревар. Беше тесно. Честитки Каспер. Одигра многу добро, особено на почетокот на првиот и третиот сет. Имав свои шанси, но направив неизнудени грешки, а Каспер беше стабилен до последниот удар. Тој ја заслужи оваа победа. Мојата игра беше нестабилна. Секако дека има позитивни моменти од овој турнир, но јас сум разочаран од поразот, изјави Ѓоковиќ.

Во финалето на турнирот Руд денес ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно го совлада Италијанецот Јаник Синер

The post Ѓоковиќ признава дека многу грешел и затоа не влегол во финалето во Монте Карло appeared first on Република.

]]>

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е разочаран од поразот од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Вчерашниот нивни меч заврши со 2:1 за 25-годишниот Руд по 2 часа и 18 минути.
- Се разбира, разочаран сум што загубив таков натпревар. Беше тесно. Честитки Каспер. Одигра многу добро, особено на почетокот на првиот и третиот сет. Имав свои шанси, но направив неизнудени грешки, а Каспер беше стабилен до последниот удар. Тој ја заслужи оваа победа. Мојата игра беше нестабилна. Секако дека има позитивни моменти од овој турнир, но јас сум разочаран од поразот, изјави Ѓоковиќ.
Во финалето на турнирот Руд денес ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно го совлада Италијанецот Јаник Синер

The post Ѓоковиќ признава дека многу грешел и затоа не влегол во финалето во Монте Карло appeared first on Република.

]]>
Новак Ѓоковиќ не плаќа ни динар данок во својата земја https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-gokovik-ne-plaka-ni-dinar-danok-vo-svojata-zemja/ Fri, 23 Feb 2024 11:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=747369

Новак Ѓоковиќ заедно со Данил Медведев се единствените тенисери кои не плаќаат данок во својата земја. Тие за свое живеалиште го одбраа Монте Карло каде данокот е нула отсто.

За разлика од нив, останатите тенисери како Надал, Алкараз, Федерер, Мареј уредно си плаќаат даноци во своите земји кои воопшто не се ниски.

Еве ја листата.

Новак Ѓоковиќ - Монте Карло - 0%

Роџер Федерер - Базел - 30%

Рафаел Надал - Марбела - 56%

Енди Мареј - Обединето Кралство - 45%

Тековни Топ 5 на АТП листата и данок:

Новак Ѓоковиќ - Монте Карло - 0%

Карлос Алкараз - Мурсија - 56%

Јаник Синер - Монте Карло - 0%

Данил Медведев - Монте Карло - 0%

Андреј Рубљов - Москва - 15%

The post Новак Ѓоковиќ не плаќа ни динар данок во својата земја appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ заедно со Данил Медведев се единствените тенисери кои не плаќаат данок во својата земја. Тие за свое живеалиште го одбраа Монте Карло каде данокот е нула отсто. За разлика од нив, останатите тенисери како Надал, Алкараз, Федерер, Мареј уредно си плаќаат даноци во своите земји кои воопшто не се ниски. Еве ја листата. Новак Ѓоковиќ - Монте Карло - 0% Роџер Федерер - Базел - 30% Рафаел Надал - Марбела - 56% Енди Мареј - Обединето Кралство - 45% Тековни Топ 5 на АТП листата и данок: Новак Ѓоковиќ - Монте Карло - 0% Карлос Алкараз - Мурсија - 56% Јаник Синер - Монте Карло - 0% Данил Медведев - Монте Карло - 0% Андреј Рубљов - Москва - 15%

The post Новак Ѓоковиќ не плаќа ни динар данок во својата земја appeared first on Република.

]]>
Не сакаат француски предлог: Монако ги прекина преговорите за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ne-sakaat-frantsuski-predlog-monako-gi-prekina-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 15 Sep 2023 19:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=682292

Владата на Монако денеска објави прекин на преговорите со Европската унија, што почнаа во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација.

На вчерашната средба во Брисел меѓу претставниците на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во 2015 година, се вели во соопштението.

Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море - до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби - владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани   за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.

Ова е неопходно за „да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако“, се вели во соопштението.

„Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“, заклучи владата на Монако

The post Не сакаат француски предлог: Монако ги прекина преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/cenite-vo-market-vo-monako-skoro-kako-vo-skopje/ Mon, 12 Dec 2022 16:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=584828

На социјалните мрежи се појавија фотографии од супермаркет во Монако. Ако се знае дека во ова кнежесто живеат екстремно богати луѓе може да се забележи дека цените се незабележително повисоки од тие во Скопје.

Па така, газиран сок од 1,5 литар чини 1,48 евра, џус 1,47, алкохолен пијалок 3,23,  а пак млеко 1,47.

Чипс кој кај нас чини 120 денари, во Монте Карло е малку поскап односно има цена од 2,56 евра.

The post Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија фотографии од супермаркет во Монако. Ако се знае дека во ова кнежесто живеат екстремно богати луѓе може да се забележи дека цените се незабележително повисоки од тие во Скопје. Па така, газиран сок од 1,5 литар чини 1,48 евра, џус 1,47, алкохолен пијалок 3,23,  а пак млеко 1,47. Чипс кој кај нас чини 120 денари, во Монте Карло е малку поскап односно има цена од 2,56 евра.

The post Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје appeared first on Република.

]]>
Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvat-i-romanka-vo-monte-karlo-ukrale-dijamanti-vredni-1-3-milioni-evra-srbin-im-obezbeduval-lazni-dokumenti/ Mon, 10 Oct 2022 07:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=559276

Хрватски државјанин (27) и државјанка на Романија (28) се уапсени во Рим под сомнение дека од трговец со дијаманти во Монте Карло украле накит во вредност од 1,3 милиони евра.

Во истата акција, уапсени се и по еден Србин (41) и Италијанец (72), кои се осомничени дека имале улога во грабежот.

Според италијанските медиуми, планот бил развиен во јуни оваа година, кога продавачот на накит бил повикан од човек кој изразил желба да дејствува како посредник при купувањето дијаманти во име на странски купувачи.

По телефонскиот разговор меѓу нив, следеле бројни средби и вечери во Милано, на кои посредниците и купувачите - Хрват и Романка - разговарале за купување на накитот. Првиот обид за кражба се случил во хотел во Рим, но не бил успешен. Осомничените ја искористиле таа средба со продавачот за да ја добијат неговата доверба - според извор на локални медиуми.

Меѓутоа, еден месец подоцна, групата договорила уште една средба со продавачот на накит во луксузен хотел во Рим.

Хрватскиот државјанин на златарот му се претставил како муштерија од Русија, додека Романката тврдела дека е експерт за скапоцени камења и нејзината задача била да ја избере робата. Двајцата се договориле со продавачот да купат пет дијаманти за 1.346.000 евра. Додека „рускиот купувач“ стоел во барот, побарал од продавачот да ја придружува Романката до хотелската соба за да може да ја потврди автентичноста на дијамантите. Кога влегол во собата, продавачот го ставил накитот на креветот и жената избрала пет од шесте парчиња. Оние што ги избрала, ги ставила во кадифена кеса во боја на карамела и ја запечатила со селотејп лента, барајќи од продавачот да и донесе пенкало за да го запечати пакувањето - објаснува соговорникот на италијанските медиуми.

Романката тогаш го искористила невниманието на продавачот.

Вистинските дијаманти ги заменила со лажни и го повикала златарот да ги врати во сефот во собата. Потоа заедно се симнале во салата и му се придружиле на „рускиот муштерија“, кој во меѓувреме го напуштил хотелот за да донесе торба во која имало евра во апоени од по 200 евра. Тие му ги предале парите на продавачот и си заминале. Меѓутоа, златарот набрзо сфатил дека парите се лажни и веднаш влетал во собата за да провери што се случило со дијамантите. Тогаш сфатил дека се заменети со лажни - подвлекува изворот на италијанските медиуми.

Полицијата веднаш почнала потрага по осомничените и успеала да ги идентификува. Полицајци упаднале во нивниот стан, каде што нашле Србин и возрасен Италијанец.

Во станот се пронајдени скапи часовници, накит, како и материјал користен при измамата. Исто така, Србинот и Италијанецот имале лажни документи и фалсификувани печати. Се сомнева дека и тие имале одредена улога во грабежот, бидејќи биле во станот на уапсените. Се смета дека Србинот бил задолжен за создавање лажни документи - вели изворот на италијанскиот медиум.

The post Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи appeared first on Република.

]]>

Хрватски државјанин (27) и државјанка на Романија (28) се уапсени во Рим под сомнение дека од трговец со дијаманти во Монте Карло украле накит во вредност од 1,3 милиони евра. Во истата акција, уапсени се и по еден Србин (41) и Италијанец (72), кои се осомничени дека имале улога во грабежот. Според италијанските медиуми, планот бил развиен во јуни оваа година, кога продавачот на накит бил повикан од човек кој изразил желба да дејствува како посредник при купувањето дијаманти во име на странски купувачи.
По телефонскиот разговор меѓу нив, следеле бројни средби и вечери во Милано, на кои посредниците и купувачите - Хрват и Романка - разговарале за купување на накитот. Првиот обид за кражба се случил во хотел во Рим, но не бил успешен. Осомничените ја искористиле таа средба со продавачот за да ја добијат неговата доверба - според извор на локални медиуми.
Меѓутоа, еден месец подоцна, групата договорила уште една средба со продавачот на накит во луксузен хотел во Рим.
Хрватскиот државјанин на златарот му се претставил како муштерија од Русија, додека Романката тврдела дека е експерт за скапоцени камења и нејзината задача била да ја избере робата. Двајцата се договориле со продавачот да купат пет дијаманти за 1.346.000 евра. Додека „рускиот купувач“ стоел во барот, побарал од продавачот да ја придружува Романката до хотелската соба за да може да ја потврди автентичноста на дијамантите. Кога влегол во собата, продавачот го ставил накитот на креветот и жената избрала пет од шесте парчиња. Оние што ги избрала, ги ставила во кадифена кеса во боја на карамела и ја запечатила со селотејп лента, барајќи од продавачот да и донесе пенкало за да го запечати пакувањето - објаснува соговорникот на италијанските медиуми.
Романката тогаш го искористила невниманието на продавачот.
Вистинските дијаманти ги заменила со лажни и го повикала златарот да ги врати во сефот во собата. Потоа заедно се симнале во салата и му се придружиле на „рускиот муштерија“, кој во меѓувреме го напуштил хотелот за да донесе торба во која имало евра во апоени од по 200 евра. Тие му ги предале парите на продавачот и си заминале. Меѓутоа, златарот набрзо сфатил дека парите се лажни и веднаш влетал во собата за да провери што се случило со дијамантите. Тогаш сфатил дека се заменети со лажни - подвлекува изворот на италијанските медиуми.
Полицијата веднаш почнала потрага по осомничените и успеала да ги идентификува. Полицајци упаднале во нивниот стан, каде што нашле Србин и возрасен Италијанец.
Во станот се пронајдени скапи часовници, накит, како и материјал користен при измамата. Исто така, Србинот и Италијанецот имале лажни документи и фалсификувани печати. Се сомнева дека и тие имале одредена улога во грабежот, бидејќи биле во станот на уапсените. Се смета дека Србинот бил задолжен за создавање лажни документи - вели изворот на италијанскиот медиум.

The post Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи appeared first on Република.

]]>
Ноле: Раните од Австралија не се забораваат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-ranite-od-avstralija-ne-se-zaboravaat/ Mon, 11 Apr 2022 09:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=486627

Пред почетокот на турнирот во Монте Карло каде што живее, Новак Ѓоковиќ проговори за она што му се случуваше во Австралија.Тој вели дека тоа не може да го заборави и оти сигурно ќе остави траги.

Па, не може да се заборави. Едноставно е невозможно, но може да се прифати и продолжи, дека нешто веќе се случило и дека тоа е нешто за што човек повеќе не треба да се грижи или да биде воздржан од она што го доживува во моментот или што ќе се случи во иднина. Имав многу ситуации на и надвор од теренот кои се трауматични од овие одвратни војни кои растат наваму. Сето тоа остава лузна. Годинава го доживеав она што не сум го доживеал во кариерата, во животот. Сигурно оставило трага ментално и емоционално. Не знам колку е големо и колку ќе ме следи. Тоа е нешто што не можам да го предвидам и не можам да трошам енергија, да размислувам колку ќе ме следи - рече Ѓоковиќ.

За турниот кој следи вели.

Не играв натпревари. Земјата е специфична подлога, се надевам дека нема да ми треба многу време да влезам во ритам.

The post Ноле: Раните од Австралија не се забораваат appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на турнирот во Монте Карло каде што живее, Новак Ѓоковиќ проговори за она што му се случуваше во Австралија.Тој вели дека тоа не може да го заборави и оти сигурно ќе остави траги. Па, не може да се заборави. Едноставно е невозможно, но може да се прифати и продолжи, дека нешто веќе се случило и дека тоа е нешто за што човек повеќе не треба да се грижи или да биде воздржан од она што го доживува во моментот или што ќе се случи во иднина. Имав многу ситуации на и надвор од теренот кои се трауматични од овие одвратни војни кои растат наваму. Сето тоа остава лузна. Годинава го доживеав она што не сум го доживеал во кариерата, во животот. Сигурно оставило трага ментално и емоционално. Не знам колку е големо и колку ќе ме следи. Тоа е нешто што не можам да го предвидам и не можам да трошам енергија, да размислувам колку ќе ме следи - рече Ѓоковиќ. За турниот кој следи вели.
Не играв натпревари. Земјата е специфична подлога, се надевам дека нема да ми треба многу време да влезам во ритам.

The post Ноле: Раните од Австралија не се забораваат appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ ќе игра дома во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/vesti/gjokovikj-kje-igra-doma-vo-monte-karlo/ Fri, 11 Mar 2022 11:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=471270

Носителот на 20. грен – слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, идниот месец ќе ги почне подготовките за одбрана на трофејот на Ролан Гарос со настап на тенискиот АТП Мастер турнир во Монте Карло.

На Ѓоковиќ во јануари му беше забранет настап на Австралија Опен, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, а од истата причина нема да настапи ниту на американските Мастерс турнири во Индијан Велс и Мајами.

– Сезоната 2022 на земјени терени Новак ќе ја отвори во Монте Карло, каде два пати ја освојуваше титулата во 2013 и 2015, се наведува во објавата на официјалната веб страна на Ѓоковиќ.

Монте Карло, каде Ѓоковиќ живее со семејството, дозволува меѓународни патници со доказ за прележан коронавирус во последните шест месеци. Српскиот тенисер претходно објави дека во ноември лани по втор пат бил заразен со Ковид-19.

The post Ѓоковиќ ќе игра дома во Монте Карло appeared first on Република.

]]>

Носителот на 20. грен – слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, идниот месец ќе ги почне подготовките за одбрана на трофејот на Ролан Гарос со настап на тенискиот АТП Мастер турнир во Монте Карло. На Ѓоковиќ во јануари му беше забранет настап на Австралија Опен, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, а од истата причина нема да настапи ниту на американските Мастерс турнири во Индијан Велс и Мајами. – Сезоната 2022 на земјени терени Новак ќе ја отвори во Монте Карло, каде два пати ја освојуваше титулата во 2013 и 2015, се наведува во објавата на официјалната веб страна на Ѓоковиќ. Монте Карло, каде Ѓоковиќ живее со семејството, дозволува меѓународни патници со доказ за прележан коронавирус во последните шест месеци. Српскиот тенисер претходно објави дека во ноември лани по втор пат бил заразен со Ковид-19.

The post Ѓоковиќ ќе игра дома во Монте Карло appeared first on Република.

]]>