момчиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/momchinja/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png момчиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/momchinja/ 32 32 Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-sledniot-mesets-vo-makedonija-ke-pristigne-devetovalentnata-vaktsina-protiv-hpv-ke-mozhe-da-se-vaktsiniraat-i-momchina-nad-12-godini/ Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=766347

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова.

Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.

Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово.

Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова. Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ. Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.
Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.
Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози. Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.
Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.
Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина. Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово. Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>
10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/10-otsto-od-momchinata-vo-zemjava-i-20-protsenti-od-devojchinata-na-15-godini-razmisluvale-za-samoubistvo/ Fri, 17 Nov 2023 13:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=702536

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот.

Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани.

Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.

-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.

На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.

Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.

Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација.

https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот. Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани. Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.
-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.
На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.
Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.
Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација. https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>
Од следната година и момчињата да се вакцинираат против ХПВ-вирусот предлага Комисијата за имунизација, која одобри и 19-годишни девојки да се вакцинираат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/ Thu, 09 Nov 2023 12:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=699868

Од следната година и момчињата да се вакцинираат против ХПВ вирусот, предлага Комисијата за имунизација. Засега, според законските регулативи, во Македонија е дозволено само девојчиња да се вакцинираат, беше кажано на денешниот брифинг со новинари во организација на Метаморфозис Фондација за интернет и општество како дел од проектот Превенција и одговор на ковид-19 во Македонија, финансиран преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и поддржан од Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во соработка со Министерството за здравство на Македонија.

Очекувам од идната година и кај нас ќе може момчињата до 19 години да се вакцинираат. Очекуваме следната година да говориме и за деветвалентната вакцина и за пошироко масовно вакцинирање и кај момчиња и кај девојчиња. Тоа се препораките, рече проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комисијата за имунизација.

Проф. д-р Грозданова кажа дека Комисијата уште во мај дала препорака да се прошири временскиот ппериод на примање на вакцината против ХПВ, кој досега беше до 12 односно до 15 години.

Сите девојки коишто навршуваат 19 години до крајот на календарската година може да ја примат бесплатно оваа вакцина во здравствените домови, на вакциналните пунктови, со цел да им излезме во пресрет на родителите коишто најчесто коментираат дека оваа вакцина прерано се прима на 12 или 15 години. Покажуваме флексибилност да може се прими до 19 години. Кое било девојче да се обрати во здравствените домови ќе биде вакцинирано, рече д-р Грозданова, која додаде дека скоро во сите западноевропски земји се вакцинираат двата пола.

Проф. д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог-акушер, од Клиниката за гинекологија и акушерство рече дека е многу важно да се намали процентот на заболени од рак на грлото на матката, а тоа директно зависи од покриеноста.

Колку имаме подобра покриеност на вакцинацијата, толку повеќе ќе се намали бројот на заболени од канцер. Имаме ткн. создавање на имунитет на стадо. Ако почнат да се вакцинираат и момчињата, ако имаме девојка која не е заразена, а е во сексуален однос со момче кое е вакцинирано, нема ширење на болеста и така се создава имунитет на стадо. Меѓутоа, процентот треба да расте, а добар процент е оној над 80-90 отсто, кажа проф. д-р Димитров.

Вакцината против ХПВ инфекции има најнизок опфат од сите вакцини, но сепак, се забележува зголемување, како во однос на 2020 година (42,5 отсто), така и во однос на 2021 (35,5 отсто)

Далеку од тоа дека сме задоволни од опфатот со вакцинацијата против ХПВ, но охрабрувачки е тоа што Македонија е лидер во регионот со многу подобар опфат во однос на другите земји и тоа се должи на фактот дека први ја воведовме и сериозно се работи цело време, рече д-р Грозданова.

Највисок процент на вакцинација против инфекции со ХПВ има во Кочани (100 отсто), потоа Велес (98,3), а Скопје има 13,4 отсто.

Она што не загрижува нас, покажуваат и бројките дека немаме рамномерно опфат во нашата земја, не само за оваа, туку и за другите вакцини. Првенствено, здравствтените авторитети во малите места, многу полесно и подостапно комуницираат со своите пациенти. И сè уште оној здравствен авторитет кој лекарот го има и навистина треба да го има е многу полесно достапен во малите места. Во Скопје повеќе од половина Македонија демографски се пресеи и тој опфат во Скопје никогаш не може да биде со висок процент како што може да биде во малите места, рече д-р Грозданова.

Оваа вакцина се соочува со многу митови и стереотипи кои апсолутно немаат никако научно покритие. Едно од нив е дека влијае на репродуктивната способност на жените. Напротив, намалувањето на репродуктивната способност се гледа токму кај оние парови, кај кои подолго време била присутна ХПВ инфекцијта.

ХПВ вакцина не е ниту нова, постои повеќе од 20 години. Во 156 земји во светот е внесена во редовниот календар за имунизација. Високоразвиение земји како Австралија, Велика Британија, Скандинавија, веќе одат со тенденција со зголемување на опфатот и вакцинирање на генерации. Зборуваме да инфективно збаолување, но тоа додведува до развој на рак. Тоа треба јасно да се објасни на родителите кога ја носат одлуката. Не би требало ниеден родител да се соочи со прашањето на детето: Зошто не ме вакцинираше за да ме заштитиш од оваа болест, кога има ефикасна бесплатна и исклучително безбедна вакцина, изјави д-р Грозданова.

ХПВ вакцинацијата се воведе во Македонија во 2008 година и вкупниот опфат со две дози изнесува 52,5 отсто. Од оваа вакцина, девојчињата на 15-годишна возраст примаат 2 дози, а пoмалите примаат 3 дози. Ефикасноста на вакцината започнува една година по примањето на последната доза. По карциномот на гради, на светско ниво, ракот на грлото на матката е на второ место по распространетост.

https://republika.mk/zivot/zdravje/treba-da-se-premine-od-pap-bris-na-hpv-test-kako-primaren-skrining-veli-ginekologot-d-r-goran-dimitrov/

The post Од следната година и момчињата да се вакцинираат против ХПВ-вирусот предлага Комисијата за имунизација, која одобри и 19-годишни девојки да се вакцинираат appeared first on Република.

]]>

Од следната година и момчињата да се вакцинираат против ХПВ вирусот, предлага Комисијата за имунизација. Засега, според законските регулативи, во Македонија е дозволено само девојчиња да се вакцинираат, беше кажано на денешниот брифинг со новинари во организација на Метаморфозис Фондација за интернет и општество како дел од проектот Превенција и одговор на ковид-19 во Македонија, финансиран преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и поддржан од Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во соработка со Министерството за здравство на Македонија.
Очекувам од идната година и кај нас ќе може момчињата до 19 години да се вакцинираат. Очекуваме следната година да говориме и за деветвалентната вакцина и за пошироко масовно вакцинирање и кај момчиња и кај девојчиња. Тоа се препораките, рече проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комисијата за имунизација.
Проф. д-р Грозданова кажа дека Комисијата уште во мај дала препорака да се прошири временскиот ппериод на примање на вакцината против ХПВ, кој досега беше до 12 односно до 15 години.
Сите девојки коишто навршуваат 19 години до крајот на календарската година може да ја примат бесплатно оваа вакцина во здравствените домови, на вакциналните пунктови, со цел да им излезме во пресрет на родителите коишто најчесто коментираат дека оваа вакцина прерано се прима на 12 или 15 години. Покажуваме флексибилност да може се прими до 19 години. Кое било девојче да се обрати во здравствените домови ќе биде вакцинирано, рече д-р Грозданова, која додаде дека скоро во сите западноевропски земји се вакцинираат двата пола.
Проф. д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог-акушер, од Клиниката за гинекологија и акушерство рече дека е многу важно да се намали процентот на заболени од рак на грлото на матката, а тоа директно зависи од покриеноста.
Колку имаме подобра покриеност на вакцинацијата, толку повеќе ќе се намали бројот на заболени од канцер. Имаме ткн. создавање на имунитет на стадо. Ако почнат да се вакцинираат и момчињата, ако имаме девојка која не е заразена, а е во сексуален однос со момче кое е вакцинирано, нема ширење на болеста и така се создава имунитет на стадо. Меѓутоа, процентот треба да расте, а добар процент е оној над 80-90 отсто, кажа проф. д-р Димитров.
Вакцината против ХПВ инфекции има најнизок опфат од сите вакцини, но сепак, се забележува зголемување, како во однос на 2020 година (42,5 отсто), така и во однос на 2021 (35,5 отсто)
Далеку од тоа дека сме задоволни од опфатот со вакцинацијата против ХПВ, но охрабрувачки е тоа што Македонија е лидер во регионот со многу подобар опфат во однос на другите земји и тоа се должи на фактот дека први ја воведовме и сериозно се работи цело време, рече д-р Грозданова.
Највисок процент на вакцинација против инфекции со ХПВ има во Кочани (100 отсто), потоа Велес (98,3), а Скопје има 13,4 отсто.
Она што не загрижува нас, покажуваат и бројките дека немаме рамномерно опфат во нашата земја, не само за оваа, туку и за другите вакцини. Првенствено, здравствтените авторитети во малите места, многу полесно и подостапно комуницираат со своите пациенти. И сè уште оној здравствен авторитет кој лекарот го има и навистина треба да го има е многу полесно достапен во малите места. Во Скопје повеќе од половина Македонија демографски се пресеи и тој опфат во Скопје никогаш не може да биде со висок процент како што може да биде во малите места, рече д-р Грозданова.
Оваа вакцина се соочува со многу митови и стереотипи кои апсолутно немаат никако научно покритие. Едно од нив е дека влијае на репродуктивната способност на жените. Напротив, намалувањето на репродуктивната способност се гледа токму кај оние парови, кај кои подолго време била присутна ХПВ инфекцијта.
ХПВ вакцина не е ниту нова, постои повеќе од 20 години. Во 156 земји во светот е внесена во редовниот календар за имунизација. Високоразвиение земји како Австралија, Велика Британија, Скандинавија, веќе одат со тенденција со зголемување на опфатот и вакцинирање на генерации. Зборуваме да инфективно збаолување, но тоа додведува до развој на рак. Тоа треба јасно да се објасни на родителите кога ја носат одлуката. Не би требало ниеден родител да се соочи со прашањето на детето: Зошто не ме вакцинираше за да ме заштитиш од оваа болест, кога има ефикасна бесплатна и исклучително безбедна вакцина, изјави д-р Грозданова.
ХПВ вакцинацијата се воведе во Македонија во 2008 година и вкупниот опфат со две дози изнесува 52,5 отсто. Од оваа вакцина, девојчињата на 15-годишна возраст примаат 2 дози, а пoмалите примаат 3 дози. Ефикасноста на вакцината започнува една година по примањето на последната доза. По карциномот на гради, на светско ниво, ракот на грлото на матката е на второ место по распространетост. https://republika.mk/zivot/zdravje/treba-da-se-premine-od-pap-bris-na-hpv-test-kako-primaren-skrining-veli-ginekologot-d-r-goran-dimitrov/

The post Од следната година и момчињата да се вакцинираат против ХПВ-вирусот предлага Комисијата за имунизација, која одобри и 19-годишни девојки да се вакцинираат appeared first on Република.

]]>
Тргнал во рикверц додека другарите уринирале: Детали за трагедијата во која загина младо момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trgnal-vo-rikverts-dodeka-drugarite-urinirale-detali-za-tragedijata-vo-koja-zagina-mlado-momche/ Mon, 02 Jan 2023 09:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=592715

Момче прегази двајца другари на новогодишната ноќ, од кои едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.

Неофицијално откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини 21-годишниот возач од скопско Кадино со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници.

21- А.Ѓ од село Трубарово удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби.

Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги пренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и констатирале смрт.

Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.

 

The post Тргнал во рикверц додека другарите уринирале: Детали за трагедијата во која загина младо момче appeared first on Република.

]]>

Момче прегази двајца другари на новогодишната ноќ, од кои едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот. Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“. Неофицијално откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини 21-годишниот возач од скопско Кадино со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници. 21- А.Ѓ од село Трубарово удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби. Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги пренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и констатирале смрт. Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.  

The post Тргнал во рикверц додека другарите уринирале: Детали за трагедијата во која загина младо момче appeared first on Република.

]]>
Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-momchinja-od-vinica-i-kochani-zaginaa-vo-soobrakjajna-nezgoda-vo-italija/ Mon, 05 Sep 2022 16:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=547746

Италијански медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари.

Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена.

Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.

 

The post Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија appeared first on Република.

]]>

Италијански медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари. Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена. Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.  

The post Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија appeared first on Република.

]]>
Момчиња фрлија петарди во близина на бебе, таткото реши да се пресмета со нив https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/momchinja-frlija-petardi-vo-blizina-na-bebe-tatkoto-reshi-da-se-presmeta-so-niv/ Sun, 02 Jan 2022 14:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=439598

Три момчиња фрлиле петарди на улица во Белград покрај татко кој бил со своето бебе. Мажот ги замолил да не фрлаат петарди, но тие останеле глуви на неговото предупредување и продолжиле да фрлаат. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како таткото се пресметува со трите момчиња на среде улица.

Автомобилите биле принудени да застанат за да не згазнат некое од мочињата.

Не е познато како завршил овој инцидент.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

The post Момчиња фрлија петарди во близина на бебе, таткото реши да се пресмета со нив appeared first on Република.

]]>

Три момчиња фрлиле петарди на улица во Белград покрај татко кој бил со своето бебе. Мажот ги замолил да не фрлаат петарди, но тие останеле глуви на неговото предупредување и продолжиле да фрлаат. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како таткото се пресметува со трите момчиња на среде улица. Автомобилите биле принудени да застанат за да не згазнат некое од мочињата. Не е познато како завршил овој инцидент.  
 
View this post on Instagram
 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

The post Момчиња фрлија петарди во близина на бебе, таткото реши да се пресмета со нив appeared first on Република.

]]>