Моника Мотеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monika-moteska/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 08:55:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моника Мотеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monika-moteska/ 32 32 Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalniot-proekt-pejzazhno-iskustvo-na-umetnitsite-robert-jankuloski-i-monika-moteska-postaven-vo-muzejot-na-sovremenata-umetnost-na-vojvodina-vo-novi-sad/ Tue, 11 Jun 2024 08:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=786481

По реализацијата на 59. издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, и по македонската премиера во текот на 2023 година, проектот е поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад и ќе биде отворена за јавноста цел месец.

Уметничките истражувања на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски со својот наратив припаѓаат на широкото поле на уметнички искази кои ѝ даваат важност на културата на сеќавањето. Присутна веќе неколку децении низ различна теориска, научна, уметничка и културна практика, културата на сеќавањето има сè поголемо значење не само во конституирањето на историјата „која ја пишуваат победниците“, нејзината митологизација и критика, туку и во контекстот на изградување на лични и колективни идентитети – родови, расни, етнички, верски, социјални и други…

„Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот. Овој мултинаративен транстактичен проект на тандемот Јанкулоски-Мотеска на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот „Landscape Experience“.

Куратори на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ – Младенов, а комесар директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими.

The post Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

По реализацијата на 59. издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, и по македонската премиера во текот на 2023 година, проектот е поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад и ќе биде отворена за јавноста цел месец. Уметничките истражувања на Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски со својот наратив припаѓаат на широкото поле на уметнички искази кои ѝ даваат важност на културата на сеќавањето. Присутна веќе неколку децении низ различна теориска, научна, уметничка и културна практика, културата на сеќавањето има сè поголемо значење не само во конституирањето на историјата „која ја пишуваат победниците“, нејзината митологизација и критика, туку и во контекстот на изградување на лични и колективни идентитети – родови, расни, етнички, верски, социјални и други… „Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот. Овој мултинаративен транстактичен проект на тандемот Јанкулоски-Мотеска на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот „Landscape Experience“. Куратори на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ – Младенов, а комесар директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими.

The post Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
„Landscape Еxperience” е крик против војната, пандемијата и загадувањето на животната средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/landscape-experience-e-krik-protiv-vojnata-pandemijata-i-zagaduvanjeto-na-zivotnata-sredina/ Thu, 07 Apr 2022 13:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=484799

Во Чифте-амам денеска се одржа прес конференција по повод претстојното претставување на Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022, на која говореа Дита Старова Керими, директорка на Национална галерија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Н.Е. Амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри, кураторот Ана Франговска и авторите на проектот, Роберт Јанкуловски и Моника Мотеска.

Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар е д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Македонија; куратори се м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос на проектот Evrovizion во одделението за визуелна уметност на IFA Штудгард.

Овој проект е всушност еден крик или врисок против се она што ни се случува. Крик против војната, пандемијата, загадувањето на животната средина, рече Моника Мотеска, заблагодарувајќи се на поддршката.

Локација на павилјонот е Scuola dei Laneri, Santa Croce 131 A, а инаугурацијата е закажана за 22 април во 18.00 часот.

„Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е мултимедијален проект кој вклучува видео инсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, витално-отровно се во фокусот на овој проект. На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите кои демнеат доколку не се превземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

Навистина сме многу горди што оваа година Министерството за култура и Комисијата го издвоија нашиот проект да ја претставува Македонија на Венециското биенале, најголемото светско ликовно претставување. Ова е најголем настан од ликовната уметност. Подготвени сме, ја доработуваме корицата на каталогот, се останато е готово и во понеделник заминуваме во Венеција за да се претставиме, рече Роберт Јанкуловски, автор на проектот.

The post „Landscape Еxperience” е крик против војната, пандемијата и загадувањето на животната средина appeared first on Република.