МОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mon/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 14:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mon/ 32 32 Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците и функционален ангажман за наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-optimizatsijata-na-uchilishnata-mrezha-znachi-podobro-obrazovanie-za-uchenitsite-i-funktsionalen-angazhman-za-nastavnitsite/ Fri, 29 Nov 2024 18:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=843159

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината а наставниците ќе можат да добијат друг ангажман и да останат функционални, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање при посетата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

Не значи дека учениците ќе останат без образование ако затвориме училиште, ниту значи дека наставниците нема да бидат искористени во образовниот процес. Праќам порака до родителите дека превозот ќе биде организиран, децата ќе им бидат во поголема средина, каде ќе стекнуваат животни видувања, знаења и компетенции во помодерно училиште. Ќе видат смарт-табла, ќе видат различни наставници, ќе има со кого да се натпреваруваат. Ако во една рурална средина има комбинирана паралелка од пет ученици, не можеме да очекуваме резултат. Затоа велиме – децата ќе ги однесеме во соодветните класови во посовремено училиште, кадешто ќе добијат соодветно знаење, кадешто ќе останат подолго во училиште, за да можат да се приближат со знаењата на учениците од ЕУ“, рече Јаневска.

Во однос на наставниците, министерката појасни дека за нив се подготвува нов закон, што очекува да се донесе во текот на првите три месеци од следната година.

Имаме вишок наставници во државата и тоа мора јавно да се каже. До скоро велев 3.000 но таа бројка расте, затоа што луѓето се иселуваат. Заедно со родителите си одат и младите. Наставникот треба да биде функционален. Затоа, ќе ги задржиме децата подолго во училиште, од 8 до 16 часот. Од прво до петто одделение во целодневна настава, што значи едно одделение со две наставнички. За повисоките класови, од 6. до 9. одделение, по завршувањето на редовните часови ќе има други наставни и воннаставни активности и општествено-корисна работа. Ова се спроведува во Европа и е многу значајно – децата да стекнат реални сознанија каков е животот надвор од училиштето и од семејството, да стекнат емпатија, да стекнат животни вештини, за што ќе бидат ангажирани дел од наставниците“, посочи Јаневска.

Рече дека дел од наставниците ќе може да се ангажираат со децата со посебни образовни потреби, за кои има недостаток на образовни асистенти.

Има непополнети места во мрежата на просветни инспектори. Исто така, Државниот испитен центар работи со минимални капацитети, Бирото за развој на образованието во изминатите години ја изгуби својата базична улога, да ги советува и обучува наставниците, таму секако ќе требаат искусни и квалитетни наставници кои ќе ги подучуваат младите. Има многу можности каде можеме да им најдеме функција на наставниците, и тоа ќе го правиме“, рече министерката.

Укажа дека во поголемите градови има проблем за едносменска и целодневна настава затоа што нема соодветна инфраструктура, како на пример во Битола, каде можеби ќе треба да се изградат уште едно до две училишта, а таков пример е и Скопје, каде треба да се доградуваат училници и нови училишта. Додаде дека не може инфраструктурните проблеми да се решат за кусо време, но колку повеќе деца и млади почнат да учат во подобри услови, толку поголем ќе биде успехот на државата, а тоа значи и толку повеќе задоволни ученици, родители и наставници.

The post Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците и функционален ангажман за наставниците appeared first on Република.

]]>

Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povik-za-uchestvo-vo-unapreduvane-na-sodrzhinata-na-uchebnitsite-od-prvo-do-treto-oddelenie/ Tue, 26 Nov 2024 13:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=841950

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение.

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни.

Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа, се наведува во повикот.

Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси: bro.macedonia@bro.gov.mk и robert.adzipetrov@mon.gov.mk, најдоцна до 15 декември 2024.

The post Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение. Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни.
Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа, се наведува во повикот.
Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси: bro.macedonia@bro.gov.mk и robert.adzipetrov@mon.gov.mk, најдоцна до 15 декември 2024.

The post Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение appeared first on Република.

]]>
Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-mon-sredba-so-delegatsija-od-sovetot-na-evropa-za-izvrshuvane-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Fri, 22 Nov 2024 12:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=840799

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта.

Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП. На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта. Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.  

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Министерката Јаневска и амбасадорот Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-janevska-i-ambasadorot-le-rigoler-ke-potpishat-aneks-na-memorandumot-za-sorabotka-za-izuchuvane-na-frantsuskiot-jazik/ Thu, 21 Nov 2024 09:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=840206

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Настанот во Клубот на пратениците во Скопје, ќе го отвори Иго Бештел, советник за соработка и култура и Директор на Францускиот институт во Скопје, соопшти МОН.

Предвидено е и доделување награда на најдобриот франкофонски ученик.

The post Министерката Јаневска и амбасадорот Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем. Настанот во Клубот на пратениците во Скопје, ќе го отвори Иго Бештел, советник за соработка и култура и Директор на Францускиот институт во Скопје, соопшти МОН. Предвидено е и доделување награда на најдобриот франкофонски ученик.  

The post Министерката Јаневска и амбасадорот Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик appeared first on Република.

]]>
Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-po-povod-svetskiot-den-na-deteto-go-slushame-glasot-na-mladite-i-pravime-promeni-za-pokvalitetno-obrazovanie/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=839964

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување.

Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.

Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.

За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување. Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.
Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.
За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>
МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-potpisha-memorandum-za-obrazovna-sorabotka-so-kosovo-fokus-na-struchnoto-i-obrazovanieto-na-vozrasni/ Mon, 18 Nov 2024 14:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=839255

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните.

Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани.

Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни.

Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните. Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани. Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни. Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>
Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-obrazovanie-mu-gi-odzede-ingerentsiite-na-merko-za-dve-shkoli-vo-draslajtsa-i-podgortsi/ Sat, 16 Nov 2024 09:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=838410

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

Одземени се ингеренциите на Мерко на училиштата ‘Св. Климент Охридски’ во Драслајца и ‘Гоце Делчев’ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. Во двете училишта поставени се нови в. д. директори“, велат од МОН за САКАМДАКАЖАМ.МК..

На нашето прашање дали има процедура за одземање на ингеренциите на други школи, оттаму велат дека надзори се спроведуваат во повеќе училишта, но постапките се во тек.

Во Основниот суд во Струга се водат две судски постапки против струшкиот градоначалник, за незаконско поставување на директори во основни училишта. Едната постапка е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење.

The post Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци appeared first on Република.

]]>

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование и наука (МОН).
Одземени се ингеренциите на Мерко на училиштата ‘Св. Климент Охридски’ во Драслајца и ‘Гоце Делчев’ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. Во двете училишта поставени се нови в. д. директори“, велат од МОН за САКАМДАКАЖАМ.МК..
На нашето прашање дали има процедура за одземање на ингеренциите на други школи, оттаму велат дека надзори се спроведуваат во повеќе училишта, но постапките се во тек. Во Основниот суд во Струга се водат две судски постапки против струшкиот градоначалник, за незаконско поставување на директори во основни училишта. Едната постапка е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“. Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење.

The post Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци appeared first on Република.

]]>
Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istorija-geografija-biologija-fizika-i-hemija-povtorno-ke-se-izuchuvaat-kako-posebni-predmeti/ Thu, 14 Nov 2024 17:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=837649

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за образование и наука ја донесе согласно измените направени на Концепцијата за основно образование, според сугестиите на наставниците и стручната јавност.

-Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно – образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст – велат од МОН.

Министерството најави дека во периодот што следува ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, но и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.

The post Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети appeared first on Република.

Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на училишната мрежа, 10 општини со готови планови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lokalnite-samoupravi-mon-i-megunarodnite-partneri-uspeshno-rabotat-na-optimizatsijata-na-uchilishnata-mrezha-10-opshtini-so-gotovi-planovi/ Tue, 12 Nov 2024 15:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=836886

План за оптимизација на училишната мрежа веќе изработија 10 општини. Процесот продолжува кај 22 општини. Локалните самоуправи ја разбираат и ја поддржуваат оптимизацијата, којашто е одговор и на нивните барања и заложбите на ЗЕЛС за пообјективна распределба на блок дотациите. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

„Клучна цел на промените што ги правиме е да го подобриме квалитетот на образованието - да изградиме релевантно и ефикасно образование кое ќе им овозможи на учениците да стекнат употребливи знаења и вештини за личен и професионален развој како и за развој на државата. Кажавме дека ги зголемуваме буџетските средства и во 2025 ќе има најголем буџет за образование досега а таква тенденција ќе има и во следните години. Но, парите на граѓаните мораме да ги трошиме рационално и ефективно. Тоа го постигнуваме со процесот на оптимизација на училишната мрежа, што го почнавме од основните училишта“, рече Јаневска.
Оптимизацијата овозможува подобро искористување на финансиските и човечките ресурси во Образованието, а од друга страна поквалитетна настава и подобри постигнувања на учениците. УНИЦЕФ и Светска банка го поддржуваат спроведувањето на локалните планови за оптимизација, изработени во консултација со учениците, родителите и наставниците во училиштата.

Јаневска укажа дека оптимизацијата на мрежата на училишта многу внимателно се реализира, во соработка со сите релевантни чинители, за да се обезбеди дека учениците добиваат најдобри можни услови за образование, наставници полн ангажман, а локалните заедници правична и ефикасна распределба на буџетски средства.

Заблагодарувајќи се на локалните самоуправи за добрата соработка, Јаневска им посака успешна работа на новата група општини кои почнуваат со изработка на плановите за оптимизација, упатувајќи ги да ги користат искуствата на општините што веќе ја завршиле, но и на редовна комуникација со Министерството за образование и наука, кое е тука за поддршка.

The post Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на училишната мрежа, 10 општини со готови планови appeared first on Република.

Првпат се формираше Националното координативно тело за реформи во високото образование и науката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-formirashe-natsionalnoto-koordinativno-telo-za-reformi-vo-visokoto-obrazovanie-i-naukata/ Wed, 06 Nov 2024 13:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=834779

Од денеска започнува со работа ново национално координативно тело, првпат формирано во мандатот на една Влада, кое ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди понатаму одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска по одржувањето на конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада.

Се работи за инклузивно тело, во кое членуваат претставници на институции како МОН и Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност, претставници на универзитетите и Интеруниверзитетската конференција, на бизнис заедницата и граѓанските здруженија. Од секого се очекува непристрасност и застапување не на лични или интереси на потесни групи, туку заложба за генерална промена на состојбите во корист на сите и во корист на државата, рече Јаневска.

Националното координативно тело ќе нарави анализа на состојбата во областите каде ќе делува, а потоа ќе предложи конкретни активности кои нема да бидат обврска само на една институција или страна.

Ќе ја проверуваме законитоста на работата на установите, исполнетоста на условите за работа, ќе направиме ревизија на квотите за упис на факултети, стимулација на унапредувањето на студиските програми и креирање интердисциплинарни студиски програми. Ќе поддржиме поврзување со бизнис заедницата, поголема меѓународна соработка и учество во програми за образование, наука и истражување и така натаму“, посочи Јаневска, изразувајќи благодарност до сите што ја прифатија иницијативата и се вклучуваат во работата на телото.

Како што рече, оваа иницијатива влева нова надеж за сериозно јакнење на образованието и науката како основни столбови на кои треба и ќе се потпира севкупниот развој на државата.

Со Националното координативно тело ќе раководи министерката за образование и наука. Има и заменик претседател, како и 30тина други членови, нивни заменици и лица за административно – техничка поддршка. Телото ќе има обврска на секои шест месеци да доставува извештај за работата до Владата.

The post Првпат се формираше Националното координативно тело за реформи во високото образование и науката appeared first on Република.

МОН го објави конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-go-objavi-konkursot-za-dodeluvane-na-3-000-studentski-stipendii-za-akademskata-2024-2025-godina/ Fri, 01 Nov 2024 10:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=833031

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15.11.2024 година.

Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки, кои постигнале висок успех во текот на студиите, предвидени се 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика.

По 15 стипендии се наменети за студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности; студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија; студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.

Предвидени се 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,65.

Вкупно 130 стипендии ќе користат студенти запишани на студиски програми по хемија, физика, математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, а 30 стипендии се наменети за студенти кои се запишат во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

Министерството за образование и наука ги повикува сите студенти да ги разгледаат условите и критериумите наведени во конкурсот и доколку ги исполнуваат за одредена категорија на стипендии, да ги поднесат потребните документи. Дозволено е аплицирање само за една категорија на стипендии.

The post МОН го објави конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година appeared first on Република.

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podgotven-nov-predlog-zakon-za-uchebnitsi-javnosta-mozhe-da-dava-sugestii/ Thu, 31 Oct 2024 09:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=832673

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година.

Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба, соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата. 

The post Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии appeared first on Република.

Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-obrazovanieto-za-mediumska-pismenost-e-moken-sojuznik-vo-borbata-protiv-lazhnite-vesti-i-dezinformatsiite/ Wed, 30 Oct 2024 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=832500

Медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на Националната конференција „Медиумската писменост во образованието“.

Со образованието за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини критички да ги анализираат содржините што ги добиваат од различни извори, да ги разбираат соодветно на контекстот, да ги поврзуваат со други информации и да бидат во состојба да го проценат нивниот квалитет и како резултат на тоа самостојно да носат одлуки и судови базирани на факти, нагласи Јаневска.

Медиумската писменост во наставните програми од основното образование е вклучена на различни начини.

Медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставната програма по мајчин јазик - македонски, албански, турски, српски и босански. Другиот начин е интегрирање на медиумската писменост со останатите теми и подрачја, со цел да им се овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во една целина. Таа може да се користи како алатка за реализација на одделни активности во речиси сите наставни предмети, во различни одделенија. Исто така, одделни аспекти од медиумската писменост може продлабочено да се изучуваат преку слободните изборни предмети од четврто до деветто одделение“, посочи министерката Јаневска, додавајќи дека преку соодветни обуки е предвидено и јакнење на компетенциите на наставниците.

Денешната Национална конференција е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, универзитетите и младинските клубови.

Министерката Јаневска им изрази благодарност на сите организации, институции и поединци што како дел од проектот им овозможуваат на децата и младите медиумски да се описменат, со што придонесуваат кон градење отпорно граѓанско општество со демократски потенцијал.
Изрази уверување дека презентацијата на резултатите од досегашната имплементација на медиумската писменост од прво до деветто одделение и најавените чекори за нејзино воведување во средното образование ќе значат натамошно подобрување на нашиот образовен систем.

The post Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите appeared first on Република.

Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ke-se-donese-nov-zakon-za-uchebnitsi-taka-shto-ke-se-razgranichi-shto-e-uchebnik-a-shto-materijal-za-uchene/ Mon, 28 Oct 2024 11:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=831638

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.

Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.

Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46% “, рече министерката Јаневска.

Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.

Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.

Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.

Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.

Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

The post Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење appeared first on Република.

Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchilishtata-vo-karposh-i-deneska-bez-greene-mon-i-gradonachalnikot-si-ja-prefrlaat-topkata/ Wed, 16 Oct 2024 06:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=827365

И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според Јакимовски, минатата година Општината издвоила шест милиони денари за децата да не останат без греење, затоа што, како што вели, Владата не сакала да ги плати сметките.

Јакимовски тврди дека во февруари Општината добила вкупно два милиони денари, односно по 200 илјади денари за секое училиште, а како што рече, за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари.

Реакцијата на Јакимовски дојде откако вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за долгот на училиштата во Општина Карпош,рече дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Таа е на став дека на општините им се исплатени блок дотациите, а на градоначалниците, школите и директорите им останува да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, изјави вчера Јаневска.

Според неа, ако Јакимовски има дополнителни барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

Грејната сезона започна вчера, а од ЕСМ ден претходно информираа дека на барање на Општина Карпош, испораката на топлинска енергија во основните училишта нема да започне на 15 октомври, туку од 1 ноември.

null

И владината портпаролка Марија Митева вчера изјави дека Општина Карпош доставила барање за пролонгирање на грејната сезона. Според Митева, во барањето не било наведено кои се причините за ова и како се донела ваквата одлука.

И додека институциите си ја префрлаат топката, без парно греење се основните училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Лазо Трповски“ и „Петар Поп Арсов

The post Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според Јакимовски, минатата година Општината издвоила шест милиони денари за децата да не останат без греење, затоа што, како што вели, Владата не сакала да ги плати сметките. Јакимовски тврди дека во февруари Општината добила вкупно два милиони денари, односно по 200 илјади денари за секое училиште, а како што рече, за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари.   Реакцијата на Јакимовски дојде откако вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за долгот на училиштата во Општина Карпош,рече дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“. Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Таа е на став дека на општините им се исплатени блок дотациите, а на градоначалниците, школите и директорите им останува да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.
-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, изјави вчера Јаневска.
Според неа, ако Јакимовски има дополнителни барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“. Грејната сезона започна вчера, а од ЕСМ ден претходно информираа дека на барање на Општина Карпош, испораката на топлинска енергија во основните училишта нема да започне на 15 октомври, туку од 1 ноември. null И владината портпаролка Марија Митева вчера изјави дека Општина Карпош доставила барање за пролонгирање на грејната сезона. Според Митева, во барањето не било наведено кои се причините за ова и како се донела ваквата одлука. И додека институциите си ја префрлаат топката, без парно греење се основните училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Лазо Трповски“ и „Петар Поп Арсов

The post Училиштата во Карпош и денеска без греење, МОН и градоначалникот си ја префрлаат топката appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-dogovor-za-evropski-grant-pedesetina-uchilishta-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Tue, 08 Oct 2024 08:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=824052

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.

Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава.

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието.

Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина.

The post Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра. Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава. На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието. Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина.

The post Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>
МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-50tina-uchilishta-vo-makedonija-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Mon, 07 Oct 2024 15:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=823911

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра, информираат од МОН.

Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава.

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието.

Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина, стои во соопштението на ресорното министерство.

The post МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра, информираат од МОН. Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава. На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието. Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина, стои во соопштението на ресорното министерство.

The post МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>
Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-dogovor-megu-mon-i-sonk-za-platite-na-nastavnitsite/ Mon, 07 Oct 2024 11:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=823779

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава.

На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.

Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.

Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.

Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.

Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.
Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.
Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.
Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.
Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>
Јаневска на дебата за застапеноста на политичката едукација во македонскиот образовен систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-debata-za-zastapenosta-na-politichkata-edukatsija-vo-makedonskiot-obrazoven-sistem/ Fri, 04 Oct 2024 11:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=822628

Политичката свест на граѓаните и нивната ангажираност во политичкото уредување, играат важна улога во обликувањето на општеството и во поставување на општествените стандарди, вредности и норми. Оттука, мојот личен став е дека политичкото образование треба многу повеќе да биде застапено во Македонија, за да имаме повеќе општествено активни граѓани и носители на промени кон подобро.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на работилница посветена на политичката едукација и нејзината застапеност во образовниот систем, што се одржа во Собранието, а во организација на Парламентарниот институт и Националниот демократски институт.

Формалната политичка едукација се реализира преку официјални образовни институции и според однапред утврдени наставни програми. Се темели на академски пристап и дава основни сознанија за политичкиот систем, правата и одговорностите на граѓаните, како и за историјата и теориите на политичките идеи. Но, истата е на ниско ниво во однос на практичната примена. Учениците и студентите често немаат можност да ги применат теоретските знаења или да дебатираат на актуелни политички теми. Оваа состојба води кон ограничен интерес за политиката, рече Јаневска.

Од друга страна пак, додаде министерката, неформалната политичка едукација опфаќа поширок спектар активности кои се случуваат надвор од традиционалните училници - младински организации, граѓански иницијативи, обуки, работилници и јавни дебати. Како што рече, оваа форма на едукација им овозможува на учесниците да стекнат практични вештини и знаења, како критичко размислување, јавно говорење и лидерски способности. Добива сѐ поголемо значење, но сѐ уште е фрагментирана и зависна од проектни фондови, со што се ограничуваат нејзината достапност и континуитет.

„Сметам дека клучот за надминување на предизвиците е интеграцијата на формалната и неформалната политичка едукација преку воспоставување на соработка меѓу образовните институции и граѓанските организации и иницијативи, на повеќе начини, односно преку креирање интегрирани програми за политичка едукација, заеднички проекти на училишта и универзитети со граѓанскиот сектор и така натаму, нагласи министерката за образование и наука.

На работилницата учествуваа наставници од основните училишта, а свои излагања имаа и Златко Атанасов - раководител на Парламентарниот институт, Роберт Скот Хајзлет – виш резидентен директор на Националниот демократски институт и Виктор Новаковски – надворешен експерт на НДИ, како и претставници на собраниската комисија за образование, наука и спорт.

The post Јаневска на дебата за застапеноста на политичката едукација во македонскиот образовен систем appeared first on Република.

]]>

Политичката свест на граѓаните и нивната ангажираност во политичкото уредување, играат важна улога во обликувањето на општеството и во поставување на општествените стандарди, вредности и норми. Оттука, мојот личен став е дека политичкото образование треба многу повеќе да биде застапено во Македонија, за да имаме повеќе општествено активни граѓани и носители на промени кон подобро. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на работилница посветена на политичката едукација и нејзината застапеност во образовниот систем, што се одржа во Собранието, а во организација на Парламентарниот институт и Националниот демократски институт.
Формалната политичка едукација се реализира преку официјални образовни институции и според однапред утврдени наставни програми. Се темели на академски пристап и дава основни сознанија за политичкиот систем, правата и одговорностите на граѓаните, како и за историјата и теориите на политичките идеи. Но, истата е на ниско ниво во однос на практичната примена. Учениците и студентите често немаат можност да ги применат теоретските знаења или да дебатираат на актуелни политички теми. Оваа состојба води кон ограничен интерес за политиката, рече Јаневска.
Од друга страна пак, додаде министерката, неформалната политичка едукација опфаќа поширок спектар активности кои се случуваат надвор од традиционалните училници - младински организации, граѓански иницијативи, обуки, работилници и јавни дебати. Како што рече, оваа форма на едукација им овозможува на учесниците да стекнат практични вештини и знаења, како критичко размислување, јавно говорење и лидерски способности. Добива сѐ поголемо значење, но сѐ уште е фрагментирана и зависна од проектни фондови, со што се ограничуваат нејзината достапност и континуитет.
„Сметам дека клучот за надминување на предизвиците е интеграцијата на формалната и неформалната политичка едукација преку воспоставување на соработка меѓу образовните институции и граѓанските организации и иницијативи, на повеќе начини, односно преку креирање интегрирани програми за политичка едукација, заеднички проекти на училишта и универзитети со граѓанскиот сектор и така натаму, нагласи министерката за образование и наука.
На работилницата учествуваа наставници од основните училишта, а свои излагања имаа и Златко Атанасов - раководител на Парламентарниот институт, Роберт Скот Хајзлет – виш резидентен директор на Националниот демократски институт и Виктор Новаковски – надворешен експерт на НДИ, како и претставници на собраниската комисија за образование, наука и спорт.

The post Јаневска на дебата за застапеноста на политичката едукација во македонскиот образовен систем appeared first on Република.

]]>
Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-prijavi-za-vrsnichko-nasilstvo-pristignale-vo-mon-od-pochetokot-na-uchebnata-godina/ Thu, 03 Oct 2024 11:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=822196

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија.

Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.

Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.

Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.

Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.

Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.

Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.

Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата.

Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.

Точно е дека недостигаат одредени статистики во нашето министерство, но она што беше заборавено во минатото е целосен систем на сите права и услуги коишто, за жал, министерството не ги спровело со години наназад од не знам кои причини. Тоа го извадивме од фиока и за брзо време ќе ја имаме комплетната слика на сите приматели на правото од социјална заштита, меѓутоа и услугите што ги даваат самите центри. Буквално систем во кој ќе гледаме што се случува во едно семејство и ќе ја знаеме целата слика за тоа семејство, рече Велковски.

Програмскиот координатор на Здружението „Младите можат“ Филип Ивковски изјави дека тркалезната маса за образование за ментално здравје што ја организираат е активност во рамки на процесот за застапување за креирање соодветни решенија за менталното здравје и благосостојбата на младите.

Со посебен фокус на училишната средина односно нејзино трансформирање во средина која се грижи и поттикнува благосостојба и пријатен развој на младите. Целта на настанот е на едно место да бидат споделени мислења и ставови од релевантни чинители и заложбите на институциите во креирање соодветни системски решенија. Веќе осум години како организација ја подигнуваме свеста за менталното здравје и мислиме дека е редно сега да се направат конкретни чекори во овозможување услуги, ресурси и средства за младите, конечно, да можат да почнат да се грижат за своето ментално здравје, истакна Ивковски.

The post Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во МОН од почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која учествуваше на тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“. Јаневска истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија. Според Јаневска, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.
Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија за да се грижиме за здравјето на младите, рече Јаневска.
Непосредна улога во грижата за менталното здравје имаат стручните служби, составени од педагог и психолог, во некои и дефектолог и социјален работник, во зависност од големината на училиштата.
Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош, рече Јаневска.
Во однос на поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат да си ја работат својата работа“.
Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа, рече министерката.
Надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои, како што рече заменик- министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, се голема поддршка за младите и семејствата. Ова министерството нема статистика за млади кои се жртви на врсничко насилство, така што тој ја потенцираше неопходноста од меѓуресорска комуникација – со МОН и со МВР.