монографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monografija/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 08:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monografija/ 32 32 „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/flipbuk-film-festival-zavrshi-so-promotsija-na-monografijata-na-nikitsa-gilik-predavana-za-filmskiot-modernizam/ Mon, 12 Aug 2024 08:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=805704

Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“

Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.

Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.

Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.

The post „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“

Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.

Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.

Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.

The post „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ appeared first on Република.

]]>
Промовирана монографијата „Македонски народни носии“ од проф.д-р Владимир Јаневски. https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-monografijata-makedonski-narodni-nosii-od-prof-d-r-vladimir-janevski/ Wed, 31 Jul 2024 08:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=801897

На 54-тото издание на фестивалот Илинденски денови во Битола, се случи значаен културен настан – промоција на монографијата „Македонски народни носии“ од проф.д-р Владимир Јаневски. Ова сеопфатно дело опфаќа повеќе од три децении посветено истражување и теренска работа во доменот на материјалната култура, особено фокусирајќи се на традиционалната македонска облека.

Длабокиот ангажман на авторот со оваа тема се рефлектира во неговата прецизна документација и анализа на носиите на етничките региони, собрани не само како физички артефакти, туку и збогатени со усните сведоштва на современите сведоци. Оваа монографија не е само каталог на облека, таа претставува длабоко истражување на традиционалната облека, прикажувајќи комплетни носии и специфични предмети користени од крајот на 19-тиот до почетокот на 20-тиот век. Делото вклучува облека и од христијанската и од муслиманската македонска заедница, што ги истакнува различните културни пејсажи на етничка Македонија.

Секое парче е претставено со локална терминологија и детали за неговите оригинални сопственици, додавајќи слоеви на контекст и автентичност. Костимите, вратени во првобитниот сјај, се методолошки уредени, со фокус и на целосната облека и на поединечните компоненти, придружени со детални описи. Овој пристап не само што го зачувува естетскиот интегритет на овие културни артефакти, туку обезбедува и богат, едукативен ресурс за етнографи, етнолози, фолклористи и лингвисти заинтересирани за традиционалната култура. Презентацијата на Илинденските денови понуди единствена можност за експертите и за ентузијастите да навлезат во сложеноста на македонската национална облека. Тој обезбеди платформа за дискусија за културното значење, историскиот контекст и сложената изработка на овие облеки, зајакнувајќи ја нивната вредност како витален дел од културното наследство на Македонија.

Овој настан беше прослава на традицијата и академски дискурс, премостувајќи го минатото со сегашноста во живописно прикажување на националниот идентитет. На промоцијата, беше претставена и изложбата „Македонски народни носии – делови од горни облеки“ од збирката на д-р Владимир Јаневски.

The post Промовирана монографијата „Македонски народни носии“ од проф.д-р Владимир Јаневски. appeared first on Република.

]]>

На 54-тото издание на фестивалот Илинденски денови во Битола, се случи значаен културен настан – промоција на монографијата „Македонски народни носии“ од проф.д-р Владимир Јаневски. Ова сеопфатно дело опфаќа повеќе од три децении посветено истражување и теренска работа во доменот на материјалната култура, особено фокусирајќи се на традиционалната македонска облека. Длабокиот ангажман на авторот со оваа тема се рефлектира во неговата прецизна документација и анализа на носиите на етничките региони, собрани не само како физички артефакти, туку и збогатени со усните сведоштва на современите сведоци. Оваа монографија не е само каталог на облека, таа претставува длабоко истражување на традиционалната облека, прикажувајќи комплетни носии и специфични предмети користени од крајот на 19-тиот до почетокот на 20-тиот век. Делото вклучува облека и од христијанската и од муслиманската македонска заедница, што ги истакнува различните културни пејсажи на етничка Македонија. Секое парче е претставено со локална терминологија и детали за неговите оригинални сопственици, додавајќи слоеви на контекст и автентичност. Костимите, вратени во првобитниот сјај, се методолошки уредени, со фокус и на целосната облека и на поединечните компоненти, придружени со детални описи. Овој пристап не само што го зачувува естетскиот интегритет на овие културни артефакти, туку обезбедува и богат, едукативен ресурс за етнографи, етнолози, фолклористи и лингвисти заинтересирани за традиционалната култура. Презентацијата на Илинденските денови понуди единствена можност за експертите и за ентузијастите да навлезат во сложеноста на македонската национална облека. Тој обезбеди платформа за дискусија за културното значење, историскиот контекст и сложената изработка на овие облеки, зајакнувајќи ја нивната вредност како витален дел од културното наследство на Македонија. Овој настан беше прослава на традицијата и академски дискурс, премостувајќи го минатото со сегашноста во живописно прикажување на националниот идентитет. На промоцијата, беше претставена и изложбата „Македонски народни носии – делови од горни облеки“ од збирката на д-р Владимир Јаневски.

The post Промовирана монографијата „Македонски народни носии“ од проф.д-р Владимир Јаневски. appeared first on Република.

]]>
СОКОМ ќе ја промовира монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sokom-ke-ja-promovira-monografijata-stojan-stojkov-mojot-tvorechki-pat/ Tue, 09 Apr 2024 11:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=764248

Во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, утре 10.04.2024 (среда) во Музејот на македонската борба, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на монографијата ,,Стојан Стојков – мојот творечки пат”.

Монографијата е посветена на делото, животниот и творечки пат на почитуваниот композитор и професор Стојан Стојков.

Промотор: Александар Трајковски, а на промоцијата ќе бидат изведени и дела од камерниот и хорски опус на композиторот.

Настанот е во рамките на манифестацијата Денови на македонската музика 2024.

The post СОКОМ ќе ја промовира монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат” appeared first on Република.

]]>

Во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, утре 10.04.2024 (среда) во Музејот на македонската борба, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на монографијата ,,Стојан Стојков – мојот творечки пат”. Монографијата е посветена на делото, животниот и творечки пат на почитуваниот композитор и професор Стојан Стојков. Промотор: Александар Трајковски, а на промоцијата ќе бидат изведени и дела од камерниот и хорски опус на композиторот. Настанот е во рамките на манифестацијата Денови на македонската музика 2024.

The post СОКОМ ќе ја промовира монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат” appeared first on Република.

]]>
Влатко Стефановски: Ако ги корнат даските од сцената при реконструкцијата на Универзална сала, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlatko-stefanovski-ako-gi-kornat-daskite-od-stsenata-pri-rekonstruktsijata-na-univerzalna-sala-bi-sakal-da-mi-dadat-edna-da-ja-stavam-vo-moeto-studio/ Fri, 08 Mar 2024 12:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=752655

Ако ги корнат даските од сцената при реконструкција на салата, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио, вели Влатко Стефановски во пригодниот документарец за Универзална сала снимен за 45-годишниот јубилеј, насловен „Некогаш – сега – засекогаш“, што беше прикажан на почетокот од промоцијата на Монографијата по повод 60-годишнината од постоењето на Универзална сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“, чија авторка е Весна Дамчевска.

Мониграфијата ја промовираа писателот и универзитетски професор Александар Прокопиев и директорот на Универзална сала Горјан Христовски.

Монографијата „Скопскиот симбол на хуманоста“ е четврта авторска книга на Весна Дамчевска и е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, објавена со поддршка на Град Скопје.

Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор: повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Од искажувањата уште еднаш се потврди дека се работи за повеќе од објект за манифестации и дека емоционална димензија што ја има Универзална сала во меморијата на скопјани и другите посетители, кои барем еднаш во животот присуствувале на некој настан било примарна идеја на авторката во креирањето на монографијата била водена од поттикот да се сочуваат сите тие настани од заборавот, негувајќи ја емоционална култура на сеќавање.

The post Влатко Стефановски: Ако ги корнат даските од сцената при реконструкцијата на Универзална сала, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио appeared first on Република.

]]>

Ако ги корнат даските од сцената при реконструкција на салата, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио, вели Влатко Стефановски во пригодниот документарец за Универзална сала снимен за 45-годишниот јубилеј, насловен „Некогаш – сега – засекогаш“, што беше прикажан на почетокот од промоцијата на Монографијата по повод 60-годишнината од постоењето на Универзална сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“, чија авторка е Весна Дамчевска.
Мониграфијата ја промовираа писателот и универзитетски професор Александар Прокопиев и директорот на Универзална сала Горјан Христовски. Монографијата „Скопскиот симбол на хуманоста“ е четврта авторска книга на Весна Дамчевска и е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, објавена со поддршка на Град Скопје. Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор: повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители. Од искажувањата уште еднаш се потврди дека се работи за повеќе од објект за манифестации и дека емоционална димензија што ја има Универзална сала во меморијата на скопјани и другите посетители, кои барем еднаш во животот присуствувале на некој настан било примарна идеја на авторката во креирањето на монографијата била водена од поттикот да се сочуваат сите тие настани од заборавот, негувајќи ја емоционална култура на сеќавање.

The post Влатко Стефановски: Ако ги корнат даските од сцената при реконструкцијата на Универзална сала, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио appeared first on Република.

]]>
Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-monografija-za-univerzalna-sala-skopskiot-simbol-na-humanosta-od-vesna-damchevska/ Wed, 06 Mar 2024 09:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=748892

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје.Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел.

Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања…

The post Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска appeared first on Република.

]]>

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје.Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел. Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители. Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања…

The post Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска appeared first on Република.

]]>
Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festival-krik-promotsija-na-monografsko-izdanie-za-umetnitsata-shejla-kamerik/ Sun, 08 Oct 2023 11:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=689216

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка.

Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.

За себноста, меморијата и ... смеата

Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување.

Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви.

Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка. Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова. За себноста, меморијата и ... смеата Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви. Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>
Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-monografijata-makedonija-gorna-reka-selo-kichinitsa-istoriski-viduvana-i-zapisi-od-dragan-poposki-stojnin-vo-vevchani/ Mon, 14 Aug 2023 08:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=671879

На 15 август, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.

Книгата е полемична. Драган Поповски-Стојнин со многубројни документи, ги оспорува тезите на поранешниот пратеник на ДУИ Бранко Манојловски и на неодамна починатиот д-р Бранко Синадиновски за етничката и верската припадност на жителите од овој крај. Имено, тие тврдат дека во Кичиница живеат православни Албанци.

Станува збор за монографија која е плод на долгогодишна подготовка и во која се истражува историјата на Кичиница, на селата во Горна Река, топонимите низ историјата, јазикот, христијанската вера, обичаите, црквите, манастирите, празнувањата на црковните празници, традиции, како и за отпорот на горнореканците и Македонците кон однародувањето...

Во голем дел од монографијата „е претставено историското минато, милениумскиот континуитет на опстојувањето на Македонците на Балканскиот Полуостров. Тука се претставени факти за етногенезата на Македонците споредбено со етногенезата на Грците, Бугарите и Албанците, доселувани и населувани низ столетијата“, пишува во рецензијата д-р Михајло Миноски.

Ефтим Клетников, познат македонски поет, преведувач, книжевен критичар и есеист, во рецензијата за книгата, меѓу другото пишува, дека Драган Попоски-Стојнин „во својата потрага по македонскиот идентитет, а поаѓајки од Кичиница како модерен архетип на македонскиот историски проклетилак, интуитивно и со една понорна рефлексија, сјајно се надоврзува на Ѓорѓија Пулески, најзначајниот македонскиот преродбеник кога станува збор за идентитетот

Драган Попоски-Стојнин е роден во Вевчани, во 1940 година. Виорот на Втората светска војна бил трагичен за неговата фамилија и како дете без родители растел во детските домови во Битола, Скопје, Кратово, Ресен, Битола, Валандово, Битола. Во Битола, во 1960 година завршил гимназија, а Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје.

Работел како лекар, а во 1992 година, меѓу првите во Република Македонија, ја формира приватната здравствена организација, Аптеки „Биолек“. Покрај медицинската дејност, тој го проучува и демографското прашање во Република Македонија. Хоби му се сликарство и изработка на уметнички ракотворби.

Во 2017 година во издание на „Бата прес“ ја објави поетската книга „Резби„

По пензионирањето живее и твори во Охрид.

The post Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани appeared first on Република.

]]>

На 15 август, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија. Книгата е полемична. Драган Поповски-Стојнин со многубројни документи, ги оспорува тезите на поранешниот пратеник на ДУИ Бранко Манојловски и на неодамна починатиот д-р Бранко Синадиновски за етничката и верската припадност на жителите од овој крај. Имено, тие тврдат дека во Кичиница живеат православни Албанци. Станува збор за монографија која е плод на долгогодишна подготовка и во која се истражува историјата на Кичиница, на селата во Горна Река, топонимите низ историјата, јазикот, христијанската вера, обичаите, црквите, манастирите, празнувањата на црковните празници, традиции, како и за отпорот на горнореканците и Македонците кон однародувањето... Во голем дел од монографијата „е претставено историското минато, милениумскиот континуитет на опстојувањето на Македонците на Балканскиот Полуостров. Тука се претставени факти за етногенезата на Македонците споредбено со етногенезата на Грците, Бугарите и Албанците, доселувани и населувани низ столетијата“, пишува во рецензијата д-р Михајло Миноски. Ефтим Клетников, познат македонски поет, преведувач, книжевен критичар и есеист, во рецензијата за книгата, меѓу другото пишува, дека Драган Попоски-Стојнин „во својата потрага по македонскиот идентитет, а поаѓајки од Кичиница како модерен архетип на македонскиот историски проклетилак, интуитивно и со една понорна рефлексија, сјајно се надоврзува на Ѓорѓија Пулески, најзначајниот македонскиот преродбеник кога станува збор за идентитетот Драган Попоски-Стојнин е роден во Вевчани, во 1940 година. Виорот на Втората светска војна бил трагичен за неговата фамилија и како дете без родители растел во детските домови во Битола, Скопје, Кратово, Ресен, Битола, Валандово, Битола. Во Битола, во 1960 година завршил гимназија, а Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје. Работел како лекар, а во 1992 година, меѓу првите во Република Македонија, ја формира приватната здравствена организација, Аптеки „Биолек“. Покрај медицинската дејност, тој го проучува и демографското прашање во Република Македонија. Хоби му се сликарство и изработка на уметнички ракотворби. Во 2017 година во издание на „Бата прес“ ја објави поетската книга „Резби„ По пензионирањето живее и твори во Охрид.

The post Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани appeared first on Република.

]]>
Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-monografijata-makedonskata-knizhevna-kritika-vo-xix-vek/ Thu, 02 Mar 2023 08:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=614914

Во издание на Институтот за македонска литература, објавена е монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски.

Книгата претставува своевидна историја за појавата и развојот на критиката во новата македонска книжевност и со неа се покажува развојот на македонската книжевна критика и книжевност во изминатите два века.

Во неа се презентирани педесетина автори со преку сто и педесет критичко-есеистички текстови што во иднина треба да заземат свое место во каноните на македонската литература. Без критичките одгласи од и за Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Константин Миладинов, Григор Прличев, Трајко Китанчев, Крсте Мисирков и останатите македонски книжевници, не би бил возможен развојот на македонската литература во XIX век, но и на македонската литература од XX и XXI век, во жанровска и естетска смисла. Притоа, се утврдува дека постоела македонска книжевна критичка мисла од ова време и се покажува дека таа во XX век не е пројавена ad hoc, како што беше презентирано од страна на некои книжевни критичари во минатото. Поради тоа, изготвена е соодветна периодизација и типологизација, а подетално се анализирани и одредени критички осврти што своевремено ја бранувале тогашната јавност. Преку позитивистичките валоризирања и промотивните помпи, до евидентните маргинализирања и бесмислените оцрнувања, се создавале и се ревидирале одредени вредносни системи. Тоа се оние автори што зад себе оставиле дела, без разлика дали станува збор за поезија, проза, драми, а во нашиот случај и критика, наведува издавачот.

Според рецензентот проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, книгата „претставува новина во македонската наука за литературна историја, а воедно и во македонската наука за литература и култура воопшто.

Со овој свој научен труд, авторот Славчо Ковилоски пополни една празнина во нашата литературна историја, која е неопходна за проучувањето на развојот и на континуитетот на македонската литература како и на науката за литературата и за културата воопшто. Секако, оценката за оваа вонредно значајна книга се надополнува не само од потребата да истакнеме дека покрај тоа што таа првпат нуди можност на едно место да се проследи развојот на македонската критичка мисла во XIX век, туку затоа тоа што во неа се внесени и низа познати, како и помалку познати имиња, кои со своето дело го овозможиле не само развојот на македонската литература, туку и на македонската култура, истакнува Миронска-Христовска.

The post Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на Институтот за македонска литература, објавена е монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата претставува своевидна историја за појавата и развојот на критиката во новата македонска книжевност и со неа се покажува развојот на македонската книжевна критика и книжевност во изминатите два века.
Во неа се презентирани педесетина автори со преку сто и педесет критичко-есеистички текстови што во иднина треба да заземат свое место во каноните на македонската литература. Без критичките одгласи од и за Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Константин Миладинов, Григор Прличев, Трајко Китанчев, Крсте Мисирков и останатите македонски книжевници, не би бил возможен развојот на македонската литература во XIX век, но и на македонската литература од XX и XXI век, во жанровска и естетска смисла. Притоа, се утврдува дека постоела македонска книжевна критичка мисла од ова време и се покажува дека таа во XX век не е пројавена ad hoc, како што беше презентирано од страна на некои книжевни критичари во минатото. Поради тоа, изготвена е соодветна периодизација и типологизација, а подетално се анализирани и одредени критички осврти што своевремено ја бранувале тогашната јавност. Преку позитивистичките валоризирања и промотивните помпи, до евидентните маргинализирања и бесмислените оцрнувања, се создавале и се ревидирале одредени вредносни системи. Тоа се оние автори што зад себе оставиле дела, без разлика дали станува збор за поезија, проза, драми, а во нашиот случај и критика, наведува издавачот.
Според рецензентот проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, книгата „претставува новина во македонската наука за литературна историја, а воедно и во македонската наука за литература и култура воопшто.
Со овој свој научен труд, авторот Славчо Ковилоски пополни една празнина во нашата литературна историја, која е неопходна за проучувањето на развојот и на континуитетот на македонската литература како и на науката за литературата и за културата воопшто. Секако, оценката за оваа вонредно значајна книга се надополнува не само од потребата да истакнеме дека покрај тоа што таа првпат нуди можност на едно место да се проследи развојот на македонската критичка мисла во XIX век, туку затоа тоа што во неа се внесени и низа познати, како и помалку познати имиња, кои со своето дело го овозможиле не само развојот на македонската литература, туку и на македонската култура, истакнува Миронска-Христовска.

The post Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ appeared first on Република.

]]>
Промовирана монографијата „Зборува АКТО! 2006- 2020“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-monografijata-zboruva-akto-2006-2020/ Tue, 01 Nov 2022 10:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=568226

На отворањето на 17. издание на АКТО, фестивал за современи уметности, во Музејот на современа уметност (МСУ) во саботата беше промовирана монографијата „Зборува АКТО! 2006-2020“.

Монографијата „Зборува АКТО! 2006 – 2020“ не е конечната архива за АКТО. Не е конечен поглед на АКТО. Оваа публикација е една архива што очигледно недостига на сцената, не само на фестивалот, туку и на сите општествено-политички случувања во изминатиов период. Таа е еден поглед, особено детален и сериозен, но и еден дискурзивен поглед што треба да отвори ново поле за различни дискусии. Оваа публикација е визуелен, личен и политички есеј за тоа што е АКТО, како и за условите во кои е создаван АКТО. Како некој документ/артефакт што треба да потсетува на значењето на архивирањето, што ќе го закопаме во дворот на Офицерскиот дом и по некое време ќе го најде некој што ќе ископува кога повторно ќе се реновира овој објект, се наведува во описот посветен на публикацијата.

Монографијата на 700 страници, македонско издание и уште толку англиското издание, прави осврт на 15-те години фестивалско опстојување и растење на АКТО, како еден поинаков концепт на уметничко изразување, карактеристично преставување на многуте форми на уметноста низ една уникатна и критичка диоптрија.

На промоцијата на публикацијата свој осврт имаше Елизабета Шелева, теоретичар по книжевност која посочи дека делото е амбициозно и грижливо и дека низ сите страници, поткрепени со сведоштва, се преставува АКТО како дел од драгоцениот културен амбиент. Според неа АКТО е синоним за автентична енергија која не трпи суета и еготрипност.

АКТО започна во Битола, во 2006 година, во градот со граѓанска и конзулска традиција. Незалудно авторите го нарекуваат „воз“ кој создава уметност на релација Битола – Скопје. Неговото создавање е поврзано со „Факултетот за работи кои не се учат“, студентска иницијатива формирана во 2000 година.

До денес, АКТО се надоградува во формата и содржината, но не отстапува од алтернативната уметност, современите текови и идеите да ја „преврти“ уметноста и да ја сервира пред публиката во една нова „амбалажа“, која е секогаш во тек со иновациите и полемиките.

Затоа Биљана Тануровска – Ќулавковски на промоцијата ќе се присети на почетоците на фестивалот кога во стан во Скопје се гледале проекции на филмови, за да поентира дека АКТО е тело кое расте, кое се менува, кое нуди повеќегласие и продуцира нови знаења. За неа АКТО е архива која не е преземена, туку самата создадена, АКТО е самосвесен дом каде се промислува уметноста.

АКТО е гледање уметност и така го градевме својот поглед. Гледавме уметност од секаков вид, уметност која не можеме да ја видиме на друго место. Во стан гледавме филмови, гледавме и перформанси, престави, изложби... Јас се сеќавам како да имавме подвижен дом во Битола, како сите простори да беа наши и како да можевме секаде да се сместиме. Така градевме дом, тоа беше место каде што се среќававме, раскажувавме, слушавме музика, преку ден менувавме барови, по цели денови зборувавме, рече пренесе Тануровска – Ќулавковски.

АКТО е фестивал со мултимедијална платформа и во последние 10-тина години негови креатори се Филип Јовановски, уметник и архитект и Ивана Васева, историчар на уметност.

Свој настап на промоцијата имаше Бранко Шимиќ, визуелен уметник кој работи во Хамбург, Германија, а кој се претстави со визуелна и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е вашата иднина).

Уредници на монографијата се Ивана Васева и Филип Јовановски. АКТО архивата и техничката поддршка се на Александар Јовановски. Координатор на публикацијата и уредничка поддршка е Владимир Јанчевски. Визуелниот идентитет на проектот „Зборува АКТО 2006-2020“ е на Филип Јовановски, Иван Дургутовски и Александар Јовановски. Визуелниот концепт и графичкиот дизајн на публикација го изработија Марко Ковачевски и Филип Јовановски. Издавач е „Факултет за работи што не се учат.“

The post Промовирана монографијата „Зборува АКТО! 2006- 2020“ appeared first on Република.

]]>

На отворањето на 17. издание на АКТО, фестивал за современи уметности, во Музејот на современа уметност (МСУ) во саботата беше промовирана монографијата „Зборува АКТО! 2006-2020“.
Монографијата „Зборува АКТО! 2006 – 2020“ не е конечната архива за АКТО. Не е конечен поглед на АКТО. Оваа публикација е една архива што очигледно недостига на сцената, не само на фестивалот, туку и на сите општествено-политички случувања во изминатиов период. Таа е еден поглед, особено детален и сериозен, но и еден дискурзивен поглед што треба да отвори ново поле за различни дискусии. Оваа публикација е визуелен, личен и политички есеј за тоа што е АКТО, како и за условите во кои е создаван АКТО. Како некој документ/артефакт што треба да потсетува на значењето на архивирањето, што ќе го закопаме во дворот на Офицерскиот дом и по некое време ќе го најде некој што ќе ископува кога повторно ќе се реновира овој објект, се наведува во описот посветен на публикацијата.
Монографијата на 700 страници, македонско издание и уште толку англиското издание, прави осврт на 15-те години фестивалско опстојување и растење на АКТО, како еден поинаков концепт на уметничко изразување, карактеристично преставување на многуте форми на уметноста низ една уникатна и критичка диоптрија. На промоцијата на публикацијата свој осврт имаше Елизабета Шелева, теоретичар по книжевност која посочи дека делото е амбициозно и грижливо и дека низ сите страници, поткрепени со сведоштва, се преставува АКТО како дел од драгоцениот културен амбиент. Според неа АКТО е синоним за автентична енергија која не трпи суета и еготрипност. АКТО започна во Битола, во 2006 година, во градот со граѓанска и конзулска традиција. Незалудно авторите го нарекуваат „воз“ кој создава уметност на релација Битола – Скопје. Неговото создавање е поврзано со „Факултетот за работи кои не се учат“, студентска иницијатива формирана во 2000 година. До денес, АКТО се надоградува во формата и содржината, но не отстапува од алтернативната уметност, современите текови и идеите да ја „преврти“ уметноста и да ја сервира пред публиката во една нова „амбалажа“, која е секогаш во тек со иновациите и полемиките. Затоа Биљана Тануровска – Ќулавковски на промоцијата ќе се присети на почетоците на фестивалот кога во стан во Скопје се гледале проекции на филмови, за да поентира дека АКТО е тело кое расте, кое се менува, кое нуди повеќегласие и продуцира нови знаења. За неа АКТО е архива која не е преземена, туку самата создадена, АКТО е самосвесен дом каде се промислува уметноста.
АКТО е гледање уметност и така го градевме својот поглед. Гледавме уметност од секаков вид, уметност која не можеме да ја видиме на друго место. Во стан гледавме филмови, гледавме и перформанси, престави, изложби... Јас се сеќавам како да имавме подвижен дом во Битола, како сите простори да беа наши и како да можевме секаде да се сместиме. Така градевме дом, тоа беше место каде што се среќававме, раскажувавме, слушавме музика, преку ден менувавме барови, по цели денови зборувавме, рече пренесе Тануровска – Ќулавковски.
АКТО е фестивал со мултимедијална платформа и во последние 10-тина години негови креатори се Филип Јовановски, уметник и архитект и Ивана Васева, историчар на уметност. Свој настап на промоцијата имаше Бранко Шимиќ, визуелен уметник кој работи во Хамбург, Германија, а кој се претстави со визуелна и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е вашата иднина). Уредници на монографијата се Ивана Васева и Филип Јовановски. АКТО архивата и техничката поддршка се на Александар Јовановски. Координатор на публикацијата и уредничка поддршка е Владимир Јанчевски. Визуелниот идентитет на проектот „Зборува АКТО 2006-2020“ е на Филип Јовановски, Иван Дургутовски и Александар Јовановски. Визуелниот концепт и графичкиот дизајн на публикација го изработија Марко Ковачевски и Филип Јовановски. Издавач е „Факултет за работи што не се учат.“

The post Промовирана монографијата „Зборува АКТО! 2006- 2020“ appeared first on Република.

]]>
Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri-e-traen-zapis-za-seto-ona-shto-se-sluchuvalo-na-festivalskata-scena/ Sat, 04 Jun 2022 16:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=511154

Свеченото затворање на јубилејните Мајски оперски вечери, покрај изведбата на операта „Аида“, беше одбележано и со промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски, објавена по повод големиот јубилеј на најзначајната манифестација од овој тип во нашата земја, со цел да се остави траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена низ изминатите 50 години.

Во издание на Националната опера и балет, предговорот е на директорот на куќата, проф. м-р Васо Ристов, рецензент е диригентот на првата претстава во 1972 година, проф. Фимчо Муратовски, а промотор на монографијата беше м-р Весна Малјановска.

Во монографијата се наброени сите оперски, балетски и други претстави, како и концертите што биле изведени на Мајските оперски вечери во изминатите 50 години. Вкупната бројка на претстави е 457, од кои 321 се оперски претстави, 62 се балети, 66 се концерти, а 8 се други претстави.

The post Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена appeared first on Република.

]]>

Свеченото затворање на јубилејните Мајски оперски вечери, покрај изведбата на операта „Аида“, беше одбележано и со промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски, објавена по повод големиот јубилеј на најзначајната манифестација од овој тип во нашата земја, со цел да се остави траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена низ изминатите 50 години. Во издание на Националната опера и балет, предговорот е на директорот на куќата, проф. м-р Васо Ристов, рецензент е диригентот на првата претстава во 1972 година, проф. Фимчо Муратовски, а промотор на монографијата беше м-р Весна Малјановска. Во монографијата се наброени сите оперски, балетски и други претстави, како и концертите што биле изведени на Мајските оперски вечери во изминатите 50 години. Вкупната бројка на претстави е 457, од кои 321 се оперски претстави, 62 се балети, 66 се концерти, а 8 се други претстави.

The post Монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ е траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-kje-ja-promovira-monografijata-akt-teatarot-niz-fotografii-od-kire-galevski/ Tue, 05 Apr 2022 11:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=483568

На 8 април со почеток во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на Македонски народен театар, ќе се промовира монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии" од Кире Галевски.
Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес.
Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата - Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

The post МНТ ќе ја промовира монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски appeared first on Република.

]]>

На 8 април со почеток во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на Македонски народен театар, ќе се промовира монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии" од Кире Галевски. Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес. Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата - Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

The post МНТ ќе ја промовира монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски appeared first on Република.

]]>
Промоција на монографијата за „Мизар“ од Тошо Филиповски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-monografijata-za-mizar-od-tosho-filipovski/ Sat, 26 Mar 2022 15:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=478949

Музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски утре, на 27 март во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје во 18 часот ќе ја промовира книгата „Мизар – Откровенија 1981-2021“.

Опишана како прва монографија за еден македонски рок бенд, книгата дава детален приказ на историјата на една од највлијателните и најзначајни македонски групи, вклучувајќи концерти, плакати и интервјуа. На 333 страници се содржани 200 фотографии, од кои половина се досега необјавени.

Монографијата за „Мизар“ е четвртата книга за македонската рок музика што Филиповски ја објавува во рок од четири години, а следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019) и „Македонски рок времеплов“ (2021).

 

The post Промоција на монографијата за „Мизар“ од Тошо Филиповски appeared first on Република.

]]>

Музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски утре, на 27 март во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје во 18 часот ќе ја промовира книгата „Мизар – Откровенија 1981-2021“. Опишана како прва монографија за еден македонски рок бенд, книгата дава детален приказ на историјата на една од највлијателните и најзначајни македонски групи, вклучувајќи концерти, плакати и интервјуа. На 333 страници се содржани 200 фотографии, од кои половина се досега необјавени. Монографијата за „Мизар“ е четвртата книга за македонската рок музика што Филиповски ја објавува во рок од четири години, а следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019) и „Македонски рок времеплов“ (2021).  

The post Промоција на монографијата за „Мизар“ од Тошо Филиповски appeared first on Република.

]]>
Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски за 77-от роденден на МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-monografijata-akt-teatarot-niz-fotografii-od-kire-galevski-za-77-ot-rodenden-na-mnt/ Tue, 22 Mar 2022 17:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=476818

На 8 април во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на Македонски народен театар, ќе се случи промоција на монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии" од Кире Галевски.

Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес.

Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата - Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

The post Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски за 77-от роденден на МНТ appeared first on Република.

]]>

На 8 април во 19 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на Македонски народен театар, ќе се случи промоција на монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии" од Кире Галевски. Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес. Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата - Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска. Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

The post Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски за 77-от роденден на МНТ appeared first on Република.

]]>