мониторинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monitoring/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:38:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мониторинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monitoring/ 32 32 Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-zavrshna-konferentsija-zaokruzhen-proektot-na-ikomos-makedonija-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/ Wed, 05 Jun 2024 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=784853

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), државни институции, како и експерти за заштита на културно наследство, се одржа завршната конференција во организација на ИКОМОС Македонија, со што и официјалнo заврши проектот „Мониторинг на православното културно наследство“.

Конференцијата ја отвори претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева, која изрази задоволство од извршениот мониторинг со кој во периодот 2022-2023 година беше направен увид во состојбата на зачуваност на 707 православни цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА на територијата на нашата земја:  „Следејќи методологија која специјално наменски ја изготвивме за овој проект и користејќи унифицирани теренски обрасци, нашите теренски тимови изминаа 25.000км на терен, во 236 работни теренски денови низ сите градови, па сѐ до најоддалечените планински села мониторирајќи 707 цркви и манастири од кои 60 новоевидентирани, односно 55% од вкупното евидентирано христијанско сакрално наследство во националниот регистар на културно наследство“.

Сите теренски податоци за состојбата на секој мониториран објект се складирани во специјално дизајнирана база на податоци и истите се достапни за разгледување и пребарување на веб-сајтот www.monitoring.icomos.org.mk

Собраните податоци исто така беа предмет на статистичка обработка, анализа и компаративни студии и тие се сумирани во завршен извештај (публикација) до кој може да се пристапи овде.

Истиот (н.з. извештајот), покрај појаснувања на методолошкиот пристап, ги претставува генералните резултати од мониторингот и дава толкувања епархија по епархија. На крај, ги претставуваме нашите препораки кои сметаме дека се суштинскиот аспект од овој проект, а кои имаат за цел да ја унапредат заштитата на православните културни добра и се наменети за МПЦ-ОА како имател на овие добра, за надлежните институции за заштита на културното наследство, за верската заедница, како и препораки за зголемување на интерсекторската соработка“, појасни Бицева. Таа истовремено даде и општо видување на сумарните резултати: ... генерално, состојбата на зачуваност, автентичност и интегритет на црквите и манастирите во Македонија е добра или задоволителна во поглед на архитектурата, со нешто полоши вредности за состојбата на ѕидното сликарство, но дека за жал постојат и објекти кај кои е евидентирана лоша, па и катастрофална состојба“.

Свое обраќање имаше и Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, кој се осврна на големото значење на православното културно наследство за македонскиот идентитет, но истовремено напомена дека „културното наследство не смее да служи само како можност за гордеење и пофалување со него, туку треба да претставува и должност за негово зачувување и пренесување на следните поколенија“.

Тој исто така изрази надеж дека и во иднина ИКОМОС Македонија ќе продолжи со своето дело за запазување и на црковното и на севкупното друго наше културно наследство и дека сето она што тие ќе го забележуваат и укажуваат ќе биде внимателно слушнато и  исполнето од државните институции за нашето вредно културно наследство да опстојува“.

Во рамките на конференцијата беа презентирани и две видеа – едното за постигнатите цели и резултати на проектот содржани во завршниот извештај, а другото со насоките за користење на базата на податоци. Истите можат да се погледнат на YouTube каналот на ИКОМОС Македонија.

Проектни резултати | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК

База на податоци | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК

Во вториот дел од конференцијата следеше панел дискусија во која учествуваа лидерите на петте теренски тимови: Зоран Павлов, Константин Анастасов, Мишко Тутковски, Цветанка Хаџи Пецова и Вероника Шендова. Тие ги претставија препораките за надлежни институции за заштита, за МПЦ-ОА, за верската заедница, за интерсекторските заедници, како и за системот на заштита на културното наследство во иднина.

Во дискусијата беше истакнато големото значење на спроведениот мониторинг, особено поради фактот што истражување од ваков обем не е направено со децении од страна на надлежните институции.

Нивна генерална препорака беше потребата од спроведување на редовна валоризација и ревалоризација на православното културно наследство со цел навремено преземање на стручни интервенции за негово сочувување. Од особена важност е и креирањето политики за одржлив развој кои ќе ја земат предвид специфичноста на ова „живо наследство“.

Беше истакнато дека заштитата и односот кон вредностите на овој вид наследство не се на задоволително ниво од стручен аспект и дека досегашната востановена институционална мрежа на заштита, правна регулатива и градење на финансиски политики не се доволно ефикасни. Се дадоа препораки за зголемување на соработката помеѓу сите чинители (надлежните институции, МПЦ-ОА и верската заедница) заради спречување на самоиницијативни, нестручни и неовластени интервенции, како и обезбедување соодветна стручна и поефикасна заштита.

Исто така беше нагласена потребата од едуцирани и стручни кадри кои посветено ќе работат и ќе ја следат потребата на споменикот“, од осовременување и примена на нови дигитални технологии следејќи ги светските практики, како и од учество на специјализирани компании и поединци кои доследно ќе ги спроведуваат протоколите за заштита при вршењето на заштитните интервенции врз спомениците на културата.

И, како што истакна еден од панелистите, овој мониторинг треба да претставува аларм за да го смениме нашиот однос кон ова наше заедничко културно наследство“.

За успешно спроведениот проект, ИКОМОС Македонија се заблагодари на сите стручни лица ангажирани во неговото спроведување и обработка на податоците, на МПЦ-ОА и неговото блаженство г-дин г-дин Стефан, на сите епархии и нивните надлежни назначени лица, како и верската заедница во секоја посетена црква за нивната соработка и на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје.

Проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ беше во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД, како дел од неговата Иницијатива за документирање на наследството на заедниците.

 

 

 

The post Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со присуство на претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), државни институции, како и експерти за заштита на културно наследство, се одржа завршната конференција во организација на ИКОМОС Македонија, со што и официјалнo заврши проектот „Мониторинг на православното културно наследство“. Конференцијата ја отвори претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева, која изрази задоволство од извршениот мониторинг со кој во периодот 2022-2023 година беше направен увид во состојбата на зачуваност на 707 православни цркви и манастири во сите осум епархии на МПЦ-ОА на територијата на нашата земја:  „Следејќи методологија која специјално наменски ја изготвивме за овој проект и користејќи унифицирани теренски обрасци, нашите теренски тимови изминаа 25.000км на терен, во 236 работни теренски денови низ сите градови, па сѐ до најоддалечените планински села мониторирајќи 707 цркви и манастири од кои 60 новоевидентирани, односно 55% од вкупното евидентирано христијанско сакрално наследство во националниот регистар на културно наследство“. Сите теренски податоци за состојбата на секој мониториран објект се складирани во специјално дизајнирана база на податоци и истите се достапни за разгледување и пребарување на веб-сајтот www.monitoring.icomos.org.mk Собраните податоци исто така беа предмет на статистичка обработка, анализа и компаративни студии и тие се сумирани во завршен извештај (публикација) до кој може да се пристапи овде. Истиот (н.з. извештајот), покрај појаснувања на методолошкиот пристап, ги претставува генералните резултати од мониторингот и дава толкувања епархија по епархија. На крај, ги претставуваме нашите препораки кои сметаме дека се суштинскиот аспект од овој проект, а кои имаат за цел да ја унапредат заштитата на православните културни добра и се наменети за МПЦ-ОА како имател на овие добра, за надлежните институции за заштита на културното наследство, за верската заедница, како и препораки за зголемување на интерсекторската соработка“, појасни Бицева. Таа истовремено даде и општо видување на сумарните резултати: ... генерално, состојбата на зачуваност, автентичност и интегритет на црквите и манастирите во Македонија е добра или задоволителна во поглед на архитектурата, со нешто полоши вредности за состојбата на ѕидното сликарство, но дека за жал постојат и објекти кај кои е евидентирана лоша, па и катастрофална состојба“. Свое обраќање имаше и Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, кој се осврна на големото значење на православното културно наследство за македонскиот идентитет, но истовремено напомена дека „културното наследство не смее да служи само како можност за гордеење и пофалување со него, туку треба да претставува и должност за негово зачувување и пренесување на следните поколенија“. Тој исто така изрази надеж дека и во иднина ИКОМОС Македонија ќе продолжи со своето дело за запазување и на црковното и на севкупното друго наше културно наследство и дека сето она што тие ќе го забележуваат и укажуваат ќе биде внимателно слушнато и  исполнето од државните институции за нашето вредно културно наследство да опстојува“. Во рамките на конференцијата беа презентирани и две видеа – едното за постигнатите цели и резултати на проектот содржани во завршниот извештај, а другото со насоките за користење на базата на податоци. Истите можат да се погледнат на YouTube каналот на ИКОМОС Македонија. Проектни резултати | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК База на податоци | Мониторинг на православното културно наследство | ИКОМОС МК Во вториот дел од конференцијата следеше панел дискусија во која учествуваа лидерите на петте теренски тимови: Зоран Павлов, Константин Анастасов, Мишко Тутковски, Цветанка Хаџи Пецова и Вероника Шендова. Тие ги претставија препораките за надлежни институции за заштита, за МПЦ-ОА, за верската заедница, за интерсекторските заедници, како и за системот на заштита на културното наследство во иднина. Во дискусијата беше истакнато големото значење на спроведениот мониторинг, особено поради фактот што истражување од ваков обем не е направено со децении од страна на надлежните институции. Нивна генерална препорака беше потребата од спроведување на редовна валоризација и ревалоризација на православното културно наследство со цел навремено преземање на стручни интервенции за негово сочувување. Од особена важност е и креирањето политики за одржлив развој кои ќе ја земат предвид специфичноста на ова „живо наследство“. Беше истакнато дека заштитата и односот кон вредностите на овој вид наследство не се на задоволително ниво од стручен аспект и дека досегашната востановена институционална мрежа на заштита, правна регулатива и градење на финансиски политики не се доволно ефикасни. Се дадоа препораки за зголемување на соработката помеѓу сите чинители (надлежните институции, МПЦ-ОА и верската заедница) заради спречување на самоиницијативни, нестручни и неовластени интервенции, како и обезбедување соодветна стручна и поефикасна заштита. Исто така беше нагласена потребата од едуцирани и стручни кадри кои посветено ќе работат и ќе ја следат потребата на споменикот“, од осовременување и примена на нови дигитални технологии следејќи ги светските практики, како и од учество на специјализирани компании и поединци кои доследно ќе ги спроведуваат протоколите за заштита при вршењето на заштитните интервенции врз спомениците на културата. И, како што истакна еден од панелистите, овој мониторинг треба да претставува аларм за да го смениме нашиот однос кон ова наше заедничко културно наследство“. За успешно спроведениот проект, ИКОМОС Македонија се заблагодари на сите стручни лица ангажирани во неговото спроведување и обработка на податоците, на МПЦ-ОА и неговото блаженство г-дин г-дин Стефан, на сите епархии и нивните надлежни назначени лица, како и верската заедница во секоја посетена црква за нивната соработка и на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје. Проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ беше во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт Департментот на САД, како дел од неговата Иницијатива за документирање на наследството на заедниците.      

The post Со завршна конференција заокружен проектот на ИКОМОС Македонија „Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>
Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики – заклучува Мониторинг извештајот на НМСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaba-implementatsija-na-zakonot-za-mladinsko-uchestvo-i-mladinski-politiki-zakluchuva-monitoring-izveshtajot-na-nmsm/ Wed, 16 Aug 2023 08:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=672591

„И после повеќе од три години од донесувањето на Законот за младинскo учество и младински политики, во голем дел истиот сѐ уште не е имплементиран, особено на општинско ниво“ – Ова е заклучокот на Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот, изработен од страна на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ.

НМСМ изработува ваков мониторинг извештај втора година по ред, со цел да се испита во колкава мера се имплементирани можностите и механизмите младите да влијаат врз процесите за креирање политики и донесување одлуки, кои се предвидени со Законот.

Од аспект на таквите механизми за младинско учество, Националното собрание за млади и Националното советодавно тело за младински политики сѐ уште не се формирани, а Локални младински совети има само во 19 општини, што претставуваат само 23% од вклупниот број на општини.

Согласно извештајот, општините продолжуваат да покажуваат мал интерес за имплементација на нивните законски обврски. Еден од најголемите предизвици претставува формирањето на канцеларија за млади. Само една општина правилно има формирано канцеларија за млади, како место каде младите лица од општината ќе можат да се обратат и да се информираат во врска со прашања поврзани со младите, кои се во надлежност на општината.

Само 7 општини, односно само 8% од општините, имаат усвоено Локална стратегија за млади, а само 4 општини имаат креирано и усвоено акциски план. Досега младински центри има во само 7 општини, односно во 9% од сите општини. Именувани се 57 службеници за млади во државните институции, а 64 во општините. Процентуално, 79% од општините ја имаат исполнето оваа обврска.

Кога станува збор за планирањето на општинските буџети, во 2022 година само 7 општини издвоиле конкретни средства за имплементирање на Законот, додека во 2023 година, 13 општини издвоиле средства за исполнување на нивните обврски.

Податоците за извештајот на локално ниво се прибирани од страна на регионални набљудувачи во периодот од септември 2022 до февруари 2023 преку активно следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики во нивните региони. Собраните податоци се споредени со претходниот мониторинг извештај, со цел да се идентификуваат сегментите со најголем напредок во поглед на имплементацијата на Законот. Извештајот нуди и конкретни препораки со кои ќе може да се подобри имплементацијата на овој Закон.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: https://nms.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/Monitoring_Izvestaj_Broshura_2023_MKD.pdf

Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики го изработи Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип, СФЕРА Интернешнал и Youth Empowerment Platform – YEP, во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

The post Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики – заклучува Мониторинг извештајот на НМСМ appeared first on Република.

]]>

„И после повеќе од три години од донесувањето на Законот за младинскo учество и младински политики, во голем дел истиот сѐ уште не е имплементиран, особено на општинско ниво“ – Ова е заклучокот на Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот, изработен од страна на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ.

НМСМ изработува ваков мониторинг извештај втора година по ред, со цел да се испита во колкава мера се имплементирани можностите и механизмите младите да влијаат врз процесите за креирање политики и донесување одлуки, кои се предвидени со Законот.

Од аспект на таквите механизми за младинско учество, Националното собрание за млади и Националното советодавно тело за младински политики сѐ уште не се формирани, а Локални младински совети има само во 19 општини, што претставуваат само 23% од вклупниот број на општини.

Согласно извештајот, општините продолжуваат да покажуваат мал интерес за имплементација на нивните законски обврски. Еден од најголемите предизвици претставува формирањето на канцеларија за млади. Само една општина правилно има формирано канцеларија за млади, како место каде младите лица од општината ќе можат да се обратат и да се информираат во врска со прашања поврзани со младите, кои се во надлежност на општината.

Само 7 општини, односно само 8% од општините, имаат усвоено Локална стратегија за млади, а само 4 општини имаат креирано и усвоено акциски план. Досега младински центри има во само 7 општини, односно во 9% од сите општини. Именувани се 57 службеници за млади во државните институции, а 64 во општините. Процентуално, 79% од општините ја имаат исполнето оваа обврска.

Кога станува збор за планирањето на општинските буџети, во 2022 година само 7 општини издвоиле конкретни средства за имплементирање на Законот, додека во 2023 година, 13 општини издвоиле средства за исполнување на нивните обврски.

Податоците за извештајот на локално ниво се прибирани од страна на регионални набљудувачи во периодот од септември 2022 до февруари 2023 преку активно следење на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики во нивните региони. Собраните податоци се споредени со претходниот мониторинг извештај, со цел да се идентификуваат сегментите со најголем напредок во поглед на имплементацијата на Законот. Извештајот нуди и конкретни препораки со кои ќе може да се подобри имплементацијата на овој Закон.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: https://nms.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/Monitoring_Izvestaj_Broshura_2023_MKD.pdf

Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики го изработи Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип, СФЕРА Интернешнал и Youth Empowerment Platform – YEP, во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

The post Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики – заклучува Мониторинг извештајот на НМСМ appeared first on Република.

]]>
Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izvrshen-monitoring-na-preku-250-pravoslavni-kulturni-dobra-vo-ramkite-na-proektot-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/ Wed, 10 Aug 2022 08:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=538630

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација.

Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти.

Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини.

Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.

Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.

 

 

 

The post Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација. Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на државава. Односно, во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-Кичевската епрахија на 71, во Преспанско – Пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – Гостиварската и во Кумановско – Осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти. Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини. Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство. Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.      

The post Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамките на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ appeared first on Република.

]]>