монтана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/montana/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 09:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монтана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/montana/ 32 32 Монтана стана прва држава во САД што го забрани ТикТок за сите жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/montana-stana-prva-drzhava-vo-sad-shto-go-zabrani-tiktok-za-site-zhiteli/ Thu, 18 May 2023 09:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=642168

Гувернерот Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на ТикТок во Монтана, со што стана првата држава што целосно ја забрани апликацијата во САД.

Републиканскиот гувернер го потпиша законот во средата, велејќи дека забраната има за цел да ги заштити граѓаните од странско влијание, бидејќи ТикТок е во сопственост на „Бајтденс“ со седиште во Пекинг.

„Косристењето на ТикТок од страна на Кинеската комунистичка партија за шпионирање на Американците, кршење на нивната приватност и собирање на нивните лични, приватни и чувствителни информации е добро документирана“, се вели во соопштението на Џанфорте. „Денес, Монтана ја презема најодлучната акција од која било држава за да ги заштити приватните податоци и чувствителните лични податоци на Монтанците од собирање од страна на Кинеската комунистичка партија“.

Акцијата на државата следи по напорите во Конгресот, вклучително и двопартиски нацрт-закон во Сенатот, насочен кон ТокТок и други апликации од странски противници. Но, моментумот заглави во последниве недели откако либертаријанските членови како Ранд Пол (републиканец) и прогресивните демократи како Александрија Окасио-Кортез (демократ) се изјаснија против забраната.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, доколку судовите не постапат прво, а сите продавници за апликации што ќе понудат ТикТок на 1,1 милион жители на државата, ризикуваат да се соочат со казни што ги спроведува Министерството за правда во Монтана. Таа казна започнува со почетна казна од 10.000 долари по прекршување, а потоа и 10.000 долари на ден кога прекршувањето продолжува.

The post Монтана стана прва држава во САД што го забрани ТикТок за сите жители appeared first on Република.

]]>

Гувернерот Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на ТикТок во Монтана, со што стана првата држава што целосно ја забрани апликацијата во САД. Републиканскиот гувернер го потпиша законот во средата, велејќи дека забраната има за цел да ги заштити граѓаните од странско влијание, бидејќи ТикТок е во сопственост на „Бајтденс“ со седиште во Пекинг. „Косристењето на ТикТок од страна на Кинеската комунистичка партија за шпионирање на Американците, кршење на нивната приватност и собирање на нивните лични, приватни и чувствителни информации е добро документирана“, се вели во соопштението на Џанфорте. „Денес, Монтана ја презема најодлучната акција од која било држава за да ги заштити приватните податоци и чувствителните лични податоци на Монтанците од собирање од страна на Кинеската комунистичка партија“. Акцијата на државата следи по напорите во Конгресот, вклучително и двопартиски нацрт-закон во Сенатот, насочен кон ТокТок и други апликации од странски противници. Но, моментумот заглави во последниве недели откако либертаријанските членови како Ранд Пол (републиканец) и прогресивните демократи како Александрија Окасио-Кортез (демократ) се изјаснија против забраната. Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, доколку судовите не постапат прво, а сите продавници за апликации што ќе понудат ТикТок на 1,1 милион жители на државата, ризикуваат да се соочат со казни што ги спроведува Министерството за правда во Монтана. Таа казна започнува со почетна казна од 10.000 долари по прекршување, а потоа и 10.000 долари на ден кога прекршувањето продолжува.

The post Монтана стана прва држава во САД што го забрани ТикТок за сите жители appeared first on Република.

]]>
Пожарот во Монтана предизвика евакуација и затворање на патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozarot-vo-montana-predizvika-evakuacija-i-zatvoranje-na-patishta/ Sat, 30 Jul 2022 08:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=534986

Пожарот што синоќа избувна во западна Монтана се прошири на 2000 хектари и ги принуди властите да го евакуираат населението и да ги затворат патиштата. Според локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа во близина на градот Елмо во близина на езерото Флетед.

Еден од началниците на локалната противпожарна единица наредил евакуација на околу 30 куќи во близина на Елмо.

Во извештај на Министерството за транспорт на Монтана се вели дека автопатот меѓу Хот Спрингс и Елмо е затворен.

Мрежата Ен-би-си јави дека во моментов гори трева и ниска вегетација, предупредувајќи дека огнената стихија брзо се движи кон блиските шуми.

Во гаснењето на пожарот учествуваат канадери и хеликоптери.

The post Пожарот во Монтана предизвика евакуација и затворање на патишта appeared first on Република.

]]>

Пожарот што синоќа избувна во западна Монтана се прошири на 2000 хектари и ги принуди властите да го евакуираат населението и да ги затворат патиштата. Според локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа во близина на градот Елмо во близина на езерото Флетед. Еден од началниците на локалната противпожарна единица наредил евакуација на околу 30 куќи во близина на Елмо. Во извештај на Министерството за транспорт на Монтана се вели дека автопатот меѓу Хот Спрингс и Елмо е затворен. Мрежата Ен-би-си јави дека во моментов гори трева и ниска вегетација, предупредувајќи дека огнената стихија брзо се движи кон блиските шуми. Во гаснењето на пожарот учествуваат канадери и хеликоптери.

The post Пожарот во Монтана предизвика евакуација и затворање на патишта appeared first on Република.

]]>