Моника Алмеида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monika-almeida/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 09:00:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Моника Алмеида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monika-almeida/ 32 32 Добила терапија со вијагра: По 28 дена во кома, медицинска сестра болна од Ковид станала од мртвите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dobila-terapija-so-vijagra-po-28-dena-vo-koma-meditsinska-sestra-bolna-od-kovid-stanala-od-mrtvite/ Sat, 14 Jan 2023 18:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=596846

Медицинска сестра од Гејнсборо од Велика Британија, Моника Алмеида (37), која боледува од астма, едвај преживеала тешка форма на корона вирус, а за такво нешто и помогнала употребата на вијагра, лек кој се користи за лекување на еректилна дисфункција!

Оваа мајка на две деца, иако примила две дози од вакцината против корона вирусот, имала потешка форма на Ковид-19 бидејќи боледува од астма. Таа добила позитивен тест на 31 октомври, а била примена во болница на 9 ноември.

Нејзината состојба наеднаш се влошила и лекарите ја ставиле во индуцирана кома на 16 ноември. Таа била во кома 28 дена, а три дена откако била симната од апарати, властите во болницата во округот Линколн решиле да и дадат вијагра. Нејзината состојба се подобрила за неколку дена, таа се разбудила од кома и била тргната од вентилаторот.

[caption id="attachment_596848" align="aligncenter" width="543"] Моника Алмеида[/caption]

Моника, веднаш по пристигнувањето во болницата, им дала дозвола на колегите да пробаат третман со вијагра доколку е потребно. Овој лек овозможува поголем проток на крв низ телото со опуштање на ѕидовите на крвните садови.

Вистинско Божиќно чудо е што се разбудив. Отпрвин не верував дека вијаграта ме спаси. За 48 часа ми се отворија бронхиите и белите дробови почнаа да реагираат - вели Моника, по напуштањето на болницата.

[caption id="attachment_596849" align="aligncenter" width="544"] Моника Алмеида со сопругот[/caption]

Лекарите тврдат дека нејзината ситуација била сериозна и затоа ги повикале родителите од Португалија да дојдат да се простат со неа, бидејќи се сомневале дека ќе преживее. Како последно средство, лекарите решиле да и дадат вијагра за да и го зголемат нивото на кислород во крвта.

Во Обединетото Кралство, вијагра се дава на пациенти само со нивна согласност. Тоа е експериментална постапка која се применува само во најтешките случаи.

The post Добила терапија со вијагра: По 28 дена во кома, медицинска сестра болна од Ковид станала од мртвите appeared first on Република.

]]>

Медицинска сестра од Гејнсборо од Велика Британија, Моника Алмеида (37), која боледува од астма, едвај преживеала тешка форма на корона вирус, а за такво нешто и помогнала употребата на вијагра, лек кој се користи за лекување на еректилна дисфункција! Оваа мајка на две деца, иако примила две дози од вакцината против корона вирусот, имала потешка форма на Ковид-19 бидејќи боледува од астма. Таа добила позитивен тест на 31 октомври, а била примена во болница на 9 ноември. Нејзината состојба наеднаш се влошила и лекарите ја ставиле во индуцирана кома на 16 ноември. Таа била во кома 28 дена, а три дена откако била симната од апарати, властите во болницата во округот Линколн решиле да и дадат вијагра. Нејзината состојба се подобрила за неколку дена, таа се разбудила од кома и била тргната од вентилаторот. [caption id="attachment_596848" align="aligncenter" width="543"] Моника Алмеида[/caption] Моника, веднаш по пристигнувањето во болницата, им дала дозвола на колегите да пробаат третман со вијагра доколку е потребно. Овој лек овозможува поголем проток на крв низ телото со опуштање на ѕидовите на крвните садови.
Вистинско Божиќно чудо е што се разбудив. Отпрвин не верував дека вијаграта ме спаси. За 48 часа ми се отворија бронхиите и белите дробови почнаа да реагираат - вели Моника, по напуштањето на болницата.
[caption id="attachment_596849" align="aligncenter" width="544"] Моника Алмеида со сопругот[/caption] Лекарите тврдат дека нејзината ситуација била сериозна и затоа ги повикале родителите од Португалија да дојдат да се простат со неа, бидејќи се сомневале дека ќе преживее. Како последно средство, лекарите решиле да и дадат вијагра за да и го зголемат нивото на кислород во крвта. Во Обединетото Кралство, вијагра се дава на пациенти само со нивна согласност. Тоа е експериментална постапка која се применува само во најтешките случаи.

The post Добила терапија со вијагра: По 28 дена во кома, медицинска сестра болна од Ковид станала од мртвите appeared first on Република.

]]>