монографија Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monografija-risto-stefanovski/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 11:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монографија Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monografija-risto-stefanovski/ 32 32 Големата сала Драмски ќе ја именува „Ристо Стефановски“ и ќе ја промовира Монографијата на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golemata-sala-dramski-ke-ja-imenuva-risto-stefanovski-i-ke-ja-promovira-monografijata-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 11:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=758888

Утре, на Светскиот ден на театарот, 27 март во Драмски театар Скопје во 18 часот ќе се одржи промоција на Монографијата Ристо Стефановски, основачот на Драмски театар. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска, теоретичарка на книжевност и уметност.

Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата.

Од Драмски соооштија дека големата театарска сала ќе биде именувана Сала „Ристо Стефановски“ со што неговиот влог во развојот на театарот не се препушта на заборавот и станува потсетник и за идните генерации. Именувањето на големата театарска сала е во 19 часот.

Драмски театар Скопје ќе го одбележи 27 март со низа активности наменети за различни целни групи што ќе се одвиваат во текот на целиот ден.

Програмската активност започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот.

Вечерта, во 20 часот ќе биде изведена претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ.

Пред почетокот на претставата ќе се прочитаат и две пораки по повод Светскиот ден на театарот и тоа, македонската порака изготвена од театарскиот режисер Коле Ангеловски и светската порака за денот на театарот од Јон Фосе, норвешки писател, драматичар, драматург и добитник на Нобеловата награда за книжевност.

Одбележувајќи го Светскиот ден на театарот, од Драмски известуваат дека за љубителите на театарската уметност ќе обезбедат влезот да биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ на 27 март и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 04 април.

Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје.

 

 

The post Големата сала Драмски ќе ја именува „Ристо Стефановски“ и ќе ја промовира Монографијата на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Утре, на Светскиот ден на театарот, 27 март во Драмски театар Скопје во 18 часот ќе се одржи промоција на Монографијата Ристо Стефановски, основачот на Драмски театар. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска, теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата. Од Драмски соооштија дека големата театарска сала ќе биде именувана Сала „Ристо Стефановски“ со што неговиот влог во развојот на театарот не се препушта на заборавот и станува потсетник и за идните генерации. Именувањето на големата театарска сала е во 19 часот. Драмски театар Скопје ќе го одбележи 27 март со низа активности наменети за различни целни групи што ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Програмската активност започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот. Вечерта, во 20 часот ќе биде изведена претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ. Пред почетокот на претставата ќе се прочитаат и две пораки по повод Светскиот ден на театарот и тоа, македонската порака изготвена од театарскиот режисер Коле Ангеловски и светската порака за денот на театарот од Јон Фосе, норвешки писател, драматичар, драматург и добитник на Нобеловата награда за книжевност. Одбележувајќи го Светскиот ден на театарот, од Драмски известуваат дека за љубителите на театарската уметност ќе обезбедат влезот да биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ на 27 март и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 04 април. Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје.    

The post Големата сала Драмски ќе ја именува „Ристо Стефановски“ и ќе ја промовира Монографијата на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>