молотов коктел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molotov-koktel/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 13:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png молотов коктел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molotov-koktel/ 32 32 Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагогата во Варшава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskata-politsija-privede-16-godishno-momche-za-napadot-so-molotov-koktel-vrz-sinagogata-vo-varshava/ Thu, 02 May 2024 13:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=773450

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава.

The post Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагогата во Варшава appeared first on Република.

]]>

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“. Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.
Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“. Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава.

The post Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагогата во Варшава appeared first on Република.

]]>
Зошто малиот Коста не го активирал молотовиот коктел кој го носел во ранецот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoshto-maliot-kosta-ne-go-aktiviral-molotoviot-koktel-koj-go-nosel-vo-ranetsot/ Fri, 19 May 2023 12:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=642687

Дел од  планoт на Коста Кецмановиќ бил да фрли молотови коктели на влезот во училиштето за да ја спречи полицијата да влезе и да го спречи да ја работи работата за која дошол на училиште тоа утро, пишува “Република.рс“.

Сепак, најмалку се знае за тој дел од планот на момчето.Дали родителите тоа утро влегле во собата на момчето, со оглед на тоа што никој не знаел дека со себе носел молотови коктели и дека тој не се ни обидел да го скрие списокот со потенцијални жртви и картата на училиштето, туку ги оставил на биро, прашува српскиот медиум.

Се истражува како точно момчето успеало да набави или направи четири молотови коктели без никој да забележи што прави.

Не е исклучено момчето сам да ги направил молотовите коктели, со оглед на тоа што на интернет е многу лесно да се најдат информации за тоа што е молотов коктел, од кои компоненти се состои, како и да се видат детални упатства како да се направи таков бомба.

На детето не му било толку тешко да дојде до шишиња и ткаенина, но не се знае како 13-годишното момче ја фатило запалливата материја.

Имајќи предвид дека молотовиот коктел мора да биде во стаклено шише за да се скрши при фрлање и да се запали супстанцијата, не се знае од каде ги набавил момчето стаклените шишиња, со оглед на тоа што децата најчесто не ги користат, а дали ги земал од куќата, како, пак, никој не забележал дека ги нема или дека момчето ги чувало некаде.

 

The post Зошто малиот Коста не го активирал молотовиот коктел кој го носел во ранецот? appeared first on Република.

]]>

Дел од  планoт на Коста Кецмановиќ бил да фрли молотови коктели на влезот во училиштето за да ја спречи полицијата да влезе и да го спречи да ја работи работата за која дошол на училиште тоа утро, пишува “Република.рс“. Сепак, најмалку се знае за тој дел од планот на момчето.Дали родителите тоа утро влегле во собата на момчето, со оглед на тоа што никој не знаел дека со себе носел молотови коктели и дека тој не се ни обидел да го скрие списокот со потенцијални жртви и картата на училиштето, туку ги оставил на биро, прашува српскиот медиум. Се истражува како точно момчето успеало да набави или направи четири молотови коктели без никој да забележи што прави.
Не е исклучено момчето сам да ги направил молотовите коктели, со оглед на тоа што на интернет е многу лесно да се најдат информации за тоа што е молотов коктел, од кои компоненти се состои, како и да се видат детални упатства како да се направи таков бомба.
На детето не му било толку тешко да дојде до шишиња и ткаенина, но не се знае како 13-годишното момче ја фатило запалливата материја. Имајќи предвид дека молотовиот коктел мора да биде во стаклено шише за да се скрши при фрлање и да се запали супстанцијата, не се знае од каде ги набавил момчето стаклените шишиња, со оглед на тоа што децата најчесто не ги користат, а дали ги земал од куќата, како, пак, никој не забележал дека ги нема или дека момчето ги чувало некаде.  

The post Зошто малиот Коста не го активирал молотовиот коктел кој го носел во ранецот? appeared first on Република.

]]>
Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-od-kriva-palanka-frlil-molotov-koktel-kon-kukata-na-soprugata-od-koja-se-razveduval/ Tue, 21 Feb 2023 17:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=611617

Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.

 

The post Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал appeared first on Република.

]]>

Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.
 

The post Маж од Крива Паланка фрлил молотов коктел кон куќата на сопругата од која се разведувал appeared first on Република.

]]>
Уапсен уште едно лице кое фрлал молотови коктели на протестот на 5 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-ushte-edno-lice-koe-frlal-molotovi-kokteli-na-protestot-na-5-juli/ Mon, 11 Jul 2022 17:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=527162

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

„На 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ“, се вели во соопштението.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка, додаваат од МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=2KCpeM0Hp6M&feature=emb_title

The post Уапсен уште едно лице кое фрлал молотови коктели на протестот на 5 јули appeared first on Република.

]]>

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. „На 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ“, се вели во соопштението. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка, додаваат од МВР. https://www.youtube.com/watch?v=2KCpeM0Hp6M&feature=emb_title

The post Уапсен уште едно лице кое фрлал молотови коктели на протестот на 5 јули appeared first on Република.

]]>
Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liceto-so-molotov-koktel-za-koe-zboruva-pendarovski-e-sin-na-aktivist-na-sdsm-koj-vrshel-potkup-na-glasovi/ Sun, 10 Jul 2022 16:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=526601

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прашува „дали СДСМ крие дека лицето за кое Пендаровски зборува дека било со молотов коктел е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови“?

„Одговор за обвинувањата од СДСМ за насилството на протестите:

1. Не се обидувајте да ја префрлите вината на друг. Тоа што вашиот Стево Пендаровски кажува дека се знае идентитетот на лицето што требало да употреби молотов коктел ама не сакате да одите со него во јавност, еве да ви помогнам:

Дали станува збор за лице Ј.С. од Гази Баба, син на ваш активист-што делел пари и вршел поткуп за СДСМ на последните избори?

2. Уапсени ли се тие 5 (пет)

лица кои носеа оружје, а еден пукаше во народот? Зошто не се?

3. Уапсено ли е лицето што фрли палета од мостот врз народот што мирно и достоинствено протестираше?

4. Зошто не беше обезбедена трасата на движење?

5. Што бараат полицајци во цивил во друштво на пиштолџиите?

6. Колку време треба да чекаме одговор за тоа кој им даде шок-бомби на младите момчиња за да ги фрлаат пред Собрание и од чиј магацин во Охрид беа украдени тие шок бомби?

7. Зошто ја вовлекувате Армијата и армиски единици во приказната?

Треба да имате почит кон тие момци и девојки што професионално си ги вршат должностите, за разлика од вас, коишто ја злоупотребувате партиската говорница за да останете ден плус на власт.

Нели ви е срам да плукате по единицата која ја бранеше Македонија додека вашите родители ве криеја и уживавте на Халкидики?

Бандо предавничка, не се обидувајте да фрлите дамка на протестите и чистата и искрена емоција преку ваши црни сценарија.

ВМРО-ДПМНЕ зборува од името на целиот народ, со силата на аргументите, а вие зборувате со аргументот на силата.

Каде ви е Протоколот што го прифативте на невидено?

Свесно ја поларизирате состојбата и намерно сакате да предизвикате инциденти за да ја уништите енергијата кај народот кој јасно кажува НЕ и не ви се плаши и покрај казните, притисоците и заканите.

Народот е сплотен ПРОТИВ вашето предавство.

Уште еден совет за пратеникот што држеше прес:

Веднаш излези со докази за тоа што го тврдиш!!! Срам да ти е.

Спасовски и Зечевиќ те злоупотребуваат и те пуштаат низ вода.

Со лаги и конструкции одработуваш против својот народ.

Заради тебе и таквите како тебе треба да се врати задолжителниот воен рок во државата.

#Однародени

#ЌеПаднетеИНемаДаСтанете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прашува „дали СДСМ крие дека лицето за кое Пендаровски зборува дека било со молотов коктел е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови“? „Одговор за обвинувањата од СДСМ за насилството на протестите: 1. Не се обидувајте да ја префрлите вината на друг. Тоа што вашиот Стево Пендаровски кажува дека се знае идентитетот на лицето што требало да употреби молотов коктел ама не сакате да одите со него во јавност, еве да ви помогнам: Дали станува збор за лице Ј.С. од Гази Баба, син на ваш активист-што делел пари и вршел поткуп за СДСМ на последните избори? 2. Уапсени ли се тие 5 (пет) лица кои носеа оружје, а еден пукаше во народот? Зошто не се? 3. Уапсено ли е лицето што фрли палета од мостот врз народот што мирно и достоинствено протестираше? 4. Зошто не беше обезбедена трасата на движење? 5. Што бараат полицајци во цивил во друштво на пиштолџиите? 6. Колку време треба да чекаме одговор за тоа кој им даде шок-бомби на младите момчиња за да ги фрлаат пред Собрание и од чиј магацин во Охрид беа украдени тие шок бомби? 7. Зошто ја вовлекувате Армијата и армиски единици во приказната? Треба да имате почит кон тие момци и девојки што професионално си ги вршат должностите, за разлика од вас, коишто ја злоупотребувате партиската говорница за да останете ден плус на власт. Нели ви е срам да плукате по единицата која ја бранеше Македонија додека вашите родители ве криеја и уживавте на Халкидики? Бандо предавничка, не се обидувајте да фрлите дамка на протестите и чистата и искрена емоција преку ваши црни сценарија. ВМРО-ДПМНЕ зборува од името на целиот народ, со силата на аргументите, а вие зборувате со аргументот на силата. Каде ви е Протоколот што го прифативте на невидено? Свесно ја поларизирате состојбата и намерно сакате да предизвикате инциденти за да ја уништите енергијата кај народот кој јасно кажува НЕ и не ви се плаши и покрај казните, притисоците и заканите. Народот е сплотен ПРОТИВ вашето предавство. Уште еден совет за пратеникот што држеше прес: Веднаш излези со докази за тоа што го тврдиш!!! Срам да ти е. Спасовски и Зечевиќ те злоупотребуваат и те пуштаат низ вода. Со лаги и конструкции одработуваш против својот народ. Заради тебе и таквите како тебе треба да се врати задолжителниот воен рок во државата. #Однародени #ЌеПаднетеИНемаДаСтанете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Лицето со молотов коктел за кое зборува Пендаровски е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови? appeared first on Република.

]]>
Уапсено лицето кое фрлило молотов коктел кон Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uapseno-liceto-koe-frlilo-molotov-koktel-kon-sobranieto/ Thu, 07 Jul 2022 08:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=525211

Лишено од слобода лицето кое на 05.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието, објави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на својот профил на Фејсбук.

Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото. Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет, пишува Спасовски.

The post Уапсено лицето кое фрлило молотов коктел кон Собранието appeared first on Република.

]]>

Лишено од слобода лицето кое на 05.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието, објави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на својот профил на Фејсбук.
Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото. Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет, пишува Спасовски.

The post Уапсено лицето кое фрлило молотов коктел кон Собранието appeared first on Република.

]]>
МВР бара некој да го препознае лицето што фрли молотов коктел кон Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-bara-nekoj-da-go-prepoznae-liceto-shto-frli-molotov-koktel-kon-sobranieto/ Wed, 06 Jul 2022 16:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=524889

МВР апелира доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

 

The post МВР бара некој да го препознае лицето што фрли молотов коктел кон Собранието appeared first on Република.

]]>

МВР апелира доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.  

The post МВР бара некој да го препознае лицето што фрли молотов коктел кон Собранието appeared first on Република.

]]>
Украинка од автомобил фрла молотов коктел врз руски тенк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainka-od-avtomobil-frla-molotov-koktel-vrz-ruski-tenk/ Mon, 02 May 2022 13:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=496339

Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое фрлаат молотов коктел врз руски тенк – од автомобил во движење.

Зад барикадите поставени за неколку дена , жителите на главниот град на Украина уверуваа дека „ќе му одржат лекција на непријателот“.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое женска рака фрла молотов коктел од автомобил во движење врз тенк додека минува покрај него.

Ова е кул. Руси, дали сте сигурни дека сакате војна со оваа нација?

Во еден момент се гледа дека пламените јазици го зафатиле и ракавот на личноста која го фрлила, но таа само го истресе ракавот го изгасна огнот на јакната.

The post Украинка од автомобил фрла молотов коктел врз руски тенк appeared first on Република.

]]>

Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое фрлаат молотов коктел врз руски тенк – од автомобил во движење. Зад барикадите поставени за неколку дена , жителите на главниот град на Украина уверуваа дека „ќе му одржат лекција на непријателот“. На социјалните мрежи се прошири видео на кое женска рака фрла молотов коктел од автомобил во движење врз тенк додека минува покрај него.
Ова е кул. Руси, дали сте сигурни дека сакате војна со оваа нација?
Во еден момент се гледа дека пламените јазици го зафатиле и ракавот на личноста која го фрлила, но таа само го истресе ракавот го изгасна огнот на јакната.

The post Украинка од автомобил фрла молотов коктел врз руски тенк appeared first on Република.

]]>
Фрлен молотов коктел на Кремљ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frlen-molotov-koktel-na-kremlj/ Wed, 23 Mar 2022 12:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=477141

Утринава од автомобил е фрлен молотов коктел на зградата на Кремљ во Москва. Нема повредени а коктелот бил фрлен од возило во движење.

Во инцидентот нема повредени

The post Фрлен молотов коктел на Кремљ appeared first on Република.

]]>

Утринава од автомобил е фрлен молотов коктел на зградата на Кремљ во Москва. Нема повредени а коктелот бил фрлен од возило во движење. Во инцидентот нема повредени

The post Фрлен молотов коктел на Кремљ appeared first on Република.

]]>