монопол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monopol/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 11:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монопол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monopol/ 32 32 „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epl-zagubi-113-milijardi-dolari-od-pazarnata-vrednost-po-tuzhbata-na-amerikanskiot-regulator/ Sun, 24 Mar 2024 20:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=758076

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност.

Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари.

Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.

„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“.

На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари. Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.
„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.
Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“. На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>
Мајкрософт на суд се жали поради „нефер тактики“ што ги користи Гугл за да доминира на пазарот https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/majkrosoft-na-sud-se-zhali-poradi-nefer-taktiki-shto-gi-koristi-gugl-za-da-dominira-na-pazarot/ Thu, 05 Oct 2023 19:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=688239

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, изјави дека неправедните тактики што ги користи Гугл довеле до негова доминација како пребарувач, тактика која, пак, го спречува ривалот на Мајкрософт - Бинг.

Надела сведочеше пред судот во Вашингтон во антимонополски процес против матичната компанија на Гугл, Алфабет.

Американското министерство за правда, тврди дека Гугл ја злоупотребил доминацијата на својот сеприсутен пребарувач за да ја задуши конкуренцијата и иновациите на сметка на потрошувачите, обвиненија кои се одраз на сличен случај покренат против Мајкрософт во доцните 1990-ти, пренесува АП.

Надела вели дека доминацијата на Гугл се должи на договорите што го направија стандарден прелистувач на паметните телефони и компјутери и дека корисниците во основа имаат мал избор во префрлањето од стандардните веб-прелистувачи на мобилни телефони и компјутери.

Ние сме една од алтернативите, но не сме стандардните“, изјави тој.

Антимонополската тужба против Гугл на американското Министерство за правда се фокусира на договорите што компанијата ги склучила со Епл и другите производители на уреди за користење на пребарувачот на Гугл.

Во 1990-тите, Мајкрософт се соочи со обвинувања дека го поставил својот софтвер Виндоус за да ги блокира апликациите направени од други технолошки компании, исто како што Гугл сега се соочува со обвинувања дека троши милијарди долари секоја година за да го заклучи својот прелистувач како место за наоѓање онлајн информации за паметни телефони и веб прелистувачи.

До моментот кога Мајкрософт ја почна својата борба да развие сопствен прелистувач, Гугл веќе стана синоним за пребарување на информации на Интернет.

Мајкрософт вложи милијарди долари во обидот да му постави сериозен предизвик на Гугл со својот пребарувач Бинг и во еден момент дури се обиде да го купи Јаху за повеќе од 40 милијарди долари во понудата која беше одбиена, додека Стив Балмер сè уште беше извршен директор на производителот на софтверот.

Надела, кој работеше во Мајкрософт за време на антимонополската пресметка со Министерството за правда во доцните 1990-ти, го наследи Балмер како извршен директор во 2014 година. Тој не успеа да направи значителен напредок во потрагата против Гугл, а Бинг е сè уште втор на пазарот.

The post Мајкрософт на суд се жали поради „нефер тактики“ што ги користи Гугл за да доминира на пазарот appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, изјави дека неправедните тактики што ги користи Гугл довеле до негова доминација како пребарувач, тактика која, пак, го спречува ривалот на Мајкрософт - Бинг. Надела сведочеше пред судот во Вашингтон во антимонополски процес против матичната компанија на Гугл, Алфабет. Американското министерство за правда, тврди дека Гугл ја злоупотребил доминацијата на својот сеприсутен пребарувач за да ја задуши конкуренцијата и иновациите на сметка на потрошувачите, обвиненија кои се одраз на сличен случај покренат против Мајкрософт во доцните 1990-ти, пренесува АП. Надела вели дека доминацијата на Гугл се должи на договорите што го направија стандарден прелистувач на паметните телефони и компјутери и дека корисниците во основа имаат мал избор во префрлањето од стандардните веб-прелистувачи на мобилни телефони и компјутери.
Ние сме една од алтернативите, но не сме стандардните“, изјави тој.
Антимонополската тужба против Гугл на американското Министерство за правда се фокусира на договорите што компанијата ги склучила со Епл и другите производители на уреди за користење на пребарувачот на Гугл. Во 1990-тите, Мајкрософт се соочи со обвинувања дека го поставил својот софтвер Виндоус за да ги блокира апликациите направени од други технолошки компании, исто како што Гугл сега се соочува со обвинувања дека троши милијарди долари секоја година за да го заклучи својот прелистувач како место за наоѓање онлајн информации за паметни телефони и веб прелистувачи. До моментот кога Мајкрософт ја почна својата борба да развие сопствен прелистувач, Гугл веќе стана синоним за пребарување на информации на Интернет. Мајкрософт вложи милијарди долари во обидот да му постави сериозен предизвик на Гугл со својот пребарувач Бинг и во еден момент дури се обиде да го купи Јаху за повеќе од 40 милијарди долари во понудата која беше одбиена, додека Стив Балмер сè уште беше извршен директор на производителот на софтверот. Надела, кој работеше во Мајкрософт за време на антимонополската пресметка со Министерството за правда во доцните 1990-ти, го наследи Балмер како извршен директор во 2014 година. Тој не успеа да направи значителен напредок во потрагата против Гугл, а Бинг е сè уште втор на пазарот.

The post Мајкрософт на суд се жали поради „нефер тактики“ што ги користи Гугл за да доминира на пазарот appeared first on Република.

]]>
По 4 години разбиен монополот на СДСМ во Општина Аеродром поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-4-godini-razbien-monopolot-na-sdsm-vo-opshtina-aerodrom-povrzan-so-nabavka-na-uzina-i-topol-obrok-vo-osnovnite-uchilishta/ Fri, 09 Sep 2022 16:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=549222

После четири години, конечно е разбиен монополот кој СДСМ го создаде во Општина Аеродром. Монопол овозможен од партијата, поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо монопол и селекција на една фирма која ќе го врши снабдувањето, од оваа година е воведен нов модел кој става крај на минатата злоупотреба на власта, стои во пораката која утрово ја испраќаат од Општина Аеродром во соопштение испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека новиот модел покрај тоа што стави крај на оваа злоупотреба на локалната власт, истовремено обезбеди и можност за секое училиште заедно со советот на родители и училишниот одбор, да избере каква храна ќе добијат нивните деца. На овој начин, приоритетот се става на децата, а не на профитот и партиски калкулации, како што тоа СДСМ го правеше до сега.

СДСМ пред само два дена ширеше лажни и тендециозни информации на оваа тема, погодени од фактот што нивната шема на монопол после четири години е разбиена. Во таа смисла, заклучно со денешниот ден, сите основни училишта на територија на Општината имаат склучено договор за снабдување со топол оброк и ужина. Децата се нашиот приоритет, а искоренувањето на корупцијата стратешка определба на општината Аеродром. Веќе една година, работиме плански, организирани и транспарентно. Граѓаните знаат дека Општина Аеродром ја искоренува корупцијата и дека дојде крајот на сомнителни тендери, за кои и повеќе институции во моментот водат соодветни истраги – велат од општина Аеродром.

The post По 4 години разбиен монополот на СДСМ во Општина Аеродром поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта appeared first on Република.