молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molk/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 22:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png молк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molk/ 32 32 Почна предизборниот молк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-predizborniot-molk/ Mon, 06 May 2024 22:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=774769

Точно на полноќ започн молкот пред претседателските и парламентарни избори, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363.085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.

На парламентарените избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати.

Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Денеска први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии.

 

The post Почна предизборниот молк appeared first on Република.

]]>

Точно на полноќ започн молкот пред претседателските и парламентарни избори, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот. На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363.085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа. На парламентарените избори гласачите ќе можат да се определат за една од 17 листи на кандидати. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици. На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати. Денеска први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори. Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии.  

The post Почна предизборниот молк appeared first on Република.

]]>
ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-ne-sme-nadlezhni-za-izvestuvaneto-na-mediumite-za-vreme-na-molkot/ Mon, 22 Apr 2024 19:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=769454

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежна за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК.

Во Роковникот за Претседателските избори, се потенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот.

Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсети дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. Оттаму потенцираа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот) запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежна за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК. Во Роковникот за Претседателските избори, се потенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот. Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсети дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. Оттаму потенцираа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот) запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ. Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори. Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024. Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот appeared first on Република.

]]>
Изборниот молк во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места на 17 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izborniot-molk-vo-srbija-pochnuva-na-polnok-i-ke-trae-do-zatvorane-na-izbirachkite-mesta-na-17-dekemvri/ Thu, 14 Dec 2023 08:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=722764

Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ, а ќе трае до 20 часот в недела на 17 декември, кога завршува гласањето на парламентарните, покраинските и локалните избори, односно кога се затвораат избирачките места, јави Бета.
На 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи.

Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи.

На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места.

Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини.

За време на изборниот молк, забрането е објавување оценки на изборните резултати, презентирање кандидати или листи на изборите и нивните изборни програми во медиумите и на јавни собири.

The post Изборниот молк во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места на 17 декември appeared first on Република.

]]>

Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ, а ќе трае до 20 часот в недела на 17 декември, кога завршува гласањето на парламентарните, покраинските и локалните избори, односно кога се затвораат избирачките места, јави Бета. На 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи. Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи. На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места. Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини. За време на изборниот молк, забрането е објавување оценки на изборните резултати, презентирање кандидати или листи на изборите и нивните изборни програми во медиумите и на јавни собири.

The post Изборниот молк во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места на 17 декември appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ се враќа, молк во авионот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-se-vrakja-molk-vo-avionot/ Sun, 16 Jan 2022 18:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=445417

Семејството на еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ во неделата објави дека е „многу разочарано“ од одлуката на австралискиот сојузен суд да му ја поништо визата и да го депортира од Австралија, поради што Србинот нема да има можност да ја брани тутлата на првиот Грен-слем во годината на турнирот во Мелбурн кој го освојуваше рекордни девет пати.

Ѓоковиќ претходно во неделата околу пладне по средноевропско време одлета од Мелбурн за Дубаи откако сојузниот суд ја прифати одлуката да се примени дискреционото право на министерот за имиграција да му ја укине визаа со обрзложение дека одлуката на тенисерот да не се вакцинира против Covid-19 претставува „ризик за Австралија“.

Министерот Алекс Хок рече дека Ѓоковиќ „би можел да биде закана за јавниот ред“, бидејќи неговото присуство може да поттикне „расположение против вакцинирањето“ среде најлошиот бран на епидемијата на коронавирусот во Австралија.

Семејството во соопштение наведува дека причините за одлуката на австралиските власти не се спортски, туку дека надвлеадале политичките интереси.

И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе биде уважен фактот кој судот го потврди – дека Новак има важечка виза, дека правдата ќе биде задоволена и никакви ‘јавни интереси’ нема да бидат изговор за одлуката којашто е донесена, се истакнува во објавата на семејството Ѓоковиќ.

Семејството истакнува и дека е гордо на Новак, на „на силата што ја покажа и борбата која достоинствено ја водеше“.

Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што неоспорно секогаш досега го потврдуваше, а тоа е дека е голем шампион и човек, нагласува семејството на тенсиката суперѕвезда алудирајќи дека Ѓоковиќ донираше милионски суми токму за Австралија за справување со стихијата на големите пожари, за развој на младинска тениска школа и за хуманитарни цели, како и за Италија и Шпанија кога двете земји беа најпогодени на почетокот од пандемијаа на коронавирусот.

Одлуката на судот во Австралија во неделата ја критикуваа и спрскиот претседател Алескандар Вучуќ и премиерката Ана Брнабиќ, оценувајќи ја како бесмислена и скандалозна.

https://youtu.be/BKV6csZMqTU

The post Ѓоковиќ се враќа, молк во авионот appeared first on Република.

]]>

Семејството на еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ во неделата објави дека е „многу разочарано“ од одлуката на австралискиот сојузен суд да му ја поништо визата и да го депортира од Австралија, поради што Србинот нема да има можност да ја брани тутлата на првиот Грен-слем во годината на турнирот во Мелбурн кој го освојуваше рекордни девет пати. Ѓоковиќ претходно во неделата околу пладне по средноевропско време одлета од Мелбурн за Дубаи откако сојузниот суд ја прифати одлуката да се примени дискреционото право на министерот за имиграција да му ја укине визаа со обрзложение дека одлуката на тенисерот да не се вакцинира против Covid-19 претставува „ризик за Австралија“. Министерот Алекс Хок рече дека Ѓоковиќ „би можел да биде закана за јавниот ред“, бидејќи неговото присуство може да поттикне „расположение против вакцинирањето“ среде најлошиот бран на епидемијата на коронавирусот во Австралија. Семејството во соопштение наведува дека причините за одлуката на австралиските власти не се спортски, туку дека надвлеадале политичките интереси.
И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе биде уважен фактот кој судот го потврди – дека Новак има важечка виза, дека правдата ќе биде задоволена и никакви ‘јавни интереси’ нема да бидат изговор за одлуката којашто е донесена, се истакнува во објавата на семејството Ѓоковиќ.
Семејството истакнува и дека е гордо на Новак, на „на силата што ја покажа и борбата која достоинствено ја водеше“.
Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што неоспорно секогаш досега го потврдуваше, а тоа е дека е голем шампион и човек, нагласува семејството на тенсиката суперѕвезда алудирајќи дека Ѓоковиќ донираше милионски суми токму за Австралија за справување со стихијата на големите пожари, за развој на младинска тениска школа и за хуманитарни цели, како и за Италија и Шпанија кога двете земји беа најпогодени на почетокот од пандемијаа на коронавирусот.
Одлуката на судот во Австралија во неделата ја критикуваа и спрскиот претседател Алескандар Вучуќ и премиерката Ана Брнабиќ, оценувајќи ја како бесмислена и скандалозна. https://youtu.be/BKV6csZMqTU

The post Ѓоковиќ се враќа, молк во авионот appeared first on Република.

]]>