монако Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monako/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монако Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/monako/ 32 32 Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ezertse-gradina-plazha-vaka-izgleda-domot-na-nole-vo-monte-karlo/ Tue, 22 Oct 2024 12:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=829887

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ поседува неколку луксузни имоти, а иако Белград е неговиот роден град  неговата официјална резиденција е на Азурниот брег во прекрасното Монте Карло.

Новак со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара голем дел од годината поминува во нивниот луксузен стан во Кнежевството, а вредноста на овој имот се проценува на 5 милиони евра.

Локацијата на домот на семејството Ѓоковиќ е идеална - погледот од зградата, која се наоѓа речиси на плажа, е на Азурниот брег, а во близина се Јапонските градини, Форумот Грималди и градската плажа.

The post Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ поседува неколку луксузни имоти, а иако Белград е неговиот роден град  неговата официјална резиденција е на Азурниот брег во прекрасното Монте Карло. Новак со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара голем дел од годината поминува во нивниот луксузен стан во Кнежевството, а вредноста на овој имот се проценува на 5 милиони евра. Локацијата на домот на семејството Ѓоковиќ е идеална - погледот од зградата, која се наоѓа речиси на плажа, е на Азурниот брег, а во близина се Јапонските градини, Форумот Грималди и градската плажа.

The post Езерце, градина, плажа: Вака изгледа домот на Ноле во Монте Карло appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Монако и уште четири лица обвинети за корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradonachalnikot-na-monako-i-ushte-chetiri-litsa-obvineti-za-koruptsija/ Sat, 16 Dec 2023 16:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=723711

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција, објавија денеска извори блиски до локалното обвинителство.

Во рамки на судската истрага, пет лица меѓу кои и градоначалникот се осомничени за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“, наведоа правосудните извори.

Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек.

На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.

Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.

The post Градоначалникот на Монако и уште четири лица обвинети за корупција appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција, објавија денеска извори блиски до локалното обвинителство.
Во рамки на судската истрага, пет лица меѓу кои и градоначалникот се осомничени за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“, наведоа правосудните извори.
Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек. На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал. Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.  

The post Градоначалникот на Монако и уште четири лица обвинети за корупција appeared first on Република.

]]>
Не сакаат француски предлог: Монако ги прекина преговорите за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ne-sakaat-frantsuski-predlog-monako-gi-prekina-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 15 Sep 2023 19:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=682292

Владата на Монако денеска објави прекин на преговорите со Европската унија, што почнаа во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација.

На вчерашната средба во Брисел меѓу претставниците на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во 2015 година, се вели во соопштението.

Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море - до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби - владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани   за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.

Ова е неопходно за „да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако“, се вели во соопштението.

„Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“, заклучи владата на Монако

The post Не сакаат француски предлог: Монако ги прекина преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/cenite-vo-market-vo-monako-skoro-kako-vo-skopje/ Mon, 12 Dec 2022 16:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=584828

На социјалните мрежи се појавија фотографии од супермаркет во Монако. Ако се знае дека во ова кнежесто живеат екстремно богати луѓе може да се забележи дека цените се незабележително повисоки од тие во Скопје.

Па така, газиран сок од 1,5 литар чини 1,48 евра, џус 1,47, алкохолен пијалок 3,23,  а пак млеко 1,47.

Чипс кој кај нас чини 120 денари, во Монте Карло е малку поскап односно има цена од 2,56 евра.

The post Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија фотографии од супермаркет во Монако. Ако се знае дека во ова кнежесто живеат екстремно богати луѓе може да се забележи дека цените се незабележително повисоки од тие во Скопје. Па така, газиран сок од 1,5 литар чини 1,48 евра, џус 1,47, алкохолен пијалок 3,23,  а пак млеко 1,47. Чипс кој кај нас чини 120 денари, во Монте Карло е малку поскап односно има цена од 2,56 евра.

The post Цените во маркет во Монако скоро како во Скопје appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-princot-albert-na-opera-vo-monako/ Tue, 22 Feb 2022 22:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=462206

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Кнежевството Монако.

За време на средбата, претседателот Вучиќ присуствуваше на потпишувањето на Рамковниот договор за соработка меѓу Кнежеството Монако и Република Србија, а потоа принцот Алберт Втори од Монако му го врачи на претседателот Вучиќ Орденот – Големиот крст на Редот Свети Карло.

Вечерта Александар Вучиќ и принцот Алберт Втори присуствуваа на операта „Вертер“, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Алберт Први од Монако, а од настанот, претседателот на Србија објави фотографии на Инстаграм.

The post Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Кнежевството Монако. За време на средбата, претседателот Вучиќ присуствуваше на потпишувањето на Рамковниот договор за соработка меѓу Кнежеството Монако и Република Србија, а потоа принцот Алберт Втори од Монако му го врачи на претседателот Вучиќ Орденот – Големиот крст на Редот Свети Карло. Вечерта Александар Вучиќ и принцот Алберт Втори присуствуваа на операта „Вертер“, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Алберт Први од Монако, а од настанот, претседателот на Србија објави фотографии на Инстаграм.  

The post Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако appeared first on Република.

]]>