монетарна политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monetarna-politika/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 10:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монетарна политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monetarna-politika/ 32 32 Извештај на ЕК: Постигнат напредок во економската и монетарната политика, недостатоци во следењето на фискалните ризици https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izveshtaj-na-ek-postignat-napredok-vo-ekonomskata-i-monetarnata-politika-nedostatotsi-vo-sledeneto-na-fiskalnite-rizitsi/ Sat, 11 Nov 2023 11:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=700506

Извештајот на Европската Комисија за напредокот за 2023 година  покажува дека државава е меѓу умерено и добро ниво на подготовка во областа на економската и монетарната политика и постигнат е одреден напредок. Во однос на економската политика, информациите во фискалната стратегија се подобрени, но усогласеноста со фискалната рамка на ЕУ е само делумна и и натаму се забележуваат недостатоци во следењето на фискалните ризици.

Според Iзвештајот, во наредната година треба да се усвои законодавството за спроведување на Законот за буџет со цел целосна примена на фискалните правила, зајакната среднорочна буџетска рамка и прудентно управување со фискалните ризици, но и да се преземат потребните законодавни и организациски чекори за да му овозможи на Фискалниот совет да ги преземе операциите и да го оцени буџетот за 2024 година и новата фискална стратегија, како и да се исклучи централната банка од опсегот на Законот за државни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за системот на плати.

-Потребно е да се одржи независноста на централната банка во нејзините клучни статутарни задачи, вклучително и во однос на кадровските прашања, во согласност со Законот. Во таа насока, централната банка треба да биде исклучена од опсегот на законите кои може да влијаат на нејзината независност, вклучително и Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор како и новиот Закон за плати во јавниот сектор. На централната банка треба да и биде овозможено да ја спроведува внатрешната организација и плановите за вработување без да мора да бара одобрение од Владата, се вели во Iзвештајот.

Исто така, се наведува дека одредбите од новиот Закон за буџет треба брзо да се спроведат во целост, а како што е предвидено со истиот закон, потребно е да се развие сеопфатен регистар на претпријатија во државна сопственост и методологија за проценка на поврзаните ризици.

Во однос на спроведувањето на мерките за структурни реформи на Програмата за економски реформи, се потенцира дека тоа треба да се подобри, бидејќи, како што се вели, беше засегнато од ограничениот капацитет на јавните институции и фокусот на краткорочни мерки за неутрализирање на енергетската криза.

The post Извештај на ЕК: Постигнат напредок во економската и монетарната политика, недостатоци во следењето на фискалните ризици appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Европската Комисија за напредокот за 2023 година  покажува дека државава е меѓу умерено и добро ниво на подготовка во областа на економската и монетарната политика и постигнат е одреден напредок. Во однос на економската политика, информациите во фискалната стратегија се подобрени, но усогласеноста со фискалната рамка на ЕУ е само делумна и и натаму се забележуваат недостатоци во следењето на фискалните ризици. Според Iзвештајот, во наредната година треба да се усвои законодавството за спроведување на Законот за буџет со цел целосна примена на фискалните правила, зајакната среднорочна буџетска рамка и прудентно управување со фискалните ризици, но и да се преземат потребните законодавни и организациски чекори за да му овозможи на Фискалниот совет да ги преземе операциите и да го оцени буџетот за 2024 година и новата фискална стратегија, како и да се исклучи централната банка од опсегот на Законот за државни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за системот на плати.
-Потребно е да се одржи независноста на централната банка во нејзините клучни статутарни задачи, вклучително и во однос на кадровските прашања, во согласност со Законот. Во таа насока, централната банка треба да биде исклучена од опсегот на законите кои може да влијаат на нејзината независност, вклучително и Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор како и новиот Закон за плати во јавниот сектор. На централната банка треба да и биде овозможено да ја спроведува внатрешната организација и плановите за вработување без да мора да бара одобрение од Владата, се вели во Iзвештајот.
Исто така, се наведува дека одредбите од новиот Закон за буџет треба брзо да се спроведат во целост, а како што е предвидено со истиот закон, потребно е да се развие сеопфатен регистар на претпријатија во државна сопственост и методологија за проценка на поврзаните ризици. Во однос на спроведувањето на мерките за структурни реформи на Програмата за економски реформи, се потенцира дека тоа треба да се подобри, бидејќи, како што се вели, беше засегнато од ограничениот капацитет на јавните институции и фокусот на краткорочни мерки за неутрализирање на енергетската криза.

The post Извештај на ЕК: Постигнат напредок во економската и монетарната политика, недостатоци во следењето на фискалните ризици appeared first on Република.

]]>
ММФ: Монетарната политика на Народната банка помогна за постепено намалување на инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-monetarnata-politika-na-narodnata-banka-pomogna-za-postepeno-namaluvane-na-inflatsijata/ Tue, 27 Jun 2023 07:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=655542

Инфлацијата започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика. Монетарната политика на Народната банка придонесе за стабилизирање на инфлациските очекувања и постепено намалување на инфлацијата. Банкарскиот сектор е стабилен и има доволен капацитет да се справи со последиците од затегнатите финансиски услови и другите шокови. Ова се наведува во заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која престојуваше во нашата земја на почетокот на овој месец.

Во објавата на заклучоците, Мисијата наведува дека Народната банка ја продолжи нормализацијата на монетарната политика преку зголемување на каматите, но и преку користење други мерки за да се осигури дека високата инфлација нема да потрае. Според очекувањата на ММФ, оваа година инфлацијата ќе изнесува просечно 9,2% и ќе се намали на 3,5% наредната година. Покрај придонесот за постепено намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, монетарните мерки придонесоа и за стабилноста на девизните резерви, наведуваат од Мисијата. Имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот, девизните резерви се најважната алатка во одржувањето на неговата стабилност.

Мисијата на ММФ посочува дека банкарскиот сектор е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран, при што од ММФ посочуваат дека позитивните тековни услови треба да се искористат за натамошно зајакнување на капиталот. ММФ, исто така, ги поддржува макропрудентните мерки коишто ги усвои неодамна Народната банка, а коишто се однесуваат на квалитетот на кредитната побарувачка, за кои наведуваат дека се важна алатка за управување со ризиците во секторот „недвижнини”.

The post ММФ: Монетарната политика на Народната банка помогна за постепено намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика. Монетарната политика на Народната банка придонесе за стабилизирање на инфлациските очекувања и постепено намалување на инфлацијата. Банкарскиот сектор е стабилен и има доволен капацитет да се справи со последиците од затегнатите финансиски услови и другите шокови. Ова се наведува во заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која престојуваше во нашата земја на почетокот на овој месец. Во објавата на заклучоците, Мисијата наведува дека Народната банка ја продолжи нормализацијата на монетарната политика преку зголемување на каматите, но и преку користење други мерки за да се осигури дека високата инфлација нема да потрае. Според очекувањата на ММФ, оваа година инфлацијата ќе изнесува просечно 9,2% и ќе се намали на 3,5% наредната година. Покрај придонесот за постепено намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, монетарните мерки придонесоа и за стабилноста на девизните резерви, наведуваат од Мисијата. Имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот, девизните резерви се најважната алатка во одржувањето на неговата стабилност. Мисијата на ММФ посочува дека банкарскиот сектор е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран, при што од ММФ посочуваат дека позитивните тековни услови треба да се искористат за натамошно зајакнување на капиталот. ММФ, исто така, ги поддржува макропрудентните мерки коишто ги усвои неодамна Народната банка, а коишто се однесуваат на квалитетот на кредитната побарувачка, за кои наведуваат дека се важна алатка за управување со ризиците во секторот „недвижнини”.

The post ММФ: Монетарната политика на Народната банка помогна за постепено намалување на инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-za-da-nema-naglo-zgolemuvanje-na-kamatite-potrebno-e-postepeno-zategnuvanje-na-monetarnata-politika/ Sun, 22 May 2022 09:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=505400

Тоа што централните банки ја покачуваат основната камата е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, а тоа ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката.

Ова во интервју за „Радио слободна Европа“ (РСЕ) го истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која нагласува дека за да се избегне нагло зголемување на каматите потребно е затегнување на монетарната политика.

„Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите“, вели гувернерката.

Таа посочува дека е јасно оти циклусот на ниски каматни стапки сега е завршен и централните банки и меѓународните финансиски пазари сега се движат кон постепено нормализирање односно кон враќање на нивоата од претходно.

Она што се случува надвор, констатира гувернерката, се одразува и кај нас.

„Подолготрајните притисоци од увозните цени, особено на храната и енергијата, коишто учествуваат со близу 50-тина проценти во нашата потрошувачка кошничка, влијаеа на подолготрајни и пошироко распространети инфлациски притисоци, бидејќи колку подолго се присутни увозните притисоци, толку повеќе стоки од потрошувачката кошничка се засегнати. Во овој контекст, Народната банка започна со затегнување на монетарната политика, односно двапати ја покачи основната камата. Одлуките за монетарната политика се носат секој месец, врз основа на најновите информации, најновите податоци и анализите коишто ги прават стручните служби на централната банка“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Целото интервју на гувернерката можете да го погледнете ТУКА.

The post Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика appeared first on Република.

]]>

Тоа што централните банки ја покачуваат основната камата е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, а тоа ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката. Ова во интервју за „Радио слободна Европа“ (РСЕ) го истакнува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која нагласува дека за да се избегне нагло зголемување на каматите потребно е затегнување на монетарната политика.
„Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите“, вели гувернерката.
Таа посочува дека е јасно оти циклусот на ниски каматни стапки сега е завршен и централните банки и меѓународните финансиски пазари сега се движат кон постепено нормализирање односно кон враќање на нивоата од претходно. Она што се случува надвор, констатира гувернерката, се одразува и кај нас.
„Подолготрајните притисоци од увозните цени, особено на храната и енергијата, коишто учествуваат со близу 50-тина проценти во нашата потрошувачка кошничка, влијаеа на подолготрајни и пошироко распространети инфлациски притисоци, бидејќи колку подолго се присутни увозните притисоци, толку повеќе стоки од потрошувачката кошничка се засегнати. Во овој контекст, Народната банка започна со затегнување на монетарната политика, односно двапати ја покачи основната камата. Одлуките за монетарната политика се носат секој месец, врз основа на најновите информации, најновите податоци и анализите коишто ги прават стручните служби на централната банка“, посочува Ангеловска-Бежоска.
Целото интервју на гувернерката можете да го погледнете ТУКА.

The post Ангеловска-Бежоска: За да нема нагло зголемување на каматите, потребно е постепено затегнување на монетарната политика appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска‒Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-van-gelder-monetarnata-politika-e-soodvetna-i-pomaga-za-ublazuvanje-na-efektite-vrz-ekonomijata-2/ Thu, 10 Mar 2022 08:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=470409

Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Банкарскиот систем има капацитетот да се справи со евентуалните шокови, а истовремено и да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот сектор.

Ова било посочено на средбата меѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, на која присуствувал и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Максимилијано Паолучи.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочила дека внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за зголемување на цените во домашната економија, а тековната состојба во Украина значително ја зголемиле неизвесноста и променливоста на движењата на меѓународните финансиски пазари. Во однос на поставеноста на монетарната политика, гувернерката посочила дека вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе ја поддржи економијата, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута.

Ван Гелдер нагласила дека на глобално ниво има значителен макроекономски шок којшто ќе има последици за глобалната економија, но ќе влијае и врз македонската економија, поради што треба да се осмислат соодветни политики што ќе ја поддржат економијата. Според неа, неопходно е да се продолжи и со примената на политиките што овозможуваат соодветни структурни промени на домашната економија.

Светската банка е присутна долги години со проекти коишто му даваат значителна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба, се наведува во соопштението од Народна банка.

The post Ангеловска-Бежоска‒Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата appeared first on Република.

]]>

Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Банкарскиот систем има капацитетот да се справи со евентуалните шокови, а истовремено и да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот сектор. Ова било посочено на средбата меѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, на која присуствувал и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Максимилијано Паолучи. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочила дека внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за зголемување на цените во домашната економија, а тековната состојба во Украина значително ја зголемиле неизвесноста и променливоста на движењата на меѓународните финансиски пазари. Во однос на поставеноста на монетарната политика, гувернерката посочила дека вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе ја поддржи економијата, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута. Ван Гелдер нагласила дека на глобално ниво има значителен макроекономски шок којшто ќе има последици за глобалната економија, но ќе влијае и врз македонската економија, поради што треба да се осмислат соодветни политики што ќе ја поддржат економијата. Според неа, неопходно е да се продолжи и со примената на политиките што овозможуваат соодветни структурни промени на домашната економија. Светската банка е присутна долги години со проекти коишто му даваат значителна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба, се наведува во соопштението од Народна банка.

The post Ангеловска-Бежоска‒Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата appeared first on Република.

]]>
Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/postavenosta-na-monetarnata-politika-zasega-e-oceneta-kako-soodvetna-na-makroekonomskite-uslovi/ Wed, 16 Feb 2022 10:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=459248

На 15 февруари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Врз основа на оцената на последните показатели и на амбиентот на монетарната политика, беше одлучено основната каматна стапка да остане иста, на нивото од 1,25%, а на аукцијата на благајнички записи да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. На седницата на Комитетот беше потврдена потребата од внимателност и постојано следењe на показателите, а во контекст на евентуална потреба од промени во поставеноста на монетарната политика. При носењето на одлуките, Народната банка ги има предвид особено движењата кај девизните резерви и кај инфлацијата.

Девизните резерви и натаму се во сигурната зона, а остварувањата во јануари се во рамките на очекувањата за првиот квартал од 2022 година.  Во однос на факторите коишто влијаат на девизните резерви,  податоците за менувачкиот пазар за јануари 2022 година не отстапуваат значително од октомвриската проекција, а покажуваат понатамошен годишен раст на нето-откупот на девизи. Податоците за надворешнотрговската размена за четвртото тримесечје од 2021 година упатуваат на малку повисок остварен трговски дефицит во однос на очекувањата според октомвриската проекција.

Во јануари 2022 година е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7%. Забрзувањето на годишната инфлација е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат променлива динамика. Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието на пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии. Народната банка, внимателно ги следи сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага.

          Во однос на движењата во реалната економија, во просек, во првите три квартали на 2021 година економијата бележи реален раст од 4,6%, што е блиску до очекувањата на Народната банка од октомвриската проекција. Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал на 2021 година главно упатуваат на натамошен годишен раст на економската активност, но забавен во однос на претходните два квартала. Податоците за овој период покажуваат високи, но поумерени годишни стапки на раст кај прометот во вкупната трговија и угостителството и забавување на падот кај индустриското производство, а кај извршените градежни работи во периодот октомври ‒ ноември се забележува натамошен годишен пад.

Закрепнувањето на економијата е поддржано од солидните движења во монетарниот сектор. Според првичните податоци за јануари 2022 година, солидниот раст на депозитите и кредитите продолжува, но посилно во однос на проекциите за првиот квартал на 2022 година.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и од актуелните геополитички тензии и нивните ефекти пред сѐ врз глобалниот раст на цените и понатаму постојат, што налага будно следење на состојбите, и покрај тоа што засега макроекономските показатели главно се движат во согласност со очекувањата. ФЕД и ЕЦБ, како централни банки коишто значително делуваат врз глобалните финансиски пазари, иако сѐ уште не ја зголемија основната каматна стапка, преку своите објави упатуваат на можно побрзо затегнување на глобалните финансиски услови од досега очекуваното. Народната банка, како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите, ризиците и промените на глобалните услови и и натаму е подготвена за соодветна реакција преку расположливиот инструментариум.

The post Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови appeared first on Република.