монаси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monasi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 08:54:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монаси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monasi/ 32 32 Се степале двајца монаси на Света Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-stepale-dvajtsa-monasi-na-sveta-gora/ Tue, 19 Sep 2023 08:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=683072

Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија.

Физичкиот напад бил со раце,нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен.

При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.

The post Се степале двајца монаси на Света Гора appeared first on Република.

]]>

Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија. Физичкиот напад бил со раце,нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен. При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.

The post Се степале двајца монаси на Света Гора appeared first on Република.

]]>
Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-filmot-kade-si-adame-za-zivotot-na-monasite-na-sveta-gora-deneska-vo-ohrid/ Tue, 08 Nov 2022 08:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=571241

Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже на репертоарот на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во Светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

Филмот Каде си Адаме“ учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков и Зајечар, Република Србија.

The post Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>

Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже на репертоарот на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век. Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во Светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста… Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението. Филмот Каде си Адаме“ учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков и Зајечар, Република Србија.

The post Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>
Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/monasi-od-sveta-gora-vo-prva-oficijalna-poseta-na-bigorski-manastir/ Sun, 22 May 2022 13:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=505488

По одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на Охридската Архиепископоија во прва официјална посета на Бигорски манастир престојуваат монаси од Света Гора. Во Бигорски се Игуменот на светогорската Свештена Обител Есфигмен, Неговото Високопреподобие, Архимандрит г. Вартоломеј, заедно со браќа монаси од својот манастир и во придружба на Високопреподобниот Архимандрит г. Никанор од манастирот на Светите Бесребреници во градот Перник.

На свечениот и официјален манастирски пречек, од страна на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј Антаниски, на светогорскиот Старец му беше подарен архимандритски крст од илјадагодишниот јубилеј на Бигорската Обител. Според манастирскиот типик, ценетиот гостин и неговата придружба беа со песнопенија и ѕвона внесени во Претечевиот храм, каде што беше отслужено пригодно молитвословие, вели отец Кирил.

Додава дека и двајцата имале и говори. Епископот Партениј го потенцирал значењето на оваа посета по одлуката на Вселенската патријаршија.

Сегашниов благодатен настан за нас преставува една огромна радост, особено затоа што Вие сте првиот игумен од Света Гора кој доаѓа во официјална посета на нашиот манастир по прогласувањето на богслужбеното и канонско единство на нашата Црква од страна на светиот престол на Мајката Црква, Вселенската Патријаршија. За нас, како и за сите Православни, Света Гора значи многу. Сето ова што го гледате сега во нашиов Манастир, ова братство, е благодарение токму на Мајката Божја, Која некогаш благоизволи и го просветли преподобниот Старец Георгиј Капсанис да ги отвори вратите на своето срце и на својот манастир за првите монаси на Света Гора од кај нас. Вие го донесовте благословот на Света Гора овде, само неколку дена по пристигнувањето на благата вест од пресветлиот Центар православието,Вселенската Патријаршија. Честа и радоста наша се уште поголеми, затоа што сме слушале за Вашата љубов кон Мајката Црква, Вселенската Патријаршија и особено кон личноста на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј – еден Патријарх кого слободно можеме да го наречеме велик. Имено тој нам ни стана втор Фотиј Велики, подобен на првиот кој ги испратил Светите Кирил и Методиј, за да ја пренесат светлината на Евангелието среде Словените. Преку личноста на Патријархот Вартоломеј и со неговото благоволение да нè прими и прифати во лоното на Црквата и во семејството на православните, за нас се случи второто просвештение. По неговите молитви и заложби дојде и до помирување со Православната Црква на Србија, коешто беше официјализирано со неодамнешното сослужение во Белград. Ние искрено се надеваме дека од денес ќе започне нашата поголема соработка со светогорската монашка заедница, со Вас и со другите игумени и монаси од Градината на Мајката Божја, рекол владиката Партениј.

Г. Вартоломеј пак потенцирал дека му се исполнила тајната желба што ја имал со години да го посети овој манастир.

Една тајна желба што ја имав многу години, во овој миг ја гледам како се исполнува на еден чудесен начин. Не беше во нашата програма да дојдеме овде во Манастирот, зашто нашата мисија беше да ги однесеме во Софија за поклонение чесните мошти на Светите Браќа Кирил и Методиј, од кои дел се чуваат во нашата Обител. Архимандритот Никанор од Манастирот на Светите Бесребреници во Перник е брат на нашиот Манастир и неговиот Манастир ние го сметаме и како наш. Имено тој беше оној кој ја смисли и ја оствари програмата да дојдеме денеска кај вас. Во себе почувствував една огромна радост, затоа што слушав, гледав, чувствував за Вашиот Манастир. И во овој миг, и слушам и гледам и чувствувам, присутен во Вашиот манастир. По благодатта Божја живееме историски моменти през целиов овој период и секој еден од нас станува мал дел од историјата која во моментов се испишува. И не можеме да Му искажеме ништо друго освен благодарност на седобриот Бог, Кој нè удостојува толку чудесни настани да се случуваат во нашиот живот, и покрај човечките безизлези кои имаат завладеано со нашиот живот, потенцирал игуменот.

Посочил дека по подигањето на таа шизма, која толку години ја измачуваше Црквата и Православието, веќе го живееме тоа чудо – сите да сме заедно на исто место.

Затоа, дозволете ми да кажам сега кога за првпат доаѓам во Вашиот Манастир: Ви благодарам што ме примивте во мојот Манастир. Јас навистина се чувствувам како дел од Вашата заедница, како еден од Вашите отци. Ова е благодатта Божја и благодатта на Богородица, Која го благословува целиот свет, а особено нас монасите. Како што рековте многу точно и мудро, Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј е еден мудар јерарх, човек Божје, испратен во правиот момент, за да го исполни планот Божји, кој не е ништо друго, освен љубовта Божја за човекот и за единството помеѓу нас. Неговата Сесветост прави пресек на историјата и ние сме среде таа историја и се радуваме и ја вкусуваме оваа радост. И им ја посакуваме оваа радост на сите отци и на сите поклоници на овој Манастир, посочил Игуменот.

The post Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир appeared first on Република.

На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-najmalku-40-monasi-pochinale-od-kovid-19/ Thu, 20 Jan 2022 13:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=447147

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-od-kovid-19-pochinale-najmalku-40-monasi-zarazeni-se-okolu-1-000/ Thu, 20 Jan 2022 11:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=447068

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19. Oд вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца во текот на вчерашниот ден. Тој додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, додека два-три манастири се превентивно затворени за верниците. Меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси-антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19. Oд вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца во текот на вчерашниот ден. Тој додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, додека два-три манастири се превентивно затворени за верниците. Меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси-антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, заразени се околу 1.000 appeared first on Република.

]]>