МОН; мал ЦЕРН на Балканот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mon-mal-tsern-na-balkanot/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 11:13:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МОН; мал ЦЕРН на Балканот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mon-mal-tsern-na-balkanot/ 32 32 Македонија аплицира за проект за лечење рак со јонски зраци кој ќе биде мал ЦЕРН на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-aplitsira-za-proekt-za-lechene-rak-so-jonski-zratsi-koj-ke-bide-mal-tsern-na-balkanot/ Thu, 02 Mar 2023 11:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=615038

Македонија е заинтересирана да биде регионален центар за истражувања за туморска терапија и биомедицински истражувања, засновани на акцелератори на јонски зраци. За оваа цел работиме на обезбедување услови нашата држава да биде избрана за изградба на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа(SEEIIST), познат како Мал ЦЕРН на Балканот, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференцијата пред средбите на работните групи на Управниот комитет на SEEIIST.

Скопје е втор пат домаќин на Управниот Комитет на SEEIIST. Во него, освен нашата држава, партиципираат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово, а на овие средби ќе се одлучува за критериумите што треба да ги исполни државата за да ја добие изградбата на Институтот.

Министерот Шаќири посочи дека во другите држави од регионот ќе се дисперзираат истражувачки хабови и мрежи, кои ќе ја помагаат работата на Институтот.

Воодушевен и горд сум што МОН, заедно со МНР, е дел од оваа убава приказна што за неколку години ќе резултира со пуштањето во употреба на првиот јонски зрак од Институтот, кој ќе биде димензиониран за лекување на 1.000 пациенти годишно“, нагласи министерот, додавајќи дека ова не е проект со кој се печалат политички поени, бидејќи тројца министри пред него учествувале во неговата реализација, а во иднина некој од неговите наследници ќе присуствува на лекувањето на првиот пациент.

Во рамки на активностите поврзани со Институтот, веќе е во тек акредитација на предмети на втор и трет циклус студии поврзани за честична терапија, кои ќе се изучуваат на УКИМ, а на Природно-математичкиот факултет се работат две докторски тези на теми поврзани со радијационата заштита.

The post Македонија аплицира за проект за лечење рак со јонски зраци кој ќе биде мал ЦЕРН на Балканот appeared first on Република.

]]>

Македонија е заинтересирана да биде регионален центар за истражувања за туморска терапија и биомедицински истражувања, засновани на акцелератори на јонски зраци. За оваа цел работиме на обезбедување услови нашата држава да биде избрана за изградба на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа(SEEIIST), познат како Мал ЦЕРН на Балканот, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференцијата пред средбите на работните групи на Управниот комитет на SEEIIST. Скопје е втор пат домаќин на Управниот Комитет на SEEIIST. Во него, освен нашата држава, партиципираат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово, а на овие средби ќе се одлучува за критериумите што треба да ги исполни државата за да ја добие изградбата на Институтот. Министерот Шаќири посочи дека во другите држави од регионот ќе се дисперзираат истражувачки хабови и мрежи, кои ќе ја помагаат работата на Институтот.