молика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molika/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png молика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/molika/ 32 32 Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/isecheni-se-85-moliki-direktorot-na-np-pelister-i-chetvoritsa-vraboteni-obvineti-za-pustosheneto-na-shumata-kaj-golema-livada/ Sat, 26 Oct 2024 18:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=831311

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик.

Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик. Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.
Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>
150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/150-planinari-zaglaveni-vo-hotel-molika-patot-zavean-od-sneg-nema-koj-da-go-ischisti/ Sun, 27 Feb 2022 15:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=464768

150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.

 Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во организација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.

Иако велат утрово им било ветено  од надлежните, дека патот  до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег.

The post 150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти appeared first on Република.